Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Проблем со девојка ми, помош

    Епа и мене би ми било досадно само по дома да седиме ја сваќам како и е, викни ја на некоја забава купи карти за на забава во колосеум ова она:) изненадија :)
     
  2. nik-still

    nik-still Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Проблем со девојка ми, помош

    Isto taka posledniot pat koga se skaravme ja navrediv ama epten, daj boze da mi prosti
     
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Проблем со девојка ми, помош

    Чекор 1: Бришеш фејсбук ти, брише фејсбук она. Ако веќе се карате за такви глупости ко мали деца, не е тоа за вас.

    Чекор 2: И се јавуваш и и викаш „Злато, пицни се, вечер искачаме!“. Па мајку му, ниедна девојка не сака да стане украс у витрина и да ти собира прашина по дома. Најголемата грешка ви е тоа што мислите дека женското срце само еднаш се освојува.
     
    На MarchelineAmaru, LittleDevil, Hiii и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Проблем со девојка ми, помош

    добро бе сите го нападнавте дечково за фб, кога и сам кажа дека му се роднини девојќите,ај нека не ги прифаќа зошто госпоѓицава била љубоморна (свашта)! Втора работа жити девојката ако се лути за фб, аман кај ви е довербата (општо за сите зборам не се однесува ова само за неа или тебе)???
    за тоа што си ја навредил, никако не си требал да го направиш тоа, но што е тука е, не можеш да го вратиш времето назад, а и да можеш веројатно пак исто би постапил во афектна состојба колку и да викаш сега не! една од феминкиве ти рече да ја изненадиш, и јас сум за. Подготви нешто убаво, не мора да е кој знае што, нешто што на неа и се допаѓа, јави и се и покани ја, макар како другари (ако воопшто ти крене слушалка). И доколку се смирите ( се надевам искрено дека тоа ќе се случи 3 години не се малце), оставете ја љубомората на страна, изненадувај ја почесто, секој ден покажувај и колку ја сакаш, верувај се ќе ти биде возвратено. И дајте доста веќе со тој глуп фб!
    биди поздравен
     
    На nik-still му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Проблем со девојка ми, помош

    А што пак ако навистина се роднини?
    А бе глупости и да не се роднини еве ја од Словенија или Хрватска се загнала по дечко и, свашта.
    Кажи и на девојка ти многу, многу да не се замара со тоа фејсбукот а и тебе ако не ти се ништо девојките избришај ги, нема некоја филозофија тука. Ако веќе никако не се разбирате ги деактивирате профилите и дан.
    Ако ти вели дека ќе ти раскине навистина го мисли тоа. Фала богу дека ќе и е здодевно дома, па излезете прошетајте се, измешате се со луѓе, пријатели. Колку и да те сака, 3 години дома да седиш ее богами ќе те откачи.
     
  6. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Проблем со девојка ми, помош

    Мене едно не ми е јасно. Како можете на 23 години да се затворете дома и да не излегувате?
    Па ако сега не се нашетате и нажуркате кога ке се земете и ке ви писнат деца дома, сигурно нема да можете. Или ти планираш тогаш да шетате?
    А за ова карањево за фб. Да те прашам само, кога девојка ти ја изгуби довербата во тебе? Или е опсесивно љубоморна и несугурна личност? Трето нешто нема.
    Не ве оправдувам ни двајцата. На 23 години да се расправаш за банални и детски работи, па и навреди да фрчат, ма дај молим те. Има луге на 23години деца гледаат и не се скарале ни еднаш во животот ни за фб ни за тетка ми/ти од Америка или Узбекистан, сеедно. :fubar:
     
  7. Lollytaa

    Lollytaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Што би му кажале...

    Lugjee ve molam za pomosh!! Kako da poznaam dali jas toj sho go sakam me saka bega od mene samo koga e so drugarite ne bega, se srami go vlecea negovite drugarki nakaj mene ama on izbega i sega neznam dali me saka sakam da mi pomognetea dokolkuu znaete!! :$ :$
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Проблем со девојка ми, помош

    :lol: Како мојот дечко да пишува. Значи и јас сум иста како твојата девојка.. Се жалам бидејќи седиме само кај него дома, ретко излегуваме и мислам дека треба да излегувате почесто. Ти кажувам како би се чувствувала јас кога би излегувала толку често со дечко ми. Би го засакала дупло повеќе :inlove: Еве синоќа излеговме и ни беше многу, многу убаво и на двајцата. Не дозволувај врската да ви се сведува само на седење дома(кај тебе или кај неа). А што се однесува за фб и јас сум истата. Тоа ти се вика љубомора. :lol: Ти па не мора да ѓи прифаќаш сите женски што ти понудуваат пријателство. :) И НЕМОЈ ДА ЈА ВРЕЃАШ! Тоа најмногу боли. Ти кажувам од искуство. :) Јави и се да се видите и решете го проблемот, објасни и дека ја сакаш и дека ќе направиш се да ви е убаво.
     
  9. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Проблем со девојка ми, помош

    многу нормално дека ке почне за ситници да се фаќа девојкати кога више од немање што да се праи и да зборите, нормално е и на такви ствари да обрне внимание.
    проблемот е у тебе, девојките не се освојуваат само еднаш, си мислиш си ја ќарил и си завршил работа па ајде сеа ке се изолираме од надворешниот свет. ако тебе не ти се излага од дома не значи дека и девојка ти истото тоа го сака. звучиш на ептен досадна и монотона личност.
    со ваков третман жена би ти избегала на тебе а камо ли девојка :x
     
  10. elena2111

    elena2111 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE

    ZAPOZNAV DECKO KOJ STO IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE STO DA PRAVAM POCNAV DA SE ZAJUBUVAM VO NEGO :(
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE

    Откачи го и не надевај се. Таквите немаат муда да си ја остават женската, а имаат за швалерка :!:
    На крај ти ќе бидеш повредена, верувај |(

    Темава нека се премести, чинам има ваква, да не се трупаат за џабе исти теми.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE

    Стави се на нејзино место и најдобро ќе знаеш што да направиш. ;)
     
    На eli25 и kate21 им се допаѓа ова.
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE

    па кажи му да те побара кога ке ја откачи нејзе а до тогаш си недосапна за него
    или џа или бу друго нема
     
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE

    KAKO STO RECE ISUS, NEGO PRAVI TOA STO NEKES DATI GO PRAVAT TEBE.
     
  15. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    IMA DOLGA VRSKA A SE GLEDA I SO MENE

    Пред се, виновна си што си дозволила да се гледа со тебе, знаејќи дека има девојка.
    Виновна си што си дозволила да те понесат чувствата и виновна си ако секоја вечер се молиш да се скараат.
    Виновна ќе бидеш ако продолжиш со него.
    Стави крај, некој ден ќе бидеш среќна поради таа постапка.
    А сега, остави тој да биде ѓубре спрема девојка му, која верувам неизмерно го сака и му верува.
    Жал ми е за неа.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.255
    ОМГ,виновна била! :D
    Луѓе што ви е?! Бевте на неделна молитва?! :D
    Била виновна за чувствата! Дека таа така сама одлучи.
    Што има на крајот да се грижи за другата девојка?! Освен ако овој не намерува да и раскине на женска му,тогаш треба да си се тргне за да не ја зезне,ама ако планира...па сега...животот е борба и секој со својата среќа,тоа е сега. Неверството се десило... Да,се ставам на местото на девојката и не би било најпријатно у свет,ама сега тоа е,живот.А и би се прашала шо мајка бара копукот кај друга,пошо многу веројатно дека врската не ни чинела или јас нешто сум зашкрипела некаде.


    Освен ако стварно има 37 години,у тој случај ја замолувам,никогаш да не фаќа дечко,да се омажи и да се умножи.

    Не дека проблемов беше тежок и не знам каков,ама стварно ми е мизерно да читам коментари со предрасуди и ограничености. Кој е луд да не се бори за сопствената среќа?! Освен ако не е очигледно дека нема шанси и дека е се тоа фарса,а упорно инсистира на таа вечна љубав,у тој случај,да,луд е!
    Не дека пропагирам да си ги крадете дечковците,ама кога мангупот више се задал у поход...се десило,зошто да не ја увиди ситуацијата од повеќе агли. Била доволно...ајде да речам несвесна да влезе у ситуацијава веќе,сега нека си тера до крај,може ќе излезе нешто добро.
     
    На LUNA.girl, princess11ska и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Вака накратко......
    Првпат се запознавме пред година-дена,и ништо,демек да искочиме,ама се случија мн нешта и ништо од бизнисот.Се на се во заграда,он мене многу ме повреди..сакам да кажам голем женкар е,а згора на се зад себе има 5 годишна врска :D И по толку време,пред некој ден пак под сплет на околности се најдовме заедно и дечкото вајда почна да блефира,што знам,да зборува ова,она и кај мене она што мислев завршило,пак започна..И што е најлошо,се вртат пак исти муабети како пред година дена а како кулминација јас му верувам a oд друга страна,знам дека пола лаже..Сакам да ви кажам дека е он прекрасен,изглед и онака понашање ептен hahah,ама јбг трча по се што носи здолниште ....И нема да се смени,он и бившата ја вараше со се што стигне,па што сум ја исклучок кога неа ја знае со години,а мене мн мал период.....И вчера мн убав муабет си направивме и денес пак го нема.......И веќе не знам како.....Дај,вајда некој се нашол во слична ситуација.....Па,како натаму?
    Фала однапрeд :))
     
  18. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не сум била во таква ситуација, но најискрено мислам дека треба да го откачиш дечкото. И сама си рече дека ја варал неговата женска која ја знае 5 години, а што останало за тебе? Таков "фраер" не ти е потребен. Јас сум сигурна дека ќе си најдеш подобар од него и некој што повеќе те заслужува. А овој еден ден го има-друг ден го нема НЕ! :fubar:
     
  19. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Се согласувам речиси во целост со твоето мислење Лилит. И јас мислам дека на чувствата неможе да им се заповеда и точно е тоа дека животот е борба. Единствено не ми е јасно, ова што го цитирав. Зашто е толку возраста битна? Има некое правило на пример до 25 години ок е над не е. Па со тоа што има 37 години уште повеќе ми е јасно зашто се заљубила во некој кој не е слободен бидејки на таа возраст множеството на слободни мажи е малку потесно, малку повеќе. Што знам, според мене љубовта не познава граници. Тоа е чувство кое може да се доживее на било која возраст. Или не?
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Еее феминки и феминци се случи и ова, не е нешто страшно ама многу ми е криво. Утрово другарка ми ми кажа како нејзиниот дечко го видел мојот бивши за рака со една другарка( не толку блиска ама сепак не е ни далечна). Не разбрав добро дали се носеле за рака( како старите баби) или се држеле ( како паровите). Ајде кажете ми дали вие го практикувате ова со вашите другари/ другарки. Дали тој и таа го прават тоа држење за мене да ме направат љубоморна. Иначе другарката го прашувала него дали има нешто меѓу мене и него порано, дали сме се гледале( значи се сомнева). Ајде ве чекам за мислење :)