Мене не ми е нормално така да се шета некој ако нема ништо меѓу нив Испитај ја убаво ситуацијата, особено ми е сомнително и тоа што таа се распрашувала за вас
И мене ми е тоа иначе ако си се носеле за рака како старите што викам јас ок е ама како пар глупаво е и да го прашувала што имате со Пупи се гледате ли.... се сомнева дека имало нешто меѓу мене и него сигурна сум во тоа
Па бивши ти е што се замараш, гледај си своја работа, а ако таа ти е вистинска пријателка и ако нешто ја интересира нека те праша лично Ако се држат за рака за да те направат љубоморна = детски игри и нека порасне тој бившиот, или очекува да вржеш црна машна и жалиш по него
Имај предвид дека и ако му кажеш дека знаеш, може да се извади баш на тоа, дека онака се фатиле, не како пар.Сепак ти знаеш како се шета обично со другарки.
Pupi girl не знам зошто но мислам дека сето тоа држење за рака,прошетки заеднички онака јавно се само дел од сценарио на некој филм што твојот бивши си го завртел во глава,а твојата другарка(гревче)не сфаќа дека е главната актерка во тој филм. Не верувам дека таа не знае дека имал нешто со тебе...но можеби на другаркати искрено му се допаѓа па сака да се прави како сега да паднала од марс па не знае што се случува Мој совет е на сето оваа да одговориш со нууууууулаааа реакција,верувај ми повеќе боли кога на провокација не реагираш,што е негова главна цел.
Хахахах луничка тие се имале смувано порано а таа е гревче не знам како не му било гнас да ја бакне. А расипана е зошто една нејзина поверна другарка што јас не ја знам одела со мојот бивши и оваа пак се смувала јас кога ми кажа детето се изначудив како можела така. Порано ми кажа дека се заколнале дека ништо немало да прават повеќе демек само за два пати му било мувањето иначе фала ти за мислењето И мене ми е тоа иначе ако си се носеле за рака како старите што викам јас ок е ама како пар глупаво е и да го прашувала што имате со Пупи се гледате ли.... се сомнева дека имало нешто меѓу мене и него сигурна сум во тоа [/quote] Имај предвид дека и ако му кажеш дека знаеш, може да се извади баш на тоа, дека онака се фатиле, не како пар.Сепак ти знаеш како се шета обично со другарки.[/quote] Ако го прашам ќе ми рече што ти е грижа тебе дали имам нешто со неа или не или ќе ми рече другарка ми е како сакам ќе шетам затоа јас ништо не го прашувам
Pupi girl ако девојката е таква како што кажуваш,тогаш на бившиот твој треба да му честиташ што си ја пронашол својата сродна душа,не е битно како се држат за рака зошто кај што има чад има и оган. Дури сега тој ќе ја сфати вредноста твоја,кога таа ќе почне рогови да му набива, ДОДЕКА ТИ УЖИВАШ ВО ЖИВОТОТ БЕЗ НЕГО
хахахах треба треба ама не може тој да се соочи со мене ме избегнува во сабота ме видел, јас не го видов и си влезе внатре во кафичот хахах ми вика другарка ми еееј Пупи подзина овај бе кога те виде ако ако нека подзинува, а да ти кажам како што е здебелен и огрден сега си заслужува некоја баш таква ахаахаха
хахахах треба треба ама не може тој да се соочи со мене ме избегнува во сабота ме видел, јас не го видов и си влезе внатре во кафичот хахах ми вика другарка ми еееј Пупи подзина овај бе кога те виде ако ако нека подзинува, а да ти кажам како што е здебелен и огрден сега си заслужува некоја баш таква ахаахаха [/quote] Од мака Пупи од мака,па во храна бара спас. Порачај му една пица,ЈАС ЧЕСТАМ [/quote] Ххахахахаха абе срце си ме изнасмеаа е затоа си ја сакам фемина секогаш има добри личности како тебе вака што знаат да ме расположат
тој душо може несака ни да те погледне па бега од тебе а одма си напраивте филмови као немал храброст да се соочи и нормално плукате по него како бил грд дебел и шо ти знам а тоа воопшто нечини а нит ке те утешат таквите коментари кои што ти ги даваат. незаборавај дека тој грд и дебел си го сакала уште го сакаш и дека некогаш си ја планирала иднината со него. и да може се поправил затоа што новава добро го чува и не го јаде, стварно се прашувам како не помисливте на тоа
ахахах дип ме изнасмеаа не го јаде си го чува ахахах.за украс??? па не бил можда таков кога она идела со него ,од кога се скарале си огрдел човекот за да си биде ист како девојката со која што е некогаш вие машките правите грешка и после тоа мн се каете и ви иде да не знам што нема љутиш дип
па мислев на тоа не го нервозира и не му ствара маки и конечно чоекот си пркнал, а за другото останува да нагаѓаме каков бил претходно, може исто така си бил ружен али она со други очи го гледала нели и и бил лепотанче иако за другите е истиот од претходно. се разбираме? и нема шо да се лутам грешки сме луѓе правиме така да не ми прави поделба кога сите знаеме да погрешиме нели?
Дефинитивно сите правиме грешки,но Дип ако дечкото одвај чекал да се спаси од Пупи за да пркне зошто повторно сакал да се мува со неа,па дури и се налутил кога го одбила? мислам дека не е фер,но ако погрешно сум разбрала се извинувам. Нема лутење
Фала мн Батерфлај <3 Инаку,вака......Ќе ви го изложам целиот мој проблем кога веќе не можам сама да се справам.Како што кажав се запознавме пред година дена,и не бидна ништо од тоа да искочиме.Значи,он додека се бавтал со мене,живеел со неговата сега бивша девојка заедно под стан Ама јас за тоа мн доцна дознав.Изгубивме секаков контакт,без ниту еден збор кажано.....Се сретнавме на одмор,баш се погодило и двајцата во исто време да отидеме,и ништо правевме муабет,ама она најопшто.....Потоа на кафе се погодивме заедно секако со заеднички пријатели,и овој почна да зборува како тоа ќе ја омажи својата девојка,како и вели да е со него,како и купувал се и сешто,се на се ми се исфали колку е среќен И нормално,мене не ми беше сеедно.И сега во скоро,што да правам,тој е круг на пријатели накај дома се враќавме со неговата кола,ама другите по пат ,,демек'' испарија....и овој почна да ми зборува нешто-знаеш јас и ти можеме уште да се зезаме,како љубовта,она,ова,па дури и ми се налути кога стана нешто збор за неговата кола па му кажав дека не ми дошло до дечко само ради колата.....И тоа е се...И јас сето ова и го имам кажувано на моја другарка(не најдобра).....И она почна во последно време да ми кажува дека он ја смара,дека и пишува на фб и така.....Ама,мене неговите другари ми кажаа дека она прва му пришла,она прва му пишала и така.Но јас не поверував.И вчера бев кај неа,и се најде онлајн ппрофилто на фб,па она додека вареше кафе јас морав да видам,и она прва му пишувала Потоа бевме заедно на роденденска забава и она почна демек-Леле,чекај,пијан си,ќе ти држам пивото да не се усипеш додека пиеш....Што е најлошо,она ме лажеше.....Па,за што ме смета......И ми даде објаснување дека по грешка пишала,па дека сакала само да го зеза за едно видео(глупи изговори),демек била пијана а од др страна ме праша-Ако ву се укажа шанса дали да искочи?????.....И,навистина не знам што да правам.Ај овој,од него веќе се можам да очекувам,ама ств не знам што и како со неа.....Уште зборуваме,она се однесува најнормално,ама јас не можам и некако заладувам за да дојдам до точка се да се реши.......Плус,и имам кажано дека он каков таков,уште е посебен за мене,ама она тера по своето...И сега што?Што да правам со неа,како натаму?
Прво и основно ЗАБОРАВИ ГО! Такво копиле(со извинение) не ти е потребно во животот. Тој се фали дека ќе се жени со девојка му, а ти да се караш заради него со другарка ти? Треба да ја жалиш девојка му што е со него сега, затоа што не верувам дека му е единствена, а замисли па сака да се ожени. Мислам дека не треба да и кажуваш ништо на "другарка ти" затоа што таа може да му каже на него и тогаш оп тој ќе се качи една скала погоре како демек другарки се караат за мене, а ти само ќе се спушташ ниско. Остави го и него и неа, колку и да ти е тешко, другарка ти е глупа и нечесна девојка, затоа што прави така. И јас имав една таква "другарка" она ми го и зема дечкото не само што си пишуваше со него. Глупости! Не вреди да се замараш за такви x-личности. Среќата некој ден ќе дојде и во твои раци и тие ќе сватат колку вредиш ТИ! Поздрав.
Не бе ич зато ме бараше и подзина кога ме виде хахаха на се мислам не се секирај а иначе здебелен е да Кога беше со мене јас си грижев секогаш добро да изгледа да е претставителен како мене и сл работи, а тој ако си попуштил со кила и со изглед негова работа и не е се во убавината има нешто и во чувствата и односот спрема тебе мислам дека ќе се сложите со мене
Девојкииии......Повторно јас со тој мој проблем vrski/ljubovni-problemi-i-soveti-t243/5680.html#p813402 но сега се работи за нешто друго....Таа ноќ помина убаво и интересно Имам една другарка....од прво не и верував но сега што повеке и повеке се дружам започнувам да и верувам....Таа седи пред детето кое го свиѓам(сакам) а и претходно учела со него...многу добро се познаваат....вчера додека бевме во училиште јас имав потреба моите чувства кон него да ги искажам на некој друг...бидејки таа ми е најблиска од сите што учат со мене си реков ајде на неа ке и кажам...и и раскажав се убаво...дека уште кога прв пат го видов ми се допаднал и дека моите чувства се поголеми и поголеми стануваат кон него....Таа се насмевна и ми рече....немо да му кажеш но јас имам нешто и тебе да ти кажам....Детето од мисли не те вади секогаш мисли на тебе па дури и греши имиња и тебе те спомнува...секогаш ми зборува за тебе....и се смееше ... јас сериозно ја загледав а таа ми рече дали сум сакала да не мести... јас и реков нека го праша него....таа ми рече дека преку фб ке зборела со него...денес кога отидов на училиште и викам збореше со него и таа ми вика не сега ке зборам... а јас се ги слушам...таа му рече дека и јас него го свиѓам и он рече зарем ја праша без страм и она му рече па даа... Сега незнам како да му пријдам....страм ми е да го погледнам...а кога тој ме гледа си помислувам ЗИНИ ЗЕМЈО ГОЛТНИ МЕ Што да правам сега? побарав помош од другарките и тие ми рекоа е сега ништо...од денес ке си течеле работите како што треба и дека на крај ке сум се смувала со него... Јас им реков на крај а не на почеток и тие ништо не ми рекоа :/ незнам сега што да правам...многу ми е срам
А зошто ти не го адниш на фб и не му пишеш, ако ти е срам пиши му на чат и ќе се зазборате така мислам најубаво е ако се срамиш
Вака сега ......имав дечко и одевме 6 и пол месеци , се скаравме пред 5 месеци .. Мене тој ми беше најдолга врска а и јас него му бев..Тој мене ме сакаше, секој ден ми го кажуваше тоа но јас тогаш почнавв да излегувам и не забележував колку љубов има околу мене па тоа го барав на друго место . Не велам дека го изневерив но флертував со друг. Се случи да не се видиме една недела , тој забележуваше дека нешто не е во ред и ме праша..Му реков дека се е ок и после тоа се гледавме редовно некое време..На крај се скаравме ..сето ново ни беше. Одкога се скарав јас со него се немаме ни слушнато ...само ми пиша за роденденот на ѕидот и јас нему.. Тоа мислам нормално е .. Јас постојано мислам на него , секој ден се надевам дека ќе го видам негде..Знам дека нема девојка бидејќи се дружам со една негова другарка...Вчера другарка ми ме убеди да му стегнам лајк на една негова песна и ајде и тоа...Не ми врати со ништо .Да превземам ли нешто друго, као на пример да му се јавам??Или ќе си помисли еве ја таа прва ми се јави (знаев).. Стварно незнам што да правам ..