Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. MoReNaAaA

    MoReNaAaA Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    ПОМОООООШШШ !! :(

    Епа вака беше цела приказна... Се запознавме минатото лето почетокот на месец август... не живееме во исти град и тоа ни е многу тешко на двајцата... тогаш прв пат слушнав за него дека постојт :D после можда 15 минути почнавме да си праќаме сигнали двајцата...си намигнувавме, во базенот се прскавме тој мене демек ме давеше (а уствари ме гушкаше :lol: ) ... така ни помина првиот ден.. и кога дојде време да си одиме тој се понуди да ме однесе домаа... :inlove: и секако јас прифатииив :devil: остатокот од летото го поминав со него... и јас него го свиѓав и тој мене АМА ништо не се деси меѓу нас... кога почнавме нашколо почна да ми пишит на фејсбук како му било убаво летото кога бил до мене како му недостигам ова она и по некое време ми кажа дека ме сакаа.... и секако јас на тоа му возвратив дека и јас него го сакам.. тогаш ми призна дека цело време дури сме биле заедно ми ги набљудувал сите мои подвизи, како погледот не го тргал од мене и сличноо..да не должам мн и заради глупиот фејсбук како и шо е честопати извор на карање со саканата личност кај него на профил една типка му имаше ојавувано срце душо незнам шо незнам како дека го сакала и слично ( а таа му била бивша девојка ) и јас тоа кога го дознав ми се крена косата ! :devil: и јас ни пет ни шест му реков дека сакам да сме само другари....... :( и тој многу се натажи...криво му беше така шо му реков ... жалеше, патеше ама то е... и едно време не контактиравме... можда месец ипол... и кога таткому правеше гости тој ми пушти порака на мобилен и му го честита именденот на таткомии... ( бтв татко ми и татко му се имењаци... исто така и сестрами и сестраму :lol: ) и јас на пораката му вратив и така стапивме пак во контакт... по некое време почна да ми се јавува на телефон и правевме муабети од 12 сатот до 5 сабајле а двајцата прва смена нашколо :D и почна тој да ми се жали како не му одело во љубовтаа како сум му го скршила срцетоо и т.н. и тогаш сфатив дека не ме има заборавеноо... ииииии да не должам мн дека цела книга напишав... и сега тој чекат јас да го направам првиот чекор.... бидејќи тој кога се обиде да го направи првиот чекор напред... јас направив еден чекор назад... ЕВЕ ПОМИНА ЕДНА ГОДИНА А СЕУШТЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ ПАТИМЕ Една година се сакаме а ништо немаме направено.. јас него го чекам а тој мене... и сега како да му пишам... ( морам на фб бидејќи многу ретко се гледаме... ) :( Сакам тој ден да биде денес... па ако можит помош да ми дадете ќе ви бидам благодарна ! :* Благодарам од напреед !
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    ПОМОООООШШШ !! :(

    „ Абе, сакаш да излеземе на кафе?“

    *излегувате на кафе*

    *правите муабет*

    *се бацувате и јавате кон зајдисонцето*

    17 години имаш, не 12.
     
    На M.a.r.i.l.y.n и thelittle17 им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ако го сакаш ти јави му се нема што да изгубиш :*
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски


    Ја не гледам тука дека има некој проблем 2цата си се сакате, дај викни го на кафе и обаво објасни му дека и ти го осекаш истото према него, и на крај happy ending, а не 2цата да се жалите како не ви одело во љубовта :D
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ајде биди по храбра и направи го првиот чекор. Пиши му на фб ако не можете да се видите и кажи му дека и на тебе ти било многу убаво летото и дека сакаш пак да се повтори тоа. Не верувам дека тој на тоа ќе остане рамнодушен и сигурно ќе превземе нешто. Со среќа.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    Биди храбра, храброста е доблес, биди силна за да ги искажеш своите чуства, биди она што си во важните моменти од животот, биди фраерка и јави му се. Слободно искажи ги своите чуства како и она што го осеќаш, ќе почуствуваш олеснување, фати го за рака гушни го и баци го. Тоа ќе биде најголемиот знак дека сте заедно.
    ајде мечка страв тебе не страв јас незнам како си чекала цела година јас би го решила проблемов уште летото само напред ја имаш нашата подржка ;)
     
  7. MoReNaAaA

    MoReNaAaA Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Фала многу на советите ! вечерва ќе одам во акција ! :D Па ќе ви пишам како поминав ... :) :* :*
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Феминки пред не многу време пишував за мојот проблем и ајде тогаш се реши ситуацијата, но се чувствувам кога сум со него како да сум со некој непознат. :o Кога ми се јавува како едвај да чека да го прекине разговорот со мене, постојано ми вели "ќе ти се јавам после". Оваа недела се видовме само вчера (причината бев ЈАС што не се видовме, бидејќи имав за учење) и тоа кога бевме заедно не се чувствував како порано онака сакана посакувана .. Се почесто ми вртат тие мисли во главата дека не ме сака веќе и минатиот пат беше истиот проблем, но тој ме побара минатиот пат и се спростивме, бидејќи му беше роденден. И знам дека ако раскинам со него, нема да можам да издржам ни една недела, а и он нема да ме остави. Не знам што е проблемот. Се чувствувам како да одам со некој непознат човек! ;(
     
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Од машка гледна точка - вака сум праел кога ми здосадило од девојката....Не сум сакал повеќе да сум у врска, сум сакал да сум слободен и почнувам вака да се однесувам. Не дека нешто не е ок у врската или нешто не е ок со девојката - едноставно несакам веќе да сум у врска и ќе почнам баш вака да се однесувам...Ќе сум мртов ладен, ако се видиме -видиме, ако не здрави живи; наоѓам изговори дека ваму ќе одам, ова ќе праам, она ќе праам, на телефон исто така мртов ладен, муабет не ми се праи и гледам само да затворам, чат пат ќе и се јавам прв пат и тоа е тоа - за да на крај после недела две и раскинам, зашто како што кажав, несакам веќе да сум у врска....на мене ова ми личи на вакво однесување...може сум грешка, зашто нели секој е различен - сепак јас зборам од моја гледна точка и како е кај мене ;)
     
  10. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    И јас ова го разбрав денес.....Од таквите машки преку се веќе,а за неа не можам да кажам нешто.Едноставно,повеќе никогаш ништо нема да биде исто со нас :)) :****


    Инаку ,што се однесува до тебе.....Зошто не разговараш со него?.....Молим те само да не дозволиш за ништо работа да ја изгубиш саканата личност......Прашај го како е,и зошто така реагира?Дали има некој проблем?Верувај,искреноста е злато во една врска......Барај го почесто ако тој закасува со тоа.....Може има некој проблем....Ако види дека ти си до него било кое време,ќе се почувствува сакано и во секој случај заштитено.....Покажи му дека тебе ти е битна врската и он.Храброста е доблест,како што пиша некој.Не дозволувај некои црни мисли да уништат нешто што долго време си го градела :))
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Па зошто не си каже дека му е здосадено од врската? И ако му е здосадено зошто кога ќе му раскинам не ме остава? :^) Тоа ме збунува мене .. Значи не може ни со мене ни без мене! Иако кај сите не е исто, не знам што би било со него освен да му е здосадено или да не ме сака повеќе или да има друга. Едно од тие мора да е! Сепак благодарам на советот, ми требаше машки совет. ;)

    Зборував минатиот пат со него и ништо не добив од тоа. :) И што ако зборувам? Што ќе му кажам? Пробав, му раскинав, но тој пак ме побара. Не можам да разберам. Имам толку многу прашања, а на ниедно немам одговор. :( И баш преска му титнав да ми се јави и тој ми пиша порака "Кај еден другар сум после ќе ти се јавам" :o Секогаш ми се јавуваше кога ќе му титнам и да е бил кај другар и каде и да е бил. Не знам дали и навистина е бил кај другар му.. Не знам веќе што да мислам ! :fubar:
     
  12. lonely111

    lonely111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    како да постапам?

    веќе долго време размислувам што да правам, дали да продолжам со него или не. во врска сум 4 години со дечко ми и се беше ок. пред една година почна да се лади спрема мене и кога и да правевме муабет на таа тема ми вика дека си замислувам. кога и да пробам да му раскинам се буни. почнавме се поретко да имаме секс, во месецот може да се деси да имаме само 4-5 пати, кога и да му го споменам тоа вика дека само на тоа сум мислела. постојано се караме за неговото понашање, ми вика дека се ке биде ок дека ќе се смени, ама тоа трае само 1 недела и после пак на старо. го прашувам најотворено да ми каже што се случува дали има некоја друга, а он вика дека многу ме сака и дека никогаш не би помислил на такво нешто. се случува во денот само еднаш да се слушнеме и тоа ако јас се јавам, да не излагаме заради тоа што сакал да се бања или сакал да се види со неговите и сл. незнам што да правам, стварно сакам да бидам со него и он го кажува истото ама со ништо не докажува. што мислите вие?? :sweat:
     
  13. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    значи секогаш налетувам на вакви ситуации ...има женска извесно време...И МИ РЕЧЕ ДЕКА ДО ПРЕД да се појавам јас сакал да се жени итн... но сега не сака ни да помисли на тоа и се гледаат по 5 минути на ден на брзина или воопшто не се гледаат.тој излегува со мене секоја вечер на кафе и не се срами некој да не го види бидејќи и она знае за мене :/ не ја знам целта од цела ситуација (ако воопшто ја има) ми се јавува по илјада пати на ден кога 5минути ме нема ме бара... кај сум што правам :worried: сега сакам некое мислење (знам дека не постапив добро.. и можно е да ја расипам врската) не го сакам за ДЕЧКО туку ми е мил и онака сакам да се гледаме и другарски да се смуваме... многу ми е сладок :worried: ова прв пат ми се случува! Дали да продолжам да се гледам со него... ? ваше мислење :)?
     
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Незнам lonely111,некако не ми мириса на добро.Да не те разочарувам,но навистина е проблем тоа што не се гледате поради причини кои мене ми изгледаат на избегнување,или тоа што не ти се јавува.
    Прашај го на пример зошто ако ти не се јавиш тој не го прави тоа.Мораш да го натераш да зборува,мислам дека само со разговор може да си ја решите ситуацијата.Може пак има некој проблем,нешто го мачи па затоа така се однесува,иако и тоа не е баш изговор за долга врска како вашата,баш напротив би требало тебе да те смета за најголема поддршка за што и да е.
     
    На lonely111 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Според мене, тука има 2 работи:
    1. Му станало досадно во врската. 4 години сте заедно, нормално е да има таков период, од вас зависи како ќе го поминете. Немој да го напнуваш многу, нека олади малку, можеби многу ја држите строго врската, нека биде полабаво барем некое време. Ако е овој проблемот, многу подобро ќе ви биде после ова.
    Или, број 2: Можно е да се загледал во друга. Ја симпатизира и некоја друга девојка, ама не сака да те изгуби и тебе, па затоа не сака да се скарате. Не сака да ја уништи 4 годишната врска и да те изгуби, ама... знаеш што. Испитај го теренот околу тебе, не да изиграваш детектив, туку онака врати го филмот, забележи дали има некоја девојка околу него.
    Се надевам дека се работи за првиов проблем.
    Кај ги наоѓаш бе сврци ваквите :D
    Колку долго се знаеш ти со него? Колку долго е во врска? Немој да бидеш наивна и да веруваш во се што ќе ти каже. Одговорот мислам и сама го знаеш, ти еве не ни го сакаш, ти сакаш да се гледате и ДРУГАРСКИ да се смувате? :^) Ајде остави го, нека не ти се брза, не ти е до него дојдено, не си ни заљубена, а знаеш дека можеш да ја расипиш врската.
     
    На lonely111 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Треба да се разговараш со него и тоа долго време...испитаја работата можеби постои некоја друга девојка...можеби дечкото не знае шо сака те сака тебе а и сака да е слободен некое време. Се наогаш во тешка ситуација..но можеби е период.
     
  17. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Детето во кое сум вљубена цел живот, ама буквално цел живот ми предложи да излезиме, секако прифатиф, излегофме еднаш - двапати.. па се смувафме еднаш - двапати :$
    и доброо ..
    арно ама дечкото женска да ти имал. НЕ ЗнаЕФ. да знаеф немаше да излезам ни на крај памет со него.
    Како гром од ведро небо ми шлакна в сурат дека имал женска.. Пази дур ме испракаше до дома.И замисли фацата мене од :D во :( .. И да се налутиф многу и да плачев многу, ама ми помина.. проблемот е шо учиме во иста гимназија и секој ден го гледам.. ај добро се помириф некако и со то..
    Глупа случајност се акнафме некни на училиште, ај поминаф заминаф некако и вечерта ми пиша дека не можел да ме заборај, од ум не ме вадел, не можел да издржел и тако даље..Сакал пак да се муваме,АМА не можел да му се скара на женската(зошто незнам).Јас знам дека не треба, знам.. ама пагам во искушение, не треба а сакам јас.. го сакам него.. незнам.(секакви совети,мисли, чариња се добредојдени) :)
     
  18. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    у твој случај барбиче очигледно тркалото се свртило :)
    па пробај си со него ако не ја знаеш девојката лично. може многу ке кажат расипуваш врска али размисли за ова ако не си ти тоа ке биде некоја друга и во што е разликата? кога типот очигледно нема некои сериозни планови со дотичната му.
    само не му се ставај на лагер туку пробај да го натераш да и раскине и од мување да си почнете за озбилно зашто ако не и раскине одма и ти се вади со она барам начин незнам како знај само дека те мафта и ке си го губиш времето и ке живееш со лажна надеж
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мислам дека треба прво да го оставиш да и раскине на девојка му после да се МУВАШ со него! И зошто не може да и раскине на неа? Што ќе го истепа ли ако и раскине? :^) Или ќе му цркаат дома ако и раскине?! Нека ти објасни прво зошто не може да и раскине после прај што треба да правиш. Јас сум за НЕ додека е со женска му да се муваш со него ама ако до толку не можеш да издржиш..не можам ништо друго да ти кажам. :)
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Ајде едно мислење ваше. Ако фамилијата на дечкото има некој проблем кон тебе , било дали навистина има или едноставно не те сака, дали треба дечкото да пробва да го реши тој лош однос меѓу неговата фамилија и неговата девојка или треба да вели ....Незнам што е проблемот никој не ми кажва зошто се груби кон тебе , ти сама треба да одиш и да ги прашаш зошто те некат, јас неможам да ти поможам и не е мое да се мешам..... Незнам како е правилно, дали јас грешам што барам помош од него , или тој што ми вели дека неки да се меша дека ме остава сама да одам и да се карам и барам објаснувања.....