Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Па нормално дека тој треба да реши, тој те запознал со нив, поради него ги гледаш и одржуваш контакт, кој друг би требал да реши?!
    А зашто ти се потресуваш што не те сакаат и бараш помош од него?Еден ден кога навистина ќе почне да му смета вашиот однос, ќе видиш како ќе се ангажира.
    Како и да е, не знам ба дали вреди да го чекаш тој ден кога веќе дечково не е спремен да застане на твоја страна и да направи нешто за тебе.
     
  2. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Вака да ти кажам додека немаш некои чувства спрема него,тргни се.Ти сакаш само да се муваш со него,а тој веќе се обрзува за тебе,малку по малку ќе се закомплицираат работите.Мој совет ти е да одмориш малку од него,немој да се зближуваш премногу,во случај ако прекине со девојка му тогаш реши дали ќе бидеш со него.Мое мислење е дека дечкото покрај тебе сака да се ослободи од девојка му затоа што стигнал со неа и до тема брак ,а очигледно е дека тоа не го сака ;) па сака на тебе да ја префрли одговорноста за неуспешната врска,можеби и те засакува ,но зборот ми беше остави тој да си ги расчисти работите со неговата девојка,за да не има после играчка-плачка :^) .И ти да си на местото на неговата девојка,би се осетила загрозена ,а и не е добро дечково тебе да те употреби за проблемите во врската,ме сфаќаш?
     
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Да, во право си. И почнаа чуствата... ми кажа дека не му било сеедно и дека ако продолжи ова чуство ке МОРАЛО ДА РАСКИНАТ... и вечерава беше со мене.. а таа мислам дома сама му кажал некој изговор. Иначе она знае за мене на секој збор мене ме споменувала пред него.. не знам не сакам да ја расипам врската но мислам дека ние двата би имале многу подобра иднина.. и мислам дека подобро е што се појавив сега а не покасно бидејки тогаш ке беше многу покомплицирано ...

    Јас му реков него дека ништо не му барам и дека ми е добро вака и дека може да продолжи со неа ако сака... но рече НЕ не ми е сеедно ! ... и треба да зборниме уште нешто утре ... кога ке можи . (btw секогаш бил слободен за мене) и во последно време повеке знам од неа каде се наоѓа!
     
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Повторно јас со мојот ист проблем. ;( Никако да се смени неговото однесување. Во четвртокот бевме договорени да си го прославиме некако денот(бидејќи правевме 2 години тој ден) и на крајот излезе пак истото, седевме кај него и гледавме филм. Во врска со "прославувањето" тој ми рече зошто да фрламе пари, не мора посебно да го прославиме денот, мислеш кој знае што е ! :fubar: Вчера бевме излезени на исто место и бевме маса до маса и тој се однесуваше многу чудно, еднаш-двапати дојде до кај мене ми кажа два три збора, ово оно, и потоа отиде на работа(работи во една дискотека). Ми рече дека ќе ми се јави, но го немаше цела вечер да ми се јави. Потоа јас отидов во дискотеката каде што работи и бидејќи немаше многу работа тој беше со другарите на масата. И таму се понашаше многу чудно, се смееа нешто со другарите, се почувствувам како да сметам таму на масата и си отидов. Пред да си одам ми кажа дека ме сака многу и дека ќе ми се јави кога ќе заврши. Пак не ми се јави .. :fubar: Денес накај 3 часот ми се јави, краток разговор, околу 20 секунди. И не се видовме цел ден, го немаше пак да ми се јави. Му пуштив сигнал да ми се јави, ми се јави после 5 минути и пак краток разговор и тоа е.. Не знам што му се случува?! Не знам што да правам?! :@ :@
     
  5. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Едно не ми се допаѓа,тој мора да прекине со неа за тебе :x .Не така,тоа не дозволувај да ти го префрли.Секој има право да одлучи со кој ќе биде.Најпрво ти дефинирај си ја ситуацијава,дали сакаш да се бориш за момчето,дали имаш чувства како тој веќе што ги има.Немој да мислиш дека си во предност затоа што знаеш повеќе од неа каде е,а тој сеуште е со неа.Одиграј паметно,не му дозволувај да си игра и со двете.Нека одлучи или таа или ти!И да ти напомнам,не си ти виновна што нивната врска е пред крај,и да не си се појавила ти,тие пак ке си имале некој проблем,само немој да дозволиш тој да изманипулира на таа карта демек ти си се појавила и он сега ќе и раскинува а после може и резерва да си ја држи.т.ест тебе ќе те обвини .Најдобро седнете си тројцата на еден разговор и решете ја ситуацијата ;)
    Колку што сфатив јас,дечко ти не те сака повеќе штом за него годишнината е ситница и ништо не му значи :o .Можеби има некоја друга,или не се замара за твоите чувства и колку те повредува.Не ти обраќа воопшто внимание,се надевам дека не е работата ај само офицајлни колку да се каже дека сте во врска.Играј ти со него топло -ладно ,како што прави тој,дистанцирај се излегувај сама со другарките ,патем и тоа ќе ти годи ќе ти се поправи расположението.И за Нова Година немој да правиш планови со него,дури и да те праша однесувај се индифирентно за да сфати дека неговото однесување ти пречи,затоа што тој мисли дека ти нон стоп си му достапна и трчаш по него.Не го тинтри,покажи малку гордост и ти,ако се сети да се поправи,супер ако не откачи го,нема зошто толку млада да се нервираш за некој кој не те ферма 2 посто :fubar: .Значи ,мој совет -врати му со иста мера :hai:
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Сега баш ми се јави и го прашав што му е проблемот зошто се однесува така со мене и ми кажа дека се налутил затоа што сум била на диско синоќе. :devil: Му реков а што треба јас нај будала да сум сите другарки одат на диско јас дома да си одам?! И тој ми рече добро добро ајде и ми исклучи! Идиот! Он мене ќе ми кажува дали да одам на диско или не. Во право си, ќе му вратам со иста мера. Да осети малку и тој болка. :)
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^Te читам одамна дека пишуваш за идиотското однесување на дечко ти и не мислиш веќе дека е време да го откачиш?!
    Па пред две недели или колку беше, се жалеше, гледаш дека не се сменило ништо, зашто очекуваш уште? Остави го уште сега, ако си му битна ќе те бара и ќе си го поправи однесувањето, ако не никому ништо. Само ти се малтретираш за џабе.
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Тоа е проблемот. Пред две недели кога се жалев, како што викаш ти, му раскинав тогаш. Но, тој не ме остави. Постојано ми ѕвонеше ми пишуваше и ајде се спростивме пошто и роденден му беше тогаш и бев убедена дека ќе се смени и дека ме сака најмногу на свет. По некое време пак се врати на старото.. :envy: Кога и да му раскинам тој никогаш не ме остава. И знам дека и сега ако му раскинам пак ќе е истото. Неколку дека ќе сме раскинани, тој пак ќе ми ѕвони ово оно и пак ќе се спростиме. Не можам да соберам храброст да го оставам веќе еднаш засекогаш. :(
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Епа овој пат нем така лесно да му се смириш, туку ќе го оставиш да цимоли неколку дена.
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    А зашто да му враќаш со иста мера? Каква е оваа контрола у врската на мене не ми е јасно? До пред 2 минути се расправав со една другарка за ваква ситуација од типот - аха можеш да идеш ваму а со мене неможеш, па љубоморни испади, па игнорирање, па 300 глупости...Значи од вакви типови ми се дига притисокот..Антипатични ми се.....А што е најтрагично - вие мислите дека е ок така да се понаша и сте уште со нив иако не ви е сјајно у врската, ама мислите дека тоа е врска? Мислите дека така треба да биде у врска? Е ГРЕШКА !!!!!!! И зашо да му враќаш со иста мера? Седни го на маса и кажи му - или ќе се смениш со твоето однесување - или чао пријатно....Зашто верувај дека има милијарда други дечковци кои што нема да бидат љубоморни, нема да бидат напорни и нема да се однесуваат идиотски, а сепак ќе обрнуваат внимание на еве годишница .... Во одредени моменти не ве разбирам како ги донесувате тие одлуки и зашо сте уште у врска со такви типови...

    edit: Неможеш да собереш храброст да му раскинеш? - Епа трпи...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kristinah

    kristinah Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    помошшш

    Jа сум 2ра а тој 4година во иста смена сме.. излегуваме со него веќе 3 месеци.. првиот месец од кога почнавме да излегуваме во школо со мене се однесуваше како да сум му девојка доаѓаше ме гушкаше :* полека полека почна се поладно да се однесува спрема мене. се смени многу незнам зошто.. во школо ќе ме погледне и само ќе ми се насмевне.. за викенд кога сме заедно се понаша со мене како да сме во врска ии како да ме сака многу.. онекнад кога беше со мене заедно ми рече дека му била симпатична другарка ми мариа.. и ништо ја само се насмеав. денес и имаше честитано роденден happy b-day to you ...:) :* кога го видоовв ова ќе се онесвестевв..... сум била и со други машки но не сум се чувствувала тооолку заљубена.. незнамм што да правамм како да се однесувамм спрема негоо.. затоа се обративв тука конн васс да ми помогнете... ве мооламм :)) :'(
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Taка е Мистери, ама јас добив впечаток дека дечково се изнервирал зашто му го нарушила мирот кога отишла вчера во диското да го види, а не дека толку му смета што она отишла во диско.Бог да чува.
     
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мене не ми сметаше таа контрола затоа што и јас сум иста. И јас сум љубоморна и јас понекогаш се лутам кога ќе отиде на диско и слично, затоа не ми смета. Но, сега зошто тој да е излезен а јас дома да си седам? Е така не бива. Во право си дека треба да седнам и да разговарам со него, но напамет знам што ќе се случи. :) И во право си дека треба да му раскинам, но ете таква сум, немам доволно храброст и мислам дека животот без него ќе ми е неубав. :devil:
     
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    same shit....Отишла у диско - голема работа? Шо му е проблемот? Ајде таму клоцата у гз и готово....А шо сеа ќе му раскинам за да го научам лекција? ц ц ц ц не не, или јас сум стварно глуп и не разбирам или нешто друго е....зашто толку е јасно и боде у очи дека типов не заслужува ништо, дека е само еден обичен како да го кажам мочко, што си мисли дека може да ја врти околу малото прсте (што и ја врти, зашто се покажува тоа еве на дело).......И извини за грубиот израз, зашто уште сум изнервиран од другарка ми и нејзините гледни точки во врска со нејзиниот тип, па бидејќи се како слика и двајцата - еве ти малце wake up call - ако можеш да се свесиш т.е.

    opet edit: c c c c и ти си иста? па вие си се заслужувате...сори вака - ама еве перфектни сте еден за друг....На мене да си ми девојка - врска одамна немало да има...
     
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    нишо - типов е у тие години, интересно му е, кога ќе сака ти се јавува тебе зашо ти си заљубена у него и тоа е тоа...Не те сака - ТОА Е ФАКТ !!!!! Иднина тука - не гледам...Ако сакаш продужи со него - ако сакаш не, ама важно знај какви ти се опциите....Ако сакаш разговарај со него, може и најдобро би било тоа...Али он е сеа нели 4та година, матурант, се му е полно-рамно, така да, незнам шо да ти кажам....Најдобро би било да се тргнеш и да се опраиш самата, а заљубеноста - ќе ти помине ;)
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Добро не ја истурај нервозата на мене. :) И типот можеби е мочко, но јас го сакам типот што е мочко. Не знам вие машките како гледате на тоа, но женските имаат и слаба страна. Еве мене слабата страна ми е тој мочкото. :) И пред него сум била во долга врска, и бев изневерувана од страна на дечкото и бев измамена и слични глупости, а сега тој ме нема ни изневерено ни ништо. Мислам можеби не е убаво тоа што сме толку љубоморни и двајцата, мислам секако не е убаво не MOжеби, но да бидам најискрена се плашам од изневерување. Постојано ми се врти тоа во главата, што ако ме изневери? Затоа и се однесувам така со него, затоа сум и љубоморна и се лутам ако отиде некаде и слично. И не побарав да ме осудувате, побарав да ми дадете совет што да правам. Сепак благодарам. ;)
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ок а да те прашам каква е таа врска без доверба? - еве одговори ми само на ова прашање...Шо бараш ти со него ако немаш доверба у него дека нема да те изневери?

    И еве - ти даваме совет, малце на карање ама сепак е совет, ама ти го браниш дечко ти...Незнам што друго совет да ти дадам. И еве и ти викаш дека е мочко - бараш совет шо да праиш- иако уствари знаеш што ќе направиш и дека нема да го примениш советот. Туку реално кога гледаме на ситуацијата и фактите ги кажавме без влакна на јазик, ti на еден начин почна да го правдаш дечко ти за неговите постапки - истите тие постапки заради кои што и го побара советот на прво место...
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Девојче, кој треба да го правда, ти него или он сам себе?
    Со тоа што не му раскинуваш или ми се смируваш на првиот повик и го трпиш ти на некој начин го одобруваш однесувањето и сама му даваш зелено светло така да продолжи.Па и не гледам причина зашто нешто би се менувал кога ем е со тебе, ем си прави што сака.
    Можеш да се жалиш и да го молиш и да го трпиш, ама додека не преземеш нешто конкретно аир нема да видиш.
     
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Воопшто не ги оправдувам неговите постапки. Да ги оправдував немаше да побарам помош од вас. Зборот ми беше дека и јас сум љубоморна и само поради тоа го разбирам кога е љубоморен, но секако без претерување. Да ти кажам искрено врската ми беше убава на мене, до пред 2-3 недели кога почна се да тргнува наопаку. Не знам дали е тоа период или се ќе е така до дека не му раскинам.

    Во право сте и двајцата дека ТРЕБА да превземам нешто, но тоа нешто не мора да биде раскинување. Можеби ќе се подобри ситуацијата. Зборот ми е дека сакам да се борам да успееме.. :)
     
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ја имам голем проблем....како што иде времето е повеке и повеке дечкоми ме притиска,ме гуши,не можам ниге д идам без него,не сака да бидеме во друштво,секој ден излагаме и само дома ние 2,порано исто беше љубоморен ама сега се повеке и повеке,се има и случено неколку пати да ме удри ако речам дека ке идам негде или аха ке те видам без мене,ја као на шега а он ке ме удри,правев благо и му кажав дека ке му донесам,го спаковав се и кога дојде да ме земи,ја запобрзо го заборавив и се вратив да го земам,е како ја сум го заборавила како сум мозела да го заборавам,цел ден сме збореле за тоа а ја да го заборавам и ме удри пак,располозение менува еднаш е добар еднаш вика,мн сум нервозен и бла бла,ја знам ддека он ме сака многу во лјубовта не се сомневам,ама тоа негово од време на време понашање ми смета мн,му имам казано неколку пати и ке казе ја сум идиот извини извини нема повеке,и по една недела пак,знам дека ке рецете да го оставам,ама како да немам храброст :)