Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе искрено не верувај во тие убави моменти што ти гу пружа кога незнае да те цени, почитува и чува.
    Мислам на прво место у твој живот си единствено ТИ. Ти самата ако не се цениш кој ?
    Дај си став и кажи му како стојат работите!
    Дека НЕМА да има нареден пат, Крај ке биде и толку замини си. А тек после нека се обиде да крене рака , после му е мајката.
    Значи стави јасна црта, линија уатевр БЕЗ ПАРДОН !

    Edit : Абе чоек која грижа те молам жити све ? Заради тоа шо бил у некои тешки моменти твои сега вака ке ти враќа? Демек може со тебе што сака ?


    Абе ајдеееее

    ДАЈ СТАВ ДЕВОЈКО !
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Љубов и грижа не подразбира да те ограничува, удира и психички малтретира.
    Биди малку порешителна и храбра, остави го и ќе дознаеш дека има некој што ќе те сака и ќе се грижи за тебе без притоа да изиграва диктатор и тогаш ќе знаеш зашто си со тој, а не како што сега ми одговори за сегашниот дека не знаеш ;)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Верувај дека ќе има друг што ќе ти пружи многу повеќе од сето тоа без никакви нервози...
    Дечкото е ПРЕМНОГУ опсесивен.
    Значи пијан бил, ме удри, не се важи.
    Нема ниеден изговор за удирање, а најмалце пијанство.
    Па побогу, баш кога е пијан треба најдобар и најлигуш да биде!
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Деди нека не те залажува неговото лигавење и умилкување.
    Те сфаќам дека можеби си заљубена или го сакаш, и дека имаш потреба некој да те мази и пази, но сепак не заслужуваш некој физички па и психички да те тормози.

    Остави го, одмори еден период, и ќе најдеш некој кој вистински ќе те сака, цени и почитува.
    Се додека се надеваш дека ќе се смени, ќе живееш во заблуди, и тој ќе се смени на неколку дена и после повторно ќе биде исто.
     
  5. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Девојче,навистина ми е жал што слушам вакви неубави работи.Се надевам дека си свесна дека тепањето е лоша работа,ќе се чувствуваш омаловажено,понижено...Не дозволувај никој да те контролира,во ред е да постои љубомора,но во нормални граници ,а твојот дечко почнал да пати од болна љубомора.Колку и да е сериозна врската,дури и маж да ти е,бегај од насилник,тоа ти го велам со најдобри намери.Имав една соседка која трпеше се од нејзиниот сопруг,а на крај се разведе затоа што тој почнал да ги тепа и нивните ќерки.Пред да биде доцна,преземи нешто.Се работи за твојот живот,како што вели стрина ми поарно да ме изневери но да ме удри-никогаш :emo: .И јас имав ваква случка со мојот дечко,ме удри шамар и му реков ако му се повтори крај е,и фала Богу не се случи никогаш повеќе!Разговарај со дечко ти,прашај го откаде толкава толкава љубомора наеднаш,спротивстави се отворено кажи му што мислиш ако не се промени-тогаш крајот е неизбежен.Храброст мора да собереш,една врска се темели на љубов и доверба ,а во вашата врска тоа не функционира.Знам дека ќе ти биде тешко ако го оставиш,но верувај ми тоа е најдоброто решение во случај дечкото да си продолжи со истото однесување.Ти посакувам се најдобро,па пиши што си одлучила :hai:
     
  6. draganaforever

    draganaforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    добар ден ми треба совет од вас.имам две месечна врска,ама мислам дека имам проблем и не знам дали е навистина така.типот ме вика само кога не му се иде нигде да дремеме кај него дома а кога му е за излегување тука му се другарите три саботи по ред е излезен а на мене ми нема речено 2 недели да идеме негде на кафе.се јавува само јас кога му вртам на него не му текнува.сто треба тоа да значи ?размислував да прекинам со него но не знам дали е најпаметно.сто мислите вие би благодарам однапред
     
  7. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Значи фино лепо ке си седнеш со него и ке му кажеш што те мачи ако го сакаш и ако сакаш да продолжиш со него..А ако не го сакаш ке му прекинеш,- кога нема време за тебе.:)
    Во секој случај мислам дека треба да седниш и отворено да разговараш со него за да знаеш на што си. :)
     
  8. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Драгана,по ова што си опишала на мене ми личи дека дечко ти сака да биде само за секс.Извини ако сум сурова,но таа е реалноста.Тој нон стоп си излегува со другарите,а тебе не те вклучува никаде,па одозгора не те кани ни на кафе ,а ти уште се мислиш :o ?Покажи малку самопочит,и откачи го...Не те заслужува,а не те ни сака,само го користи тоа што секогаш си му достапна.Секое добро и памет во глава :hai: :*
     
  9. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47

    Делиме исто мислење NATALIJA89 но мислам дека пред да прекине со него би требало да поразговара со него и да му каже дека тоа нејзе и смета.Чисто за да девојката утре биде сигурна дека направила се и проверила се во таа врска.Неговите постапки никако не се за оправдување но ете само слушни ја неговата веризја.Така да Драгана како што и NATALIJA89 ти кажа,самодоверба на ниво и само еден разговор пред твојата одлука
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Нема што да седнеш со него тука све е јасно само што ти очигледно ги затвараш очите и дозволуваш некој да те прави будала а најлошо е што тоа свесно го правиш!!
    Откачи го, не ти треба некој што само си го тепа времето со тебе.. па мајка му стара имаш на куп машки.. искочи и најди некој што ке те почитува пред се зошто овој ни П од почит нема кон тебе.. он не е крив, ти си крива што дозволуваш!
    Имај малце достоинство девојко не дозволувај некој да те третира како уличарка..
    Знам дека е тешко можеби си затрескана во типов ама ништо нема да помага.. ни разговор ни ништо!
    Затоа подобро сама отколку со некој што се однесува на овој начин..

    П.с знам дека ке си тераш по свое иначе немаше да бараш помош и да пишуваш за твојов проблем тука али ај.. ке видиш некој ден кога ке ти тресне по глава јако и ке се сетиш на зборовиве..ти кажувам од искуство затоа што и јас сум била таква!!

    Позз ти посакувам многу срекја..
     
  11. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    јас пак :)
    Како што прочитавте во претходниот мој пост работата беше за дечкото што има 6 годишна врска но се гледаме веке еден месец (ми каза дека само со мене се гледал толку често) по сто пати на ден се гледаме ми се јавува веќе не можам да дишам љубоморен е баш вчера вечерта ја истури цела нервоза врз еден другар негов што ми се пушта мене... го истепа( не е крив Он туку другар му од други причини). мене ми е проблемот јасно е и ми кажа дека ме сака само мене премногу а со неа е бидејки не одел од вчера и дека имало некои работи што ги знаеле само тие и уште некои луге и поради тоа не можел сега за сега да се скара. Муабетот ми е ке оди да зборни со неа јас му реков да си расчисти и да сум на сигурно па ке ви пишам. Сношти таа му рекла по телефон (бидејки не се гледаат) знаела со кој ке оди вечерта он и му спушти. И тој добро бевме заедно во една кафана со многу познати луге ме гушкаше и бакнуваше пред сите како јас да сум таа... Кое е вашето мислење и дали постапив правилно??
     
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мислам дека не треба да си со него додека тој не раскине со неа. Не може да и раскине затоа што таа знае нешто? Мхм.. не ми е доволна причина. Не знам што да ти кажам. Ако си ти среќна и ако можеш да живееш со помислата дека има и друга, не си му единствена ти, продолжи понатаму. Ама сепак мислам дека треба прво да и стави крај на таа 6-годишна врска, а потоа да оди со тебе по кафани и слично.
     
  13. pisatelka90

    pisatelka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки ..Имам проблем..залјубена сум навистина многу во едно момче..Излегувавме,шетавме,се смеевме уживавме.работите се одвива прекрасно..но тој одеднаш се промени..се сврте се за 360 степени. последнава смс што ја добив од него беше вака / Извини ме немаш ништо погрешено и те молам нема лутење. Не сум во можност периодов да почнам ништо ново. Те молам разбери ме и извини ме..? тоа е тоа..што да правам
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ништо. Дечкото не е заљубен во тебе, и фино од него што ти кажал на толку убав начин.
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Па од пораката, очигледно е дека има некаков проблем во животот. Можеш да пробаш на варијантата да бидете другари, ама пази да не се заљубиш ти, а тој сеуште да не може да го заборави својот проблем.
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    :?: Може да има повеќе причини зошто дечкото се однесува така. Прво, можеби си фатил друга женска. Второ, можеби има некои проблеми па сака да ги реши и потоа да е со тебе. Трето, можеби не сака да биде во врска, т.е не сака да има женска сака да е слободен. На многу убав начин ти кажал дечкото дека не е во можност да почне ништо ново, па можеби страда по некоја друга женска. :!: Мислам дека треба да го оставиш некое време, да бидете само другари и да видиш како ќе се одвива ситуацијата.
     
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Нема што да се коментира,се е многу јасно.Самиот тој ти го дал одговорот.Тоа е што е.Немаш потреба да анализираш понатака,во спротивно можеш да станеш одбивна и нападна и да ја уништиш и таа мала можност за во иднина. :)

    Опушти се и заборави го и онака немало ништо сериозно помеѓу вас. ;)
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Батево нешто се уплашило....
    Ама ако, ќе зажали што воопшто те одбил. ;)
    Шала на страна, ете ти рекол дека не е до тебе, а и да е до тебе, не би ти рекол, за да не те повреди.
    Е, сега што е, не знаеме....
    Можеш еднаш да го прашаш за објаснување, но не и два пати или повеќе пати за да не му станеш нападна.
    Како и да е, не се секирај, не влегувај во филм дека тебе нешто ти фали...итн...како што прават повеќето женски. :)
     
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Пак јас. :hai: Можеби сум досадна со моите проблеми, но морам да зборувам со некого зошто ќе ми пукне срцево ако не се искажам. :| Сигурно сте запознаени веќе со мојот проблем. Е сега, вчера му раскинав, решителна јас така храбра му кажав дека е крај, дека е избришан од мојот живот. Почекав до денес да видам што ќе направи дали ќе реагира и тој ништо. Добро, се ставив слободна на фб си сменив и пасс. Тој ми пиша дали сум сигурна во мојата одлука и јас пак се јачев така храбрата јас му реков крај засекогаш ова она. Тој ми рече ех сега да беше кај мене да видиш какво е топличко(претходно кога одев кај него во неговата соба беше ладно) :o :o И сега што му значи ова? Му реков да си викне друга да си се топлат тој ми рече не сакал друга. Јас и по ова цврсто стоев на мојата одлука. На крај го извреѓав многу и тој ми кажа да не му пишам никогаш повеќе. А не си го сменил статусот на фб, уште е во врска и пасвордот не си го сменил и .. не знам .. што сега ?? :^) :^) Ќе ме побрка човекот. :fubar: :fubar:
     
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Можеби сега завалил оган :) Ако веќе си решена дека не сакаш да си со него едноставно егнорирај го.