Времето и не е нешто премногу кратко, (луѓе се земале во брак знаејќи се и помалку од 6 месеци, па функционираат супер), ама околностите кај тебе се поинакви. Сум ја видела ситуацијава и на друго место, и извини што ќе бидам искрена, но мислам дека дечко ти сака на некој начин да те изманипулира. Тој сега смета дека си нежна и кршлива, поради смртта на мајка ти, и мислам дека смета дека ако те убеди да стапите во брак токму сега, полесно ќе може да те контролира и да те обликува како што сака, зашто луѓето се менуваат после вакви трагедии. Затоа сметам дека е грешка. И грешка би било стапувањето во брак. Крај краева, ти си свесна дека не си подготвена и дека не сакаш. Поголем показател од тоа и нема.
mobi.spoj.....го познавате ли сајтов? ако некој знае за овај сајт ве молам да ми објасни како функционира......неодамна го начекав дечкоми да му праќаат пораки од сајтов а вели не немам ништо на мобилен пратено значи хелп феминки
mobi.spoj.....го познавате ли сајтов? Оф леле. Тоа ли те мачеше? Ај малку детективска работа. Демек. Прв пат сајтчево го гледам, ама од километар се гледа дека сите овие по сликиве се фејк. Хрватско безвезно склопено сајтче, веројатно од некој што има минимална заработка од истото или чисто да тера сеир со попалењаци. Уште не е нашиов менталитет толку слободен за некоја си 50 годишна медицинска сестра да остави полугола слика од себе, па уште со капче, демек доказ дека работи во медицина и секакви други тракатаници. Или пак по дифолт, наставничката мора да има некои наводно секси очила за да биде к*роповикателна. Ма немој. Или еве и сама да видиш, отвори го линков во спојлер, ке видиш една иста слика на колку места за такви божемни лични контакти е ставена. Спојлер https://www.google.com/search?tbs=s...K1OfyPtS0jxD2IE&num=10&hl=en&bih=634&biw=1366 Нема што да си правиш проблеми со дечкото, можно е сега и мене да почне да ми стигаат такви пораки, па ке треба ли дечко ми да си чука глава што барам јас по таков сајт, па уште по женски? Или што ако некој другар на дечко ти на зафрканција ја пишал неговата e-mail адреса за да му стигаат такви нешта? Не се замарај толку со ова и не му се нервирај. Ако има повратни меилови т.е. се допишувал, тогаш богами малку и треба да му се изнасмееш во фаца што паднал на такво нешто, а доколку пораките си стигаат сами, а тој не реагира - ноу проблем.
mobi.spoj.....го познавате ли сајтов? Sarica (25, Pula) Vas želi dodati kao prijatelja, Za potvrdu zahtjeva za prijateljstvo i potvrdu da ste punoljetni pošaljite sms aktivacijsku kodu: BOK Sarica na 67454 Cijena usluge 6,10 Kn/SMS значи пораките не си стигаат сами од себе ццц кога ќе го подберам........
Ме бараше една недела и јас бидејќи сум слаба на него му кревав на повиците но не му излегвав да се видиме оти знаев дека ќе попуштам но пред два дена собрав храборост и му напишав порака повеќе да не ме бара дека го сакам ама нема да му простам и дали знаете што од тогаш ме нема побарано .. Тешко ми е не велам не но сигурна сум дека ќе ми беше потешко со неговата љубомора и непостојаност.. Се впуштив во сингл живот, ќе одам кај сестра ми Швајцарија сигурно далечината ќе го направи своето дај боже и еден ден и јас ќе бидам среќна со некој што ме заслужува.. Ви благодарам девојки за советите
Онлу јас мислам дека си донела правилна одлука тој човек не те заслужува,да те сакал немало така да се понаша значи го има па го нема.Млада си животот е пред тебе ке имаш уште многу прилики да процениш кој те сака вистински.Оди си кај сестра ти и уживај си во слободата,поз секое добро
Имам 15 години-немам многу другари,се немам мувано.Двајца знаеа дека ги свиќам но ништо.....на мои другарки им понудуваат и врски и мивање мене никој ништо!Ме боли што јас тие што ги свиќам они мене не ме погледнуват а и никој воопшто не ме погледнува. Се јави друг проблем,го свиќам детето што се муваше(а и уште се муваат) со другарками.Веќе еднаш ми се има случено две другарки(јас и една другарка) да свиќаме ист и нормално јас губам.Во овој случај никој незнае дека ја го свиѓам на другарками дечкото!!! Ве молам помош,ми се смачи се јас да испаѓам ‘‘отфрлената‘‘. *и само не ми кажувајте дека сигурно има некој кој многу ме сака затоа што нема...
имам 3 годишна врска нз дали сеуште го сакам, ништо не е ко порано за било што да зборам не ме слуша отсутен е а кога се караме или се дере или кути-нз кое повеке ме иритира немам више нерви незнам што да правам
Клинка, бидејќи велиш дека немаш многу другари, претпоставувам дека потешко ти оди да се опуштиш кога зборуваш со некоја машка личност особено што ти се допаѓа. Во оние години сме кога за се ти изгледа ко да е крај на светот, постојано гледаш недостатоци, се чувствуваш отфрлена, дека никој не те сака и триста чуда. Инаку и мене со другарка да речеме ми се има случено двете да фрлиме окце на некого. Но ништо сериозно не е тоа, не е никаков натпревар во смисол "кој ќе успее да го ќари". Напротив, би биле среќни една за друга. Другарките се многу побитни од дечко, мораш да го сфатиш тоа! Затоа и бидејќи тој е сега нејзин дечко, заборави го. Ќе се најде друг што би ти се допаднал, тоа сигурно. А ти за да му се допаднеш треба да превземеш нешто. Не е во животот секогаш се на послужавник. Можеби другарките твои имаат повеќе среќа на љубовно поле, или се поопуштени и дружељубиви со спротивниот пол. Убавината доаѓа одвнатре и се што треба е да се опуштиш, и да направиш тој што ти се допаѓа да се чувствува убаво во твое присуство. Давај му знаци кога си со него, шмеќерски насмевни му се и слично.. Сето тоа зависи од тебе
Ако не го сакаш - чао, чао, лепо је било док је трајало. Ако го сакаш - имај повеќе разбирање, биди стрплива, внеси нешто ново во врската ... Не знаеш дали го сакаш? Пробај да бидеш неколку дена без него (оди кај баба, тетка , стрина , било каде подалеку...) и ќе дознаеш сигурно.
Опал во секоја долга врска фака монотонија,значи има криза ама убаво ти кажа Сања отиди некаде без него и среди си ги мислите и чуствата и ти и тој или пак ставете пауза една недела да видите како ке ви е???Поз
Ann.94 браво колку убаво и опиша. Клинка видов дека си 8-мо сега, тек работите ќе се менуваат за тебе. И мене не ме приметуваа нешто многу до 8мо и ме викаа костур на батерии, поради тоа што бев премногу слаба, ама нејверојатно не се ни замарав дека треба да си фатам дечко огледувајки се на другарките. Не си го оптеретувај мозокот. Времето е тек пред тебе, и големи промени доаѓаат. Социјализирај се, направи некои промени макар било нова фризура, или стил на носење и опуштено. Немој никогаш да си викаш како они можат, а јас не.. Убаво кажа Анн се зависи од тебе..
здраво феминки јас сум нова на форумов и имам еден многу голем проблем...вака сега: јас сум осмо оделение (14 години) и сум многу вљубена во еден тип и тој е осмо..досега се немам мувано, секогаш на одмори се гледавме ама сега почна помалку да излегва.. си мислам ме заборајјј ке ми помогнете некако да ме засака или нешто слично?
Па нејзе не и ни беше многу гајле што јас мислам за тоа,сеа може да ми кажете дека тоа не е права другарка.Можеби сте во право ,јас и она сме блиски за се освен за исти момчиња и секад она победува а во врска со отпуштањето...незнам можеби тоа е проблемот ,а зборам на чет со некое машко одеднаш немаме тема и неможам се јас прва да почнувам муабети.Почнав еднаш ,двапати он ни да мрдне да пише прв-->значи мн не го интересирам
^ Ама не е работава само на фејсбук да збориш. Во живо треба. Бидејќи од напишани букви неможеш да сфатиш дали му се допаѓаш или дали е заинтересиран за тебе. А неможеш ни впечаток никаков да оставиш. Батали фејсбук/мсн и сите виртуелни чуда, шармирај го тој што ти се допаѓа во живо. И плус сами од себе се создаваат теми за разговор кога разговараш со некого очи во очи и немора да се пуфкаш дали прва си му прозборела, нели А за другарката незнам колку е права или не - ама другарка е. Таа можеби не обрнала многу внимание за да ти укаже дека навистина и се допаѓа дечкото, незнаејќи дека и тебе можеби навистина ти се допаѓа. Имам впечаток дека не си ја сакаш другарката бидејќи она ќарила повеќе дечковци и дека го ќарила тој што и тебе ти се допаѓал. Тука ти е грешката. Незнам дали е така ама бидејќи сега таа е со него, дади и до знаење дека си среќна за неа. Сигурно ќе и значи тоа Кога ќе фатиш прв дечко, и кога пеперутките ќе ти заиграат во стомакот, ќе сфатиш дека не е толку сериозна работа ова "свиѓање", и дека не е ништо страшно ако со другарка фрлите окце на некого и потоа една од вас успее да биде со него.
Само што дознав дека детето со кое излегував ми е брачед бевме заедно 10 месеци и никако не можам да се помирам со ова лелеееее не ми се верува... како претходно не сум разбрала
Оффф милаааа .... Полека само,не се измачувај.Кој братучед ти е? Ако ти е тамо трето,четврто колено нема зошто да се измачуваш,мојата братуцедка е заедно со трет братучед веке 6 години.Како постапи,што направи?
Трет братучед ми беше ама тој си беше строг кон тие работи... не сака со брачеда да биде леле колку ми е непријатно само
Го разбирам братучед ти а исто така го почитувам и неговиот став кон ова.Но,не е толку страшно според мене.Трети братучеди сте,а не први или втори а и сте биле веќе заедно.МОжеби и сте споделиле интимни работи.Веќе се е завршено мила,а вие не сте за ништо виновни.Ако сте биле заљубени нема да биде така лесно да се разделите и дечко ти да го следи својот принцип.Не е така едноставно душо.