Како што ти кажав веќе,според мене не е толку страшно штом се трети,а и ќе видиш дека ако дечко ти те сакал(пошто кажа дека 10 месеци сте биле заедно) нема така лесно да се откаже од тебе
Значи вака, пред една година имав врска со еден дечко од странство, која ни траеше 6 месеци... Значи не бев заљубена, дечково само ми се свиѓаше... Се гледавме многу ретко, причината беше поради тоа што живее во странство... Значи како што кажав тоа траеше 6 месеци и раскинавме... После тоа немавме никаков контакт... Тој дојде летото на одмор тука, ме покани на кафе излеговме и ми кажа дека уште ме сакал и тн... Размислував дали да му се вратам или не и на крај одлучив да му се вратам... Но, не е така како што беше на почетокот, кога бевме првиот пат заедно. Дечково воопшто не го сакам, се трудев да го засакам, но не можам. Дали да продолжам да се трудам да го засакам или да прекинам, бидејќи дечково е премногу добар, за ништо не ми вика НЕ, либерален е многу, паметен... Мислам дека друг како него оволку добар не постои... Осеќам дека ќе се каам, ако му раскинам...
Тука станува збор за најголемата женска мистерија - зошто кога ни идат по газот не се интересни Да ти каже одвреме навреме НЕ, ќе лупаш глава од зид по него. Но, вреди ли да се трудиш околу врскава, ако не чуствуваш љубов? Што и да пишам ќе се вртиме во круг
Ех, колку сака да е убав, паметен, кога го нема она што треба, го нема и готово... А ќе се враќа тој странство? Колку што разбрав овде е сега...
Единствено што осеќам е одбивност, не ми се допаѓа ни малку... Ама вака не беше првиот пат кога бевме во врска, истотака и тогаш за ништо не ми викаше не и многу го сакав бидејќи ме разбираше за се... Но сега не е така. Сакам да биде како што беше... Летото беше тука, сега странство е... Сега јас ќе одам на туризам во истата земја за нова година и тој одвај чека да се видиме.
Здраво. Сакам да ви раскажам нешто, па секој добронамерен совет е добродојден, ќе ви бидам многу благодарна и многу ќе ми значи. Значи вака... Имам 22 години, па чувствувам како годините поминуваат станувам се поладна и бездушна личност. Кога бев тинејџерка, многу ми беше убаво. Се забавував и бев многу отворена, влегував во врски и не се плашев да се заљубувам. Значи имав чувства, се заљубував и супер ми беше. Со машките ми одеше отсекогаш, отсекогаш сум имала додворувачи многу. Можам да речам мојот живот беше розов се до еден ден кога ми се случи нешто многу страшно со еден дечко. Би сакала со вас да го споделам сето тоа, ама верувајте ми е страв некој да не прочита и да ме препознае. После таа случка мојот живот тотално се промени. Претрпев голем скаднал, пробав и да се самоубијам. Наредните неколку години ми беа пекол, осеќав дека и разумот го губам. Правев работи што до тогаш ни на сон не ми дошле. Едноставно не бев тоа јас. После овој дечко секоја наредна врска беше пропаст, секој следен дечко ме разочаруваше. Јас го изгубив патот во мојот живот, не знаев веќе кај терам. И школување и се ојде по пустина. И тогаш решив да се смирам. Се затворив дома, не излегував никаде, значи ептен ретко. Со никого веќе не се дружев и избегнував секаков контакт со машки. Почнав да се враќам во нормала, почнав лека по лека да си бидам онаа старата. Ама срцето го заклучив. Пробував да ги контролирам чувствата, да не се заљубувам веќе. И после се што ми се имаше случено до тогаш, толку навреди, понижувања, скандали мојата љубов кон самата себе се крена многу високо. Не се сожалував, туку се заштитував и се ценев повеќе. Можам само да речам дека јас бев жртва во целата ситуација, не бев она што другите мислеа дека сум. Продолжив гордо и самоуверено да си живеам. Никогаш веќе не влегов во врска, само ги заведував машките и ги искористував. И тоа трае веќе неколку години. Влегувам само во отворени врски и се забавувам, кого ќе повредам воопшто не ми е важно. Значи за сите овии години откако решив да си дојдам при себе, јас се претворив во сосема друга личност. Толку ги имам поттиснувано чувствата за да не се заљубам, што сега и да сакам не можам. Значи го заклучив срцето а клучот го изгубив. Не верувам некогаш во ова срце да оживее нешто, во моето срце има љубов само за мене и никој друг. Премногу се сакам себе, имам високо мислење за себе и гледам само себе да си угодам а за друг никој ама никој не ме интересира. Избегнувам да се поврзувам емотивно за било што. Од секого го очекувам само најлошото, не се надевам на ништо, пред време знам дека секој ќе те заебе и разочара. И за другарки ова истото важи. Значи решив веќе да не размислувам за ништо, да не се приврзувам за ништо и мојот живот да биде само забава. И апсолутно ништо не ми е важно. Гледам само да кулирам и да бидам смирена. Она што мене ме интересира е дали е ова нормално ? Дали е во ред да не чувствуваш љубов никаква кон луѓето ? Така ми е полесно, така знам дека нема да бидам повредена никогаш. Во мене ја убив сета љубов и омраза кон се што е човечко. И оној момент кога ќе решам да се мажам и тоа ќе биде само од корист. Ај да видам што имате да кажете, многу ме интересира. Благодарам
BabyDoll, ете сама викаш дека чувствуваш одбивност, а тоа е далеку од љубов, како што кажав потребно е да те влечи нешто кај него, без разлика на убавината, добрината и сл. Извини вака, ама мислам дека тоа што толку убаво се однесува со тебе уште поодбивен го прави Ако не си сепак доволно сигурна во твојата одлука, ако мислиш дека не треба да го изгубиш, ете секако одиш во неговата земја, дај си уште една шанса да видиш како ќе ти е. Плус е за тебе што е во странство, нема непредвидени средби, нема чудни ситуации, едноставно треба да се решиш да ставиш крај на тоа. Сепак јас стојам на она прво што ти го реков. Не мислам дека можеш да се заљубиш во него. Еве и да останете во врска, тоа ќе биде врска на далечина, а ти како што не си заљубена на ништо нема да личи тоа, немаш ниту мотив да ја одржуваш. Љубов не е само добро да се однесуваш со некого, па и тоа што не знае да ти каже НЕ брзо ќе ти се здосади. Љубов е и да не е ништо посебно дечкото, ама да има нешто што те влечи кај него како магнет.
Така и јас мислам, да заминам да се видиме, па после ако не се смени ништо, ќе ставам крај на се. Фала ви многу...
хммммммм незнаеме што поточно ти се случило за да дојдеш до ваква ситуација . дека е нормално не е во секој случај , но јас мислам дека ти е ова само период ...во кој ти си убедена дека е така како што викаш , дека немаш срце ..и дека не ти е гајле за ничии чуства. дека ке помине ке помине , но се плашам да не бидеш тогаш уште поразочарана , бидејки тој отпор кој ти го даваш може ненадејно некој да ти го провали кога најмалку ке очекуваш и ако недај боже се најдеш повторно во ситуација во која би можела да бидес повредена ке ти биде уште полошо. затоа отвори си го срцето и живеј го животот нормално , сите ние сме створени и да почуствуваме убави но и лоши работи . , а ако не си ја дозволиш убавината на љубовта тогаш .........................................................
Сигурно причината била многу силна што си станала таква личност. Од една страна гледано, некогаш е убаво да си личност со толку силен став и толку самоуверена и да не те интересират ничии чувства, но во животот е потребна и љубовта. Кој ќе биде покрај тебе кога најмногу ќе ти треба? Кога ќе сакаш да споделиш некоја радост или тага? Не мора да се одмаздуваш на сите поради некој што ти направил нешто на тебе. Верувај дека нему се ќе му се врати во животот, нема да остане не казнет. Сакај ги само тие што те сакаат и со нив биди онаа што си била порано. Сигурно има некоја другарка која те сака искрено и која се би споделила со тебе, а и некој ден ќе се појави и вистинскиот. Ти си го загорчуваш животот со твоето понашање. Во некои ситуации е убаво да си таква личност, но немој цел живот да си го уништиш поради нешто што ти се случило во минатото.
вака сега вчера симпатијата ми прати кисче (во живо не на фб) само бара изговори некако да ми се приближи НО (секогаш мора да има но) он ја свиѓа и мојата другарка и сега незнам дали му се допаѓам или само ми дава лажна надеж значи секогаш се обидува да ме насмее и да ми се доближи значи и истото но помалку го прави и на мојата другарка (таа што ја свиѓа) тука пишувам бидејќи не сакам да бидам на крај изиграна што мислите вие?
Лажни обвинувања Здраво на сите. Оддамна си читкам по форумчињава но периодов имам барем за мене многу емоционален проблем кој би сакала да го споделам со вас. Имено имам дечко веќе две години и заедно живееме. Уште од првиот ден се видовме се заљубивме и не се одвоивме. Проблемот тука излезе од моето минато односно од мојата искреност кон моето минато. Откако сватив дека се зљубуваме и дека тоа е почеток на една убава врска, решив искрено да му кажам дека пред него имав непријатна случка со еден постар женет маж. Значи едно 6 месеци пред да го запознаам мојот дечко се имам сплеткано со женет човек и нормално немам продолжено со истиот.(пијана работа). Таа случка ми има оставно црна дамка во мојот живот поради фактот што долго време се обвинував зашто сум го направила тоа со женет човек. Откако го запознав дечко ми сватив дека тој ист женет човек се познава до најдобар другар на дечко ми. Е тука се пресеков. Од помислата дека ќе дознае дека сум се плеткала со женет човек и од помислата дека со тоа би можела да го изгубам решив јас искрено да му раскажам што се случило пред да го запознаам него. Тоа беше кога веќе бевме заедно 4 месеци. Е сега, после година и пол и повеќе, он почна да станува премногу љубоморен на секој мој потег во моето секојдневие. Сето тоа кулминираше со изјавата дека бил 100% сигурен дека плеткањето со женетиот човек било додека јас и он сме биле во врска односно додека сме се запознавале на почеток. Мојата тегоба е во тоа што, со намера да бидам искрена со него, со намера да играм со отворени карти уште на почеток , јас всушност му отворив страна за правење сценарија во неговата глава. Инаку од другар му нема дознаено ништо и според него сето време ова го чувал во него со надеж дека ќе ја дознае вистината. Он сега е убеден дека јас сум се сплеткала до женетиот додека сме биле ние двајца во врска и од тоа убедување не можам никако да го извлечам. 18132984 пати му ја објаснив целата ситуација со колнење во све живо диво дека што и да се случило со тој човек било пред да го запознаам него. (секако му објаснив дека останало само на бакнеж, а на она другото срам ми е и да помислам дека би го дознал) Најболното е што го гледам дека е многу тажен, се јаде па дури и солзи пушта затоа што смета дека сум го изневерила а од сето тоа нема ни трошка вистина. Кога се случи тоа со тој човек, јас не ни знаев дека мојот дечко постои. Од друга страна сум јас, која што е повеќе од се повредена и навредена со тоа што нема доверба во мене и во она што јас му го кажувам. Се надевам дека ќе прочитате и ќе поделиме по некое ваше мислење Поздрав
Не знам што карактер е дечко ти, но ако тој навистина мислеше дека си го изневерила немаше да е со тебе. Плус после година дена ли ќе му текне за тоа да ти збори, а не веднаш кога дознал Мислам дека му е непријатно што си била со женет, се осеќа можеби исплашен дека не си таква каква што те мислел на почеток и му годи вака сега да го убедуваш. На твое место јас би прекинала да му се колнам и објаснувам, не знам како издржуваш толку време, кажи му или да ти верува или да прекинете. Мора малку да го стегнеш зашто иначе нема да престане. На крајот на краиштата не секоја ќе му признаела. Од мене имаш големо браво што си му кажала за подоцна од тоа да не се прави проблем
Дечко ми е еден прекрасен човек и пред се човек кому му се имам најмногу посветено. Се обидувам и него да го разберам со тоа што сваќам дека и он сака да ја дознае вистината за да си расчисти со самиот себе и опуштено со доверба да си продолжи понатаму. На неколку пати му имам кажано дека со човек кој нема доверба во мене, ни јас не би можела да живеам и откако ќе спомнам крај меѓу нас, он почнува да паничи дека ќе ме изгуби, почнува да ме бодри дека се ќе помине, дека доколку се сакаме се ќе надминеме итн... И откако ќе помине едно деноноќие, почнува пак црвот да го јаде, се менува за 360с и повторно почнуаваат обвинувањата, објаснувањата, плачењата.... Оваа агонија трае веќе 2-3 недели и психички веќе ми е неиздржливо. Ме боли што неправедно ме обвинува а сето тоа не моам да му го докажам. Ме боли неправда дека може ќе го изгубам за нешто што не сум направила. Се ме боли а од друга страна ме фаќа лудило дека не ми верува , дека мисли дека сум го изневерила... Зарем една непријатна, пијана случка во мојот живот, би можело да уништи една толкава љубов?
Eдинствена причина што го прави тоа твојот дечко е : СТРАВ! Страв дека ќе те изгуби. Се гледа дека е заљубен во тебе и сигурно му е убаво и затоа се плаши. Биди трпелива, почекај малку сигурно ситуацијата ќе се среди, не може цел живот да е така. Докажувај му секој ден дека не си таква каква што мисли тој, дека нема причина да биде љубоморен, дека тој ти е единствен во животот(ако е тоа така) и дека го сакаш најмногу. Бори се до крај и не дозволувај една грешка од минатото да влијае на твојата сегашност и иднина. Само биди внимателна таа негова љубомора да не премине во нешто поголемо. Не се откажувај поради твојата грешка. Тој треба да е среќен што си била искрена со него и што си му ја кажала вистината, да не си му кажала сега многу поголем проблем ќе си имала.
како не он не ја мислел таква,со напраила она си го зивеела својот живот,и тоа се случило пред него,ама пошо маживе се такви ке се јаде цело време и ке пукне на крај онака,зато кажување не,ја да бев немаше да му кажам најискрено ке му казам и овака секој ден ке се објаснувам
Доволно се знаете и дваицата. Ако може како таква да те прифати ок, идете понатаму а ако неможе да го прифати тој факт и твојата искреност е тогаш навистина имате проблем. И утре да останете заедно, не може тој на најмала нервоза да ти го лупа од нос тој муабет и да набива нервози. Неконтролирана љубомора во една врска е многу страшна работа која најчесто води во пропаст. Ако досега веќе не се уверил во твојата љубов и доверба, мислам дека безпотребно се мачиш и наоѓаш сили од петни жили за докажување. Остави го и нека си размисли или нека го прифати тој факт или секој по свој пат. Како и да е имате непотребен проблем или самите си правите проблеми и стварате нервози
Ви благодарам девојки за Вашето мислење. До сега само си читкав на форумов и така деновиве од што ми е тешко решив да споделам со вас и не згрешив. Планирам еве сега после работа да одам кај мајка ми и да олабавам малку барем неколку саати. А откако ќе се вратам кај него, искрено не можам да се замарам што ќе биде. Од што сум толку истрошена и исцрпена деновиве мислам само да побегнам за да ја избегнам агонијава... И се поради тоа што човек е само искрен! Е како да не побудалиш? Фала ви девојки уште еднаш и се надевам дека следниот пат ќе ви пишам за убави нешта... Поздрав
Кога планираш заеднички живот треба да мислиш на се. Требала да му каже и убаво е што му кажала зашто тој женетиот е другар на негов другар и е лесно да се дознае. Зарем требал да дознае после години од другар му? И јас би сакала да знам ако дечко ми бил со некоја колку-толку од моја близина. Да не бил женет и немало да е толку битно, ама вакви работи кога е лесно да се дознаат не се преќутуваат освен ако не сакаш да изгубиш доверба.