Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    во право си фемина 90 од друга гледана точка така е :) треба да можеш се да му кажуваш и он на тебе,ја го цитирав твојот пост за да даам мислење инаку не гледам ништо погрешно во она што го пиша,само ме иритира една ствар,кајмажите со има он да дознава таа си имала свој живот пред него и он пред неа,ако она дознала дека он идел со мажена жена и она би го јадела мислам дека не,треба да имаме доверба да,ама нашиве мажи се балкански тип и не можеш баш све да им објасниш,и покрај се она си го живеела својот живот и немислам дека треба да се правда за нешо шо било пред него,се на маж не се кажува :)
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе daddys.princess моментот не е за нејзино минато .. Моментот е што типот си замислил дека оваа била со него док они двајца биле заедно и тоа на сам почеток у врска... Од тука потекнува ова .

    За девојчето се што можам да кажам е да се смири првин и да го седне на еден добар ама ДОБАР муабет ... И да си расчисти со него Или ке и верува или нека си заминат секој по свој пат ! Зашо ваква тортура не иде !

    Од една страна можам и машкото да го сфатам ама да не прифати што е вистина и да си продолжи со филмовине ???
    Затоа најубаво смири се стегни заби и седни го на муабет ИЛИ ИЛИ трето нема ! Крај !

    Сепак тоа што било твое си го кажала и нема што . Си испаднала фер до крај со детево . Кажи му го и тоа . И кажи му ако продолжи нареден пат нека заебе кажување вистина и случки од минато зашо не залсужил !
     
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    он нема доверба во неа и се јаде за нешто шо се случило во минатото,од коа му кажала она по една година него му текна да не било дури сме биле заедно,он цело време го филмал тоа и сега пукнал,знаци он се филма за нешо шо се случило во минатото она му кажала била искрена и сега он тортура врши,ја имам другарка исто така дечкото ја малтретира со тоа што било некогаш а уствари тоа не се ни случило он си замишља дека така било па ја врега се и збори . :) и мојот дечко има проблем со довербата премногу е љубоморен ,али никад до сега у овие 2 год никад неми зборел нешо со било пред него,он треба да гледа со праам ја дури сум во врска со него а не кога не сум била
     
  4. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА ДОЛГОМЕТРАЖАТА, НО ВЕ МОЛАМ ПРОЧИТАЈТЕ И ПОМОГНЕТЕ МИ, СЕ РАБОТИ ЗА НЕЧИЈА СРЕЌА...(во случајов:мојата..)

    Значи вака...Откако си останав јас сама и откако ме остави „фраерот“ што го нарекував „дечко ми“, бев целосно уништена. Другарка ми ми предложи да се смувам со некоја бивша симпатија. Веќе ништо не ми беше важно. Се смував со мојата прва љубов :D . Но нашево не беше само едно видување и крај. Еве вчера бев 7ми пут по ред со него..И многу го сакам...Детето ми ги излечи сите рани од бившиот и стварно многу ми значи и сигурна сум дека многу го сакам!! :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: ...
    Уште првиот пат тој ми призна дека ме сака исто како порано...Но незнам на што сме...Тој е 3 година гимназија а јас 8мо одд...Постојано на фб си пишеме ко да сме у врска, но сепак избегнува да зборува за мене пред другите, освен со мојата другарка која што „ја нареди работава“ xD
    Незнам дали озбилно да го сватам сево ова или да го сватам како забава. Тој сака да се гледаме, секогаш ми ѕвони, ме бара...Но осеќам како да не му е сеедно што сме толку години разлика у возраста...Незнам, незнам..Едноставно ЗБУНЕТА СУМ, ЌЕ ПОЛУДАМ! Тој си планирал и за нова година да си биде со мене :$
    Што да направам следно, ако вака тргне да си се гледаме, а да не сме у врска, не гледам иднина...А и премногу сум мала за дечко (според мене). А доколку го изгубам, незнам што ќе биде со мене...ПОМОШ ДЕВОЈКИИИ... ;(
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Направи муабет со него прашај го на што сте? Речи му дека не ти е јасно што да очекуваш од него и како го дефинира ова вашево..
    Не можеме ние да ти дадеме одговор седни разговарај со дечкото..
     
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Ако ти предложи врска слодно оди, мала си но ако го сакаш зошто да не.
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    :D
    Извини вака, ама смешно ми падна. :D Како да ти предлага некое јадење да пробаш :D

    8мо одд.си. Се треба да сфаќаш како забава.

    Е и јас би ти рекла дека си мала за врска, ама не знам сега како е по новава мода, од колку години фаќаат дечковци :?:
    Сепак, нема потреба да се мислиш што ќе биде, што сака нека биде 8мо си. Мувајте се и понатаму, зш да не?
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    8 одделение и толку преокупирана со љубов?Па ти си сеуште дете.Кај вас се јавуваат секој ден нови симпатии,хормоните работат.Не те напаѓам ниту осудувам .... но не брзај толку многу да се одадеш во љубов.Осознај многу работи,како другарството,пријателството,се што ви се нуди на училиште,забавувајте си се .... немојте така брзо и лесно да ми се заљубувате.Не брзајте имате време за се ;)
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    5.393
    schatz искреноста треба да се цени. Тоа треба да си го знаеш и ти и твојот дечко. Си направила паметен потег што си му кажала но не сваќам како може после година дена тоа да му смета. Не му сметало веднаш кога си му кажала му смета сега. Дали си размислила дали кон тие обвинувања се крие игра на ослободување во стилот на ете ќе те обвинам баш тоа ми смета за полека да раскинеме. Ти го познаваш најдобро ако година дена те прифатил таква имал доверба во тебе што му е сега филмот.... Едноставно седни разговарај затоа што ако не го решите овој проблем понатака секој пат и секое твое излегување ако е нервозен ќе ти префрла за тоа. И ако не е спремен да го прифати тоа а пред се фала богу ти си чиста не си идела со него а тоа со кој си идела пред него и немора секогаш сите да ги знае е твоја лична работа така да би ти препорачала длабок разговор за среќен живот ;)
     
  10. schatz

    schatz Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки....
    Сакам да ве известам дека се добро се заврши:)

    Кога си одев вчера накај него, во кола ми поминаа милион мисли ама онаа мисла што ме задржи беше дека, јас нему во ниеден случај не сум го повредила како што мисли он. И станав гневна..толку гневна што ми се насобра сила да дојдам кај него, да отворам ранци и куфери и да почнам да се пакувам..Он беше во дневна и кога примети се сепна..виде колку е саат!!!Но мојата гнев беше уште поголема..само се свртев и му кажав дека со чиста душа дојдов и со уште почиста ќе си одам...Почна да плаче и да збори дека животот без мене не би го живеел..му реков..ќе се јавиш кај другар ти, ќе си расчистиш во главата или јас со прљави работи нема да се замарам..Собра храброст и го спушти машкото его..се јави и нормално ја слушна единтвената вистина....

    После тоа следуваа милијарда извинувања, молби, барања за прошка итн..И уште понатаму бев гневна..му реков, може ти си расчисти ама јас сеуште не...може 1 саат ме гледаше во очи, полни со солзи...и тука пак размислив..реков ќе простам, таква сум...побогата ќе бидам во душава...АМА простено ќе биде за последен пат затоа што и така животот е краток и суров и да се живее со човек кој не ти дава подршка и доверба е исто како да живееш сама на партизанска!

    Се смиривме и се надевам дека вакво искуство нема повеќе да доживеам..од друга страна и мило ми е што го доживеав, затоа што сватив дека искреноста победува секогаш и сватив дека без разлика на се, најбитна треба да си бидам самата на себе!

    Девојки, фала ви за подршката и вашите мислења... Вчера на работа ќе полудев..но со вас полесно ми помина:).

    Поздрав до карак, батерфлај, фемина 90 и до сите вас
     
    На nenuska, karak и sweet25 им се допаѓа ова.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мило ми е што конечно сте го решиле проблемот и среќна сум за вас. Ти посакувам среќа понатаму и кога ќе заглавиш некаде ние сме тука. :*
     
  12. Angela-Mwa

    Angela-Mwa Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    како да му докажам дека го сакам?

    значи вака..овај ми е прв дечко многу го сакам и тој мене но незнам како да му докажам дека многу го сакам и дека многу ми значи ....
    дали имате некаква идеја? како да му докажам? ве молам помогнете...тешко ми е..://
     
  13. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Во која смисла да му докажеш, не те разбирам што поточно сакаш..?
    Колку години има дечко ти?
     
  14. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    502

    а зошто едноставно не му го кажеш ова на него ? те сакам,ми значиш и готово :)
     
  15. schatz

    schatz Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки....повторно јас..но уште повеќе запрепастена и збунета од претходниот проблем кој секако се надоврзува со овој..Имено ви реков дека се добро се заврши, дечко ми се јави кај другар му и дозна дека со тој женетиот сум се сплеткала пред да го запознаам дечко ми..НОООООООО еве сега седам на работа, ми се јавува дечко ми и ми вика: знаеш со кого седам на кафе? и јас онака лабаво со кого? вика со типот што се имаш смувано (женетиот)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Јас забезекнав!!!!!!!!!!!!!!!! и му викам: епа баш убаво, можеш се во детаљи да си го потпрашаш...и он вика: не се секирај све ми кажа...љут, наљут... и му викам:ок тогаш чим си дознал нема потреба веќе да разговараме..поздрав и спуштивме....Девојки..нели е ова психопатско???? Па девојки јас планирав цел живот да го поминам со овој човек??? а најодвратно што ми е, е дека откако се слушна пред два дена со другар му, беше најпрекрасниот човек на цел свет..и се извинуваше на мајка ми што се насекирала за мене, на мајка му му збореше дека згрешил, мене па да не ви раскажувам!!!!! За да тоа уствари било припрема за да он уште истражува за мене!!!Не ми иде никако во глава, дека мозокот му стигнал до таму да се јави кај непознат човек и да прави муабет за мене и моето минато!! Ве молам девојки за мислење, потребни сте ми!!!
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Бегај подалеку од него. Ако и утре оди по секој твој чекор и те истражува и не верува на твоите зборови, ти го обра бостанот пред време ;)
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Се согласувам со Славица. Знам како е да се живее со таков, јас за жал верував неколку години дека ке се промени, за на крај да се освестам. Постојано ме ставаше во позиција да се правдам за нешто што не сум го сторила. Штом ти глумел така значи се е џабе, и да се преправа денес утре пак ќе те обвини. Жалосно е што има такви болни дечки кои не сваќаат дека без причина ја уништуваат љубовта.. но тоа е.. А твое е дали ке пресечеш или ке прифатиш да живееш со таков човек.
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.909
    Пол:
    Женски
    Ова дефинитивно ја надминува секоја граница на ете... прифатлива љубомора, ако воопшто постои таква.
    Јасно е дека позитивната промена кај дечко ти трае само кратко, а нормалното однесување му е за жал неприфатливо за здрава врска.
     
  19. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    неможам да ги сфатам таквите шо се лутат за минатото на партнерот наместо да живеаат у сегашноста и за иднината , па нема фајде од тоа само за џабе се замара и така и така неможе веќе ништо да смени али очигледно е бесен и разочаран од твоето минато па дај му време да се среди и да сфати дека џабе се умара околу тоа и се љути па ке ти дојде со цвеќе на врата. а до тогаш ти седи си мирна немој да ги влошуваш повеќе работите :)
     
  20. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318