schatz за жал ова вистина покажува дека он се шекнал,ја коа го цитав сега ова добив впечаток дека он тоа со омраза го прави за да те навреди и понижи,од љубов дошло до омраза,сега колку и да се трудиш он веке те мрази ,да се надеваме дека ке му помине,али мислам дека и сега да заборави повремено пак ке ти збори за тоа,затоа ја претходно пишав,дека се не се кажува,ти биди си пак искрена кон него ти си во врска со него и додека си во врска ти ни си го изневерила или лажела,а за тоа шо било во минато па и да нему кажеше немаше да го лажеш,а да не кажеше сеа ова немаше да биде,не се кажува се на машко
Schatz мила го читав твојов проблем и жал ми е поради тебе,знам низ што поминуваш сум имала слични проблеми во минатото.Значи мое мислење остај го дур е време бидејки таков човек не ти треба утре за се ке те притиска,мислам дека психичката гњаважа е потешка дури и од физичка недај боже.Тој е болно љубоморен а за таквите не верувам дека некогаш ке се променат.Незнам стварно што му е гајле што било во минатото епа ај нека оди од манастир нека бара некоја.Стварно се нарвирам со вакви луге ама тоа е и они не сакаат може така ги тера,само понастрана немој да си го уништиш животот со таков психопат.Поздравче и ти посакувам што побргу да се свестиш бидејки мене ми беа потребни скоро 4 год да донесам правилна одлука.
Да психопатски е.. бегај од таков човек.. сега мислиш дека се би трпела но верувај кога тогаш ке ти дојде преку глава!
Тој ако сака да е во врска со твоето минато, остави го нека е. Минатото е зад нас, а тој сака да си ја уништи сегашноста и иднината со тоа. Изгледа не е свесен колку може да изгуби поради тоа што ''буричка'' по твоето минато. Жал ми е што не е свесен дека љубомората може да му уништи се. Мислам дека не треба сега да заминеш туку да останеш да видиш до кај ќе оди со своето ''истражување''. На крај кога ќе дознае се и кога ќе дознае дека навистина тоа било во твоето минато, тогаш остави го. Сега ако го оставиш само ќе му ја зголемиш желбата за неговата љубопитност и повеќе да истражува, како демек страв ти е дека нешто ќе дознае. Остани со него со крената глава, почекај кога ќе дознае СЕ, и тогаш перни му една клоца во газот.
потполно се согласувам со горенаведеното минатото е минато тоа значи не се важи се бриши поминало неможеме времето назад да го вратиме и да ги поправиме работите можеме само да гледаме напред и утре да бидеме подобри луѓе аке дечкоти неможи да ја свати оваа психолохија речиму едно големо чао и готово понатаму уште повеќе ќе те измачува и психички ќе бидеш истрошена од давање објаснувања за кои немаш потреба боже мој луѓето се менуваат времето течи неможеме да гледаме назад и да живееме заробени во нечие минато објасниму обаво ако сака да те свати а ако не сака како што ти кажаа девојките клоцата во газот и остави го сам нека живее во твоето минато нека си ги расветлува работите самиот госбоде какви психопати има на овај свет....
заљубена во женскар Здраво јас имам 1 проблем кој веке подолго време ме мачи ,и би сакала да го споделам со вас. пред година ипол се запознав со 1 машко од друг град сосема случајно он беше кај нас во комшии на гости и така комшиката му го дала мојот број и секој ден он мисе јавуваше и 1 ден решивме дасе видиме во живо . Откако се видовме во живо мене неме многу привлекуваше бидејки тоа време бев заљуена во друго машко што не сакаше врска и со тој само се мував без обврски а бев залјубена во него.Ама он беше доста упорен дечко иако знаеше дека сум вљубена во друг несе откажуваше од мене секој ден мисе јавуваше редовно наогасе време за мене идеше редовно во мојот град скоро секој 2 ден а иначе он имаше девојка 3 годишна врска ама ми велеше дека неја сака дека му досагала цело време ама му било зал да и се скара бидејки долг период бил со неа и јас 1 решив да му редам моја пријателка со која не бев блиска ама таа беше девојка за забава значи девојка што ја занимаше само пари коли и не сакаше таа врска и таа вечер излеговме сите 3 заедно и они 2 се смуваа ама он ми рече дека за него тоа ништо не значело и дека сеуште имал чуства за мене и со тек нна време јас почнав да го засакувам него иако знаев дека е голем женскар ама мислев дека мене ме сака вистиски идејки предходно несум имала дечко што ми ил толку посветен на мене. 1 ден бевме самио излезени и се смувавме ама онака без обврски ама 1 се случи да имаме секс и после тоа јас сфатив дека сум заљубена во него и почнав да станувам љубоморна што уште немаше раскинато со таа девојка и он ми рече да му дадам време да ги реши работите со неа бидејки така наеднаш неможел даја остави, и после он продолчжи пак често да иде дасе гледаме ама се чуствував после тоа дека несакаше да одиме по кафичи како само за секс да бевме заедно и јас кога кего прашав дали е сака само за секс он викаше дека нее така. И после тоа неколку дена му звонам и на телефон ми се јави женска и ми рече дека муе девојка ј јас и реков дека и јас одам со него и о утредента мисе јави и ми рече дека муе жал што така излегло ама неможел неа да ја остави и пак се видовме уште 2 пати и после прекинавме дасе гледаме цели 5 месеци. После тоа он мисе јави и ми каза дека женска усе оажила за друг и о останал са и јас пак му простив цели 3 месеци беше добро ама пак само насамо седевме никој незнаше дека одиме само 1 моја блиска другарка и сега он пак се смува повторно со таа мојата пријателка што порано јас го запоизнав а мее ми велеше дека нее вистина и после ми призна и јас глупава пак му простив од што го сакам и пак он по старо. и сега цели 5 дена го емаше да мисе јави и јас му звонев неми креваше и денес ми се јави ми рече имал многу работа оти има фирма и други некои обврски и редовно е зафатен ама има и друг проблем редовно пие и незнам што да правам дали да го оставам а секогаш и вели дека ме сака и дека неможе без мене кеве молам за совет
заљубена во женскар Точка, запирка, граматика знаеш или научна фантастика е за тебе? Неможам ни да го прочитам текстот.. очите ме болат..
заљубена во женскар Прв совет. А „проблемов“ како за 23 годишна (ако се вистинити годините) ми изгледа ептен незрел. „Јас не го сакав, тој ме сакаше, јас го засакав, тој имаше женска, јас му наместив другарка, јас го сакам, беше со друга ама тој ме сака, јас го сакам“...да фак? Очигледно е дека типчето си игра курташак, видел дека лесно може да те убеди и дека се` му простуваш и сега ке те млати до 101 и назад. Си го знаеш и сама решението, ама се плашиш да го спроведеш.
заљубена во женскар Навистина не знам дали заслужуваш одговор и совет на сево ова што си го напишала. Како прво ако се вистинити годините, кои ги претставуваш, навистина те сожалувам,бидејќи на тие години да се умараш со работи од типот ,,1 машко, 1 пријателка и тако даље,, стварно е жалосно. Од друга страна другарка ти се смувала, т.е. пријателката твоја се смувала со него е стварно некако не ми штима во целата ситуација, и уште па после тоа ти повторно си била со него?!?!?!?!? некако ми делуваш незрело за твои години. И на крајот, да не филозофирам многу, тргни се понастрана од оние кои веќе имаат врска, па дали тоа била врска од 3 месеци или 3 години , тебе не треба да те занима. Најди си слободен момак и гради си ја својата среќа. П.С. Да не го споменувам твојот стил на пиуување/непишување. Мој совет е, ако во иднина почувствуваш потреба повторно да пишеш на темава, постот нека биде поразбирлив
А што совет сакаш? Типов не те сака и ти тоа многу добро го знаеш.. да те сакаше немаше да биде и со тебе и со другарка ти. Он е со тебе од чиста досада и тоа е тоа.. На твои години не треба да потпаѓаш под такви лажги демек он те сакал ама тоа ништо не му значи.. ако му значиш барем малку никогаш нема да отиде со другарка ти.. Ако толку сакаш уште да те тегне за уши продолжи со него биди предмет за забава а ако имаш малце достоинство раскини му..
Девојко, дај малку поубаво размисли што правиш? Те сака, не го сакаш, го сакаш, не те сака, оди со друга, му простуваш ... бла бла.. Прво, не ни требало да се сплеткаш со него ако тој имал женска. И сега женска му се омажила и тој трче кај тебе? А пред тоа не можеше да ја остави женска му. Се согласувам со другите девојки дека се однесуваш многу незрело за твоите години(ако си навистина 23). Погледни малку околу тебе што се случува. Толку ли немаш памет да сватиш дека дечкото те искористува? Остави го. Што ќе ти е таков простак(со извинение)?!
Женски стварно ми треба совет, посебно од тие постарите, поискусните членови ... Со мои 17, бев со некој што е дааааалеку поголем од мене - 23. Бев сингл извесно време, пред тоа имав некој вид на отворена врска од месец ипол со тип шо ми беше чист компромис, колку да видам како иде цела работа со мувањето, дечковци и слично, и од тогаш па се до сега не бев со никој иако имав шанси. По природа сум доста промислена, не сакам да идам со кој било и за жал некои околности ме натераа да се понашам и да размислувам позрело од мојата возраст. Али ова со типов скроз ми беше вон стандардот! . Сакав одамна да го запознаам и преку моја другарка, он среди за кафе. После тоа комунициравме на фб, ми зеде број, па уште едно кафе.. На 3тата вечер ми се пушти, па се тргнав зашто ми беше ептен избрзано.. Во секој случај, цело време бев свесна со кој си имам работа, дека за него можам да бидам само ДЕТЕ иако он на почетокот ми мачкаше очи - демек као не се осеќала разликата, дали мојте дома би имале против да сум со постар дечко и блаблаа.. Ништо од ова не земав здраво за готово, нити па се надевав на врска, туку ми беше добра промена за секојдневието + тоа што видов друг третман за разлика од тој на бившиот и можев интелектуално и емотивно поинаку да се поставам. И да не должам многу, јасно ми беше што сака , со некој од 23 не можам да седам у парк и да броиме ѕвезди ... Се видовме 2-3 пати, после тоа он се тргна од градов и наеднаш ко гром од ведро небо ми стигна порака дека сака ‘‘да биде како што беше порано и да не го сфатам погрешно‘‘ !!!! Ми ја лупна корпата и веќе 2 недели не можам да поминам преку суетата, зашто јасно ми беше и мене и нему што може да добие , а не сфаќам зашто при толку ебачици на негови години кои може кога сака да ги има мене ми се пушти , што практично сум клинка од детска градинка за него (ако размислиме од друг аспект, безразлика што ментално сум понапред) ????!!!! И зашто ми збореше за врска, се во идно време кога уопште и немал намера за нешто понатаму ???? Збунета сум , се осеќам МНОГУ искористено и патетично , зашто се смував со некој таков и сакав барем да имам едно ‘‘здраво‘‘ , а ЈАС сум таа што уствари излага ебаната странка и сеа никој не ја ферма! Што да правам ??????
Девојки пак јас со мојот исти проблем. Ве молам да ми помогнете .. сакам да најдам соодветно решение, но не сакам тоа да биде крај на врската! Значи вака .. Пред 2 дена моите родители излегоа од дома, па го викнав дечко ми кај мене на гости. Тој задоцни еден ипол час. Потоа кога дојде ми објасни зошто задоцнил и ми докажа на некој начин(не знам дали беше вистински доказот). После си замина по еден час со изговор дека сака да оди да игра DOTA. Mу се налутив, но тој пак отиде. Вчера(петок) требаше да си стави кредит и да ми се јави, но не го направи тоа и кога го прашав зошто ми рече дека ги потрохил парите за храна. После вечерта излегов јас со другарките и тој со другарите на различни места. Ми рече дека ке ми пушти сигнал да му се јавам, но знаете веќе што ќе се случи .. не ми пушти. Јас му се јавив и беше на мирно место(не во кафич) Кога го прашав каде е ми рече дека излегол надвор да оди во WC.. WTF? Зарем нема вециња во кафичот? Ми рече дека планира да оди на диско, но дека ќе ми се јави да се видиме.. И секако и тоа не се случи, не го видов никаде цеела вечер. И сега? Што треба да правам? Како да постапам?
Зарем не ти е очигледно дека дечко ти веќе не се ни труди,сеедно му е и не се замара.Како тоа нејќеш крај на врската кога пред нос гледаш што ти прави? Мислам дека врската е завршена само официјално треба да ставиш крај. Тој оди во диско сам.Неможе да ти се јави.Неможе ова,неможе она.Неможе да седи кај тебе ке иде да игра ДОТА .. хахахахахаха... очигледно е дека не оди и не се измачувај повеќе туку стави крај на врската.
Знам дека тоа е решението, но зошто кога му раскинам тој наеднаш почнува да ме сака, не ме остава, не сака да раскинеме и слично? Како да ставам крај кога тој не ме остава на мира кога раскинеме ?
Taка што скроз ќе го игнорираш, многу едноставно. Нема да му крева, нема да му пишуваш пораки, на улица ќе вртиш глава.
Butterfly15, вртев само неколку страници наназад, што фини совети си им дала на другите девојки, а ти не си ги применуваш кај себе. Колку години имаш и колку време си во врска (ако може да се нарече така) со дечко ти?
Имам 17 години и во врска сум 2 години веке. Девојки искрено да ви кажам сега сакам да е крај со нас затоа што знам дека не ме заслужува, но кога ќе се случи тоа ми треба и тешко ми е и мака ми е што сум ставила крај ..