па и самата си свесна дека не те заслужува тогаш зошто сте сеуште заедно кога гледаш како се однесува со тебе?......сваќам љубов немој да ме сватиш погрешно....ама во љубовта неможи само еден да се бори.....најдобро ќе биде да си најдиш некој кој ќе е тука за тебе во секое време.....наместо некого по кој трчаш да добиеш внимание....и што се случува пак не го добиваш
Значи и самата си свесна дека те третира како ѓубре, дека буквално се зае*ава со тебе, и од страна изгледа дека те врти како сака. Ко да си му златна резерва, рамо за поддршка, прд тебе доаѓаат сите други - другарите, излегувањето, дури и дотата... Најди начин како да ставиш КРАЈ и отсечи го од твојот живот на секој можен начин. Да не ти биде криво за ваков дечко, ама ич. Плус, 17 години... знаеш колку живот имаш пред тебе? Знај дека имаш мнооооогу до вистинскиот. Овој секако не е.
па соодветно решение е да се мувате само и да не се замараш каде кога и што прави и да не зимаш здраво за готово ако и понатаму вака се однесува и пробај да не се заљубиш
Мислам дека е доцна и дека веќе девојката е заљубена, затоа и го поставува прашањево како проблем. Како и да е, имам впечаток од тоа што го прочитав, дека дечкото е свесен дека ти упорно трчаш да спасиш нешто што би требало да се нарече врска. Затоа и така се однесува. Не ставил кредит, зашто на него му е јасно дека ако не ти се јави, ти секако ќе го побараш. Знае дека во секое време, што и да направи и како и да се однесува, ти поминуваш преку се. Се додека попушташ и ги прифаќаш неговите оправдувања, никогаш нема да те сфаќа сериозно. А овдека, во оваа приказна, нема место за љубов. Човек што сака и љуби, не се однесува како него туку е внимателен кон партнерот. Еден ден ќе се разбудиш заморена од се и ќе ставиш крај.Гледај тој ден да е утре.
Батерфлај знам дека дечково ти значи, очигледно е дека го сакаш или барем така се чини. но типов те влече постојано! Добро зошто не размислуваш да си најдеш некој што ке те почитува и ке те сака како што заслужуваш?? Типов те бара само кога е осамен и кога нема друга занимација .. Стави крај и тоа нека биде дефинитивен крај.. типов не заслужува дури ни во очи да му кажеш ..заслужува да му раскинеш по порака и ич да не ти биде жал покрај неговото понашање!! Раскини и немој да потпаѓаш кога ке те бара..
Батерфлај мое мислење од целата твоја ситуација е факт дека дечкоти воопшто не се труди повеќе околу вашата врска и сеедно му е дали ќе седи со тебе 1 сат или 5 минути сеедно му е дали ќе ти звони дали ќе се видите и плус те лажи мислиш ека ова е во ред?ти си таа која свесн ги затвара очите пред твојот проблем и само ја туркаш и ја туркаш работата која ти самата треба да увидиш во права смисла дали вашата врска оди или воопшто не оди во ред е што си побарала совет но сите се едногласни незнам какво сакање е тоа на дечкото твој кога воопшто не се труди околу вашата врска ако не сакаш да му раскинеш веднаш па тогаш престани и ти да се трудиш до каде ќе одат работите нека одат свртиму грб ако те сака ќе се свести ако не тој не те заслужва имаш 17 години и животот ти е пред тебе за здрава сериозна врска немоја да бидиш тажна и да очајуваш како што гласи и мојот потпис КОГА ЕДЕН САКА МАЛКУ Е размисли...
Гледам сите имате исто решение и да ви кажам искрено сите сте во право. Денес отидов за Струмица и не му се јавив (знаеше дека ке одам) и накај 17h тој ми пушти сигнал да му се јавам, му се јавив после 5-10 мин и онака општ разговор и ми рече да му се јавам па, но не му се јавив. И еве сега ми пише на фб дали сум имала некој проблем .. бла бла. Јас ќе пробам да се однесувам по ладно спрема него и да не попуштам толку па можеби ќе му дојде аклот. Ако не .. ќе треба да се стави крај на оваа "врска" ..
имам многу голем проблем. Вака дечко ми ко ке оди кај едни пријатели ако му звонам не ми крева и ако ми се јави излегува надвор или одио во ВЦ никогаш не зборува со мене пред нив а секој ден е со нив и јас мн убаво се знам со нив незнам што му е проблемот дали се срами од мене или незнам што стварно многу ми е тешко и само со нив туку и со сите други а овие другари негови се женети и незнам што прави секој ден со нив и незнам зошто се срами од мене многу ми е тешко
^ И јас со кој и да сум и кој и да ме бара станувам и одам во друга соба за да зборам, тоа е дека не сум навикната пред други да зборам на телефон некако глупо ми е.. Можеби заради тоа е .. Не се секирај не е страшно
нема за што да ти биде тешко не сака да го слушаат што зборите,пр и јакоа зборам со дечкоми излагам или одам во друга соба и он ако иде кај другар на кафе коа збориме излага ,па со има они да слусаат вие шо збоите,нема врска дека се знаеш со другарите ти може он нему кажува нив све,не сака да слушаат,мислам тоа не е воопшто проблем
ако зворува пред нив нема да може слободно да ти каже што си сака.. и јас пред други не зборувам со дечко ми, нема потреба секој да знае за што правиме муабет
а ние прајме муабет само 2 збора пр. ке одам... итн не прајме многу долго муабет затоа се нервирам и се лутам
Батрфлај бе сонце зашоооо уште си го вртиш тркалото ??? Заштооо Мислам му даваш вака уште простор дека може да си прави што сака, веруј чим сте дошле до тој стадиум биди и камен ладна кон него него нема мн да му е грижа. Искрено ова повеќе ми наликува на навика кај вас, детево е више навикнато затоа и така се понаша, а од др страна знае дека што и да биде кен му простиш и ке му се вратиш... Затоа и кога раскинувате пак те бара... Се е до навика, а и на тебе сонце исто ... Мислам размисли си убаво до кога ке му ја поместуваш црвената линија И дали вреди за истото А cacikr Мислам дека голем број на машки ама и на женски го прават тоа ... Ја искрено не се ни јавувам док сум со другарки или дурштво без разлика или пак дома со мои коа имам нешо муабет НЕ НИ КРЕВАМ ! Па свет нека се руши ! Мислам дека не би требало тоа да те вознемирува сепак мене ми е непријатно дА прам муабет пред толпа луѓе со мој партнер пример ... Коа ке се ослободам знам да псоветам време и за тој некој . А вака неможам да дозволам секој еден муабетите да ми ги слуша ... Така и он . Едит : Па чоек бе коа е у друштво шо муабет да ти прај ? Мислам размисли ... Ај коа ке е насамо поа да се чудиш ако ти прави малку муабет а у друштво коа ке е очекуваш баници да растрзате по телефон ???
Е зошто де .. и јас не знам зошто. Му кажав сега на убав начин да размисли малку што прави, а тој ми вели фати си дечко што има пари за кредит. Уф, ќе ме побрка. Не знам што да правам девојки. Се мразам себе што сум толку наивна и што не можам да бидам без него ни 1 ден. Дефинитивно нашата љубов премина во навика, како што кажа ти. Кога сме заедно ми е многу убаво, на секоја минута ми вели те сакам, ме гушка, ме бакнува, ми вели дека ќе убие некој за мене, а сега што прави. Не знам .. многу сум збунета и ќе ми треба време да размислам што да правам.
Скршена сум девојки.Иако имам друг јас се уште имам чуства за него го избришав од секаде,го блокирав немам никаков контакт со него речиси месец дена.И кога мислив дека го преболев сфатив дека се уште имам чуства за него кога дознав дека имал девојка.Ме барал да средиме проблемите и да останеме макар и пријатели ама јас одбивав и си стоев на мојот став да завршиме со секаков контакт во виртуелниот и реалниот живот.Јас веке не знам што да правам.Се применив ама не успевам на крајот.Во секој момент очекувам некој да ми каже дека се верил со девојката.Знам дека ја сака и дека немам шанси со него ама ваква тешкотија не можам да издржам
Добро бе Пеликуна, уште ли со него? Не мисли веќе на тоа. Вие немате никаква иднина, не ли разбираш? Друга работа, ти не го сакаш него, он ти е навика и опсесија. Пренасочи го вниманието на друго нешто, излегувај, шири пријателства. Ќе видиш како за некое време нема ни да помислуваш на него. И не паѓај на муабетите дека сака да средите. Тој очекува да се видите, да ти сврти 2-3 муабета и ти пак да се стопиш пред него. Ако си решила да продолжиш, игнорирањето на ваквите работи влегува во чекорите што треба да ги превземеш.
Да се разбериме,уште од кога ми рековте да прекинам со него го средив тоа.Го сакам,ми значеше ама тоа што го стори ги премина границите на нормалата.Се уште ми е тешко,не ми е сеедно да слушнам дека личноста која до вчера ми била се ке се жени.Јас знам дека претерувам со него ама не можам преку нок да заборавам на се.Што е најлошо се искажав на мајка ми ама таа не ми дава совети туку иронично се смее
Се смее? Браво бре. Е тешко е. Ама не смееш да потклекнеш. Ако го гледаш само потешко ќе ти биде, нема да можеш да го заборавиш никако. Има нешто и во Далеку од очи далеку од срце. Мора да помине ова и мораш да бидеш силна. По некое време ќе биде помалку тешко, па помалку... Само издржи, не потклекнувај.