Изгледа сум се излажала дека ме сака синока случајно бев излезена со другарки и го сретнав.Направивме муабет,и не ми се веруваше сто слушам што гледам..Тоа не е човекот што го познавам сменет 360.Се му е сеедно не се грижи за себе се фатил со лошо друштво ми се плачеше кога го слушав како збори не му е мил животот и после толку молење дали ме сака ми рече не и ми се заколна,сега сум збунета зошто и кога беше со таа ми се заколна дека не ме сака па пак се смиривме а сега кога има проблем пак ми се заколна не знам дали намерно е тоа за да ме тргне од него затоа што рече дека има премногууу проблеми или стварно не ме сака иначе према мене беше супер рече дека јас сум ок дека сум супер до него е проблемот.Не можам повеке премногу ми е тешко иако не сум со него искрено сакам да се врати на стариот криво ми е што го гледам таков ми рече многу му е тешко што не е со мене и да си одам да не му права уште потешко не знам што да мислам
еве и јас имам проблем излегувам со еден дечко една недела и бас е убав и мислам дела има хемија меѓу нас.имам 24 и тој ама кратко се познаваме, претходно бев во врска 1 год и раскинав почнав да излегувам со дечково ама не е како со други да речиме мислам дека не е мн. заинтересиран за мене излегуваме на кафе и во дискотека имаме излезено ама јас не му верувам многу мислам дека многу е слободен и опуштен мислам дека се работи за физичка привлечност и секс зошто еднаш бевме дома кај него и мислам дека тежнеесе кон секс .и не ми се јавува многу еднаш или два пати во денот и не зборува многу.вели дека е сериозен ама не верувам се плашам да не бидам исмеана и оставена некое советце поздрав
Па почекај малку не може за 1 месец да имате озбилна врска и постојано да сте заедно и постојано да ти се јавува или ти на него. И секако не ни помислувај да имаш секс уште сега со него, затоа што можеби само и за тоа е со тебе. Почекај малку, види како ќе се однесува тој со тебе ако продолжи и по 2-3 месеци таков да е со тебе значи дефинитивно не планира ништо озбилно и не сака да се сврзува. Сега уште сигурно не е заљубен во тебе, но можеби со текот на времето и тоа ќе биде. Стрпление, само стрпление.
Значи според ова што го пишуваш јас не би го опишала типов незаинтересиран туку сериозен. Значи една недела сте заедно што очекуваш? Да ти дзвони 10 пати на ден? кај си што правиш? Опушти се.. Нека идат работите пополека, ако е речено да биде, ке биде! Ако не здравје. Тоа со сексот е друга ствар. и самата викаш дека има хемија меѓу вас. ако нема страст џабе ти е! така да опушти се и ако ти е убаво уживај и не размислувај многу. Тоа што не збори не мора ништо да значи. Едноставно до човекот е... И да си оставена што? голема работа Жити се девојко не си го замарај мозокот со непотребни работи.. уживај ако ти е убаво и додека ти е убаво
Можеби дечкото има некој сериозен проблем па не сака да те вмешува и тебе. Еве велиш дека е во лошо друштво па можеби тие му прават некои проблеми. Колку и да ти е тешко мораш да го оставиш сега. Се заколнал дека не те сака, ако е тоа навистина така нема да се труди за тебе повеќе, ако не е верувај дека ќе се врати. Сега олади и ти малку, излегувај, дружи се, па времето ќе покаже се.
Мари,сеуште е рано да дојдеш до било каков заклучок.Јас пак мислам дека ако дечкото проба брзо да се зближи со тебе ,тогаш се работи само за секс и толку.Дечково е искрен,барем колку што си опишала .Секое машко си ги пробува шансите за секс,на нив физичката привлечност им е доволна и не се оптеретуваат што ќе биде понатаму...Ти најдобро знаеш да процениш што чувствува тој кон тебе,посматрај го ,анализирај го,но никако немој да ги форсираш работите!Остави на времето ,ќе се запознаете подобро и подобро ќе процениш дали тој ќе ти одговара
Девојки ве молам за помош ! Сестра ми и дечко ми од пред некое време се скараа и не си живеат. Сега се случи голем проблем(во врска со сестра ми) и дечко ми дозна за тоа(не можам да кажам што е). Јас секако бев на страна на сестра ми и дечко ми ме извреѓа многу и мене и моето семејство. Му раскинав, но многу ми е тешко. Како може да е таков не ми е јасно? Јас никогаш не сум кажала лош збор за неговото семејство а тој .. Девојки ве молам за совет. Многу ми е тешко.
ПА што има онн да се меша или да дава мислење за работи што ти се случуваат на тебе. он е тука само да те ислуша и ништо друго Ти си крива заради тоа што си дозволила. без разлика што и да се случило нема он право да те вреѓа тебе и најмалку твоите..
вака девојки имам ГОЛЕМ проблем. беВ во врска скоро 3 години со дечко од мене постар 2ипол години. неможам да кажам дека се беше убаво имаше повеќе сцени и од моја страна на пример испади од типот излези те чекам и се тоа завршувше смирено. се обидувавме да ја спасиме врската и покрај повеќето препреки. бидејки со тек на време стануваше обврска пукна и односите мегу нас. се се сведуваше на физичко задоволсто мада што последниов период и тој ми покажа љубов што ја имаше кон мене во почетокот на врската. конктерно заради ова и раскинавме. бидејки требаше да се видиме а јас одложив заради мој обврски одложивме за другата вечер. другата вечер поради домашен проблем потворно го замолив да ми извини и дека ке се видиме следната вечер.го прифати тоа со пола уста и во ред. додека се среди ситуацијата му се јавувам и не ми крева. пак му звонам зафатен беше бројот. и му викам со кого збоеуваше и тој шо те интересира нешо во таа смисла. ти си никаква немаш карактер јас сакав да те видам ти ме извиси. и јас реков идам кај тебе пред куќа да ти покажам дека те сакам и за тебе можам да се споротиставам на се и да излезам исклучив тел излегов од дома и кога отидов имав многу фин дочек. прво ја истај картицата од тел и скрши пред меене на пола тоа за никогаш повеќе да не сум го добиела, и јас кога видов солзи ми протекоа. почна да ми вика која си ти да идаш кај мене пред ќука и јас тргнав да си одам, ме повлече и почна да ме тепа, со изговор дека сум го изнервирала дека не сум била разбрана. маваше на мене како животно на лицево почна да ме каса имам синило го кријам дома со косава. потоа ме одведе погоре ме седна на еден стол и почна со тупаници да мава по глава. јас само му реков дека е последен пат и тој уште толку почна да мава на мене. воо еден момент почна да ме стега за врат и ми викаше умри тука. едвај си дојдов при себе, ме одвлече внатре и ми рече мегу нас е готово. јас очајно го сакам и му реков немој да се обидеме уште еднаш покрај се. ми рече да си одам и да не го барем никогаш го земав тел и вртев такси, и ми вика спушти тел. ми вика дојди и ме гушна и почна да ме принудува на секс и ме бакнуваше потоа ми рече дека се било во ред.незнам прифатив се случи тоа што се случи и на крај кога си отидовме дома ми побара пассс од фб јас му дадов и после некое време си го сменав заради тоа што е моја лична работа. ми се јави на тел и ме нарече ороспија и дека сум немала вредност и дека меѓу нас е раскиато. кога сабаје стнав пасс беше сменат и јас само го побарав на телефон на друг број што има да ме остави на мира и му реков никогаш не би ти направила такво нешто, ти си поигра со мене и те молам никогаш веќе да не ме бараш. мене ми е многу тешшко очанја сум. од една страна се сите синици и кубанје и касаанје од кои ниту можам да спијам ме боли цело тело ниту да се чешлам, чинам цела кожа ке излезе од мене, а од дрга страна е безусловната љубов кон него што премногу го сакам. ве молам за совет благодарна сум на сите што ке одвоите време за мене
Во полиција да одиш и тужба да поднесеш. Кој е тој тебе да те тепа, кој е? Уште си го молела да се смирите? Ц ц ц
^^^^^^ Девојче бре зар ќе сакаш створ што те тепа?! Ма каков сака да е-најубав, саде Бред Пит нека биде ама чим момакот со ќотек решава работи, па уште пасови по фејсбук ти менува, батали тоа! Цел живот е пред тебе. Плус битна работа е што вистинскиот маж тепа само мажи, а не жени. Чим сега почнал ем со физичко малтретирање, па уште и со психичко малтретирање, не знам што понатаму во врската. Ја не би со ваков, би го пријавила во полиција.
Девојко, која црна безуслова љубов, жити се’!? Се ежев додека го читав твојов пост, и извини вака, но треба да си будала ако и после ова сакаш уште да си со него. Живеј, еднаш се живее! Под тоа подразбирам да се забавуваш, да уживаш, да сакаш, но среќно, а не со притисоци, тупаници, закани! Стави се себеси пред него, а и тој со неговите испади ти го олеснува тоа. И не дозволувај веќе никогаш да допре тој во твојот живот. НИКОГАШ! Грешка си, пријателке. Вистинскиот маж не тепа ни мажи, туку предизвикува стравопочит со својот цврст и стабилен карактер.
Муабетот беше ако е толку јака ѕверка, што не покажал сила на некој појак од него, а не да покажува сила на жена. На тоа мислев.
Девојко што ти е жити се. Дај фати си нормален дечко и води нормална врска... Ова е болно. не знам дали само он е ненормален или и двајцата па сте се нашле Место да уживаш и да не се замараш ти зборуваш за некоја си љубов, која само мислиш дека постои! Никогаш нема да можеш со ваков човек да живееш.. колку и да мислиш сега дека го сакаш
Спојлер Сум била сведок на вакви настани, и ќе кажам, не е ништо ново, не е ништо непознато, но дали е во ред? Прво, еднаш ако крене рака мила моја, да знаеш вториот пат воопшто нема да му биде тешко повторно да го направи истото, па дури и полошо. Самото тоа што така те мавал, те касал, сакал да го искаже и бесот и љубомората и љубовта и лутината...и се што чувствува спрема тебе...На мојата (не толку блиска) меѓутоа сепак другарка со која излегував, се дружев, и се случуваше тоа. Буквално, ама буквално исто, што на момент си помислив да не си ти таа. Но повеќе не и се случува, не дека не се расправаат, ама некако човеков се свести, му зборувавме, свати дека греши, и од тогаш рака не кренал на неа (колку што знам)..Ама зошто? Бидејќи таа покажа заби, го остави да пати, се намачи он додека ја убеди дека рака нема да крене на неа.. и еве, не кренал до сега.. А тоа што ти, и покрај тоа што буквално те скршил да не речам, си го молела, само си му дала уште повеќе сила да не чувствува никаква грижа на совест та дури и да не ти се извини..па и ороспија да ти рече...Можам слободно да ти кажам дека доколку го направил тоа што навистина е страшно и доколку без никаква грижа на совест си фура и те вреѓа, верувај истото ќе се повтори, та дури и полошо. Што живот ќе имаш со некој што не знае да си ги контролира нервите? Ајде, сега ќе го трпиш бидејќи си заљубена во него, леташ..ама цел живот само од љубов не ќе живееш нели? Додека има време тргни си се,утре деца ќе имаш, знаеш ли што трауми ќе им задавате ако он на пример продолжи така да прави? Ти си знаеш најдобро, сепак, како што би ти рекол секој друг така и јас, воопшто не е во ред, и воопшто не заслужува разбирање таквото однесување.. Како и да е, многу ми е жал што тоа ти се случило, болно е...
Мислам дека нема што да му мислиш више најискрено, најдиректно , најотворено, без никакви филозофии ти кажувам : СТАВИ МУ КРАЈ еднаш за секогаш. Какво е ова непочитување бе ??? Што се мисли он ? А од една страна планира сериозни работи со тебе ??? Аман бееее Од утре ни да си го побарала ни ништо . Не заслужува пред се. Сестрати за цел живот ке ти е а копилево додека ти му дозволиш, односно и додека он не те заебе . Спојлер Извини љубов кажа ??? Абре жени што љубов ке беше бе ова со тепање бе ??? Како бе можеш такво ѓубре да сакаш ?? Мислам сфаќам дека си имала минато со него т.е. врска ама да се погазиш себе си ??? НЕЕЕЕ Нели НЕ ??? Мој совет иди у полиција и не ќути дома. Зашто пак ке му се повтори, и зашто така ке си даде слобода и на други девојчиња ко тебе наивни да тепа . Мислам алооо девојче те тепал Не не го сакаш Факт е дека не го сакаш , само така си мислиш Али те молам за проблемов не ќути и најискрено ке те замолам да не му се враќаш . Кажи некому те молам... Кажи дома. Ова не смее да се ќути. Родител не смее рака да крене не па еден монголоид !
Девојки кога прво самите себе си не си се цените, не очекувајте дека друг ќе ве цени. И најискрено не ми е сфатливо како можете бре да молите некого? Ај да молиш некој кој заслужува, кој ти пружил нешто разбирам, ама некој да те пребие ко кучка и да го молиш за уште една шанса Ја незнам каде ви е гордоста и самопочитта. Велиш безусловна љубов, болна љубов е тоа твоето. Да сакаш некој, а да те тепа. И пак да бидеш со него?!? Значи се согласуваш со малтретирањето и не ти смета. Мој совет, најдобронамерен, бегај што е можно подалеку од таков тип.
Девојки отидов во диското каде што работи дечко ми(веќе бивши), со сестра ми и нејзините другарки. И бидејќи и на сестра ми дечко и е вмешан во ова, мојот бивши сакаше да го тепа. Ме викна на страна и почна да ми се дери дека тој колку ме сакал мене ќе се откажал од работа за да излегуваме заедно, а јас сум го оставила и ми кажа да му кажам на сестра ми на дечко и да се пази затоа што лошо ќе биде. Бившиот ми ги спремал и другарите и кажал на обезбедувањето во диското и сите се спремни да го тепат дечко и на сестра ми. Го замолив јас со убаво бившиот ми, ако ме сака да не прави такви глупости а тој ми кажа те сакам ама ти сама си го направи ова. Јас си дојдов сега дома и еве го бившиот ми ѕвони ме прашува каде сум и ми рече да и кажам на ТЕТКА МИ да се чува затоа што оваа вечер и на неа нешто страшно ќе и се случи .. Останав без зборови кога го слушнав тоа. Му кажав како сум можела да одам со такво животно, а тој ми рече не сум животно, УБИЕЦ СУМ! Не знам што да правам, ќе се побркам дома, на се помислувам. Какво животно е бе тој, па и покрај се како можам да го сакам.
Кога барате совет, барем појасно пишувајте ги постовите зошто едвај разбрав нешто од постов. Дечко ми на сестра и? Дечко ми? Бившиот? Сестра ми? Тетка ми? Не се знае ни кој пие ни кој плаќа овде
Тие што го прочитале мојот проблем пред неколку часа знаат убаво за што станува збор. А ти ако не можеш да разбереш не мора да коментираш. Мене ми треба совет, а твоето мислење во момент ми е најмалку потребно!