Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ја мислам дека ти си го оставила и затоа он така прави сега од што е бесен и љубоморен и сите се криви сега за него ,ти можеш да му кажеш дека ако те сака и ако сака да му се смириш да не напраил нишо оти тогаш ке те изгуби засекогаш,а мислам дека нема нишо да напраи само збори
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Додека има простор, оди си со време на лекар и извади лекарско, а ако размислиш со студена глава, со лекарското во полиција. Колку и да ти е тешко, цени се себеси пред него (поготово тие таквите ко него не ни вредат секунда да им се посвети, а не нова надеж и шанса),и стави крај на се, без разлика на се доживеано со него и сите убави моменти. Доколку тој ги заборави и те довел до оваа ситуација, заборави и ти и заштити се, на време покажи заби.
     
    На scream1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се пожалам :)
    Имам еден другар со кого веќе неколку месеци поинтензивно се дружиме и нашиот однос секогаш бил посебен за разлика од на пример, некои други наши другари, но никогаш не бил посебен во смисла дека го свиѓам или дека сакам да направам нешто со него. Иако во последно време работите почнаа да излегуваат од контрола и почна да се однесува чудно и отворено си кажа дека е вљубен во мене. Се трудев на убав начин да го „отфрлам“ некако од себе, бидејќи не можев туку така да се испонашам како што не треба, бидејќи сепак таа блискост и другарство кое го имавме за мене имаше некакво значење.

    Е сега, имам дечко. Веќе 4 месеци. И се беше онака,супер, океј и никогаш не му спомнав дека всушност некој се вљубил во мене и напиња. Деновиве особено одбегнував да се гледам со овој другар ми и воопшто да комуницирам баш поради тоа што видов дека се обидува некако,незнам да направи нешто,од кај да знам. :tmi: И така изминативе 2 дена воопшто не му ни пишав,ни се видовме ни ништо.

    Му пишал на дечко ми порака демек,јас идам со него оти ми е жал да му раскинам и дека јас и тој имаме некој посебен однос кој него му наликувал на љубов и сакал да му каже на дечко ми пошо незнам, демек не можел повеќе да го издржи тоа. :|

    Е сега,јас си ја признавам вината што можеби требаше уште веднаш кога ги приметив тие реакции сосема да го одбијам од себе но едноставно ете,не го сфатив тоа како толку сериозно. Е изглеа за замена на тоа сеа сум си у огромна фрка.

    Се шо сакам е уствари да си ги вратам стварите у нормала. Сето тоа не беше потребно и беше непотребно да се случи и да се каже бидејќи јас си имав расчистено со сопствените чувства.
    Друг проблем е шо дечко ми не ми ни верува а и нормално е да се сомнева бидејќи и јас би пропаднала в земја да сум на негово место. :|

    И не знам што да правам,со него ќе се видам тек утре. И не знам ни што ќе се случи. Ќе се потрудам да му ја објаснам целава ситуација но некако сум очајна во меѓувреме и се ми е така испомешано што не знам ни самата што се случува,уствари..... :doh:

    Има ли некој од форумџикиве шо се нашол у слична ситуација, и како сето тоа на крајот излегло? :worried:
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Скрим кога стигнав до моментот дека ти го скршил телефонот мислев дека следно што ќе прочитам е дека си му свртела грб и си отишла, а не дека те истепал и ти си му викала чекај да пробаме пак заедно :fubar:
    Аман бе девојче, не можеш убаво да спиеш од што те боли, се криеш дома и сакаш да се смирите? Па ја не знам како пак би го погледнала во очи, како би го гушнала :o
    Дај свести се, не прави глупача сама од себе и тргни се од него.
    А да, не знам како и то ви била врската ама мене ми е неверојатно некој да бил 3 години ок со тебе во врска и одеднаш да почне вака животински да се однесува. Сигурно имало и други слични испади, во право сум? :wasntme:

    Батерфлај, мислам дека веќе еден месец, па може и повеќе не знам какви се испади истрпи од дечко ти, ама ти упорна да не му раскинеш, ќе се средел он, па еве ти го резултатот. Не е дечко ти крив, ти сама си крива за се.
     
  6. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    имам голем проблем -преголем

    веке недела дена сум во врска со постар од мене 1 година (18 има тој)
    и само ке речам дека сум најнесрекна особа на светот.
    проблем е у тоа што он цело време ми збори за секс за такви работи и ме притиска а ја до сеа сум немала и незнам зашо не ме сфака..буквално цело време ми збори за тоа ме нервира демек не му се чекало..
    вика ако не му се дадам нема да ме откачи али баш не му верувам..цело време му викам дека не сум спремна али ко да не ме сфака и многу ми е тешко...
    се нервирам многу премногу..
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Пиши пропала врска Верица.. тој што знае дека предходно си немала односи нема да те притиска и никогаш нема прв да ти спомне за таа работа! типов си игра курци палци со тебе и само го чека денот кога ке му се предадеш.. и сама викаш дека си несреќна? што мајката идеш со него? зошто продолжуваш во врска во која си несреќна??
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    незнам што да праам незнам што е паметно..
    ич не ме сфака тешко ми е ради тоа...
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    се согласувам со девојката во црвено. Впрочем една недела е многу мал период,можеби ти си го познавала и претходно ама врска си е врска и си ги менува работите кај луѓето,сепак си споделувате една посебна работа,мада изгледа тој не го сфаќа тоа така. Нема да речам дека ако те сака/цени/почитува ќе те чека,туку ќе ти кажам дека ако тоа не му е она кое му е целта нема уште одма да ти го спомнува и да те напиња и ќе разбере дека тоа се работи кои доаѓаат спонтано и со тек на време, ама недела дена време :?: нема смисла.

    Најпаметно ти е да му раскинеш,бидејќи тоа што го прави не е исправно.
    Можеби нема да ти биде лесно, но верувај ми дека така ќе биде подобро. Еве,ја имаш мојата поддршка. :)
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Јасно се гледа што сака дечкото од тебе. Немој ни да помислиш да го направиш тоа со него, потоа ќе се каеш цел живот. Тоа треба да се случи тогаш кога ТИ ќе бидеш спремна и треба тоа да се направи со љубов а не само со желба за секс. Тој ако те сака ќе те чека. Ако сака само секс со тебе, кажи му дека има к*урви колку сака, може да си најде некоја за една вечер. :)
     
  11. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    глупо ми е што полнува да ми одредува и време .. ми вика ај после нова година ај јануари ај вака ај така.. сакам неколку дена да сум далеку од него да не му се јавувам да не му пишувам да не му кревам.. паметно е така да напраам? сакам да размислам убаво за некои работи..
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е паметно да се изолираш малце,да размислиш за работите и да донесеш одлука. :)
    Исклучи телефон,гаси компјутер и онака дај си временце себеси. Искрено со тоа шо така се понаша мене ми дава до знаење дека е некој кретен (со извинение,ама..). Да ти одредува време кога? Убаво кажа батерфлај, за секс ако сака си има курви, нема шо тебе да ти вика кога веќе си му кажала.

    Тој всушност не го ни почитува твоето мислење. Размисли убаво дали би сакала да продолжиш врска со таква личност. :)
     
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Верица, во никој ама во НИКОЈ СЛУЧАЈ да не си му се предала на тој..Значи НИКАКО.. мислам има ли смисла? Се фативме вчера, и денес одма секс..Да не беше невина, ок е, не е ништо ново, ама девојче прв пат ти е..на секоја женска и значи нејзината невиност, а ти си му дошла како кец на десетка, не допрена од никој, баш такви бараат сега, не ги интересира некоја раширена во нозете...Плус, он има 18 години пилиштар што видел он во неговите 18 години, сигурно е*ел све живо и диво па сеа не му се чека а? хахахахах детиште бре како ме нервираат. Да му се слечеш не ќе може да те погоди, а он инсистира на секс..Абре нема и точка. Сексот е природна работа нели, иако кај нас тоа е табу тема, меѓутоа да му се дадеш на некој што ОЧИГЛЕДНО само тоа му е целта, е мало морген. Нема, и крај..
    Еве од мене немаш дозвола за такво нешто :lol: :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Направи како што мислиш. Убаво ти кажаа изолацијата е добра за да можеш да сфатиш што сакаш и што би направила. И размисли вреди ли тој ... што сакаш, спремна ли си, на кој начин би била ти исполнета и среќна. И ако немаш намера да продолжиш со него прекини, не е последен ... Ќе се појават други.
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Паметно е целосно да се тргнеш од него! Што мисли кој е тој? Ќе ти кажува кога ќе имате секс. Што се нема да видиш на овој свет. :fubar: Да го оставиш ќе ти биде најдобро. И нема многу да ти е тешко затоа што енос 1 месец сте заедно, лесно ќе го заборавиш. Не му ѕвони, не му кревај, немај никаков контакт со него. За тебе е тоа најдобро. :)
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Си се изолирала или не исто ти е, ништо нема да се смени. Треба само да се решиш крај да ставиш на тоа, зашто тој нема да престане да ти зборува така, а очигледно ти не си подготвена, така да...
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. scream1

    scream1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    5
    имало испади исти како овај но овој пат беше последен. ве молам искрено да ми одговорите дали тоа што јас сум била љубоморна и сум барала да бидам единствена негова девојка , е причина за тој ова да ми го направи? нз како да продолжам после се . едноставно сум сама, ми беше прв дечко воопшто му се предадов за на крај да ме нарече ороспија и да ми каже ни јас не знам со колку си била пред мене а тој ми беше прв дечко воопшто
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.218
    Скрим или тебе нешто ти фали у главата или се зезаш овде и си измислуваш проблеми.
    Доколку го имаш навистина овој проблем, другите девојки ти кажаа како да постапиш.
    Ако не, не тролај.
    Што народ постои, ќе ја тепа, ќе и крши телефон и уште ќе го моли да се смират.
    Девојко ти сериозно имаш проблем, ама не со дечко ти ами со самата себе.
     
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Па нормално е да бараш од него да си му единствена, кој не го сака тоа од својот партнер? Јас не знам зошто не си го оставила уште кога ти го скршил телефонот, па си му дозволила потоа и да те гушка па и секс на крајот ? :o Не, не, никако не смееш да дозволиш ова да се повтори. Ако те удри еднаш, верувај дека ќе има и втор и трет пат .. И што треба да се мажиш со него и тој да те тепа затоа што не е убаво јадењето ? Подалеку од такви психопати те молам. Колку и да го сакаш и колку и да ти е тешко, МОРАШ да го оставиш.
     
    На scream1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Скрим, еден топол и пријателски совет од мене.
    Човек кој е навикнат да ги решава проблемите со тупаници, нема да застане тука. И самата кажа дека се обидел и да те дави, ако добро се сеќавам. Значи тој е подготвен на се, а сеуште сте само во врска. Замисли си кога би биле во брак како ли би било. Тогаш тој ќе смета дека ја има моќта над тебе,дека треба да му бидеш потчинета и ова што ти го направил сега, ќе ти биде секојдневие.

    Ти ништо невозможно не си барала од него и не барај подршка од нас за оправдување на неговата постапка. Верувај ми не си заљубена во него, само си заљубена во помислата да бидете заедно. Од една страна те плаши времето поминато со него, од друга страна те плаши раскинувањето и привикнувањето на дел од животот како сингл.

    Кога ќе размислам поубаво, подобро сама би останала цел живот, отколку да се расправам секој ден со некој кој се разбира само со ќотек.
     
    На scream1, Peperutka90 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.