Спојлер Да бидам искрена, ја тука се пронајдов ... Само кај мене беше, тоа шо мене почна симпатијана да ми се свиѓа одкако се разочарав тотално од бившион. Од тој период ја некако заглавив со чуствата за дечково шо го глеав низ факс. И ден денес за жал ги имам. Ја накратко за мене ке ти кажам, Одлуката е твоја . - И покрај тоа шо детево ми се свиѓаше, ја решив да му дадам шанса на бившион мој, иако знаев дека не иде, И покрај се ја дадов шанса. Летото ја му принзав на бившион мој дека ја имам чуства спрема тоа дете, се со надеж дека овој ке се освести и ке ми го пушти патот, НО напротив, бившион уште повеќе се залепи до мене. Кога видов од една страна дека има хемија и од страна на детево напраив се да си го ослободам патот. Ама не успеав... Баш поради вакви мисли, што да правам . Ја не го послушав срцето, и попуштив. Бившиот продолжи да ми застанува на патот со детето... Сега кога си го враќам филмот назад, да бев доволно цврста во тој КРАЈ што го ставав упорно, и да пробав со детево, сигурно немаше уште потајно да патам за него (за детето- симпатијата ) . Сега се што сфаќам е дека на врската со бившион и така и се ближело крај, ама ја возот го испуштив. Нема назад. Искрено ке ти кажам, секад кога ке помислам на детево, секад осеќам некоја тежина и мака, осеќам дека имам изгубено нешто, дека пропуштив нешто.... Се осеќам лошо пред се, ко да го пропуштив најбитниот воз . А мислев дека утре бившион фала ке ми каже што ја ете од една страна пак и покрај се го одбрав него, ја одбрав таа долгогодишна врска што ја имавме, ама не, не добив ништо.... Искрено, во случајот , слушни го срцето . Немој да се залажуваш како мене. Немој.
Најлошо е кога проблемите во минатото не може да останат таму туку за секоја ситница мора да се спомнуваат. Искрено јас мислам дека ти не го сакаш дечко ти.. А дечко ти едноставно се исплашил и сега ти наметнува некоја си политика, мислам дека и двајцата доволно добро не се знаете. тој со неговите постапки не дозволува вие да стигнете до повисок степен на поврзаност бидејки не можете да поминете низ слоеви на компромиси. Да бидеш сосема искрена? -не може Да сокриеш некои работи? - пак не може Ако си сигурна дека не сакаш да го изгубиш дечко ти, мораш да превземеш нешто во врска со тој другиот. Не мора засекогаш да го изгубиш ама најдобро е да ги оладиш односите, намалија комуникацијата, искачањето итн. Така и ке ја тестираш твојата љубов спрема него. Ако видиш дека воопшто не ти фали и не е тоа што го чуствуваш од порани, тогаш тоа ти е доказ дека не станува збор за љубов..
Ne znam kako da raskinam! :/ Znaciii.... se izvinuvam ako veke imalo vakva tema .... no stv mi treba nekoj sovet .... imam decko i odime veke godina i 7 mesecii.....se custvuvam sakana ,ceneta ,pocituvana , no imam problem... Mislam deka ljubovta sto ja cuvstvuvav jas veke zgasna... poveke ne cuvstvuvam niss koga ke me bakni ili pak koga ke pomini so svojata raka po moeto telo.... se obidov da raskinam nekolku pati no ni ednas ne bese uspesno.... sekogas mkazuva deka ne mozi da zivee bez mene deka ne saka da me izgubi i sto uste ne.. i mi bega hrabrosta od raka ne mozam veke vaka ne mi e ubavoo koga treba da se vidime jas izleguvamm no bez nikakvo cuvstvo apsolutno nikakvo ..... odnapred fala
Ne znam kako da raskinam! :/ Ако не знаеш како да му раскинеш, почни да се однесуваш лошо кон него, да не може веќе да биде покрај тебе, па сам ќе ти раскине. Ако не, тогаш зборувај отворено и храбро, кажи му дека веќе не оди. Ако не го сакаш не треба да ти претставува проблем да му раскинеш. Но сепак, размисли убаво, ако се осеќаш сакано и ценето, пробај да ги најдеш сите работи што ти се допаѓаат кај него, да може пак да ти стане мил. Јас не знам како е можно да отсакаш некој без притоа да ти згрешил нешто..
Пред оваа врска одевме три месеци кои ми ги направи тој самиот пекол.... но тогаш го сакав не велам не... но вториов пат беше не знам совршен да речам .....но некако почнав да ги губам чувствата не сакам поточно не можам да му раскинам зш знам дека ќе го повредам пре многу тоа ми го кажува секогаш... кога ќе почнам да прашувам што ќе биди ккога нема да бидиме заедно кажува некои тажни работи што не можам......... озбилно не можам......
фемикни би го ценела вашето мислење однапред фала... веке два месеци сум со дечкото што го сакам прееетерано го сакам... ама пред 4 месеци искочив од врска 1 година и не ми беше баш некоја врска со многу замерки караници и слично можев да правам што сакам на некој начин ама без да ми замерат зборувам за моето понашање кое ми е ужасно за жал... а сегашниов дечко е доста повозрасен и не трпи детско однесување и глумење и дигање и слично... до сега поради тоа се каравме често скоро секоја недела многу лошо знам го сакам веке 3 години во коишто никогаш не покажуваше интерес за мене и сега можеби и поради самата психа нели поради тоа што ми го правеше неможам да се однесувам онака како што треба иако до сега dodeka sme vo vrska 3 пати ми го поставуваше прашањето дали сакам да раскинеме а јас нормално му велев не... конечно сум со него и несакам да го изгубам поради своето однесување ама што да правам кога сум избувлива и многу избрзувам во се... патем се каравме и поради тоа што не ми верува нели многу нормално секој би се изнервирал кога би му го рекле тоа и многу му се налутив зошто не ни помислувам за да помислам на некое машко освен на него и ужасно ме нервира и му го кажав тоа ама пак некако си тера по свое... а јас сум таков тип што незнае да објаснува и да кажам нешто заборавам да докажам уште нешто и пак отпочеток го повторувам дткам кога објаснувам се бунам зошто несакам да испуштам нешто и тоа влева недоверба... како да му го објаснам ова?? 2 дена веке не зборевме на тел ми беше лут несакаше да ми се јави (јас му реков дека нема да го барам да ми се јави) и неможев да издржам и му пишав порака во која го молам... за првпат во животот молам машко еее до каде не носи љубовта и ми се јави и ми вика што е со поракава ми идеше да се убијам јас му се извинувам го молам да не ми се лути а тој ми вика што е со поракава... мнооогу високо го кренав очигледно тоа и го сакаше штом прифати да се видиме вечерва... и кажете ми што да му речам кога ке се видиме и кога ке ме праша зошто продолжувам да се понашам како дете... јас сакам да се сменам и се обидувам ама тој не ми помага уште повеке ме нервира и секогаш јас испагјам крива па макар и да не сум со моето понашање ја зголемуввам караницата... сакам вечерва да му објаснам дека сакам да се сменам и дека ми треба време и дека ке се трудам да не биде како до сега ама незнам како ке ме свати... вие што мислите ??
а зашо ја барап кривицата само во тебе?ете и сама викаш дека тој не ти помага уште повеке те нервира,зашо ти крива само ,зашто он не ја смире топката малко?мн малку време сте заедно за секој ден да се карате,мислам дека во тоа е и одговорот,едноставно не си одговарате и толку,зашо да се мениш ти?зашо не он?
затоа што неможам да го побарам тоа од него тој смета дека е во право а и со неговите 23 год сигурно си има изградено карактер и цврсто стои зад своите одлуки какви и да се мислам дека единствено ако се сменам јас ке се смени и тој ама за тоа ке треба време нели јас би издржала колку и да ми е тешко зошто сметам дека ке вреди а и плус тоа моето однесување навистина е сведено на нуула а тој неможе да трпи исто и јас не би можела да трпам некој како мене ама ете навиката од таа претходна 1- годишна врска си го направи своето и еве се трудам ама тој не ми помага кога би можел малце многу малце да ми прогледува низ прсти знам дека би било поинаку... ама незнам каако да дојде до тоа да ме разбере незнам како да му го објаснам ова сиигурно би измешала триста чуда стандардно за мене леле боже крш сум
е па мила ова шо го пишуаш ова да го кажеш пред него ,најискрено како сега,ако те сака ке свати ,овој е најдобар одговор за него .со срека и без грижи
Драга бејбигрл едноставно не е тоа тоа. И самата го знаеш.. Не комуницирате на исто ниво. и самата викаш дека нешто недостига или пречи. Немаш храброст да прекинеш тоа е јасно ама зошто упорно продолжуваш да живееш во лага? Ајде некако ке те оправдам, тој е предобар и самата викаш, љубезен. Секогаш внимава а ти понекогаш стварно посакуваш да ти се развика Ама искрено не можеш да бидеш со некого само заради тоа што е добар и љубезен. Љубовта не е поврзана со добрината .. едноставно недостига Хемија. Втора работа е дека не можеш да бидеш во врска со некој само за да му се одолжиш за добриот однос. Залудно се надеваш дека со тек на време ке го засакаш. Ако си лојална, луствителна личност, тогаш стварно е тешко да му кажеш дека е крај на човекот кој секој би сакал да го има. Сети се дека си дала се од себе за да успее врската и дека мора да го поштедите и да му дадете шанса да ја најде вистинската љубов. Колку и да е среќен и исполнет, сепак и тој е лишен од многу задоволств што можел да ги има со вистинската личност.. Добро бе ловели зошто ние жените мора да ги комплицираме работите. Знаеш дека ти е посветен но постојано ти е потребен доказ. Да се преиспиташ себеси и не е толку лошо, но ако сакаш да те сака уште повеќе, мора да тргнеш од себеси а не од него. Мажите сакаат на еден начин, жените на друг. Вербалното изразување на љубовта не говори ништо за тоа како тој се чувствува во душата. Не смееш постојано да го задушуваш и отворено да зборвуаш за се што ти прелетало низ глава. Биди малку мистериозна и зачувај нешто и за себе. Избегнувај ги долгите часови во негово и сопствено анализирање .. Не секогаш кавгите завршуваат со раскинување ама дефинитивно има последици. Префрлања, навраќање во минатото, желба за одмазда недостиг о д обврска за зборување и сл, што е уште пострашно отколку да те остави. Тргнуваш од моралното начело да бидете искрена и на крајот завршуваш понижена и отфрлена од својот сакан. Без потреба си направиви проблеми. секој има лоши навики. Вети дека ке си ги искорениш или барем ке ги намалиш на време. биди трпелива. трпението и упорноста се основата на секој успех. Научи да земеш здив и да одмориш пред да го изгубиш трпението. И најважното е секогаш да бидеш позитивна.,,
Вака веќе подолг временски период има преголема тензија помеѓу нас што доведе и до раскинување на врската но после неколку дена,се помиривме...помина некое време и еве пак значи самата тензија што ја има во нас доведува до тоа да бидеме нон стоп скарани а и на еден начин да се одалечуваме еден од друг,проблемот е во тоа што е премногу принципијален,секогаш сака да биде по негово,се тој знае,се тој е во право... на многу начини сум му го укажала тоа но не разбира дека проблемот е во него,а не во мене,бидејќи не сум онаа што сака да бидам ? Некој совет,мислење стварно ми треба,го сакам и ја мразам оваа тензија
Мислам дека секоја од нас барем еднаш се нашла во ситуација како твојава. Проблемот е што машките се ГЛАВА тие мислат дека знаат се и секогаш се во право,што воопшто не е така. Би требало да бидеш упорна и да го убедуваш дека ти си таа и не можеш да се смениш во насока која не ти одговара.Доколку стварно те сака мислам дека може да те разбере,човек не може да се однесува како што сака друг, секој е сопственик на самиот себе. Како што ти не можеш да му наредиш како да се однесува и што да прави така треба да му објаснеш дека тој треба да разбере дека никој на никому не може да му биде роб. Се надевам и ти посакувам се да се среди и да ја надминете тензијата и да се сакате без нервози
Faline подобро што сте ја прекинале врската затоа што верувај дека ова нема шанси да се поправи. Штом си му кажала дека тој е проблемот со неговата тврдоглавост, а тој упорно повторно не гледа се поправи тогаш што ќе ти е таков, зар цел живот сакаш да живееш по негови правила? Очигледно типот е самобендисан и најпаметен и се он... па кој би го трпел тоа, зар ти да немаш свое јас? Би те советувала кога веќе толку многу ти значи да се обидеш уште еднаш да разговараш со него па види колку е подготвен да направи компромис, ако не раскини и кажи му дека неможеш да бидеш со човек кој цело време сака да наредува во врската.
Ви благодарам на мислењата,ќе ги применам и се надевам незнам по кој пат, дека овде ќе се заврши сетаа таа напнатост што ја има во нас
Faline, тој мора да научи дека не е сам, дека во вашата врска треба и двајцата да одлучувате. Разговарај и отворено кажи му дека проблемот е тој и тој. Ако не сака, ако не се оправи, не губи го најубавото време од животот учејќи некој кој не покажува интерес да научи
Еве јас да си го исполнам ветеното ... му го кажав тоа што требаше дека сакам да го сменам однесувањето дека несакам да бидам таква и повторно ја отворивме темата за верувањето и мислам дека доволно добро му објаснив каква личност сум исто така и мислам дека почнува да ми верува... тоа што го обележав со потемни букви јас неможам да поднесам некој кога не ми верува зошто никогаш не лажам и го губам трпението а исто така и несакам да ме лажат... само да како што рече WomanInRed морам да се контролирам тоа и самата го знам ама навикната сум на верување кшто ми фали во врската... ама се надевам се ке биде ок со текот на времето ке си дојде се на место трпение спасение сепак фала ви на советите
Што кога отворено ти кажува дека доколку би имал шанса со X.X. цурата (која патем има енормно големи гради) за некаква блискост, би те изневерил? Мислам дека нема да се срами ни да ми соопшти дека го сторил тоа (ако го стори)..
Женски ве молам за еден проблем да ми помогнете.Со дечко ми сум година ипол и пред 3 месеци имавме една тешка караница бидејќи го изварав и им кажа на моите и од тогаш моите не ми даваат да идам со него,особено татко ми нон стоп ми вика немој да дознаам дека се глеаш пак.Но ние се смиривме и мајка ми и брат ми сумљаат и више знаат шо се вика пошо брат ми ми го чепкаше мобилниот и ми викаат да признаам ама мене ми е страв пошо незнам како ќе реагираат.Што мислите дека е најдобро ?
Па најпрво да ти кажам дека си згрешила што за вашата караница дознале сите дома кај тебе. Тоа е лошо, а зошто и самата гледаш. А за твоево прашање мојот одговор е да им кажеш, немаат што да ти направат, тоа е твој избор. Најдобро е така, а и па дечко ти не бил крив за караницата-ти си била крива зошто да не сакаат да си со него? Кажи им, разговарај со нив, сметам дека нема причина да не ти дозволуваат и дека нема ништо да ти направам, а секако ќе ги има тие клише муабети од страна на родителите како и секогаш...