Разговарај со дечко ти и кажи му да разговара со твоите родители, на крај па ако треба и нека ги повлече зборовите, нека каже дека тоа било кажано во лутина дека не е вистина. А не ми е јасно како родителите му веруваат нему, а не на сопственото дете ама неисе, како и да е немаат право да ти заборануваат да се гледаш со дечко ти. Седни и разговарај со нив, убеди ги дека си се поправила и дека се каеш за грешката
Решив и јас да побарам совет од вас... Има едно машко што многу ми се допаѓа... 5 и пол е а јас око неможам да склопам , како вонземјанин се чувстувам , тешко ми е.. Се запознавме пред 10 дена и мене од тогаш не ми излегува од глава, нонстоп мислам на него . И мразам да кажам ама мислам дека се затрескав во него . Точно онаков каков што си го замислував, плава коса , плави очи . Ми побара број за ако не можел да ме најди викендов да ме побара на мобилен.Откако се запознавме почна да ми пишува да се јавува. Вчера вечер го видов и се качував на втори само за да го најдам и да ме забележи ама не го сретнав . Вечерва требаше само да помини да се видиме и пак да си оди , значи ништо повеќе од тоа за едно здраво беше работава. Но имаше рација во кафичов кај што бев и излеговме надвор . Јас испаднав најголема будала и си дозволив другарка ми да ме убеди да му пратам порака за да го прашам каде е . Не ми одговори на пораката и јас си реков : ај ја нема видено сигурно дај ќе му ѕвонам ....му ѕвонев незнам колку пати . Едноставно збудалев по него , знам дека не ми требаше сето тоа. Не ми крена нормално . Што мислите да се оддалечам од него и да следам реакција ( како што правам секогаш и затоа сум сама ) или да продолжам вака ..?? Другарка ми вели да му се јавам утре вечер ? Ама кај ќе се јавувам бре јас по којзнае кој пат , тоа не сум јас ! ... И да надополнам дека сите што ги имам прашано за него ми имаат кажано ептен неубави работи .
Оф, целава ситуација ти е како меч со 2 острици. :/ Дали да го побараш пак, или не? :/ Дали да ги слушаш муабетите отстрана, или не? :/ Најпрво, за тоа дека тоа не си ти (да се јавуваш по којзнае кој пат), нема никаква врска; И јас така колкупати сум викал за џенцки, дека јас не сум јас ако не направам не знам како, и туку кога ќе се појавела некоја шо ќе ме треснела од земја, главата не сум знаел кај ми е и сум правел 300 тракатанци. Мој предлог за ова е да пробаш уште еднаш, па и само еднаш да е. Значи, како што кажала другарка ти, денес вечерва сврти му или пиши му пораче, и види дали ќе има повратна реакција. Толку - ти твоето си го направи, време е и тој да повлече некои потези, доколку те заслужува; Во спротивно, ако уште сега планира да те прави негова кукла на on/off копче, кога него ќе му требаш, батали го додека ништо не сте ни започнале, додека е најлесно. Е сега, сево ова е под услов да не ги слушаш сите тие муабети отстрана за него, дека е ваков/таков/не знам каков... Јас лично никогаш не сум слушал однапред кажани „сценарија“ за џенцките што ме интересирале, и најчесто тоа ми се исплатело; ОСВЕН за една џенцка, која најмногу и сум ја сакал од сите со кои досега сум бил, и која по 2 години врска испадна точно таква каква што ја зборуваа, и ме повреди многу. Ама ова е Скопје, град со над пола милион жители, и нормално е за секого да слушнеш по збор-два, кои можат да одат од крајност до крајност. Кај тебе не знам како е, зашто живееш и во значително помало место. Самата имаш кажано дека што и да направи некој, преку ноќ ќе се дознае, и не останува тајна. Мислиш ли дека и овие муабети за него се вистина, односно луѓето знаат за нив? Или има такви што од Х причини му мислат лошо па само шират лоши трачеви за него... Размисли, одлучи, и што и да одлучиш, така дејствувај!
Фајрквин, јас би те советувала да не се јавуваш. Си направила и премногу вчера, па можеби и типот те сфатил како напорна женска, затоа што покрај пораката и неколку пати ѕвонење си му дала до знаење дека си многу загреана за него. Значи си пратила порака, не си добила одговор во ред, навистина не си требала да ѕвониш толку затоа што немате никакви обврски еден спрема друг. Не ја прави пак истата грешка, нека те побара тој ако е заинтересиран, ете добил порака и пропуштени повици од тебе, па ред е да се јави ако сака нешто со тебе. Тие гласини што си ги слушнала за него неубави работи само се потврдуваат со неговиот однос што не ти вратил на пораката, иако реално не мора да ти врати и нема никаква обврска сепак е прашање на култура, и на секому би му ласкало таква порака од девојка која штотуку ја запознал па уште и ако е заинтересиран за девојката требал да врати, иако да речеме бил зафатен или незнам што, 2 секунди куцање порака немало мн да му одземе од времето па макар и пишал дека е зафатен. Неубава постапка од негова страна како и да е. Мој совет ти е да си чекаш дали ќе ти се јави или пише типот, сметам дека доволно си направила и си му покажала дека си заинтересирана.
Не ми е баш некј проблем, ама сакам да чујам како е од друга страна... Дечко ми во принцип не е многу романтичен. Ама, многу сака да ме закача, да ме мава..не е она тепање, крвничко, ама што знам знае да ме лупне некад, ако треснам нешто самокритично, знае и шамарче да ми мавне, не ептен силно ама јас сум ситна па ме боли. Му имам речено не ме мавај ,боли, он вика ти немој да збориш(лошо,најчесто кога си се критикувам од типот каква сум,ова она, ама и кога зборам за гледање други женски). За други работи ме трпи, кога се дерам,јадам гомна,плескам у фаца... само се прашувам, дали му е ова потсвесно некако, па за тоа јадење гомна он ми враќа на некој начин? Сега зошто е ладно,рацете му се во џеб, и кога ќе му речам гушни ме, ми вика не ми се вадат рацете од џеб. И ај сеа, како да се чувствувам? Го трпам ова, и се самоубедувам некако дека е тоа зошто мене устето многу ми збори, ама не знам... Работава, наместо да ми рече он добра си, он ме мава. И не,не се самокритикувам зошто сакам да ми даде комплимент, туку таква сум по природа...
И јас се надоврзувам со претходните мислења. Мислам дека најдобро ќе биде да го оставиш малку, па ако е заинтересиран за тебе секако ќе те побара. Можеби има друга женска, па затоа не обрнува внимание на тебе. Не можеш да знаеш што и каков може да биде затоа што го знаеш само 10 дена, краток период за да запознаеш вистински некого. Во ред, можеби не го слушнал мобилниот од прегласната музика, но зарем немаше да ти се јави кога ќе виде? Да сакаше, ќе се јавеше .. Олади малку, не се затрескувај за 10 дена. Тој можеби не сака ништо сериозно, само една вечер и доста е. Затоа биди стрпелива, пак ќе кажам ако сака да те побара, ќе те побара. Па на секого му е потребно да слушне убав збор од својот партнер. Посебно на нас женските, бидејќи ни е важен и го анализираме секој мал детал од нашата врска. Во ред е тоа што не е романтичен, и мојот не е, но секогаш ми дава комплименти и кога и да му кажам да ме гушне секогаш ме гушка. Колку време сте заедно? И сигурна си во неговата љубов? И што е со тоа мавање?? Треба на секој збор што ќе го кажеш, а на него не му се допаѓа да те удира "нежно" ? Ти си крива само поради тоа што си дозволила тој така да се однесува со тебе, а поради тоа што си зборлива, никако. Секој има право на свое мислење и да си каже што сака. Немој само поради неговото однесување да си ја затвораш устата и да не кажуваш што мислиш!
Имав сличен проблем со претходниот дечко..во поблага верзија,правеше многу добри работи за мене,ама на пример никогаш нејќеше да ме држи за рака,никогаш не ми кажуваше те сакам,во глобала речиси никогаш не ми кажуваше убави рабти за мене,за нас и нашата врска.После 3 години трпење мене ми се појави страшна потреба за да слушам убави зборови.Сето тоа водеше до секојдневни кавги за најмали ситници,бидејќи ми се собирал гнев подолго време, и он почна да збори убави работи кога сфати дека ме губи.Последните 2недели од нашата врска беше спремен да направи се,ми кажуваше по 93487348 пати на ден колку ме сака,се најубаво,АМА тогаш беше касно..Така да поштеди си го времето и нервите,и зборувај одма за тоа што ти смета,не чекај да се сменат работите.Додека не завземеш став и додека не му дадеш до знаење дека може да те изгуби, ќе биде така.Размисли си за се што ти смета,дали имаш иднина со него и одма разговарај со него отворено за се,ама ТЕ МОЛАМ! и после ќе ни ги кажеш ефектите
Исто ко да си ја читам првата моја врска ... Истооо девојче . Само со таа разлика шо ете ние барем се држевме за раце вауууу И пази и тоа му беше многу на типот . Ја исто ко феминкава шо идела со детето 3години, ја збеснав мислам последните неколку месеци. Ја му зборев на тој тип дека мене ми треба да чујам еден убав збор. Ми треба барем еднаш у недела да го чујам она Те сакам... Ми треба и да осетам топлина ... Типот на тоа - он не бил таков, манекен да сум барала ако сум сакала чуства . Значи мој совет, пробај со муабет. Ако нешо слично вака ти се испонаша, ондак ке си видиш до кај можеш со детето. Сепак женски сме ние, ни треба нешто такво да слушнеме. Многу убаво те сфаќам. Ја искрено ја сум нај неромантична личност ми се чини на светов, мене све тоа патетика ми е . Ама и те како осеќам потреба од партнер мој да чујам некој убав збор. Да видам дека направил нешто за мене. Да ме гушне без збор да каже. Да ми каже дека ме сака, без некоја причина. Значи сите ние имаме потреба од тоа. Нагласи му го тоа. Женско си, негова женска си.
Pravenje filmovi ili vistina ? So decko mi bevme zaedno 4 godini i raskinavme poradi nekoja pricina sto toj ne saka da mi ja kaze....i sega ima nova zenska a mene mi vika deka sto i da se sluci za nekolku godini nie sigurno ke sme zaedno i deka premnogu me saka deka mnogu mu e tesko ama momentalno mora da bide taka...stvarno ne znam sto da mislam znam deka situacijava e premnogu cudna ama mene mi pretstavuva ogromen problem..ako mozete nekako da mi pomognete ili znaete sovet sto ke mi bide od korist pisete... fala )
Добро како може да паѓате на вакви муабети ви се чудам!! види вака, некој што сака да биде со тебе никогаш нема да го остави тоа за покасно . плус викаш дека уште не ја знаеш причината зошто сте раскинале.. значи типов има женска ама сака и тебе да те држи како џокер за што и да се случи ти да се надеваш и да мислиш демек он те сака и послем кога ке му се сака да ти се врати без проблем! Освести се и речи му дека не паѓаш под такви финти, дека чим меѓу вас е готово и така и треба да остане..
Ние се држиме за рака, се гушкаме ама кога ќе седнеме на клупа или слично...а вака ако стоиме, секогаш јас викам ај гушни ме, и веќе ми скурчи од тоа. Инаку, заедно сме 1 година и 7 месеци, и со некои работи ја има докажано љубовта, ама со вакви ја оплескува...
MacaLove срцка си ми, само да ти кажам. Посебно со тоа „ама јас сум ситна ме боли„ Немој да анализираш и да бараш проблем зашто го нема! И јас се нервирав за тоа! Значи тој ги сменил таму 984324 женски, а никогаш се немал држено со некоја за рака . И ајде јас да му бидам првата, со мене да губе невиност на 29, како Саманта од Сексот и градот. -Дај раката бе ваму. -Абе ај сега шо мора како мали деца да се држеме... -Давај раката! И ми ја подава и ме фаќа на некој смешен начин, прстите смешно ни се преплетуваат и почнува да оде како робот hock: Таков е, шо ќе му правеш. Твојот љубовта ја покажува со штипење, удирање, закачување... Некој тоа не може да го поднесе, ама на некој му е супер. Еве имам еден таков другар, сакал да јаде шамари, така благи од женско доообро... Некој па многу сака да гњаве да гушка, да бакнува, да милува... и ти сигурно не сакаш некој да биде ко израсток залепен на тебе! Така да уживај и почни да го прифаќаш тоа
Е да ,околу љубовта, он вика дека најмногу сакал да ме гњави така... Лелееееееее кога ќе ме фати,ама просто душа немам во мене верувајте. Скокоткање, лигавење...ќе ми ги фати рацете и нема мрдање. А морам да признаам,ако не го прави ова мачењево некој период, ми фали.... Ама не е тоа, туку тоа што ме мава! Ќе речам нешто и ќе ме мавне,шамар или по грб,многу глупаво изгледа. Викам сега ако ме маваш, ако се земеме што?! Семејно насилство...
Е па супер сте вие ако и во стоење се гушкате не му викај ништо јас мислам сам треба да знае кога да те гушка, ако сте заедно толку долго ...
Јас да сум на твое место кога нешто нема да ми биде по ќеф, 2-3 бокса, 2-3 шамари у два наврата, ќе го скокоткам, ќе го кубам охооооо цела негативна енергија да ми излезе. Па после реванш во креветот Немој да се нервираш, земи и ти другарски ко на заебанција дај му еден нига поздрав, штипни го, бутни го... Весели креативци Кога знаеш дека те љуби, не чепкај и не ја ставај толку врската под микроскоп
Сум пробала и со тие нига мига поздрави, али враќа дупло и мислам дека у секој момент ќе се скршам! Маж као маж,осет нема бе...
^ Ама пак и ако те сака, би требало да престане кога ќе му кажеш дека ти смета и не ти е пријатно. Ок е зезање но ти не си му другар од маало па да се мавате така...Ако ви одговара и на двајцата тогаш е ок, но тебе ти смета, не ти е ок, затоа не преќутувај и превземи нешто да не биде така...