девојче ама нај искрено,тоа ли е врска ?да кинеш живци да го контолираш?не излага блиску ми е,па шо не си платиш детектив нека го следи цело време те изваралл и ти си гопримила назад?и фб да брише?ако он сака не му треба фб,
Доброо нема везе ајдеее..баталете..едноставно некои делови од врската не ги знаете али океј ее го испоштував мислењето..и иначе не го следам нити планирам некој да го следи спомнав пошо пошо феминката спомна али нема везе ајде баталете и онака предалеку отиде.
Шорти само сакам да ти кажам една единствена работа и да си врзеш засекогаш. Тој ако намерил да те изневери, и у кафиќ да сте, ке замине у вц и ке те изневери . Немој ти многу да се ослонуваш на луѓето околу него.... Разлистај малку низ темите ке видиш дека не баш секој би се осудил да каже шо видел . Интуиција уклучена нека ти на мах и очи ширум отворени. Ама не се решава само со забрани. Си имаш и др начини. Ке си ги најдеш
Фала и тоа го знаев..сигурно се прашувате како се ова си го знаела а не си применила..мене ме интересираше само како размислувате..а јас ќе го решам на мој начин..треба да си глуп доста овие работи да не ги знаеш.. Поздрав до тебе <3
браво...супер совет и даваш....на секој прв проблем - раскинете, остај го и готово.....е сеа ја ќе ти кажам нешо....ти вака се осеќаш, затоа што осеќаш љубомора, затоа што на некој начин ја гледаш девојката како да речам конкуренција? (иако нема зашто) - и тоа е причината зашто вака реагираш....Е ај сеа смири си хормоните, стабилизирај се и со убаво кажи му дека не сакаш така да ти вика и готово...завршена работа.....а не одма ќе му раскинам, ќе напраам ова, ќе напраам ова, потценувана што ти знам....ај размислувај малце возрасно...[/quote] Никаде не напишав да раскинат..туку да разговараат за проблемите што ги имаат и да ги решат на време.Не знам што е погрешно во советот... Муабетот е да не преќутува на се затоа што од тоа произлегуваат сите поголеми проблеми.Колку повеќе собираш толку појако ќе пукне на крај.[/quote] Вака не сум и љубоморна на нејзе искрено таа му е само другарка и го кажав мојот став за нејзе не реков види грда е ваква онаква туку реков дека мене лично не ми се допага а го решив проблем сеа моментално и му кажав мн добро како да се понаша и ако има неш што не му се допага кај мене дека не треба да ме прифака само за моите добри особини кога сакаш некој треба да го сакаш и со неговите маани решен е проблемот сепак фала за советите <3
Извини не мислиш дека си малку арогнатна спрема некои кои време одвојуваат да ти дадат совет ? Чим ти све ова го знаеш, чим знаеш решение, што ондак бараш совет од нас ? Плус сакаш да не оцениш кој како размислува ?? Браво бе девојче.
па знаеш како викаат ја се си знам се си знам и на крај иди барај го дечко ти по улици дали те вара ,тоа е од знаење.оффф божеее
Лелее во кој правец отиде ова..океј значи 500 пати се заблагодарив за советите и ги прочитав и секако дека сум благодарна што одвојувате време да ми дадете совет..ја не прашав како да раскинам туку само прашав што мислите и што би направиле,пошо за раскинување секој може лесна работа..и најмалце сум тука некој да исмејавам или слично..погрешно ме свати али океј е..немам никаква намера со некој во лоши односи да бидам..а да и не глеам абсолутно ништо лошо во тоа да видам како др.размислуваат во врска со тоа.. Се најубаво
Токму така, побара совет и ние сите ти викаме дека си заслепена девојко.. Праша што би правеле ние да бевме на твое место? Ти кажавме ти пак си тераш по твое. Период ти е, ке дојде време кога ке речеш како можев да бидам толку глупа и ке се чудиш.. Ако те сакал значи си му доволна, ке најде начин да си го задржи “пријателот“ во панталоните (ако за тоа се мисли на користа што ја имал со романката) Повеќе од очигледно е дека нема што да бараш заедно нема иднина таа врска ама ако терај си ... Јас па мислев разумот не дели од животинскиот свет ама изгледа не било така.. Доволно е кажано сега ти пак ке си тераш по свое..
Добро веќе ова почнува со индиректни навреди..така да не мислам да зборувам веќе на темава..фала како и да е на сите што одвоивте време.
девојче никој не те навредува и не е против тебе али сите ти викаме да му маниш клоца на дечкоти зашо не те заслучува и ич да не се замараш со него,ке најдеш некој кој нема да те превари ни еднаш и ке те сака само тебе
Доброо chill out okej..Фала на сите сватив шо сакате да ми кажете и не ви се лутам ..Значи океј ее.. И крај краева како да му акнам клоца кога не можам да живеам без негоо е тоа е целата ебана работа..шо не можам ни минута без него.али нвм.
Девојки тука сте за да дадете совет своеволно, а не да терате некого да раскине! Дадовте совет ок, ако сака дотичната особа ќе го примени ако не што ви е гајле? Да не добивате плата за мислењата? Не, така? По своја желба се пишани, ако толку кошта одвоеното време за пишан совет ондак не пишувајте. Го измалтретиравте девојчето, таа си послуша совети и се заблагодари и сеа треба да му раскине на дечкото само затоа што вие така сте пишале? Ај олабавете!
Здраво на сите девојки . Јас сум нова на форумот и се надевам дека ке си ги разменуваме мислењата и ке дојдеме до најдоброто решение. Еве на пример јас веќе подолго време имам еден огромен проблем. Се работи за нерешителност помеѓу двајца дечковци.Со едниот имав врска 2 години и можам да кажам дека врската ни беше многу убава , се беше супер ништо не ми фалеше. Но уште на почетокот јас запознав друг дечко кој ме остави без здив се вљубив во него на прв поглед. Значи со овој вториот немав ништо посебно но неможам да не мислам на него.Јас и тој кога и да се сретнеме било каде не можеме да останеме рамнодушни.Тој се лутеше и што имам дечко и ми збореше дека не му е филм со мене да е само понекогаш .Јас знам дека и првиот ме сака многу.Моментално сум сама. Вториот дечко не ми е тука тој е на пат 3 месеци и последниот пат кога зборев со него тој ми рече дека му е многу убаво со мене и дека така и мисли дека ке ни биде ако бидеме заедно кога ке си дојде тука.Сега стварно не знам што да правам , зошто не сакам да се играм и да повредувам туѓи но воедно и моите чувства.
Па и сама си кажа дека овој вториот ти го одземал здивот.. Остави го првиот немој да се лажеш себеси а и него, едноставно почекај овој што стварно многу ти се допаѓа да се врати и пробајте.. не е до толку комплицирано..
да ама поради него ке треба да ризикувам врска од две години, а со него ништо не ми е сигурно,кога сум со него чувствувам дека ме гледа на истиот начин како и ас него и секогаш ме прашува што ми значи тој на мене но јас кога ке го прашам не ми одговара.
Чим тебе ти се допаѓа некој друг, заборави на таа врска, без разлика дали е 2 години или 5. Ти не го сакаш тој дечко. подобро е да прекинеш отколку да продолжиш со некој и нешто што реално нема никаква иднина. Не е битно дали се работи за тој вториот, самото тоа што се појавил некој трет кажува дека на врската и дошло до крај..
јас не знам што вториот чувствува за мене.Секогаш ме прашува за дечко ми дали уште сме заедно,ме прашува зошто толку многу ми се допаѓа.. од ова не знам дали да заклучам дека стварно и озбилно е заинтересиран за мене зошто само еднаш на пијано ми има признато дека многу се нервира што имам друг и дека јас само се зафркавам со него.
Очигледно не го прочита погорниот совет, тука не се работи во тоа дали вториот те сака или не! Не е он во прашање.. Проблемот е што ти не го сакаш дечко ти што си 2 години во врска,.. Значи без разлика дали со вториот ке биде нешто или не ке се појави некој друг, па друг.. Тука проблемот е што ти го мачиш тој дечко, што можеби те сака многу ... а ти веке си оладена а сеуште сакаш да го мачиш!!