1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Pa dobro .. Da vo pravo ste .. Istoto i drugarka mi go ima kazhano .. Ali ete posle dolgo vreme vchera mi pisha na msn .. :D Se zaebavavme neshto .. I vo edna situacija me nareche srce moe :inlove: .. Ali neli da.. Nema da padnam na eden takov zbor.. :D Sepak treba da mu se dade na chovek i vreme i slobodno da dishe .. Pa taka da .. go ostavam prv da pishe .. I ja vkluchuvam malce fantazijata i misterijata ... xaxax :D


    -Beautiful 87 - Potpolno se slozhuvam so se shto napisha.. Kako i so ostanatite pod tebe :)
    -Speechless - I jas toa go pomisliv.. Se bi mozhel da napravi, no aj kje mu dademe vreme zashto reche demek koga kje zavrshi so skolo ako sakam kje sedime 24/7 :D
    -Dushica-sk - ;) Taka e sonci !!
    Fala mng za sovetite... Bash mi bea potrebni .. <3
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Дали мислите дека е за раскинување

    Sea za vikendot bevme so decko mi i drustvo, i edna devojka (koja bese so nejziniot decko) celo vreme mu se pustase na mojot :), nenormalna. Nie ideme vo soba a taa ja gledas po nas... da ne gleda sto pravime. E sea go fativ i decko mi kako nekolku pati ja gleda ali sigurna sum deka samo toa bese deka toj ne se ni odeluvase od mene ni za moment. Ama pak tie nekolku pogledi me kopkaat, i ne mi e seedno. Ako moze da mi pisete vasi razmisluvanja?
     
  3. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Па немаш баш опишано подетално колку долго се знаете со таа девојка и од каде. Но како и да е, јас мислам би требала да си направиш муабет со твојот дечко. Јас на твое место би зборела со него, би го прашала зашто ја гледа, дали ја познава од претходно... Па и крај краева, би ја прашала и неа што има толку интересно што постојано зјапа во нас ]:) Сеедно, збори со дечко ти и прашај го дали тој ја приметил целата таа ситуација и како гледа тој на тоа зашто ти во неколку ситуации си се почуствувала глупаво.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    epa se razbira deka jas go prasav, za se do sea iskreno razgovarame. mi rece deka ja videl i prethodno (pred da se znaeme nie) i ako sakal nesto so nea uste od togas bi napravil. decki duri i mi placese, jas ne se somnevam vo negovata ljubov, tuku znaete ne e seedno taka. ama toj navistina e mnogu ljubopiten i samo gleda kako se ponasaat maski, zenski, durii stari luge nego se go interesira :). Sea navistina neznam tie pogledi na koj nacin mu bile upateni ali toa e. Vika deka nema sansi za toa da dozvoli da ni propadne vrskata, a jas navistina razmisluvam. :worried:
     
  5. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Па ако велиш дека не се сомневаш во неговата љубов тогаш нема потреба да размислуваш за раскинување. Ма да претпоставив дека ќе излезе на крај дека ја знаел или видел претходно некаде :) Женска интуиција :) Позз до тебе.
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    a sto bi znacelo toa spored tebe ako ja znael... pisi mi slobodno sto si mislis... nemaj gajle???
     
  7. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Па не дека нешто мора да значи, незнам така почуствував кога го читав твојот пост. Иначе мене ми се има ова случено пред некоја година. Со дечкото што бев тогаш, бевме излезени на кафе и во кафичот во кој што седевме имаше една девојка што постојано го посматраше. Исто како и тебе, јас го видов него неколку пати како и тој ја загледува но ништо не реков тогаш. Тек после неколку дена го прашав зашто ја загледувал, па дали ја знае од некаде... на што добив одговор прво дека ја имал гледано низ град, па после како се имале гледано на исти места каде што излегувале па тек на крај да откријам дека и требале да се фатат ама незнам поради што не се десило тоа. Ако воопшто тоа е вистината. Можда тие имале нешто но јас никогаш не дознав. Но, сеедно, јас немав никаква доверба во тој што бев тогаш зашто знаев дека за такви работи одсекогаш криел, што не е случај со твојот дечко. Едноставно, само тоа си го помислив кога го читав твојот пост, аххх сигурно ја знае од некаде. Тоа е се. Позз :*
     
  8. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    мислам дека не е толку сериозно за да му раскинеш.. но кога ќе бидиете сите заедно следи го како ќе се однесува, а и уште нешто, ја би проверила дали има некаков контакт со неа ;) позд
     
  9. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    А да, и јас би се сложила дека не е ништо толку сериозно за да му раскинеш, само доколку можеш и се сомневаш во нешто, би можела да провериш дали има некаков контакт или пак имал нешто со неа пред да се запознаете вие.
     
  10. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    Значи вака, имам 1.5 год врска, се ни е супер (во граници на нормала) но само понекогаш има некои работи кои тој ги прави а мене ми сметаат илии пак погрешно ги толкувам. На пр. никогаш се немаме искарано, освен така некои површни префрлања што мислам дека е нормално, но во полседно време приметувам дека сака да ми контрира, да ми префрла,едноставно да доминира, и кога сме сами и во друштво. Исто така понекогаш се чувствувам запоставено од негова страна, а тоа најчесто се случува кога има некој со нас. Дали можеби се срами другите да видат дека чувствува нешто кон мене или пак друг е проблемот?
    А да, и морам да спомнем дека слуша само тоа што му одговара, а ако се започне тема за нешто што не го интересира или пак му смета, сосема го игнорира тоа и си збори за нешто сосем друго.
    Не знам, можеби ќе ви изгледа глупо постов ама стварно овие работи кои можеби се ситни ми влеваат сомнеж, дали ме сака, дали му е гајле воопшто за нас. Не велам дека не се однесува добро со мене, секогаш ми вели дека ме сака и знаете ги прави сите тие романтични и емоционални гестови, но понекогаш се сомневам...
    Можеби преувеличувам зошто таква личност сум, немам доверба во никого и секогаш гледам во најлошото. Па затоа сакав да прашам за некој совет, да согледам дали е во мене проблемот или пак во него, за да знам дали треба да разговараме за ова, да се превземат некои мерки, зошто сакам да уживам во секој момент кога сме заедно а не да се замарам со вакви работи..
     
  11. NE-SREKjNA

    NE-SREKjNA Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ...морам да се обратам тука и да побарам совети од вас девојки, бидејќи знам дека сите имаме горе долу слични проблеми штом пишуваме тука...
    неможам повеќе да ја издржам оваа ситуација... имам 18 години, период кога треба да се чуствувам најисполнето и најсреќно но не е така...пред околу 7 месеци започнав да се гледам со дечко кој е 6 години постар од мене... не го познавав доволно, но знаев дека скоро беше излезен од 4-годишна врска... не се надевав на ништо со него, но беше премногу заинтересиран за мене...ме ценеше премногу во однос на се (и во однос на "оние работи'' бидејќи примети дека сум неискусна ) почнавме да се гледаме секоја вечер, затоа и го прашав што планира со мене... беше искрен и рече дека неможе да се впушта пак во нешто посриозно, сака да биде со мене но да не е обврзан, пошто сака да се посвети на работата овој период, несакал ни мене да ме обврзува, нема да можел да ми понуди блискост како што заслужувам... го прифатив тоа, бидејќи ништо не се знае што може да биде, решив натаму сама да пробам да го задржам...ми беше преубаво со него бидеќи ѓи спазуваше сите детали... тој е еден доста паметен и интелегентен дечко што за мене претставуваше уште поголем предизвик. после 3 ипол месеци гледање решив да ми биде прв, таа вечер ме праша 100 пати дали сум сигурна, јас бев бидејќи сакав да го направм тоа со него ( од некоја страна сакав да го искористам тоа да го задржам) се чуствував најсакана тој период...се трудеше премногу околу мене... но почнаа да вртат некои муабети за него... единственото нешто што го барав јас од него беше искреноста, а тој ме лажел ,затоа несакав да се гледаме повеќе но тој продолжуваше да ме бара и да вели дека не е точно...продолживме но почнавме да се гледаме поретко...веќе еден месец се немаме видено, не го барам повеќе но тој ми дава надежи...за тој месец него често го гледам со една девојка една год помала од него...едни викаат дека се мн добри пријатели а други дека имаат нешто, тој се однесува најнормално со мене, и уште комуницираме, али никако да спомне да се видиме (дали е тоа така бидејќи чуствува грижа на совест )... знам дека јас сум крива за се... тој ми кажа што да очекувам но нема враќање...се прашувам дали да дигнам раци од него или да бидам упорна до крај??? дали да го побарам и да објасниме на што стоиме или да ја сватам оваа ситуација како што логично изгледа ??? незнам како да постапам а да не се испонашам бесмислено или детски...зарем не му значат"оние работи'' ништо ???
    п.с. неможам да се замислам со друг, а можам да бидам со кој ќе посакам, бидејќи ме знаат сите како паметна талентирана убава угледна девојка... а јас стравувам од тоа да не се затворам во себе...
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    срцка, незнам што да ти кажам. Тој е доволно зрел за да каже не сакам сега да се обврзувам, вака така. Според моето искуство од исто ваква врска, јас ти кажувам дека тој бара изговори како да не бидете заедно. и мене ми беше така, демек лошо искуство имал, сакал нешто асално сериозно, но мене не сакал да ме обврзува дека сум била мала па да сум си шеткала каде сакам. Во поглед на сексот, немој да мислиш дека некое машко ке остане со тебе ради тоа, и дека тоа му значи, на ниедно машко тоа не му значи, му значи како само да добие нешто таа вечер. мажите можат да имаат секс со секоја девојка, за една вечер, едноставно такви се, не одбиваат.
    и самата гледаш дека си свесна за некои работи и дека сама си го откачила по малку а тој продолжува да те бара??? Знаеш зошто е тоа така?? Па зошто што повеќе ги одбиваш толку се поупорни, или пак затоа што си се согласила да се гледаш со него без обврска. најди некој кој безрезервно ке биде покрај тебе. Кој ке те почитува, ке дели со тебе. Секако не се надевај дека ке биде совршено, како што има почеток може да има и крај, никогаш не знаеме кој е вистинскиот, па нели коа ке речеме она судбоносно да, тогаш сваќаме тој е тој. Затоа, мој совет, не си ставај се при срце. уживај когаси во врска, а ако дојде крај, не се притресувај, туку, продолжи понатаму, а за врската кажи си само дека било убаво додека траело.
    јас викам, она што следи мора да е поубаво од она што веке изминало.
     
  13. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Ne-Sreknja немој да се затвараш во себе и немој да се обвинуваш дека ти си крива за се. се сложувам со sunshine но не секогаш тоа може да биде причина, може навистина сакал некој период да биде сам. затоа најубаво бидејќи сеуште контактирате а изгледа и ти го свиѓаш малку повеќе :) да си се договориш да се видиш со него и да си направите муабет, да се објасните и така ќе си знаеш на што си а и нема да му ја мислиш понатаму или пак да размислуваш што би можело да биде доколку сте разговарале, а и немаш што да изгубиш,нели? :D .сметам дека тоа воопшто нема да биде ни детски, туку бас напротив ;)

    Yummy
    кога го прочитав твојот проблем до некаде се пронајдов во него и мене ми го прави истото во последен период нон стоп да контрира или се му смета што ќе кажам, се чуствувам запоставено ама јас лично сфатив дека проблемот е во мене дека јас премногу очекувам и дека секогаш очекувам он да ја направи вистинската работа или да го каже винстинскиот збор, а може и он се наоѓа во лош период или пак чуствува притисок, затоа решив малку да ги олабавам работите и да не очекувам премногу. размисли може и ти како и јас премногу очекуваш или пак сакаш он секогаш да мора да ја направи вистинската работа и кога нема да биде така се разочаруваш или пак едноставно има лош период. разговарајте и да несака еднаш, два пати. третиот пат нема кај да бега :lol:
     
  14. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Мила и јас до пред некое време бев во слична ситуација. Може и уште сум, незнам :) Најдобро ќе биде да си направите муабет, од каде тоа, зашто, како... Прашај го во што е проблемот. Можеби е само некој лош период, можда сте и двајцата под некој притисок, можеби е он... Ние мислам некако го пребродивме тој период, кај нас постојано имаше некакви расправии кои траеја веќе неколку месеци, но после неколку разговори решивме или да ставиме крај на врската или да се обидеме и двајцата да промениме нешто. Секако се одлучивме за 2та варијанта и сега за сега, да чукнам од дрво добро ни иде :) Ти посакувам многу среќа и да ни се пофалиш во најбрзо време дека се средиле работите помеѓу вас. Ако нешто не иде, направете кратка пауза, остави некое време да му недостигаш а и тој на тебе. Можеби тоа ќе ви помогне да сватите дека не можете еден без друг и само си стварате непотребни нервози со таквото однесување. Биди ми позз :*
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    mila,odgovorot e ednostaven-ako sakas se uste da bide so tebe pod bilo kakvi uslovi,pobaraj go gledajte se.
    ako ne sakas neizvesnost i go sakas vednas za sebe-nemoj;
    ne znam za kakvi muabeto zboris,no mene mnogu mi se svigja od negova strana sto ubavo,iskreno ti kazal kako stojat rabotite,kamo site maski da bea takvi.
    i ne ocekuvaj toj tebe da ti priznava nesta,da razgovara so tebe za sekakvi temi,zasto toj tebe ne ti e ni decko i ne mozes da ocekuvas niti da se lutis sto ne ti ja kazal bas tebe vistinata-ti na seto toa si se slozila uste vo momentot koga si prifatila da se gledate na samo onaka.
    po mene mozes da mu se javis zasto i nema sto da izgubis(vekje si spiela so nego za prvpat),barem imaj si ubavi momenti.no nemoj nikako da go pritiskas da se gledate,da prodolzite seriozno i slicno,taka samo ke go otturnes.
    ako se resis da mu se javis,bidi so nego zasto ti si go pravis merakot,toa vreme so nego iskoristi go za smeenje,zabava,ne za muabeti nekoi oizbilni,otkrivanje tajni i slicno.taka i ti pomalku ke se povrzes so nego.
    i vo megjuvreme nikako ne se zatvaraj i ne prekinuvaj kontakti so drugi momcinja-ne vi e vrskata seriozna
     
  16. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Колку што јас успеав да разберам, дечкото уште на почетокот ти објаснил што можеш да очекуваш. Мислам дека ти си знаела дека тој не сака да се впушта во врска со тебе, т.е. да бидете заедно, нешто како врска без обврска. Не би имало логика да го напаѓаш за нешто сега, но незнам и што сакаш да кажеш со тоа дека тој те лажел. Доколку се тоа некои големи лаги тогаш одговорот го знаеш и сама. Немој да дозволиш никако некој да си игра со тебе. А доколку мислиш дека оваа врска би имала некаква иднина, тогаш дај му време, не го напнувај ако тој ти кажал дека сега не сака да се врзува, остави го некое време, но како што сфатив, вие се гледате веќе 7 месеци, а за тоа време мислам дека тој би требал да знае што сака. Како и да е, направете муабет и разјаснете на што сте и кон што води сета таа ситуација, дали би имало логика ти да го чекаш него или едноставно е подобро секој да си продолжи по својот пат. Прашај го секако за таа другата девојка, дали му е само добра другарка или нешто повеќе, зашто не би било ОК тој да е со тебе и со некоја друга. А за тоа што велиш дека неможеш да се замислиш со некој друг... сега така збориш, зашто си заслепена по него. Кога ќе запознаеш некој друг дечко ќе се смени ова ;) Уживај, дружи се, излегувај, немој никако да се затвараш дома. Ако иде, иде, ако не тогаш продолжи понатаму, запознавај нови луѓе и за кратко време ќе видиш дека се ќе се промени на подобро. Позз :hai:
     
  17. t-a-z-n-a

    t-a-z-n-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Imam samo 18 godini i 3 godini sum vo vrska. Vrska koja mi go zgorci zivotot, koja me spusti na mnogu nisko. Patev i seuste patam. Sekogas stavana na posledno mesto i ponizuvana pred site. Dopustiv premnogu no nesto ne mi davase da recam kraj. Se resiv nekako no bas togas rabotite se svrtea naopaku. Toj bese ponezen i mi kaza deka se maci zradi tie nepravednosti nanesuvani na mene od negova strana...Rabpotite bea pooladeni no ete go sakam. Dodeka toj ne bese tuka za mene i pokraj mene vanimanie i neznosti dobivav preku telefon od drug covek no nabrgu staviv kraj. Bev vo tezok period i barav samo uteha. Si pisuvav i so drug za koj kopnbeev so godini koj porano koga bev slobodna toj ne bese dostapen. I sega mi se davase celiot placese za mene me sakase i me saka seuste. Si pisuvavme se slusavme i dojde denot koga trebase da se vidime. Otidov... i si pominav preubavo... i uste ednas..... i uste ednas ... bev na sedmo nebo sakav da bideme zaedno edvaj cekav da si otidam doma da se trgnam od decko mi za da otidam so nego. neznaev so da pravam i staviv i na toa kraj. Zavrsi so placenje i nervozi. So decko mi nemozev da raskinam iako i do den deneska vrskata ni e samo za koga sme sami togas me saka najmnogu a vi javnost zenska kako da se nema... seuste mislev na toj drugiot i otidov i vcera pak no se bese po ladno i distancirano si rekov deka e posleden no....i ne mi e seedno znam deka zasluzuvam podobro i poubavo so bi go dobila od toj drugiot. Neznam dali e navika ili ljubov toa so mojot decko. Nekogas doagase do toj stepen zaradi tie ponizuvanja od stranata na deckoto da bidam pokazuvana i so prst. Znam deka mozam da bidam srekna no kako????
     
  18. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Па ти најдобро знаеш што би те направило среќна, никој од нас не може да ти каже како и со кого. Пишуваш дека со дечко ти не можеш да раскинеш. Зошто ? Ни кажа многу причини, поради кои те направил несреќна и понижена. Зошто тогаш сеуште се двоумиш дали да останеш со дечко ти. Три години се повеќе од доволно за да сватиш дали го сакаш вистински или се е навика. Размисли добро, стави си до знаење колку вредиш и дали заслужуваш да трпиш такво однесување од него кон тебе. Млада си и животот е пред тебе. Па среќно! :)
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ТАЖНА не знам зошто си уште со дечкото,веднш треба да раскинеш со него, не те заслужува некој кој те прави тажна и те навредува кај ќе стигне.Како можеш да го поднесеш тоа понижување во јавност, па тој дали е свесен дека ти нанесува огромна болка! Ти си пробала ли да разговараш со него,да му кажеш дека не си среќна во врската? Најдоброто решение да раскинеш со него и да се оддалечиш колку можеш повеќе од него,заборави го и остави ги лошите моменти зад себе. А за овој другиот дечко не знам шо да ти кажам, те сфаќам дека ти било многу тешко со дечко ти, па си нашла утеха кај друг, ама прво расчисти ги работите со дечко ти и раскини со него, па после ќе видиш како ќе ви оди со овој другиот,а кога ке бидеш слободна ќе запознаеш и други машки нема само он да биде.
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    kako moze da bides srekna so nekoj koj dosega ne te napravil niednas srekjna,osven ponekogas koga ste sami??
    kako moze da ti bide nekogas ubavo so nekoj koj edvaj go gledas?
    imas 18gdini za zboruvas kako da si so decko ti vo brak dolgi godini i ima mnogu pricini poradi koi ti e tesko da se razvedes.
    celiot tvoj post sam kazuva deka ne treba da si so ovoj,i sdamata znaes ama ocigledno ti treba i poddrska od drugi za da te ubedat deka ne gresis,pa da znaes deka ja imas,ako nisto drugo od mene i devojkite nad mene,a ne veruvam deka ke se najde nekoja koja ke misli obratno ;)