Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Девојко ти си со сегашниот дечко од страв да не останеш сама, тоа го заклучив од твоето пишување, несакаш да ризикуваш за вториов да не останеш после без ниеден. Епа ризикувај, ако си толку затрескана ризикувај, премногу е краток животот за да не го правиш тоа што тебе те прави среќна. Па и да останеш сама повторно ќе најдеш друг во кој ќе се заљубиш нема сигурно сама да останеш цел живот. Имаш само 20 год. којзнае уште колку врски ќе ти следат во животот. Кога имаш шанса искористи ја, раскини му на дечкото и не го измачувај ни него ни себе си, пробај со другиот дечко штом толку те привлекува.
    Со среќа па пиши ни што станало :)
     
  2. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Девојки сакам и јас да слушнам ваше мисленје за мојава ситуација. Со дечкото сме заедно 8 месеци, добро се сложуваме,се разбираме немаме некои сериозни проблеми и караници,нормално има некои ситни глупости....... он е смирен тип, така по малце резервиран,не се отвара премногу не само со мене туку и со други луге и самиот ми го кажува тоа... Е сеа тоа што мене најмногу ми смета,до сега ми нема кажано дека ме сака јас на него да мене тоа ми е многу чудно...Значи ми обрнува внимание,секое слободно време го користи со мене,работи 2 работи па е малце тешко некогаш.... можам да кажам дека тоа ми го покажал,ама не и кажал...и јас за тоа се нервирам па и му префрлам некогаш онака одоколу, ама не сакам па да напнувам многу и да бидам досадна и да се спречкаме за тоа.. Што мислите вие,дали некоја од вас била во слична ситуација? ПОздрав :)
     
  3. whiteflower

    whiteflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Тој дечко работи во странство и доаѓа само на 3 месеци,така да сега моментално немаме контакт но кога ке се врати кога ке го видам ке ви пишам тогаш што се случило . Фала за советите :) :*
     
  4. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Да,јас бев во многу слична ситуација..Само чекав да му дојде моментот за да конечно реши да ми каже те сакам.Знам дека е обично зборче и поважни се делата од зборовите нели,ама па потребно е да го слушнеш..мислам жени сме!! Јас чекав предолго можда 1ипол или 2год..и дури тогаш ми кажа 2-3 пати и толку.Пробај да разговараш со него најсмирено и отворено,објасни му дека си девојка на која и треба еден убав збор понекогаш.Не го напаѓај во стил зошто ти не ми кажуваш дека ме сакаш и сл,туку отворено кажи му дека ти недостига понекогаш да го чуеш тоа.Ќе видиш што ќе ти каже,и не се замарај многу многу со тоа,не дека не е битно во врската,ама обрни внимание и на другите работи.
    А како тоа немате контакт а дечко ти е? Зошто не се гледате на скајп или нешто сл?? :o
     
  5. whiteflower

    whiteflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Не ми е дечко.Ви пишав дека моментално сум сама ...
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не знам зошто се замараш со вакви работи, и самата викаш дека ти е убаво и дека ти посветува внимание ..Верувај најбитно е да ти докажува со дела отколку само да го збори а ниту еднаш да не го почуствуваш тоа.. Зависи од човекот, секој покажува емоции на различни начини! Затоа нека не те става во мислење неговото понашање. Уживај и не се замарај со небитни работи, се ке си дојде во свое време!
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Можеби грешам, можеби не, но вакво размислување не ми е својствено за девојка од 24 години.

    Како и да е, нема потреба од толкаво детализирање на некои работи.
    Многу е подобро да почуствуваш дека некој те сака, и дека му значиш, отколку да слушнеш.

    Размисли вака, што повеќе би сакала ти, некој да ти кажува дека те сака а тоа да не ти го покажува, или некој да молчи а да те опсипува со љубов?

    И мислам сама си го даде одговор на „проблемов“, дека дечкото е затворен, дека не искажува лесно чувства, затоа сфати го, и дај му време, не дозволувај заради тие две зборчиња да имаш проблеми во врската.
    Едноставно опушти се, и уживај, неговото „те сакам“ ќе те изненади кога најмалку очекуваш.
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Тоа е, такви сме ние жените. Потребно ни е внимание и доказ за љубовта, а и зборови. Кога само ни кажуваат, сакаме доказ. Кога само ни покажуваат, сакаме зборови. ЖЕНИ. :lol: Ако ти докажал повеќе пати дека те сака, ако ти посветува внимание и покрај тоа што работи две работи, нема зошто да се грижиш. Седни го, погледни го во очи и кажи му ТЕ САКАМ, и направи фацка како да очекуваш и ти нешто, па можеби ќе ти врати. :) Ако не, прашај го смирено зошто никогаш не ти кажал. Кажи му дека ние девојките сме такви, обрнуваме внимание на секој мал детал од врската и сакаме понекогаш да ги слушаме тие два збора, кои изгледаат ништо, но нас ни се многу важни. Сигурно нема да остане рамнодушен на тоа. И не грижи се за тоа дали напнуваш или си досадна. Нема ништо лошо во тоа да сакаш да ти ја кажува неговата љубов, не само да ја докажува. :)
     
  9. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Девојки јас сум нова и би сакала да ми дадете некој совет,бидејќи незнам веќе што да направам.Имам дечко скоро 2 години и цело време откако сум во врска со него имам проблеми со бившите негови.Значи прво со фб,ама го средив тоа некако.Потоа кога некој негов другар имаше роденден или нешто слично секогаш имаше по некоја таму од бившите.Еднаш се случи заедно да бидеме на роденден кај негов другар и таму секако бивша.Незнаев што да правам,кога ја видов се налутив премногу,затоа што мислам дека другар му треба да има малку почит спрема мене како негова девојка .Тој не седеше со мене за време на роденденот,доаѓаше до кај мене на моменти кога ќе му текнеше и кога го прашав зошто ,изговорот беше ,сега ќе цитирам "Па морам да седам и со нив,не сум ги видел...неможам цело време со тебе".Добро помина и тоа и после дојде ден кога истиот другар го викна да прошетале заедно и она со нив,бидејќи не се виделе одамна,повторно тоа.Незнам што да направам .Сега другар му му остави песна со наслов,како што се вика една негова бивша девојка .Многу се изнервирав и незнам веќе како да постапам,ве молам помогнете ми! :( :( :(
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    И самата си кажа БИВША! Не може неговиот другар поради тебе да не се друже со неговите бивши. И зошто да се лутиш што бившата му била таму? :^) И зборувај со него, ако ти смета тоа што го прави неговиот другар. Велиш дека друга му се дружи со бивша му, па можеби таа сака да ве раздели и затоа го тера него да прави така. Ако има нешто порано или подоцна сигурно ќе дознаеш. Немој да се нервираш поради такви работи. Ти си сега со него, остави го минатото за вас. А колку време сте заедно?
     
  11. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Заедно сме 2 години . Значи мене не ми пречи дека е бивша ми пречи тоа што тој им придава големо значење и што тие се мешаат .Значи мислам дека само заради тоа имам најмногу проблеми и баш кога се ќе се смири,мора да се поојави некоја . :worried:
     
  12. srnicka1

    srnicka1 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Јас мислам дека проблемот е во дечко ти не во другарите и бившите .Ти треба да разговараш отворено со него и да му кажеш за проблемот. Можеби тој не е свесен дека тоа тебе ти пречи.А две години период не е малку за да не можеш да разговараш со него на таа тема.Мислам дека ако му кажеш отворено дека тоа те мачи тој ке го реши проблемот најдобро .
     
  13. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Работата е во тоа што тој не сваќа дека ми пречи.Цело време ми вика не збори така ,нема врска и други работи . Сме збореле милион пати,џабе! Незнам веќе како да се справам,имам се пробано :worried:
    Свесен е за сите работи што се случуваат,ама несака да свати или неможе,незнам .
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    A имаш пробано да му раскинеш па да свати што прави? :^)
    Значи ти си му кажала дека ти смета, а тој пак продолжува со старото. Можеби има нешто повеќе тука. Испрашувај го малку па сигурно ќе познаеш по неговата фаца дали лаже или не. Сепак заедно сте 2 години, доволно долго за да го познаваш добро. Превземи ја работата во твој раце. Ако не сака да те свати и да престане да се однесува така како што се однесува кажи му :hai:. Ако и тоа не успее, можеби не те сака повеќе .. или не знам што друго би било.
     
  15. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Тешко ќе ми биде да му раскинам,а сум мислела многу пати да го направам тоа.Упорно ми вика да не се грижам,не го интересирале тие личности.
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Те читнав од почеток, и ти викам да не се замараш....ако ти вика нема ништо-тогаш нема ништо.
    И доста веќе му досаѓаш со едни исти прашања.
    Биди весела, позитивна, прави се дека не ги приметуваш тие негови бивши, едноставно тие се невидливи.
    Ти си му девојка, прави се важна во нивна близина т.е. кога ќе ги видиш....така одлетал до кај него, бакни го, гушни го и отиди си пак кај што си била, не мора цело време да сте еден до друг.....не прави љубоморни испади, само ќе го оддалечиш од тебе. Посматрај од страна, гледај со едното око, ама не се мурти, смеј се, прави се дека се забавуваш и тој ќе си дојде сам кај тебе.
    Бивша си е бивша, дури некогаш на шала можеш да речеш и дека има добар вкус за девојки и додади дека сепак ти си врв т.е. шлагот на тортата....сето тоа со шмизларски потези :emo: и со смеа....засмејувај го, така повеќе ќе го придобиеш, ќе мисли дека има кул женска. ;)
    И на фејс, тоа што некој ставил песна со име на некоја бивша....за инает стави лајк и неколку смајлиња.
    Ајде сега, уживај и не се замарај многу, многу. :)
     
    На mims-89, EMoonlight и marama им се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Не можам а да не се согласам со Лолита, плус повозрасна е, слушај ги возрасните ;)
    Дечко ти две години е со тебе, ако сакал да е со бившата девојка ќе бил.
    Додека сум со дечко ми, повеќе од 3 години, секој ден му се јавува бившата, на моменти ме нервира ама ни тој не го сака тоа. Многу често знам да му пратам или запеам песна со нејзиното име.
    Плус ако е бивша зошто да не е во нејзина близина? Па има многу бивши партнери што се после врската добри пријатели. Тоа не подразбира секој ден гледање, но ете понекогаш зошто да не?
    Олабави се, ти си му девојка.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Ќе дадам се од себе да ве послушам.Па ако не успее ни тоа,дефинитивно ќе ставам крај.ФАЛА премногу за советите.Ми помогнавте да се чувствувам посигурно. Па ќе ви пишам обавезно ако има нешто... :* :* :*
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    А бе девојче каков крај, какви бакрачи....само смени тактика....ме сфаќаш. ;)

    Сите си имаме свои моменти и испади на љубомора, ама кога таа не пали тогаш мењаш тактика....стануваш онаа која не се замара, која е самоуверена и не дозволува некои бивши да влијаат на нејзината врска.
    Еве ќе ти кажам пр. од мојата, ај да ја наречам, младост-на времето, случајно налетавме на една бивша на мм (тогаш бевме дечко и девојка), малку типката ми се испонаша што страшно ме извади од кондури :@ кога си подзамина дотичната г-ѓица, јас само ја измеркав од глава до петици и му реков-види девојкава е ОК, само понекогаш се чудам како покрај ваков вкус за девојки, излегуваш со мене....мислам јас за оваа сум ти Клаудија Кардинале :emo: :D (кој гледал ЖЕНСКИ ОРКЕСТАР на времето може и ќе ме разбере зошто баш таа :D )

    На ова мислев-малку засмејувај го, прави шали, смешки, биди интересна, љубоморна ама и забавна....се надевам ме сфати.
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Абе сега, ете ги прочитав и мислењата на другите феминки и на некои не им смета на некој да. Ама сметам дека е многу нормално да ти смета што он комуницира со бившата..Нормално е да почуствуваш љубомора и по малку да бидеш навредена од неговата потреба се уште да контактира со нејзе и у најлош случај да се гледа. ЈАс би помислила зарем не сум соодветна замена?? Ти го имаш секое право да го кажеш својот став, и да му кажеш дека не ти се допаѓа таквиот однос, но се разбира ако се сомневаш дека станува збор за повише од пријателство..Ама за да не си направиш поголеми проблеми искрено ти треба да ги држиш картите во рака. Немој да се противиш на нивната комуникација. Колку и да е несватливо и колку и да звучи разочарувачки можеби му е многу полесно да разговара со нејзе ..ти го кажувам ова од искуство бидејки јас со мојот бивши сеуште комуницирам и ретко ама понекогаш се дешава искачаме и едноставно многу ми е полесно да му кажам што ми лежи на душа па дури и не ми е чудно за сегашниот (т.е веќе бивши) да му зборев.. ако ти му ограничуваш и ставаш лимити тоа само ке донесе контраефект. Он ке продолжи да збори со нејзе само што овој пат ке се крие. И послем си паднала во уште поголема беља. зошто место да ти каже се да се крие и да лаже?
    Научи се паметно да играш во ваква ситуација. На крај краева до кога може да трае тој однос? Додека она не си фати друг дечко ;) сигурно не секогаш