И јас кревам два прста за совет или подобро кажано за поддршка Ќе се трудам да сум кратка, ако е можно. Со дечко ми сме 3ипол години, ама последниве 4 месеци се гледаме ептен ретко зашто има проблеми со здравје и освен до лекар, не оди никаде на друго место, буквално. Нормално, тешко прифаќав, ама се трудев да останам смирена. Не ми рече ниеднаш дојди кај мене да поседиме и тоа го прифатив-имам приметено дека поради лошо искуство со бивша не сака многу зближувања на девојка со неговите, додуше ни јас посебно, иако сме се виделе неколку пати и односите биле ок. Плус поради терапијата доста спие, сестра му со мали деца е често кај нив на гости и ајде не се бунев за тоа што не ме вика. Ама сега ми прекипе. Падна муабет за НГ пред некој ден, го прашувам што како планира, ми вика да види со лекар. И пред малку, уз муабет, му викам, а добро кога гледаш дека може нема друго решение, а празник е, како не ти текна да речеш ќе дојдеш кај мене да поседиме Одговорот му беше дека неговите ќе имале гости, тоа време плус најчесто спиел, а не сакал ни да стане кога му била вака глупава ситуацијата Епа тука навистина збеснав, му кажав дека толку време на се ќутам и сум толерантна, ама дека вакви глупави изговори нема да трпам. Му посакав да оздрави што побрзо и дека ако сум му битна и сака да продолжиме знае што треба да направи, ама дека нема преку ова да поминам. Не дека ми е посебно битна НГ, ама за што ме мисли он мене?! Знам дека не е лесно 4месеци да си затворен дома, ама јас сум најмалку крива, не ми ни дал шанса некако да му помогнам. И на сето тоа што го кажав, бидејќи беше и полузаспан, ми рече само ок, а знам дека е така зашто не ме сфатил сериозно и си мисли дека ќе ми биде криво и ќе го побарам. Не сакам еден ден да ме обвини дека ја сум била безобразна и сум го оставила болен, ама Боже мој, што повеќе јас треба да поднесам?! Не ми рече дојди, а јас го откачив за да одам со друтво да се пијанчам, па да треба да осеќам грижа на совест. Ич не ми е лесно, јас си знам како ќе се осеќам следниве денови, ама мислам дека ова беше навистина максимумот што би го поднела.
па вистина ја претерал дечкоти,ок е тоа што е болен што иде на лекар ама мајку му па што не рече као што викаш еднаш иди до кај мене,а ова со нг вистина е претерано,и ја до пред некој ден бев во таква ситоација со дечкоми,он ми кажа дека мора да иде на работа а вика ти ке бидеш дома ,работата му е таква што он ако сака може да не иде или да се мени,може за нг има повеке пари и тн али ја тоа го заслужувам,и се испокарав со него се наутив и на крај попушти,цел ден му се лутев тел не му кренав коа звонеше и на крај попушти,може ке ке најдете некое решение позз,
A зошто не помислиш дека тој можеби намерно се однесувал така, не затоа што не сака зближувања, или затоа што не сака да ја помине НГ со тебе кај него дома, туку затоа што поради неговата болест тој се чувствува како да ти е товар, па на некој начин гледа да го избегне тоа. Можеби тој всушност сакал и да те натера тебе да славиш НГ со друштво, ама без да чувствуваш некое сожалување кон него, или за тој да не чувствува дека ти е некоја тежина или ти врши притисок. Можеби тој едноставно така мисли дека е најдобро за тебе и всушност наместо да те остави сама да одлучиш, тој ти ја наметнува одлуката. Ако има смисла нешто што кажав...
Фемија јас би те советувала повторно да разговараш со него. Од една страна треба да го разбереш да, но од друга страна секако можел да те викне да седите дома кај него за НГ. Го разбирам тоа што и двајцата не сакате да се зближувате со родителите но зар една НГ вечер толку многу ќе ве зближи? Па што ако неговите имаа гости за НГ, вие може да си седите у посебна соба и да си гледате филмчиња, на крај краева па може тој да дојде кај тебе... Поразговарај со него и решете ја ситуацијата, ако одбегнува да ја помине НГ ноќ со тебе тогаш кажи му дека ќе си искочиш со друштвото затоа што сама нели во никој случај несакаш да останеш. Значи ако сака да е со тебе ќе најде некакво решение, а решенија има. Ако не треба да размислиш што ќе биде понатаму со вашата врска. Сопред мене во случајов не е некоја голема пречка болеста штом може да седите дома.
Бев во слична некоја си состојба како дечко ти, значи само сакав да спијам и ништо не ме интересираше. Ама барем мене кога ќе ми ѕвонеше љубовчето по телефон се будев и рипав по телефонот па и колку да немав сила, доаѓаше секој ден да ме ѕирне и ред, ред други работи, а ова твоево ми е малку чудно ( прости, ама незнам до колку му е згрозена здравствената состојба)! Заедно сте три години, а ти имаш приметено, а не докажано од негова страна дека не сака својата девојка да ја зближува со родителите поради лошо искуство со бившата ( било што било, сегашноста му е со тебе), затоа поразговарај околу оваа тема, па и три години не се малку, сепак заедно сте толку време. Дечкото може е разочаран од болеста, не е ни свесен бидејќи користи терапија, минува низ тежок период... трпение - спасение ,стави се во негова кожа. Што е до Новата година, без разлика за било кој празник, сите слават со оние кои им се најмили и блиски, барем кажи му го ова, а ако сака ќе најде начин, не го тераш да лумпува, туку заедно сте.
Ах, девојки, ни јас не се осеќам многу убаво што ете болен, а јас го оставив, ама мене лесно да не ми е цело ова време?! Еден период секоја вечер си легнував мислејќи дека ме мота нешто, значи до таму бепе дојдено, се додека не видов дека е вистина. Мимс, знам дека нема да смени уште еден разговор ништо. Решение има ако сака и тоа сам требаше да му текне, а не јас да му го кажувам. И кое му е па тоа однесување, јас да размислувам што како, а он мене да ми каже едно ок?! Епа и јас имам некое самопоштовање.
Колку и да е болен,ако те сака навистина(извини за ова),ќе те побара ќе сака да бидеш со него,да му бидеш поддршка за време на тешкиот период.И да заедно сте 3 години и без разлика што има проживеано во минатото,мислам дека не треба да се сеќава на тоа,треба да изгради ново нешто со тебе,бидејќи сите не сме исти.Треба да разговараш дефинитивно.За НГ се сложувам со Mims и Feferona.
Леле душа Мислам дека најдобро ќе биде да почекаш ден-два без да му се јавуваш,можеби ке сфати дека си во право и ќе те побара,а доколку не,тогаш јави му се за 2 дена и кажи му дека ти е жал што толку бурно си изреагирала ама единствената причина поради која си го направила тоа била дека сакаш да си со него.Кога веќе он не не може да дојде со тебе,тогаш зошто да не одиш ти кај него,па штп ако имале неговите гости,он веројатно има посебна соба,а и сигурно не сака да ја помине таа вечер потполно сам во своја соба спиејќи..Дури и да спие толку многу колку што викаш,зошто да не си спиете заедно,пак е поубаво чувството...
Можеби намерно го прави тоа затоа што не сака да ти биде товар. Можеби е таков тип на човек што не сака сожалувања и не сака да биде ничиј товар. Но треба да те свати и тебе. Значи ти си толерирала се што му се случува на него и болеста и тоа што постојано спие и тоа што ретко се видувате, значи се. А сега тој така да ти враќа.. не е фер. Можеби не гледа што се случува околу него и дека те повредува со твоето однесување. Зошто не пробаш да зборуваш пак со него, кажи му дека ти си тука за него секогаш да му помогнеш и дека поубаво ќе ти биде со него на Нова Година да спиеш, одколку со друштвото. Ако остане и на оваа рамнодушен, остави го. Дај му простор да размисли што прави и можеби ќе му текне дека има девојка и дека треба да ја побара.
Не го барам веќе зашто се изморив. Сето тоа го знае и му е кажано. Има цела недела да му дојде памет, а за после не одговарам каква ќе бидам јас.
Фемина90 ... од една страна тебе те сфаќам од др него. Но да знаеш не се однесуваме исто ние жените и тие мажите кога се работи за лоша ситуација .... Страда ли од анксиозност? Ако е тоа тогаш неговото опоравување ќе трае долго и нема да е лесно. Ти ако имаш нерви и трпение ќе му помагаш. Тој е во незгодна ситуација, се чувствува лошо, не сака ти да го сожалуваш и да ти биде терет како што кажаа девојките, се плаши еве од твоите реакции ... ама машките едноставно сакаат само да бидат сфатени и толку. Ние сме сепак други, сакаме се да знаеме, сакаме објаснувања, сакаме да ни е погодено ама тие тоа не го сфаќаат. Затоа ако сакаш да биде се во ред ќе се прејавиш и ќе му кажеш дека го разбираш, дека сакаш да му помогнеш колку можеш но дека на ништо не го присилуваш ... туку му даваш време и поддршка за да успее да се излечи. И ако ти се оди, оди со друштво. Тоа што не те вика дома е јасно, резервиран е и не сака уште од сега да се вмешани и неговите, всушност ти кажал и зошто. Ние жените едноставно сме скроени за да ги разбираме во се, тоа е нашето бреме. Не расипувај долга врска тек така. Сепак љубовта е кога си тука за добро и лошо.
Фала Џули на долгиот пост, ама нема врска со анксиозност, туку со крвта си има проблем. И точно, треба да мирува и да е дома, но може да е со луѓе. Празник е, не може да ми рече дека сакал да преспие, а уште помалку дека дома ќе имале гости неговите. Тие гости мене ме знаат и ме виделе, 25 години има, да не се срами дека ќе го зафркаваат дека има женска Освен тоа, си има соба, сигурно не планирав да седам со гостите и сигурно не би седела со саати, туку културно ќе си станам и отидам во нормално време. Може ќе ми биде криво еден ден, ама и јас сум од крв и месо, не можам цело време јас да сум таа што ќе мисли за двајцата. И јас сакам еднаш во овие 4месеци да видам дека помислил на мене. Му кажав убаво дека ако сум му битна, ќе се снајде, па макар и да ми рече ќе се повозиме малку низ град. Ако не, што можам јас повеќе
Аха, ок ... па пак му влијае. И јас кога бев доста анемична слабо или скоро ич не излегував, ми влијаеше психички. Тогаш немаш сила, волја за ништо. Само желба да се опоравиш што побрзо. Како и да е штом си решила така нека ... остави не го барај. Сам ќе те побара и верувам ќе размисли добро како ти е па ќе реши да се поправи. Се надевам и дека новогодишната ноќ ќе ја поминете заедно.
Фемина јас баш мислам дека болеста треба да ве зближи, да сака почесто да си крај него. Мене ова не ми се допаѓа. ПЛус ако е анемичен тоа не е некоја стршна болест, па он да мора сам да е и постојано дома. Баш мислам дека понекогаш чист воздух, прошетка со тебе супер би му дошла. Штом има своја соба зошто да не си почесто кај него, не ти да се наметнуваш туку тој треба да те вика. Полсе три години можете да ја имате таа слобода да побарате помош, подршка од другиот. Јас не би чекала да помине време, би му се јавила, би отишла ако треба и непоканета кај него да поразговарате. Кажи му дека не ти пречи тоа што е болен, дека нема да ти биде твар да бидеш покрај него и дека сакаш да си покрај него. Заедно треба да поминувате и лоши и добри работи. Дека сакаш за Н.Г. да бидеш покрај него барем 2,3 часа, не бараш повеќе. Јас не би издржала 4 месеци верувај.
Не е анемичност, друго е, ни јас не разбирам што и како докрај. Дека не може да шета, не може, тоа е сигурно. Тоа така непоканета да му одам, може сум грешка, ама ми е некако понижувачки. Плус други луѓе таму, јас така да се појавам, не ми оди. И колку пати веќе да повторам дека сакам да сум со него, а он да не мрдне со прст за тоа. Пак ќе кажам не ми е мене толку леле НГ не знам ти што, туку неговата пасивност што не знам од каде доаѓа. Ама очигледно реткото гледање си го прави своето, а за тоа не сум јас крива.
Не мислав само за Н.Г. факт е дека на сите не ни значи многу. Мислев општо било кој ден од 4 месеци може да те побара и да посака да си покрај него. Тоа е битното тој да посака. А ако не можете да се разберете по телеффон, тој е поспан и пасивен зошто да е понижување да отидеш? Но, ти си знаеш. Според мене нема смисла 3 години да прекинат заради ова, но мора да поработите на вас.
Се сложувам, особено со последната реченица. Само што додека он не ми даде барем мал знак, не сакам да се трудам. Наместо да направи нешто, он не се јавува од вчера вечерта и сега јас демек треба да се покаам, да ми биде криво, пак да не си гледам за себе и да му се јавам и да му речам ок. Ама се зезнал.
Искрено и ја мислам ко Марама, појави му се дома и отвори ги картите . Кажи му што ти смета , кажи му како се чуствуваш, кажи му дека ти треба, дека сакаш време со него да поминеш. За понижување и не епонижување ако више идете 3години. Едноставно, дај си последна шанса за ова да се избориш. Додека не разговарате отворено, ништо не правиш, отвори картите кажи си што ти смета. Вака да оставиш на него да му текне, НЕМА да му текне. Избори се макар за псоледен пат. Ама со отворен муабет. Ако не иде, не иде тоа е тоа, така требало д абиде. Мада сепак мислам дека на детето малку му е и незгодно шо ете е болен и не би сакал сигурно да те вржува за себе, ме сфаќаш. Мислам дека не станува збор за тоа дека не е заинтересиран и случно, ами нејќе д ате вржува. Али кажи му го све тоа. Па не можеме да читаме мисли/. Биди отворена, не преку телефон, очи в очи .
Здраво на сите! Голем фан сум на Фемина и еве сега конечно се решив да се зачленам и ми треба совет- мислење од вас кои знам дека сте многу поискусни од мене. Значи, сум прва година средно и уште од првиот ден видов едно момче што многу ми се допадна.Не знаев ништо за него али со текот на времето се распрашував индиректно и дознав некои работи . Бидејќи го гледам секој ден се повеќе ми се допаѓа и допаѓа, по ходници, во бифе понекогаш оди со истиот автобус со кој што одам и јас .Но секако моите другарки не знаат дека го свиѓам бидејќи уште е рано и немам стекнато доверба во нив. Едната од нив се знае со него и ми кажа дека се распрашувал за мене....после неколку дена се запознавме и тие почнаа да ме рафркаваат дека ме свиѓал. Можеби е вистина , а може и не дека од кога се запознавме постојано доаѓа се поздравува со мене, ме прашува за школо, едно друго ....а јас секогаш се топам, ми се тресат рацете и срцето ми чука пребрзо кога сум до него ...и значи да не тупам да преминам на главното... Вчера му беше роденден и дека не се оди во школо -сабота немав како да му честитам бидејќи немам фејсбук , а јас случајно видов од кај другарка ми фејсбукот дека му е роденден. И сега незнам што да правам, дали кога ќе го видам во понеделник да му честитам кога ќе се поздравиме и секако доколку имам ситуација на насамо никако пред другите или пак да се направам дека незнам и ништо да не му кажам??? Досега не сум била во ваква ситуација и плус никогаш се немам мувано, ниту пак сум имала дечко, а овој многу ми значи. Несакам да испаднам будала ниту пак да се посрамотам ако му го честитам...а и не сакам да ме сфати погрешно.Кажете како да постапам?? И извинете за долгиот пост, али некако кога напишав овде ми олесна.Фала многу на секој што ќе одвои малце време и ке ми помогне!
Драга Нина,најпрво добредојде .Го прочитав твојот пост внимателно.Мој совет ти е да дејствуваш,честитај му на момчето роденден,ќе го цени тоа,и ќе увиди и дека и ти имаш интерес кон него,и се разбира нема да си помисли ништо лошо,напротив ќе му биде мило.Најмалку што можеш е да се зближиш со него како другарка.Ги спомнуваш другите,и за тоа како се плашиш од нивните реакции.Добро процени на која другарка ќе се доверуваш,но немој да бидеш и премногу таинствена.Не е важно пред кого ќе му го честиташ роденденот,важно е да го направиш тоа.Опушти се,делувај природно,спонтано,имаш среќа што и момчето покажало интерес за тебе.Давај му и ти знаци,нема да погрешиш .Со среќа и секако,извести не ако се случи нешто со момчето .