Сега сигурно си викаш да му се јавам или не,дали сака да му се вратам или е само онака од култура пишано.Јас ке ти кажам да не го бараш зошто ако продолжиш така ке може да си игра со тебе кога сака и го прави тоа.Може да те има кога ке посака.Епа докажи му го тоа дека не е така.Знаеш дека јас имав таков проблем сличен ко твојот.Го барав него секогаш прва,му ги искажував чуствата и?тој ни рецка не ми удри остави тоа не ми ни честита празниците.И го оставив на крај.Сфатив дека има други кои сакаат да бидат со мене и им дадов шанса.Такви губриња не заслужуваат ништо.Ни да се спомнуваат.Дај си време сама на себе,да сфатиш што сакаш.И мене ми е мака што ова ти се случува а камоли акко ти е тебе.Не ти велам да најдеш друг ама...отруди се да не си му секогаш на послужовник.
Не верувам дека му било досадно па и пишал да и честита празник не верувам дека е само за тоа . Јас би била поупорна и пак би му ѕвонела би направила се само за да си го вратам не знам таква сум јбг ако го сакаш девојко нема да ти бидат битни коментарите на било кој и ќе го правиш тоа што мислиш дека е најдобро а јас мислам дека знаеш .. го сакаш нели ?
ДЕВОЈКООО што е со тебе?!? Со тебе бил месец, два колку да пополни време, ако му било супер со тебе зошто би и се вратил на бившата со која што веќе бил 3 години, па и не се баш малку. Помеѓу вас има чувства? Сигурна си? И ако им е врската катастрофа зошто пак би биле заедно, размисли малку немој со сила да се правиш глупача! Не си загрозена фала му на бога па да неможеш да си најдеш друг И многу нормално дека ќе му забрани да контактира со тебе! Крај краеви што има ти и он да контактирате? Ти тоа го нарекуваш срамота? Јас мислам дека ова ти што си го изнапишала тука е срамота, ако продолжиш вака само за тебе лошо ќе си правиш!
Бегај од него. На што личи тоа? Дечкото нема ни најмалку почит за тебе. И сама кажуваш дека помеѓу вас се се сведувало на секс многу долго време, ОСВЕН на почетокот кога тој најверојатно сеуште те немал целосно па си му била инетересна. Според мене, он си нашол некоја нова девојка која сега му го одзема повеќе вниманието па сака да преќине со тебе, ама уствари не сака бидејки чекај! - од тебе добива секс така?... Па уште се осмелил да ти каже -јас и кога ќе се земам јас и ти пак ќе си се гледаме. Најверојатно така ја мотал и таа бившата која “случајно’’ се наоѓа помеѓу вас постојано. Би ти дала еден совет: тргај се од него, не потпаѓај на солзите, зошто тој на твоите солзи не знае да каже ништо друго освен- судбина! Не си го троши времето залудно на некој што ни најмалку нема почит спрема тебе.
НЕ МИ СЕ ВЕРУВА! Ништо нема да кажам само едно нешто ќе те прашам, ова некоја твоја другарка да ги го раскаже што ќе си помислиш?!? И каков совет ќе и дадеш на неа? Одговорот на моево прашање искористи го за тебе
Ете, со тоа што ти се јавил само потврдил каков идиот е. Било што да чувствуваш, немој да потклекнуваш. Посебно сега кога ти рекол за последен пат. Сега само уште појасно ти дал на знаење за тоа колку му значиш. И биди си ладна, излегувај со другарки, со тек на време ќе го заборавиш. Сега ќе ти биде и уште полесно, кога знаеш дека тој не те цени воопшто и како личност. Сепак, се работи и за твојата самодоверба и самопочит. Тој не само што не те сака и почитува, туку и те потценува. Ако те убеди на такво нешто, тој само ќе си ја крене цената, а ти ќе останеш понижена. Затоа, колку и да ти е тешко, подобро плачи сега, отколку покасно и да ти биде уште потешко. Всушност, немаш никаква причина да го сакаш, ама милион причини за да го мразиш. Биди силна и горда и не потклекнувај, оти и ти треба да имаш “свое ЈАС“. Неговата финта е да прекинете кога тој сака, оти ако прекинете кога ти сакаш, неговото его ќе биде повредено. Ти си имаш свои критериуми и држи се до нив. Добро направи со тоа што си му го рекла и по никоја цена не дозволувај да те убеди. Немој да бидеш изненадена и ако те уценува и ти се заканува. Само е важно да не паднеш на било каква уцена. Ако тоа се случи, и ти биди цврста и не покажувај страв, туку едноставно кажи “прави што сакаш, не ме интересира“ и биди тотално рамнодушна. И да ти каже дека сака врска, да не му веруваш. Било што да ти каже, ќе лаже. Веќе си направила чекор, само што следниот пат кога ќе ти се јави биди рамнодушна и на љубезен начин понижи го. Само избегавај лични средби да не стане и насилен. Оти од такви се се очекува. Па, пиши што си направила, јас ти посакувам се најдобро и да си најдеш некој што те заслужува.
За жал ретко пишам ,ама мене никако да ми се насмее среќата и повторно ве молам за совет. Па вака после врска од година и пол и принудно раскинување, до некаде од осаменост , а од друга страна бидејќи клин со клин се избива, по 3 месеци се фатив со друг и еве веќе месец и пол сум со него. Тој е 4 години поголем од мене и работи тоа што јас студирам. На почетокот тојмногу се трудеше и се беше ок, ама проблемите со тек на време излегоа на површина. Човекот ме нервира на мртво, старомоден е има некои застарени принципи ,нејќи да носам куси сукњи, ако јас не започнам тема на разговор, способни сме за молчиме цела вечер, не му се смешни моите шеги , не знае убаво да се облекува, ме части кога не сакам да ме части ,значи доброволно ме части, а потоа ми вели ми порџиш не знам 5 частења, а јас сум имала пари,а тој не ми дозволил да си платам. Исто така не е нешто посебно убав, не ме огрева сонце кога ќе ми се насмеј.Постојано инсистира на секс. Встина е дека ми помогнал во многу ситуации. Сепак многу мои другарки гледајќиме дека сум несреќна , па и мајака ми која гледа дека нешто не е во ред ми советуваа да му се скарам најбрзо што можам. сепак тој почна да се здружува со моето друштво, за празнициве идеше со мене и со моето друштво, а јас сеуште не ги познавам неговите другари. Исто така никогаш не ми дал комплимент,ретко ми вели дека му значам или сл, никогаш ништо не ми подарил. Едноставно не сум среќна. Проблемот е што ете можеби сум премногу зелана за него. Сепак не можам да му се скарам, бидејќи моментално учам и ќе учам, бидејќи имам испити, и нејќам да си правам турболенции на емотивен план. Сепак се плашам дека кога ќе му се скрам ќе се чуствувам уште поосамено и ќе паднам во депресија, се уште многу го скам бифшиот. Немам обожаватели, немам ни мн другарки бидејќи студирам во друг град и ретко се гледам со другарките имам колеги и колешки и со сите сум во добри односи ,ама сите учат,и ретко имам време да се дружиме и излегуваме. единствено друштво ми е дечко ми, бидејќи и цимерката моја е во долгодишна врска и таа е најчесто со дечко и , а јас сум сама. Навистина ми е тешко и се чствувам осамена, дури не се видам со него и навистина се плашам што ќе биди ако му се скарам. ве молам за совет. многу ви благодарам
^Се уште си многу млада...Со тек на годините ќе научиш дека понекогаш е многу покомотно да се биде сам , очи во очи со својата самотија, отколку во несакано друштво!
Зошто си со него кога не си среќна со него, самата пиша ?!?! На овој начин само мислиш дека го решаваш проблемот а баш напротив, влегуваш од проблем во проблем. Незнам која ти е поентата да сама се мачиш и да бидеш со него од мака или ради реда. Незнам ни каков ви е тој секс во кој нема емоција (самата пиша дека сеуште го сакаш бившиот). Имаш цел, да учиш и завршиш факс и не ти треба турболенции на емотивен план - самата си даде одговор и несреќно си бре девојче, не се мачи, ќе си најдеш друг дечко кој ќе те цени, сака и поштува. Нема цел и сврха оваа врска, ама сепак изборот е твој
Хм,баш како тебе не го сфаќам ова со бившата.Сфатил каде му е грешката,и во тоа го поддржувам.Ќе си здосадите стално заедно,без друштва.Но,не би требало тој одеднаш сам да реши да оди некаде без тебе,и тоа кога ќе посака.Тој став не ми е прифатлив од негова страна.Имаш право да се лутиш што те оставил со друштвото по негов избор,како да си му играчка.Друго е да изразувате двајцата желба да не сте заедно таа вечер,и грубо е што не те ни поканил со нив. Бившата си нема никаква врска со тоа,верувај ми,особено ако не контактираат. А за твојот другар размисли добро дали е тоа љубов или илузија во која двајцата сте се разочарувале па ќе си дојдете во пресрет.Јас мислам дека ти си го сакаш дечкото
Девојки, што мислите, зошто кога со мојот дечко сме постојано заедно ( студент сум и живеам во друг град, па тој доаѓа на гости и седи и по 1-2 недели) ни е ептен, ептен супер , ама кога сме разделени, он дома јас во другиот град, или исто дома, а пак не живееме близу, се караме? Поладен е кон мене и мене тоа ме иритира и прави уште повеќе да ми недостига, па правам некои глупости и љубоморни сцени ( имам пишувано во други постови , но сепак сега малце се потрудив и не сум му напорна како порано) Ми вика дека кога не е со мене, му недостигам многу, па затоа е таков, меѓутоа, одамна немам осетено дека од негова страна има иницијатива да се видиме... Значи кога сме заедно е сѐ ок, покажува дека ме сака и јас тоа го знам, ама кога не сме, се оддалечува од мене. А и да напоменам, 3 години сме во врска, а последнава, сексуалниот живот ни е за никаде 1-2 месечно И пак, од моја страна постои и тоа каква желба, ама он сѐ некако не е расположен, болен, со проблеми...
Бејби блонд ... одговорот го имаш ти веќе само треба да си го потврдиш и да донесеш решение. Џабе ти е врска кога ти од почеток милион мани си нашла и плис си несреќна. Расчисти со него и дај си време сама на себе, значи не улетувај во врски само колку да не си сама или пак за да заборавиш некој. Ова се измислени клишеа. Аквариус ... се до индивидуа. Веројатно кога сте заедно заборава на се и се препушта ( освен ако не глуми и тогаш дека му е ок), а кога се разделувате секој се враќа на своите рутини тогаш може му влијае далечината, тоа што е сам и затоа се јавува индифрентност. Но кај некого и веќе не може да биде исто како во првата година. Таа заљубеност не трае повеќе од 2 години може и помалку. Не може точно да претпоставуваме што е што доведува до вакви промени кај него ... тоа ако можеш од него да извлечеш и да ти каже. Разговор, директност ... за да добиеш одговори.
Идевме прилично долго време,2год..се беше ко што треба ало последните 5,6 месеци ништо не беше како што треба. Искрено мене малку ми здосади, а можеби дека се гледавме секој ден, се слушавме секој ден а со другарите многу малку искачав. И бешe на крај како што сакав, се каравме(meanwhile она правеше се за да бидеме ОК и да бидеме заедно ама јас не)....Од кога се скаравме многу малку се интересирав за неа(околу 2,3месеци) Сега пак е обратно, јас сакам да сум со неа а она несака и толку многу ја напнав што ке сменеше и број и дури ми рече дека не ме сака(no big deal и јас имам речено така мн пати) малку збудалев ама еве конечно првото ветување го исполнувам како што треба ич да не ја замарам.Буквално ич. И реков дена ќе ја оставам само зошто искрено ја сакам и заради ништо друго. И сега еднаш во 10 дена ке си пишеме нешто и толку е. А двајцата се сакавме. Како да дознаам дали ме сака? Ако и пишам ке ја изнервирам дека пак почнувам со глупости ако не и пишам којзнае што ке биде. Искрено имам кандидатки ама едноставно несакам и неможам ништо да правам. Сакам да ја викнам во очи да ми каже ама може и 5ка по лице да добијам ако ја викнам надвор. И + ми рече вака и било убаво. А кога зборевме за НАС ми вика само незнам,незнам,незнам...што значи ова?
Според мене, има видено дека успеала да се заинтересираш за неа... И сега можеби сака да помине некое време за да ти самиот видиш дали и колку ти значи вашата врска... Мој совет е, да оставиш сѐ на времето. Или пак, ако ти е тешко и неможеш да издржиш вака во неизвесност, начекај ја некаде демек случајно и покажи и дека не ти е сѐ исто... Натерај ја да зборувате. Дај и до знаење дека ја сакаш и дека сакаш да бидеш со неа, ама биди убедлив Е сега... од ова има два можни текови на понатамошното одвивање на работите. Или ќе ти се врати, или ќе те одбие. Со самото тоа ќе добиеш одговор на прашањето. Немој да мислиш дека ако си одбиен, си понижен, си паднал ниско... Предност е што ќе знаеш барем на што си.
Значи дека и скиснало од што што те чекала, сега научила да е без тебе и не сака да и го рушиш мирот и текот. Не ја напнувај до толку, повремено слушајте се, остави на неа. Може сака сега тебе малку да те мачи, а може и навистина не сака да е веќе со тебе
Откако ќе изгубиш некого потоа дознаваш колку ти значел. Ви се заладиле односите и тоа многу. Тоа нејзино ,,незнам,, не ќе да е на арно (во буквален превод НЕ), дури и ти кажала дека вака и е поубаво. Имаш само една солуција, да се видите и да ги расчистите работите. Или ќе ве биде или нема а оваа стенд бај позиција не води кон ништо. Едноставно извини и се и направи си муабет, што па ќе се плашиш, гризе, тепа, пука со пиштол . Ако не бива секој по свој пат и мирна совест.
искрено не ме ни интересира што ке ми се случи бла бла бла ја сакам, па и да ми се смее цело скопје не ми е гајле aма ќе оставам на времето.thank you ќе оставам на неа.не ја замарам
Разговараме... И како оправдување ми вели дека го мачи здравјето (кое навистина аман веќе! Таман нешто ќе му помине, па нешто друго ќе се зафати за него ). Можеби е себично од мене ова, ама преку глава ми е од тоа... Па млада сум, сакам сега да се забавувам, сакам сега да ги запознаам сите задоволства што ми ги нуди животот. Сепак, моментално само чмаам дома, нерасположена, бидејки нему не му е добро, а од друга страна, глупо ми е заради тоа да му раскинам и да продолжам понатаму... Кога му беше добро и немаше проблеми ни беше добро, нели е неблагодарно сега кога не му е добро јас да го напуштам??? Да сум на твое место би се соочила. Во ЧЕТИРИ ОЧИ!!! Нели ти е измачување, да очекуваш нешто, а не знаеш што? Можеби тоа е она што таа го очекува од тебе... Некако ми изгледаш како дечко кој не презема ништо околу врската... немој да се навредиш
И што ако се соочат во 4 очи? Девојчето број ќе сменело, а сега демек ако се видат ќе му рече да, сакам да сме заедно. Дечко, ако навалуваш нема ништо да постигнеш, си дал до знаење дека сакаш да си со неа, ако сака она ќе видиш дека ќе те побара. Ти можеш понекогаш онака да и се јавиш или да и пишеш, без да и збориш за тоа, колку да види дека сепак не си се откажал.
Иди и дома пред врата, па да видиш како ќе сака да зборува со тебе. И јас се согласувам со aquarius34. Сега се надеваш на нешто, очекуваш, а ни самиот не знаеш што. Собери сили иди кај неа јави и се нека излезе да зборувате или ќе и влезеш внатре. Па тогаш ако ти каже дека не те сака дека не сака ништо со тебе, чао поздрав.