инаку мене ми здосади од врската зошто она го правеше истото.ме бараше постојано коа ке се скаравме цело време ме бараше да се видиме. сеа е некако обратно ама не и исто..мислам така е најдобро, понекоаш да пишам и тоа.. сакав да и одам и ќе и одев ама не беше тоа најдобра идеја..така ке биде полошо мислам
Имам 24години, дечко ми е исто така 24годишен и одиме скоро 3години. Мојот проблем е што ми кажува некои ситни лаги кои ме нервираат премногу, и кога ќе се соочам со него, секогаш јас излегувам крива на крај. Мојот проблем е многу глупав и детски и ми е срам што ќе го пишам, но ми треба совет Видов дека на ФБ поканува девојчиња, и тоа доста помали од нас (некои 9години), и кога го прашав дали се уклучил бидејќи ми требаше нешто да види, ми рече дека не се уклучил. И почна да лаже како други се уклучувале и прифаќале пријатели, а не он. Јас направив неколку повика и дознав дека лаже (не дека се сомневав но...) и сега не знам дали да се соочам со него или не. Срамота е што се спуштам на негово ниво и се замарам со вакви детски работи, но од една страна ме нервира што ме лаже без грижа на совест, од друга страна до кога јас него ќе го чекам да порасне??? Како и да е, не знам дали да му кажам се што ми лежи, и да се искарам за забегана работа, или да оставам како што е??? Што би му кажале вие во ваква ситуација
Јас имам од многу причини ( работни обврски, комуникација со роднини во странство ), и вообичаено сум имуна на вакви работи, но ете ме изнервира што лаже и едноставно не можам да поминам преку тоа.
Па штом не можеш да поминеш преку тоа јасен е одговорот. Мораш да се соочиш со него и да се истера до крај работата инаку нема да имаш мир. Од вакви глупави работи се уништува довербата, а ако ја снема довербата се знае што следува. Притесни го во ќош, кажи му се што знаеш и да нема простор за лажење.
Очигледно ти смета да оставиш како што е, а и не треба да оставиш. Кажи му што ти смета, дека знаеш дека те лаже и ако можеш уште подобро, снајди се и со докази, да не може да те излаже. И нормално, тоа да го направиш во живо, не преку телефон, не преку нет. Па и нека ги избрише од фб тие што ти сметаат штом се тие причина за кавги.
Твојот проблем можеби е глупав и детски како што велиш но најчесто од такви проблемчиња на крај испаѓа големата... Не би требало да замижиш и премолчуваш кога очигледно ти смета што за такви ситни работи те лаже. Кажи му отворено што ти лежи на душа, зошто еден ден ќе ти биде криво и касно што не си му кажала дека знаеш.Ако за вакви работи те лаже што да очекуваш за нешто посериозно. Не мора да значи дека е така, но најчесто е. Од сопствено искуство. Изгубената доверба е најлошиот непријател на една врска.Она што е еднаш изгубено никогаш не може да се врати како што било претходно..
Кога ќе одлучам да го тргнам од мојот живот, да продолжам без него се појавува тој со неговата голема љубов и со докази колку ме сака.. Вчера се скаравме поради неговата љубомора, но немаше причина за тоа. Застанав со едно дете и тој веднаш се налути. Не знам .. тоа повеќе ми изгледаше како да сака да се скараме за да биде слободен, така се почуствував. Отидов јас на диско тој остана во кафичот со другарите и му ѕвонев неколку пати, а тој ми рече да го оставам, како многу да е повреден од тоа. Му реков дека ако го оставам ќе го оставам засекогаш и дали е сигурен и тој јасно и гласно кажа ДА, остави ме! Потоа дојде во диското и ме одмина. Помина покрај мене како да не се знаеме! И кога станав седнав на фејсбук и имав порака од него која гласеше : Нека те испрати тој до дома, јас не ти требам! И толку ! Си го сменил и пасвордот на фејсбук. Се однесува како дете од 12 години. Мислам дека тоа го направи за јас да излезам крива, а за тој да може да ужива во слободата. Не можам да разберам како може да се однесува така. Зошто се однесува така? Што да правам сега јас?
Двајцата да ги избришете фб профилите, така нема воопшто да имате кавги, а ако твоето момче не сака да се согласи можно е да се допишува со некоја шмизличка, а не знам како се осудува помали од него 9 години да аднува, малце е смешно
Не да е смешно, комедија е... да му се смеам или да го жалам, не знам што попрво. Како и да е, личноста можеш да ја процениш по нејзините постапки, а според ова што го гледам, ова не е личноста во која јас се заљубив... (повеќе на педофил и женкар ми личи)
Душо ако е женкар убава ќе му е секоја и со секоја ќе сака да има односи овој можеби само сака да си игра со девојчкињата, ама ти не се секирај. И девојките погоре ти дадоа добри совети ти примени го онај кој сметаш дека е најдобар
Батерфлај Не сакам да кажам нешто погрешно ама според ова што го кажуваш и мене ми се чини дека бара причина за ти да бидеш крива за вашиот раскин зошто он нема муда да ти раскине.. Вака на него чист образот, ке си има слобода да прави што сака и секој по свој пат ама пак ти си крива.. Ако те сака никогаш нема да дозволи да бидеш со некој друг и никогаш нема да го прифати тоа туку така.. Со пораката сака пак да осетиш грижа на совест и пак да го молиш а он да изгледа како тој да е оштетен.. Ништо остави, он и онака ти рекол да го оставиш, сам сакал.. Алал да ти е како можеш со вакви, без навреда ама стварно детско понашање
Не кажа ништо погрешно, целосно си во право. И јас глупава му пишав порака преска дека го оставам нема да го замарам веќе бла бла и сега ми пише на фејсбук дали ќе сме се виделе и му реков да дојде кај мене затоа што сум сама, а тој ми рече јас да сум одела кај него и тој бил сам. Му реков дека не сакам да излегувам,а тој ми рече епа видимо се сутра .. му реков тешко дека ќе се видиме утре или некој друг ден, ми напиша хахахахаха поздрав. WTF ?! Не го познавам.. не можам да разберам зошто се однесува така со мене, дефинитивно сака да завршиме,а јас да сум крива.. Но тешко ми е затоа што конечно ја стабилизиравме нашата врска и ни беше толку убаво, а сега ..
Батерфлај, па колку пати веќе пишуваш на темава и тоа на неколку дена? И секогаш ќе го оставаш и не го оставаш на крај. И доста се вадиш на тоа како он те барал и молел, ако ти не сакаш нема да се смирите, па не знам што да направи. Не знам како издржуваш толку време да го трпиш, стварно.
Знам дека сум досадна со мојот "проблем". Да беше некоја друга до сега многу пати ќе го оставеше.. да беше некоја посилна, похрабра.. Ветувам дека ова е последен пат да барам совет за него. И знам дека вината е во мене. Јас дозволувам да ми прави така, но се надевам еден ден ќе ставам крај на тоа.
Ова звучи ко мојов јас до крај на светот би идела за него, и идев! а него до зграда го мрзеше да се симнува му било ладно на типов Батерфлај батали го.. више не му пишувај чим него сеедно му е.. се понижуваш, а не вреди за некој што не го боли уво за тебе..
Мислам дека незнае што сака. Си игра со тебе дека трчаш по него. Ова од искуство ти го кажувам, и јас така правев. 2,3 месеци од кога се разделивме сватив дека стварно ја сакам а до тогаш народски кажано се курчев зошто знаев дека ме сака. И пораките што си ги пишувате да не речам скрос ама делумно наликуваат на оние ние што си ги пишувавме Остави го и ке видиш како ке дојде по тебе!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
И јас мислам исто како тебе, дека не знае што сака! Проклетник, ќе ме побрка веќе! Му реков дека сакам малку пауза, најдобро ќе е така да се средиме и двајцата и тој ми рече добро.. добро, бог да чува! Излегов јас со една другарка и јас одам на доле ете го него нагоре доаѓа и застана со мене. А? Јас планирав да го одминам, а тој сега застанува со мене. Па му реков дека сакам пауза, не знае што значи тоа? Немам коментар.
Имај култура ти бе, поздрави го само и помини си. Ич не го барај не паѓај во несвест ако рече дека мн мн мн мн те сакал бла бла бла. it works!