Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Батерфлај многу се замараш, крај краева ти не си го изневерила, не си направила ништо лошо.. Стави крај со бившиот, не ке е на арно цело време скарај се смири се.. Без разлика дали овој се појавил другиот или не, стави крај..

    Џеси, точно! И двајцата сте криви што се десило до тоа.. Јас секогаш така сум го сватила. Нормално не морал да те изневери зошто нешто недостасувало во врската но сигурно не било доволно цврста чим дошло до тоа.. Така јас и дечко ми, он мноооогу ретко ми се јавуваше, за ништо не љубомореше, сметаше дека излегов од таква врска и дека не сака истото да ми го прави.. Ама згреши.. Го сакав, многу, и ден денес го сакам ама го изневерив.. Ама да не ми дадеше толку слободна сигурно се ке беше подругачије.. Не знам, треба и двајцата да преминете преку тоа.. Ако може, супер.. Се надевам се ке биде ок ;)

    Уника треба да почекаш малку, почеток на врска е како што поминува време треба да се зацврстувате немој да паничиш безвеза..

    Гингергирл кажи му на дечко ти.. биди искрена подобро пред да ти се измеша ситуацијата и не да го тепа ама подобро е..
     
    На Unica и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    А да го игнорираш момчево?И незнам како го пушташ дома кога прави невидени испади |( ?
    Не се замарај со него,он ако рече нешто ти се насмеј или прави се дека не си слушнала,па ќе видиш ќе престане да ти досадува,ќе сфати дека не ти е интересен.Доколку ти реагираш како што тој сака,ќе те малтретира и повеќе.Само цврсто и одлучно,како да не го гледаш.Обиди се,ќе видиш ќе има резултати ;)
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Клише почеток, ве следам многу долго време сега се регистрирав затоа што ми треба совет.
    Имам врска долга 3 години. Имам премногу променлив карактер, дури и повеќе од времето во Март, но ете се најде некој кој мање више ме трпеше. Врска како и секоја, со убави и лоши периоди. Искрено, не се потресувам толку многу околу оваа, нити било која врска но има една работа која и тоа како успеа да ме потресе. До сега 3-4 пати се случило кога ќе се скараме толку да избувне дечко ми да вика ненормално ужасно гласно, буквално цела зграда да разбере што се случува, што мене ми е толку одвратно и понижувачко, буквално ми е срам да излезам после. Не ме навредува, не користи такви зборови, едноставно УРЛА до тој степен да морам да се заканам дека ќе викнам полиција ако не прекине да урла, или па дека више некој од комшиите ни викнал. После тоа се извинува со изговор дека едноставно не може да се контролира во одредени ситуации. Знам дека секој од нас реагира на различен начин кога е нервозен, но мене ова ми се чини дека е надвор од границите. Секогаш после тоа си викам ќе му раскинам, но до сега не го направив тоа. Не можам да проценам дали е причина да ставиш крај на врска? Дали тоа наговестува нешто за него како личност? Не знам дали го доловив проблемот, можеби изгледа банално, но мене ми е навистина проблем. Па.. ако некој има слично искуство или било какво мислење ве молам споделете.. Поздрав
     
  4. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Вакво искуство лично, не сум имала... Но, :!: сепак... од други искуства што сум ги имала, би те советувала, ако има нешто што страшно те нервира кај партнерот, или дај му ултиматум, демек ова ти е последен пат, ако ти се повтори - крај, или па одма тргни се од кај него. Оти тој едноставно е таков и никогаш нема да се смени, тоа да го имаш на ум! Карактер си е карактер... |( Колку и да ветува, колку и да се надеваш, вашата врска само ќе се продлабочува, ти само ќе си имаш надежи за подобро... а ништо нема да се смени. Значи ова од искуство ти го кажувам и јас имам/имав... се трудам веќе да ја немам 3 годишна врска со испади и глупости од дечко ми и колку и да ветуваше дека ќе се смени, никогаш не се смени. Мене тоа ми сметаше и еве дојде до таа точка кога веќе не можам ни со очи да го гледам, ама сепак тешко ми е да се откажам од него бидејки се надевам дека ќе се врати она доброто, без тие испади... Ама се е попусто ;( .
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Фала на одговорот, за тоа сум свесна дека колку што не сакам некој мене да ме менува, така е и за другата полвина иако искрено премногу работи сум му кажала кои ми сметаат, за некои станало подобро за некои не... Во глобала мене се ми смета, знам дека некогаш имам доста напорен карактер и напорно е покрај себе да ме имаш искрено кажано :D Меѓутоа еве за ова викањево... Ми смета најмногу од се друго, а очигледно никогаш нема да се смени. Можеби и е време за некоја поголема промена, ти благодарам уште еднаш на одговорот :*
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Така и мислам,така и почнав..ќе гледам полека полека скроз да изгубам контакт со него. Ма, не сум мислела дека на светов постојат толку опсесивни луѓе, аууууу :x
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ја мислам дека треба да го сфатиш детево, и да го прифатиш ко такво. За жал тоа е дел од темната страна наша што секој си ја поседува. Биди среќна што не користи физичка сила при тоа и што не те навредува. Мислам дека овде нема доволно просотор за да му раскинеш на дечко ти. Можеби ти си посмирена но запрашај се каква си ти во моменти кога ке ти се спојат жичките ??

    Ја на пример гледам да искршам се што ке ми се најде до раце, и се дерам ко идиот И не ми е гајле, ми се споиле жичките и мора тоа да го извадам од себе, сиот тој бес од себе. И крај. Тоа сум Ја.

    Кој не ме поднесува таква, значи не ме ни заслужува кога сум добра.

    Едноставно, ти се што можеш да направиш е да си седнеш со детево ид а се договорите, доколку наидете на некаков конфликт мирно и сталожено да го разрешите и со ладни глави. Тоа е решението.

    Доколку наидете на конфликт, не напињај одма да го решиш ако видиш дека дечко ти е нервозен и слично, остај за друг , за нареден ден. И седните и мирно пријдете му на проблемот. На таков начин ке го избегнеш она неговото вадење од такт.

    Раскинување, не секад е најдобро решение. :!:
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    мислам дека ова не е причина да му раскинеш на дечкоти,треба убаво да му кажеш дека тоа ти пречи и нареден пат да го намали тонот,али сепак мислам дека тоа нема да промени ништо зашто он едноставно таков е у нервоза и така си ја вади нервозата,во секој случај,не е причина да раскинеш,ако го сакаш и ако ти е убаво не треба да го гледаш тоа како некој голем проблем,кога сме нервозни сите го повишуваме тонот ,некои помалку некои повеке . :) позз до тебе
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    не можам а да не го цитирам овај пост,мислам стварно ,алоо девојко,точно е дека секој има право да прави што си сака со својот живот,девојчево побара совеет ,,сите се изјаснија на тоа ,никој не осудува никој,вистината некогас боли,не е прашањето тука кој е тежок а кој лесен,
    девојцето има коку што разбрав 16 год и не е на мн добар пат,сите кои се изјаснивме ги кажавме нашите мислењA добро намерно баш затоа што се почитуваме една со друга и подржуваме,барем на овој форум колку што сум јас зачленета тоа го увидов,баш затоа и даваме совет да не биде искористувана и во иднина и разочарана
     
  10. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722

    Сум го имала и го имам да речам тој проблем.Каква случајност мојот карактер е буквално ист како твојот .Па сега размисли..машко е што е нормално да може поише да се дере и урла од мене и тебе но :!: ОН тебе те трпи со твојот карактер и со сите глупости што ги носи карактерот сите нервози и те почитува таква каква што си.Идете 3 години и многу добро се знаете.Јас мислам дека раскинување е најлошо што можеш да го направиш..па замисли послем ти дојде некој си уфилман што неможе да те трпи :fubar:
    Секој си има свои мани.Според мене и како јас правам и ги решавам овие работи е со муабет.З години во врска па слободно седни кажи му вака и вака...чим е со тебе толку долго а и ти со него чим се сакате...такви проблеми можете да ги решите секако ^_^
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Извини девојко, ама од кај знаеш па ти со сигурност ние со колку сме биле на 16? Ако збориш, збори во твое име, за нас неможеш да знаеш!
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Знам дека повеќето имале односи и на 14,не пак на 16 години.Ми стана криво што го нападнаа девојчето modemce,лесна била ова она дрн дрн.Супер,и за коси да се искубеме и да каменуваме девојката,а и ние не сме светици.И не знам каде ти се пронајде во мојот пост,кога се работи само за тие што коментираа за тоа девојче ,не беше ништо лично ,извини ми и ти!
     
  13. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    Kazetemi nesto sakam na deckomi da mu kazam deka mn go sakam toj ne mivervit deka go sakam so da napram za da mu dokazaam deka vistina go sakam
     
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Докажи му со нешто, покажи му со дело. Кога веќе не верува на зборови..... А којзнае, може има и зошто не верува :^)

    Делата се според мене, поважни од тоа „те сакам“. Лесно е да го изговориш, не е баш лесно некому да му покажеш и докажеш што чувствуваш. А за кажување, друг начин освен тие зборови, сеуште не сум чула :)
     
  15. themen123

    themen123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    И мене девојкава со која раскинавме море не мивервит. незнам ни јас зошто и незнам како да и докажам :( :( :( :(
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Дојдов да побарам чисто онака совет...ме интересира.

    Не е за бившата ми љубов повеке.
    Ама сакам да знам што да сторам за да не згрешам пак.

    Значи со типот се запознавме непосредно пред НГ.Муабетот ни тргна преку фб,мсн и неколку кафиња во живо.Мене ми се допага но тој тоа се уште не го знае,и не дозволувам да го дознае додека не сум сигурна за неговите чуства.Но во последно време почна да се променува и да се лути зошто имам и други другарчиња а не зборувам само со него.Почна да избувнува и да вели еве ти ги нив,ти и онака не мислиш на мене.Му реков да не зборува на празно кога тој не знае дали јас мислам на него или не.Од Петок повеке не ми збори,не ми се ни јавува а камо да ми пиша една порака.Јас немав намера да го побарам бидејки заслужувам негово извинување за таа избувливост.Не планирав да му пишам се додека не ми пукна филмот.Му пишав и го прашав дали ми е лут,ми рече дека не е.Му реков океј извини за сметање ама доколку продолжиш вака подобро да не ни зборуваме.Ме праша што ми е а јас му реков дека треба да сфати тој што прави и како се однесува.Навистина се трудам да го разберам ама и не можам да го трпам повеке тоа однесување.Навистина не можам.Детето навистина ми се допага и не сакам овој пат да погрешам ама не сакам ни да ја прегазам гордоста кога тој е виновен а не јас.
    Да напоменам дека се беше супер па дури имавме план да отидам во неговиот град и да се шетаме и да разговараме за иднината,за нас(да бидам искрена немам се уште стекнато доверба во него а не знам и дали ке имам наскоро во некое машко)но сепак типот не сакам да го испуштам но не толерирам вакви однесувања од типот барај ме ти јас ке си го прчам |(

    Сакам да слушнам мислења за да не згрешам повторно како последниот пат. :$
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Конечно некој нов. :wasntme:
    Вака смали гордост прво ... немој од почеток толку резервирано и импулсивно. Биди опуштена, сигурна во себе, биди позитивна и без некое очекување ... Машките не сакаат дрвени Марии и импулсивни реакции од почеток. Значи покажи спонтаност, покажи насмевка, опуштеност спремност дека имаш некаква намера овој однос да премине на повисоко ниво ... и ако се биде како треба ова ќе потрае. :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Можеби затоа што и јас пратив одговор за девојчето? А и да не сум одговорила неможеш така да напаѓаш. Не го сфаќам лично, зборувам во глобала. Девојката повара совет, ние и дадовме. Неможе на сите да им викаме да да те сака бе злато како не, ќе ти се врати. Т.е може ама нема да биде искрено. Како и да е, да не филозофираме многу има овде други што им треба совет.
    Што се однесува до воој проблем, јас мислам дека убаво си му одговорила кога те прашач што ти е, и сега треба тој да се запраша самиот што му е него и како се однесува. Но мислам дека убаво би било да седнете негде на кафе и да разговарате убаво, да му кажеш дека тоа негово однесување те изнервирало и дека немаш намера да го толерираш. А што се однесува до гордоста, знај дека нема таа да ти помогне многу во љубовта, напротив само проблеми ќе ти прави. Верувај, од лично искуство. Значи само разговор може да среди се. Ако двајцата ќутите, си се правите горделиви и се нервирате во себе, нема многу да постигнете. Со среќа :*
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ке пробам да не бидам горделива како што ми кажавте заедно со џули.Ми оди на нерви што беше се прекрасно па дури и за свадба се зезавме :D ама на шала и деца се прават :D и наеднаш се смени.
    Мое право е со кого ке се дружам,дали ке имам другарчиња или не.Ке пробам да разговарам со него пак па ако не иде нема да се мислам да го шкртнам.
     
  20. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Јас пак мислам дека треба да си држиш до гордоста ако мислиш дека имаш право. Како што разбрав, не си направила ништо за да го поттикнеш таквото негово однесување. Со самото тоа што го потпрашуваш стално дали си ти крива, дали нешто имаш згрешено го оттргнуваш повеќе од тебе верувај ми. Со тек на време ако продолжиш вака, колку повеќе си ја газиш гордоста толку повеќе он ќе станува вообразен и ќе мисли дека се му е дозволено. Стани помалку достапна за него, ќе се свести и ќе почне да те бара кога ќе види дека ти не трчаш по него.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.