Многу сум лута и збунета, незнам веќе што да мислам, милион работи ми се свртеа низ глава од вчера до денес Со дечко ми сме во врска доволно долго за да знаеме што ни смета, што сакаме и што не сакаме како и за кои работи се вадиме од кожа! До сега сме немале никакви посебни проблеми освен некои глупости, што не се воопшто вредни за коментирање, знам дека ме сака тоа ми го докажал до сега многу пати, се труди многу околу мене и нашата врска но.. додека бевме на одмор јас се начукав толку многу што незнаев каде се наоѓам, за прв пат во мојот живот да ми се случи такво нешто, дури не ми текнува на некои работи ги знам од негово прераскажување.. и таа вечер сум му викала наводно дека сакам АНАЛЕН секс Инаку МРАЗАМ, и он тоа многу добро го знае, и сме имале таа вечер анален, после тоа никогаш повеќе! Е сега, завчера бевме искочени со уште еден пар, и така ни се погоди местото како и музиката испив малку повеќе но сепак се сеќавам на се што се случуваше иако неможев нормално да зборам и да одам, и кога останавме сами во кола почна да ми вика што сакам сега да ми прави, дали сакам анален секс итн итн .. ЈАС ЗДИВЕВ, се осеќав како да сака да ме искористи, и тоа КОЈ? дечко ми? Не,не.. НЕ ми се веруваше, си отидов дома и сабајлето ми се јави почна да ме зеза, спанќе ајде станувај, како ти е главчето ова она и му изнакажав се што ми лежеше на душа, го исклучив мобилниот и дури денес го пуштив во меѓувреме на фејсбук во инбокс добив РЕФЕРАТ од негова страна со извинувања, и дрн дрн дрн... и денес имав над 30 пропуштени повици и 4 пораки на мобилниов! Незнам што да мислам?!? НЕ ми се верува дека некој што толку многу ме чува, ме сака.. сака да ми прави нешто кога сум пијана а знае дека тоа го мразам. Зарем некој што толку многу те сака, ќе сака да те искористи, ако може да се нарече искористување ...
Девојко,прво, шо пиеш коти шкоди? Друго,шо ти рекол, дали сакаш анален? ЧУДО ГОЛЕМО! па негово е да си праша,ти и вака и така ќе се премислиш по тоа прашање,порано или покасно.Зошто понижена, не можам да сфатам? Знаеш колку е тешко да најдеш човек кој те сака? Цени го тоа, и чувај си го детето
Хермоса ко прво и основно девојчето праша што мислите дали во неговите очи изгледам лесна? И ние и одговоривме дека да не гледам што има тука лошо искрени сме... Мартина нема што да му докажуваш на дечко ти, треба сам да знае дали ти го сакаш или не.. Пеликуна, можеби дечково е таков избувнува, или не знае како да реагира.. Ама и на тебе нема да ти падне круната ако прва му пријдеш и му дадеш некаков знак. и онака викате дека на зезање правите муабет да бидете заедно итн. Епа едноставно опушти се, машките сакаат девојки што ги превземаат работите во свои раце. Така и ти нема што да одолговлекуваш више, нека се деси више што треба да се деси и без гордост... Шугарбејби мислам дека претеруваш! Голема работа. и сама викаш дека долго време идете и сеа зошто ти рекол сакаш анален ти одма си се налутила..Поголема глупост немам слушнато. КРај краева ништо не може никој да ти направи доколку ти не сакаш..
suGarBaby не мислиш дека е ова апла претерување ??? Мислам до негде е и банално за ова да му се лутиш, па нели и идете доста доволно, мислам дај опушти се . Јас пример ке ти дадам од моја поранешна врска, кај шо партнерот здрави два месеца ми викаше дека сме имале анален секс док сум спиела (а спијам доста цврсто- ама до тој степен и не баш) Али ај ме убеди детево и му се лутев ама не ко тебе ,дури и се заебавав со тоа ... За на крај да испадне дека уствари се зафркал само .... Можеби и да не сте имале, само ете на тој начин сакал да ти каже дека тоа му е желба ... Сепак нормално е тоа за една долга врска ... Размисли не му се лути толку многу, па греота е си кажал само шо си сака , никому ништо, па не те натерал со сила .
Одамна не сум ви се жалела за нешто, па еве ме пак, да не ви недостигам случајно. Епа вака.. постои еден дечко што одиме заедно на тренинг, ми се допаѓа неколку месеци и упорно го барав на фејсбук и по некоја случајност завчера го најдов. Прво видов рилејшншип статус нормално и беше сингл. Ај се порадував малку, ама сепак сакав да се распрашам. Видов дека имаме во мјушл едно девојче од моја населба па ја прашав дали се знаат лично? Ми рече дека учел со неа до осмо а потоа се преселил во едно село, а пред тоа живеел во нашата населба. Со тоа дознав дека дечково сега треба да е прва факс, значи има 18 колку што знам. Прво што ме загрижи беше разликата во годините, зашто јас во фебруари полнам 15. И на пример, би била во големо искушение да го излажам дека сум втора средно а знам дека тоа не е добро. И ај океј,девојкава ми рече дека немал женска, ама после еден што учи со мене и што живее таму го знаел и ми рече дека најверојатно имал. Прашав уште едно девојче и другарка ми, другарка ми рече дека незнае а другата рече дека исто имал. Накрај испадна дека другаркиве учеле исто со брат му на овој. Се изнервирав и ја замарав таа девојката што учела со него до осмо да го праша дали има женска,онака уз муабет. Но се што добивме од него беа некои си недефинирани одговори. На прашањето дали има женска, овој рекол аа има има женски. После она го праша, ама онака дали имаш една женска за посериозно и тој и одговорил во стилот кај сум јас за сериозна девојка. Па и рекол имал 2-3 женски и со нив си искачал бе. Ајде, гледав да го сватам тоа како зезанција зашто срцев удар ќе добиев. Е ај да кажам поконкретно што ме мачи. Најпрво, не сакам да се заљубам во дечково кога немаме уште ништо а чисто сумњам да имаме а многу се приврзувам со одредени личности и незнам што да правам. Веќе незнам како да дознаам дали има женска, а и моите планови не ми се да му бидам мувачица.. мислам океј од почеток да ама не да бидам една од многуте што тој ги има. Планирам нешто посериозно со него. Не ме загрижува толку фактот дека е од село, ама сепак глупаво е да прашаш од кај е дечко ти и ти сеа да кажеш абе од Мирковци е! Пак за разликата со годините,и да нема женска незнам дали ќе сака баш заради тоа а и да сака сигурно ќе му бидам само за забава и да ме искористи. Најпосле, одиме заедно на тренинг јас одам со вујко ми.. и сеуште го немам запознаено целосно,замислете се фали ко некое типично машко на тие што одат со нас,после сите со криви очи ќе ме гледаат е*ате. Незнам како да се однесувам со него, глупаво ми е немаме проговорено ни збор на тренинг и сега да се запознаеме и да му кажам дека ми се свиѓа, па се смуваме и следниот ден го гледам на тренинг или пак ако раскинеме потоа.. Исто, тие двете мои другарки планирале да одат кај него дома, т.е не кај него кај брат му и ме викнаа мене ама незнам баш дали е добра идејава.. Па и местото кај што живее,незнам ни како би се гледале зашто јас таму не планирам да му одам ако веќе бидне нешто! Извинете на рефератов,ама што да правам.. маки.
blueeparadise, јас мислам дека во моментов разликата во годините е битен фактор, бидејќи мозокот на 19 годишно машко е изразено оптеретен со една работа. За неколку години не би било проблем ваква разлика, но сега е битно бидејќи не се размислува на ист начин, и поинаку се гледа на работите. Млада си, имаш време, не се затрескувај во некој што има големи шанси да те повреди и искористи. Тоа што е од село не е ни најмалку битно, не значи дека го опишува како нешто полошо од градскиот човек. И не треба да се срамиш од тоа Само ти кажав, мое мислење е да се обидеш да не мислиш на него, сигурно ќе најдеш некој врсник со кој ќе имаш поголеми шанси и плус помала опасност И видов во СДК што си пишала за плачењето. Сакам да ти кажам да не плачеш за вакви работи: "Ми се свиѓа но тој не ме забележува". Можеби си емотивна како што можам да заклучам, но ќе ти кажам од искуство (бидејќи голем емотивец ти го пишува ова ) дека има многу потешки работи во љубовно поле од едно свиѓање. Денес тој, утре некој друг ќе ти се засвиѓа, некогаш ќе ти биде возвратено некогаш не, но кога нешто повеќе и подолго ќе се случи и некој ти го скрши срцето, е тоа е вистинска болка. Имам една ваква љубов доживеано (со оглед на моите години), другите биле кратки. И не размислувај толку за сериозни врски на овие години, уживај додека можеш. Бидејќи после следуваат вистинските проблеми
Mислам дека не треба уште сега да му дозволуваш да се однесува така. Уште не сте заедно,а тој е веќе љубоморен. Што ќе биде ако сте во врска, еден ден? Зборувај со него кажи му дека не е во ред неговото однесување и се надевам дека ќе разбере. Нема зошто да ја преголтуваш гордоста. Сепак тој е крив и тој треба да се извини. Па ти сега раскини му затоа што те искористи. Немој да си ја заморуваш главата со вакви глупости. Што ако ти побарал анален? Па и самата велиш дека сте долго време заедно, нема потреба да му се лутиш поради такви работи. Ајде прости му и ако ти смета кажи му да не го прави тоа повторно и готово. А да го ставиш дечкото на страна сега малку, па кога ќе наполниш 17-18 години да го побараш? Што велиш на тоа? Според неговите одговори или е "фраер" или намерно кажал така да се испофали. Остави ја оваа работа додека не си се заљубила во него, затоа што после ќе е тешко.
Пеликуна, ваквите работи ако не се решат на почеток остануват до крај. Како прво тој ти е сега другар и нема зошто да љубомори на твоите други другари. Најверојатно нема 15 години за така да се однесува. Ако тој е нервозен поради својата НЕхраброст да ти пријде па се истура вака со глупости тоа е негов проблем. Сметам дека ако сакаш некаква иднина мораш да бидеш буквално лоша и строга према типов, за жал тоа е она што на почетокот им се допаѓа и ги тера да тргнат во поход, за понатаму нормално, работите би требало да се сменат. Би рекла дека типов е премногу дете, но кој не е понекогаш и секој различно реагира кога нешто губи Остави го и чекај да те покани на кафе, тогаш прифати онака без некои поголеми реакции и дискретно започни муабет за неговиот „другарски“ однос према тебе
Здраво девојки Однапред се извинувам за долгометражата, но што можам... Значи вака, прво ќе ви ја раскажам мојата „љубовна приказна“. Јас сум 8мо одд а детето е 3 год гимназија. Многу го сакам и тој тврди дека исто и он мене. Се гледаме од октомври, а на Нова Година и се фативме. Барем тој така тврди . Но сепак, тој не ми праќа покана за врска на фб. Се прашувам да не го срам од тоа што сум доста помала од него, или пак има некоја друга и несака таа да види дека е сомене. Исто така постојано му давам до знаење дека сум љубоморна на таа една кучка -.-```` со која што си стискаат лајкови, но тој вели дека бил добар другар со брат и и дека нема причина и место за љубомора. Но сепак, другите девојки не се единственото нешто од кое се плашам. Тој порано постојано настојуваше да се гледаме, ме бараше, во инбокс ми пишуваше, ми ѕвонеше, а сега како минува времето јас сум таа која што го прави првиот чекор. Остај шо го правам првиот чекор, туку и тој не доаѓа.. Да разјаснам, во понеделникот се видовме и ми рече тој -Кога ќе се видиме пак? Ја му реков в четврток. Но, кога искочив в град му ѕвонев да се најдеме а нешо несакаше да се прати врската до неговиот моб. Потоа му испратив порака и се напиша Меssage Sent. Го чекав 2 саати и не дојде. Потоа се вратив дома и прочитав в инбокс тој пишал демек нешо КОГА ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ДЕНЕС НЕЛИ ПЛАНОТ БЕШЕ АЈ ЌЕ ТЕ МОЛАМ ВРАТИ МИ ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ ИЛИ ДР ДЕН САКАШ? и потоа ко му кажав за мобилниот тој рече го изгубил, го немал најдено 2 дена. Еве и да било така да речеме, во саботата требаше да се видиме тој знаеше кога и каде на фб пишавме и тогаш не дојде. Палеле оган некаде, отидов таму со другарками и тој не се ни поздрави со мене, и го прашав зошто не дојде зошто неможел се тоа, тој само на висок тон ми одговараше. Потоа се расплакав и заминав да си одам, тој не тргна помене. Само се свртев и видов дека и на него му се насолзени очите...Потоа кога стигнав дома му пишав инбокс за тоа како се согласувам да прекиниме штом тоа му е голема желба но дека тоа не сум го заслужила. и на крајот „Со среќа, Мона*“. Три дена ми немаше вратено, немал интернет дома, и вчера читам ми пишал за тоа како му е жал дека ако ме повредил некад дека многу се извинува и дека не бил ни тој крив а најмалце јас, туку така требало да биде...И го прашав дали е готово тој ми рече Не, јас несакам да биде крај, но ти ако сакаш тоа е друго... Исто така го имам прашано пред некоја недела, зошто од толку големи и убави девојки, тој ме избра мене, малечка онака..И тој само ми одговори ПА ДА, ТЕБЕ ТЕ ИЗБРАВ И ТЕБЕ ТЕСАКАМ. Девојки, што мислите, да продолжам ли со него или да го оставам, мислите дека ме сака или само од задоволство е со мене...Сепак колку и да го сакам неможам да дозволам да ме лаже и само да ме искористува....Ептен сум збунета..ХЕЛП
Не би кажала дека е дете како што го пишуваш, 3-та год. средно. А како те искористува??? Е ова ,,палење оган,, искрено ме насмеа, да не е пироман Јас не ја разбирам таа врска со ФБ делење лајкови, пораки онлине.....да не игра онлине ,,не лути се човече,, дечкото Мона, терај си ти твоја работа, дечкото не е за тебе, си игра со твоите емоции и те лаже. Или сакам да го видам тој што го сакам или несакам, а ова изнаоѓање изговори и лажење се живи глупости.
Мона искрено не знаеш колку се би дала да се врати тоа време кога и мене најголеми проблеми ми беа овие, мислам знам дека е тешко во моментот но тоа се слатки проблемчиња. Љубов на тие години може да постои но тоа е повеќе опседнатост. Како и да е, остави го, не го барај. Машките не само на таа возраст туку стално се такви не ретко кога ќе освојат девојка прекинуваат да се трудат околу неа. Затоа малце игнорирај го, и секогаш запамти, девојка си и мораш да имаш одредено ниво на гордост и самоувереност бидејќи тоа е она што најмногу ги возбудува машките
Мона, срце колку и да ти изгледа проблемот голем сега, утре ќе се смееш, од искуство ти кажувам. Премногу си малечка за да се оптеретуваш со такви проблеми сега. Лесно е да кажам да го баталиш типот, очигледно дека не е сериозен, а и како би бил кога годините не му налагаат сериозност. Мислам дека залудно би продолжила да се нервираш само, стисни заби, и премини преку некои работи, остави го, не му дозволувај да си поигрува. Да те искористи, тоа може само ако ти му дозволиш. Биди малку силна, и решителна. Друг пат (ако има друг пат) да ти каже така, односно одлуката да ја донесеш ти, за него да не го грзе совеста, направи го тоа, речи "сам ти така кажа, така нека биде" и стварно нека биде крај. Што се однесува до фејзбук... Ах, тој фејзбук. За тоа и да ти кажам да не се грижиш и дека нема никаква врска, не знам дали ќе ме послушаш. Впрочем, и ретко денес, кога светот го живееме според интернетот, некој го тангира тоа што се случува таму. Многумина го сфативме тоа. И не се грижи, те очекува средношколски живот наскоро, таму ќе ти биде многу поинтересно и многу момчиња повеќе ќе ти се допаѓаат, ова ќе ти помине Спојлер Што се тиче, Хермиоса, пред неколку страни, демек како сме ја "нападнеле" модемче, а ние не сме светици, ако сакаш да и помогнеш и да ја посоветуваш на твој т.н. правилен начин, направи го тоа, но не збори во име на сите, што сме правеле ние на 14, а не тек на 16 години. Немој да генерализираш, различни луѓе, различни карактери, различни случувања. И знаеш што, грешиш. Јас ништо не сум правела на тие години, еве сум сега, без последици од тоа, и затоа можам да зборувам од аспект што би било правилно. Помош не се укажува ако некого правдаш за грешните постапки.
Ох, зарем после толку убави работи се да заврши...Не ќе можам без него...Еве го пред малце ме побара, ѕвонеше неколку пати не кренав, и ми пиша порака дека работи со татко му и дека ко ќе се врати пак ќе ме барал да ме види...Може ќе ве разочарам, но кога веќе почнав со него, терам дури можам....
Мислење Па вака одамна собирав храброст да ви пишам ми треба мислење ..одев со еден тип 1 и пол година и сега тогаш тој ме молеше не моеше без мене плачеше и ред др работи..Јас му велев ке те изневерам и него му беше мн тешко ...а јас тоа му го викав само за да видам дали ме сака..се каравме но многу се сакавме ..па од августот ко свати дека го сакам почна да биде поиинаков да не ме бара како што ме бараш и кога ..кога се каравме порано секогас прв ме бараше ..но до ноемврито јас го барав едноставно ми се деси истото како јас што му го правев но па го изневерив несвесно отворив фб и ..запишав со еден бивши ..тоа беше 1 ден но тој не знаеше..па на 6 ноембри ме изневери со неговата бивша и ми пиша дека на врскава и е крај..по 1 месец дојде да ме моли постојано се срекававме и дојде на фб да ме моли се смиривме некако.. но јас осекам сега ако вика дека ме сака јас мислам дека не..и многу ми е чудно нз дајте совет...мислите дека ме сака?сега ме бара.. се прави да сме срекни..но јас се плашам да почнам да сум добра со него..МИСЛЕЊЕ..
Прво тоа инатење, дигање на гордоста и изневерување не е во ред. Мене некој да ме изневери или јас него да го изневерам никогаш повеќе нема да ја имам истата врска со него, како што сум ја имала. Колку и да му верувам или да ми верува, никогаш не ќе можам да бидам спокојна со него. Тоа се однесува на мене, а ти како гледаш на работите не знам. Можеби тој сега сватил дека те сака и сватил што изгубил па сака да си го врати тоа назад. И сега не мора да си играте постојано топло-ладно. Ти добра, тој лош, ти лоша, тој добар.. Видете и двајцата такви какви што сте! Тоа е вистинската љубов, а не преправање во нешто што не си! Пробај да бидеш тоа што си, ако не ви успее така, кажи му чао.
Па како јас неможам да сватам како мислиш да видиш дали те сака ако ти му велиш дека ќе го изневериш..ако не веруваш дека те сака можеш друг начин да најдиш за да се увериш овај ми е некако чуден..и мислам дека ти треба да си се провериш неможиш секогаш да се сомневаш и да се прашваш дали те сака...ако на крај краева мислиш дека не те сака па клај крај и готово.
Можеби не требаше да се зачленам на форумов, многу повеќе проблеми ми навинараат во глава сега и едноставно морам да побарам совет Ако сум досадна... извинете! Дај боже да немам потреба да пишувам. Да не должам, интуицијата ми кажува дека на моето момче му се допаѓа друга девојка. Или едноставно му е премногу мила, убава, добра и фина бла бла бла итн. Иако негира и тврди дека не е така, знаете дека женската интуиција во 98% од случаевите не греши. Знам дека не би ме изневерил и дека на секој може да му се случи тоа, истото ми се случуваше и мене пред некој месец, едноставно ми се допадна друго момче но во никој случај не преземав ништо. Јас почнав малку да се одалечувам од него, му дадов до знаење кое е моето мислење и дека е доволно возрасен сам да знае што е во ред што не, но искрено ми смета ситуацијава. Признавам ете и мене ми се случи, но нормално сега обратно кога е ми смета. Според моето мислење на таа девојка тој не и се допаѓа, а и воопшто не е важна таа, туку тој. Си дадов ветување дека на некој начин ќе вложам нешто во врскава, но ова тотално ме оттргнува од таа идеја. Едноставно глупаво ми е на овие години во толку долга врска да се замарам со вакви пубертетски работи. Барам совет како да се однесувам со него, немам воопшто претстава што треба, а што не треба да направам...
Имам еден доста непријатен проблем. Со дечко ми често се караме, доста често... Но за среќа се смируваме потоа. Знам каде лежи основата на тие кавги, за тоа сум свесна, тоа е нешто од минатото кое не се менува никако. И сега, во последно време, во мене се јавува паничен страв дека би можела да го изгубам засекогаш. Чувствувам некоја необјаснива потреба да сум постојано до него. Се воздржувам да не му се јавувам често, но едвај. Искрено, многу ми е тешко. Проблемот е до мене, знам, но самата помисла дека би можела да го изгубам, дека може да ми раскине, ме плаши толку многу што паничам, се тресам и плачам. И еден ден без него, го поминувам многу тешко, како да сум зависна од него. Убаво се чувствувам само кога сум со него, ништо друго не ме радува... Незнам како да ги оттргнам мислите од тоа, да мислам позитивно. Се надевам на некој совет од вас, Феминки.
За првиот случај еве еден совет од мене пробај да разговараш со него да го прашаш дали планира да те изневери со неа или не пошо недај господ мојт и неа да и се допаднит..зато требит да разговараш а ако негират ..значи тебе ти се причинуват така..поз