((( два пати мери еднаш сечи, право провери што е работата (прашај а птворено другарка ти, ако ти е навистина другарка ќе ти каже) а после пресуди. и не се нервирај само за глупости на кои една ден може ќе се смеиш.
Butterfly15, значи, има луѓе кои можат да живеат со тоа дека нивното најсакано и најблиско нешто прави работи што ним не им се допаѓаат, но има и такви кои неможат да живеат во таква заедница. Тоа едноставно ја убива нивната врска. Приватниот живот на дечко ти, неможе да биде само негов. Тој те засега и тебе! Па 2 години сте заедно, планирате иднина... Твојата интимност и приватност е и негова, и обратно. Нема што да криете еден од друг, и за се што ви пречи треба да разговарате. Пробај повторно да зборуваш со него на оваа тема, при што ќе му нагласиш колку ти е важно и колку ти значи неговото однесување, и зборовите што ги кажува за твоето семејство. А твоето семејство... па нормално е да не се согласуваат баш најмногу со твојот избор, и да го „сакаат“ дечкото на сестра ти повеќе. А дечко ти треба да биде свесен дека работите кои тој ги прави, едно обично нормално семејство не ги сака и почитува. Но тие те сакаат тебе, и ќе го почитуваат секој твој избор, иако понекогаш се случува да пробаат да те одвратат од него, но само за ти да имаш поубав живот. Ако толку се сакате, и вреди да останете заедно, тој ќе се откаже од работите кои тебе ти сметаат, а и ти исто, зошто подоцна кога ќе живеете заедно, тие постојано ќе предизвикуваат расправии и немир во вашите животи. Значи, пробај да му објаснеш (не дека тој не знае) дека неговиот приватен живот е и твој, како што е и твојот негов. Дека семејството е нормално повеќе да го симпатизира дечкото на сестрата, што не значи дека нема и него да го сакаат подеднакво понатаму, кога ќе сфатат каква е сиуацијата. И дека ако планирате иднина заедно, прво морате да ги отстраните сите работи кои ви сметаат на двајцата. И уште нешто.. немој да му дозволуваш да го навредува твоето семејство или тебе! Тие се личностите кои секогаш ќе ги имаш. Дечковците, колку и да е болно, секогаш можат да се сменат. И, ако не сака да те слуша, ако не сака да разговарате и да го решите проблемот значи и дека не му е важно. Ако е така, немој да го молиш. Повлечи се, и ако му требаш, ако те сака, секако ќе дојде да те побара. Ако не... сама го знаеш одговорот. Со среќа!
Чупенце...Ти очекуваш работи што сакаш да се случат, но всушност не се реални. Како проценуваш дека се сакате , ко тој упорно крие од тебе и не ти дозволува да влезеш во неговиот „приватен живот“? Знаеш какво е чувството упорно да гледаш црна дамка во некого? Сега се опира за џоинтот(искрено, и тој не е страшна работа кај зрела особа) .... недај боже, понатаму ќе дојдат многу посериозни работи... тогаш што ќе правите? Таа работа ќе остане. Тој има и такво друштво, таква околност, тоа му е смислата на животот... тие ствари не можеш да ги промениш. Не е работата во тоа што сите знаат, туку во тоа што не може да се прифати тоа што сите го знаат. А другиот „зет“ го сакаат повеќе не само затоа што е богат или заради факултетот, туку затоа што е угледен човек и не е проблематичен. Како што кажа Крејзи „не е важно дали има факултет, битно е да е амбициозен и снаодлив. Едно е да си амбициозен и да немаш среќа, но барем се трудиш и кога тогаш на некој начин ќе успееш“ Тоа е вистински пат до успехот. Сум бил и без денар дома и со многу пари, ама никогаш не сум осетил дека некој што ми е битен го сменил однесувањето кон мене на таков план... така да - сепак е до впечатокот што го остава тој самиот. На мојата девојка многу и сметаат цигари и алкохол. Ми го кажа тоа уште ко почнувавме и јас никогаш веќе не се доближив до цигари и никогаш повеќе не се опијанив. Но затоа што јас се сменувам за неа, очекувам и таа да направи мали отстапки ако затреба. Само така можиме да ја одржиме љубовта без додатни проблеми. А тој, ако самиот има сила после 2 години заедно да си замини... тогашш... нека си оди подобро... не можиш да кажиш дека те сака ако може да си замини без многу сериозен проблем меѓу вас.
Ви благодарам на сите за искрените совети.. ми помогнавте многу. Тој никогаш не крие од мене кога пуши џоинт, тоа е во ред и јас секогаш му преговарам кога ќе ми каже и пред некој ден баш кога пак почнав да зборувам колку ми смета тоа, тој ми кажа не знам зошто ти кажувам.. И тој е многу снаодлив, работлив човек е, тоа не е проблем и до душа не ми ни смета толку многу што не е ученик, но ми смета тоа што е таков каков што одсекогаш сум мразела. Значи мразев машко што пуши цигари, што пие многу, што се тепа и слични работи, МРАЗЕВ такви.. а сега сум со таков. Сме пробале многу пати и двајцата да се промениме и тој ми ветил многу пати дека ќе проба да ги тргне тие работи, но не бива, таква му е средината околу него, со такви се дружи. Проблемот е што веќе и таа љубов што ја имаше порано ја нема. Тоа секој може да го почувствува, но секогаш кога ставам крај тој секогаш се враќа со многу љубов и јас паѓам на неговите зборови и .. почнува пак истата приказна.
Ах бе дете... не знам што гледаш... Со каква љубов ти се враќа кога упорно те уништува со неговите постапки? да можеш со мои очи да го прочиташ коментаров ќе сватиш дека заслужуваш многу подобар од него. Со таа цел , ти болдирав нешто. СЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ... ако не му успее значи дека не се труди доволно ... за жал П.с. не е во тоа што тој сака или неќе да работи , туку дали ствара атмосфера за да гради семејство понатаму.
Мислев дека е љубов.. Во право си ме уништува и не знам како ми е по неубаво, со него или без него? Размислував синоќа цела вечер и решив денес да го викнам да се видиме и да му кажам се што сакам(кој знае дали така ќе биде) и да ставам крај, ама на убав начин затоа што не сакам да се мразиме. Па ќе видиме што ќе биде.. дали ќе успеам или пак ќе си остане на старото.
Mила,тоа требаше да го направиш и порано..Сигурно ке ти биде подобро без него само на почеток секако ке ти биде тешко,од тоа нема бегање.Јака ти душа како го поминуваш тоа,и јас како тебе бев.Секогаш одложував а на крај нешто пукна во мене,и верувај сега ми е убаво со новиот дечко а назад не гледам повеке.Потруди се,обиди се,и ако си решена да го оставишп и кога и да те побара а ке те побара стој си на своето. Што и да направиш ја имаш нашата подршка
Стој ... не го викај... размисли прво добро со што ќе се соочиш И НЕ СЕ ПОМЕСТУВАЈ ОД ТОА! Подобро да се мразите а ти да се спасиш на време отколку пак неспремна да попуштиш на неговите зборови. Верувај , можиш без него. Немој да бидиш слаба пред некој што не те почитува. Имам другар така што прави.... девојка му го вара со пола град , а тој и простува... Понеубаво е да трпиш, отколку да погледниш во небото пак слободна и да чекаш вистински за тебе. Добро размисли... направи си список на работи (озбилно ти викам, земи напиши на лист) што ти сметаат, што сакаш да му ги кажиш. Направи и список на работи што сакаш да ги смени без оглед на се , и до нив напиши колку се шансите тоа да се оствари. И не се залетувај во луѓе без врска понатаму во животот. И јас и девојка ми ти посакуваме среќа...
Добро Geronimo, ќе те послушам сега. Нема да го викнам да зборуваме прво ќе размислам пак поубаво и потоа ќе видам што ќе правам. Ви благодарам и на тебе и на девојка ти. Pelikuna, знам дека требаше оддамна да го направам тоа, а јас само премижувам на се и чекам, чекам, чекам... да се промени. Мило ми е што си среќна со новиот и се надевам дека подолго време така ќе бидеш, уствари цел живот. Јас ќе ви пишам кога ќе го направам вистинското.. тоа што требаше оддамна. Ви благодарам многу.
Еве ќе соберам сили ќе ви напишам. Имам долга врска но дечко ми во последно време сакал да шета Кога јас ќе отидам некаде, кога јас ќе отидам на кафе со другарките војна се дига, а сега неговото не се признава. Синоќа и преку телефон ми раскина ми рече сакам да шетам, и уште многу работи ми изнакажа што ме заболеа. сакам да се искажам сакам да плачам но неможам се си ставам во себе. Незнам што да правам
Батефлај ти си знаеш најдобро што ке направиш но мислам дека е време да расчистиш со себеси дали во врската те оврзува обострана љубов или сето тоа станало навика. Зошто за сослушување на твоите чуства, потреби и задоволства никогаш не ти дава простор? И искрено не за џабе рекле дека волкот го менува влакното но крзното не. До кога ке се надеваш дека неговите навики ке ги промени, а се се сведува на тоа дека некогаш ке се смени.. Машко не се менува заради тоа што ти ке му речеш, но ако те сака ке се промени заради тебе и заради иднината на вашата врска..Доволно си возрасна и паметна за да процениш до каде ке оди твојата толеранција за неговото однесување. Неговите постапки се незрели.. Твојот збор нека биде конечен, тој нема да се смени знаеш така? Немој да бидеш жртва на неговото одложување дека некои работи ке се сменат ... Перла извини вака ама до кога ке изиграваш глупача? Те навредува и те уценува извини или ти си толку патетична или он.. И да ти раскине мислам дека само услуга ке ми направи.. Абе колку и да го сакам ОН МЕНЕ КЕ МИ БРАНИ? Ауу се ке фрлам во вода па никој не смее да ми ја одзема слободата и личниот простор со такви постапки. Врската не е поврзаност со окови, врската е поврзаност со љубов, доверба и почит...
Problem?! Има време за се. Ич да не се секираш, само биди посамоуверен, дружи се повеќе, излегувај... Тоа што е твое ќе си дојде, порано или покасно.
Problem?! Jас кога бев на таа возраст, го сакав најдобриот ученик од класот. Бев презаљубена, и дури учев секој ден за да бидам во тек со него.. Уф, исто така тој немаше девојка, до ден дешен не дознав дали тогаш имал девојка, иако се сомневам. И знаеш што? Си дипломира типот со 10,00 просек, сите го сакаат, сега ги врти на мал прст. (ама ем што е паметен, премногу е шармантен) Ич да не се грижиш. Терај си школо, ќе дојде време кога ќе се лепат девојки и на твоите оцени. Јас сакам паметни машки, не ги сакам тие што не учат. Сега уживај, ќе дојде време кога ќе нема глава да кренеш од девојки
Во превод, сакаш да кажеш дека на дечко ти му е доста од тебе, тој сака да шета, ама тебе да те држи под контрола, онака колку да си има резерва додека не најде подобра??? Девојче, не се потценувај самата себе си... Кажи му јасно и гласно дека имаш своја слобода која никој не може да ти ја одземе. И, во име на вашата долга врска, пробај да му објаснеш како стојат работите. Ако не сака да слуша, батали го, сврти се и замини си! Такви момци на никоја девојка не и се потребни... со кое право тој може да ти ја ограничува слободата.. Во секој случај, пробајте да најдете компромис, но ако тој упорно се труди да те ограничи тебе, твојата слобода, твојот свет, твојата личност, додека тој шета и се забавува, немој да се мислиш премногу. На овој свет има многу нормални момци кои искрено чекаат едно нормално девојче. Размисли и реагирај. Со среќа!
Во овој незнам дали да наречам проблем немаш место за нервоза.Зошто?Па ти ништо лошо немаш направено за да с ечуствувас тажно.Тоа што имате долга врска се надевам и сериозна треба да побараш од него еден разговор,да видите зошто го имате овој проблем,отворете ги сите карти на виделина,и ке видите како навистина стојат работите и како би требало да бидат,не го сваќај ова толку сериозно ,да речам како дефинитивен крај затоа што и не е некоја голема пречка за крај,смири се разговарајте и решете заеднички