Претпоставувам дека и дечко ти е отприлика на твоја возраст, па не ме чуди многу неговата лигава наивност и тупавост да речам, типична е за голем број машки на таа возраст. Кај некои за жал и со годините не поминува. Незнам што можеш да направиш овде, ако мислиш дека можеш и што е побитно-ако ти сакаш-со тек на време да се навикнеш на однесувањето на Госпожата, продолжи со него. Ако многу ти смета, тогаш стисни заби и гордо акни му ги клоците, друго нема. Освен ако по некое чудо се опамети малку типот и му текне да изреагира соодветно...
Тања вака јас мислам. Имаш голем проблем! Секогаш сум стоела зад тоа дека како што не можат да се спојат денот и ноќта така и пријателски не можат да се спојат маж и жена. Сексуална привлечност?! Ти текнува? Мора да ја има таа привлечност чим она ужива во друштвото на твојот дечко. Мој совет тактички да постапиш. Прво и основно немој да бидеш љубоморна, знаеш дека губиш од старт. Можно е и да те откачи баш заради тоа што не можеш нејзе да ја прифатиш како негов пријател. Од друга страна со самото тоа што љубомориш покажуваш дека вредиш помалце од нејзе и дека си несигурна.. Он одма ке те спореди со нејзе..Прво и основно запознај ја, ама по твоја желба. Така ке влеташ во нивен однос. Биди забавна и дружељубива. Прашувај ја за се и покрај тоа што приметуваш дека не и се зборува со тебе. Твојот дечко ке биди дека ти си таа фината а она провокаторот и дека се трудиш да ја прифатиш.. Во твојава ситуација бидејк требало или имало нешто не се знае ама прашај ја нејзе дали има некој? и заклучи од нејзиниот одговор, ако е уште во потрага тоа може и да значи дека чека на дечко ти. И за крај НАЈДИ и ДЕЧКО Кажи му на дечко ти дека ти е жал што неговата другарка е сама и ја нема вашата среќа.. Кажи дека време е да и средите со некој и дека е супер девојка и дека заслужува.. Излезете во парови Поканете ја со тебе и твоите другарки да излезете. Опијанете ја до тој степен да не знае што прави па потоа појави се кај твојот дечко или кажи му дека треба да ја однесете другарка му во кревет .. Малце злобно ама во војна и љубов се е дозволено
Девојко,очигледно оваа „другаркава“ на дечко ти,сака да те нервира,да те прави љубоморна очиглено е дека сака да ве скара...мислам дека она чувствува нешто повеќе од другарска љубов кон дечко ти или пак ова и е интересно и занимација во слободно време,оти како што кажа била тешка спонзоруша...можеби дечко ти не го чувствува истото кон неа,ама така изгледа покрај спонзорушава...и седни го на озбилен разговор и кажи му ми сметоа воа воа и воа,не сакам да одиш кај неа дома кога е сама,не сакам постојано слушање на телефон или пораки пишување,и земи одлучи се дали си во врска со мене или со неа,оти како што изгледа,тебе она ти е женска а не јас...т.е прва жена
Како да се смири ме? Девојки ве молам помогнете ми . Значи со типов одам 2 години и сега раскинав ме ..Тешко ми е..Ме избриша и од фб значи ли тоа дека е готово?Еве скоро 10 дена не разговараме се разминуваме а се правиме ко да не сме се познавале никогаш? Можеби јас треба да го направам првиот чекор но се плашам .Сакам да се смири ме ве молам помогнете ми дајте ми некој совет да знам шо да прам.ви благодарам однапред
Како да се смири ме? Не знам како да се смирите.Мислам 2 години сте биле во врска и сега те брише од Фејсбук и како да не се познавате.Не ми е баш логично освен ако имате 13 години.
Како да се смири ме? Ако сакаш да се смирите, превземи нешто. Зависи и за што сте се скарале, нормално ако ти си крива треба да му се извиниш, да поразговарате. А ако тој е крив и те повредил, не вреди да страдаш за него. Само не ми е логично како може 2годишна врска да заврши така... со бришење од фб. Крајно незрело.
Како да се смири ме? Па кажи му кога ќе се сретнете негде, дека сакаш да разговараш и напрајте си муабет. Кажи му дека сакаш да се смирите, ќе видиш одговор и ќе знаеш дали уште вреди да го сакаш назад. А можеш да пишеш повеќе детали, зошто сте раскинале? Колку години имате и двајцата? И ти ако не знаеш што да направиш, а сите биле 2 години заедно, верувај ни ние не знаеме.
Помогнете ми .. Девојки значи вака.Излегувам 2 и пол години со дете што има женска.Значи тој повеќе време поминува со мене од колку со неја .За ова не знае никој ни неговите другари ни мојте другарки..Секаде сме заедно значи а никој не сваќа дека изл.сите мислат дека сме најдобри "другари".Колку пати сме рекле дека готово крај е ии дека не е убаво што му го правиме тоа на девојчето но ова стварно не завршува.Но еве веќе 2 недели не разговараме воопшто затоа што тој мисли дека сум излегла со неговиот другар а тоа не е точно.Не знаете колку ми е тешко.Можеби му сум станала досадна и не знаел тоа како да ми каже па морал да го измислил тоа..Разговарав и со неговиот другар но тој тврди дека ништо такво не му кажал.Незнам што да правам но јас не можам без него едноставно јас за тоа време што сум го поминувала со него јас се заљубив.Ме избриша и од фб ..Не ми одговара на моб ..што да правам ве молам помогнете ми..Ви благодарам женски однапред
Помогнете ми .. Можеби тоа му само причина и оправдание за да те откачи и да си продолжи животот со девојката, ти секако си вишок во таа врска!
Помогнете ми .. Добро бе не ви е жал да праите некој будала? Остај така како што е,може на дечкото конечно му дошло памет и се одлучил со кој сака да биде.А очигледно тоа не си ти
Помогнете ми .. значи туку така да оставам се како ништо до сега да не било и ништо да не правам..Да се преправам дека се е океј..?
Помогнете ми .. Пред другите а и пред него прави како се да ти е ок и дека ти е најубаво што си слободна и не се замараш со никој . Ќе најдеш друг имаш 18 години ехеее не еден 101 зошто воопшто не знам се плеткате со машки кои се зафатени зарем не сте помислиле дека и на вас може да ви се врати истото ? ? ? Не му ѕвони, не му пишувај пораки заборави го ќе пројде и се ќе биде полесно ќе видиш
Помогнете ми .. Би требало уште порано да мислиш и да не стапуваш во врска со некој што веќе има девојка.Размисли прво како би ти било на тебе , твојот дечко да оди со друга...А ти да мислиш дека таа му е другарка.Немој така ,многу е греота. Остави се како што е,на лагата и се кратк нозете,кога тогаш ќе се дознае.Не си прави поголеми проблеми.
Помогнете ми .. ви благодарам женски тоа и ке го направам... а наравно дека ми е некакво..но јас изл со него 2 и пол години а тој оди со женска му само 1 година.. 1 и пол година додека изл со мене тој беше слободен..јас незнам како да го заборавам првин..не можам да ги заборавам моментите што ги имам поминато со негоо..со никој немам такви моменти поминато . но сепак ќе ве послушам и ќе се правам дека се ми е океј..
Помогнете ми .. А која е причината што не е во вреска со тебе туку е со женска му кога вие сте се гледале уште пред тие да се фатат?
Помогнете ми .. А добро не гледате дека сличен ваков ник имавме вчера со метал типката? И таа Јана се викаше...
И мене не ми е јасно, ако вас ви било толку убаво заедно зошто тој фатил друга женска а не се фатил со тебе????
Ајде кажи сега дали си janafilth? Или ќе биде проверно од модератор? Ако си, не ти беше доволно, ова е трета тема човече..