Залудно се надеваш дека нештата ке се сменат или дека со текот на времето ке го засакаш.. Ти си дала шанса и се од себе за да успее врската но мора да го поштедиш и да му дадеш шанса да ја најде вистинската љубов. Колку и да е среќен и исполнет тој е лишен од задоволства што може да ги има со друга личност.. И мој најголем СОВЕТ Немој да раскинете без разговор.. Седнете, и кажете си се што ви лежи на душа, ако не можеш ако треба дури и напиши писмо ако ти е полесно, само НЕМОЈ без разговор.. Дали сега дали послем и онака нема никакво значење.. исто ти се фаќа
Јас како што гледам тебе ти здосадил затоа што многу ти одел по ќеиф.така е тоа секогаш.да бил малку по остар со тебе не би рекла дека ќе бараш сама причина да се скарате.Ама ОК штом не си сигурна побарај пауза,ќе ти помогне.А незнам зошто поклонот те мачи, вие ако сте на пауза зошто да му даваш поклон, или дај му го пред тоа или нема потреба да му го даваш.
Одамна не сум ве позамарала со моите проблеми.. Не дека е некој кој знае колку голем проблем, но се чувствувам ужасно. Во петокот вечерта бевме излезени на исто место, тој со другарите јас со другарките. Потоа отидов јас со другарките на диско и по пола час и тој дојде и заедно бевме таму. Супер си поминавме, не части сите пијалок, игравме, се смеевме.. Потоа моите другарки решија да си одат и јас му реков на дечко ми да останам со него, тој ми рече дека сакал сега малку со другарите да е. Во ред, не се налутив затоа што цела вечер беше со мене. Ме испрати до таксито и си отидов. Накај 04.00h ми се јави да одиме кај него. Му реков дека спијам веќе и дека е касно сега да излегувам од дома, и тој се налути и ми ја спушти слушалката. Утредента цел ден беше намуртен и за секоја ситница се караше со мене. Потоа отидов јас на кафе со другарките и се сретнавме низ центарот и ми потражи 100 денари да уплатил спортска. Му реков дека нема да му дадам затоа што си ги чувам за вечер и тој се налути за тоа. И бидејќи работи во една дискотека ми рече вечер да не сум ни помислила да отидам во дискотеката затоа што ќе ме исфрлил како партал. Секако не го послушав и вечерта отидов во дискотеката и тој ни даде маса и бидејќи е келнер, не дозволи да му ги платиме пијачките. Во ред тоа.. Денес си пишавме на фб и тој почна да ми зборува како јас не сум знаела ништо да ценам, дека сум била многу неблагодарна.. Не сум можела ни 100 денари да му дадам.. И се однесува многу никакво, како воопшто да не му е грижа како јас се чувствувам! Знам дека не е кој знае каков проблем, но не знам што да правам. Му реков дека од ништо прави нешто, без врска, а тој упорно уште се расправа со мене..
Незнам што да ти кажам...Потруди се бидии ти поладна со него нека осети и ќе види колку му значиш и ќе размисли за тоа како да се понаша со тебе во иднина. Инаку и јас имам не којзнае коллкав проблемвсушност и не е баш љубовен.Се работи за тоа што имам неколку машки другари кои на мене лечат комплекси.Кога и да им притреба женско одма на мене демек те сакам ова она ѕвезди ми свалаат и после некое време абе те зезав бе она она.Стварно незнам што е финтата,зошто се однесуваат така...
Он работи, а ти да му даваш 100 денари? На 16 год? Ај ова е да кажеме понебитно ете немал да речеме... а башка за спортска што ти барал. Второ да ми каже мене некој странец ќе те исфрлам како партал ќе го јаде опасно многу на болното место, а не па некој близок па боже дечко ми?! Мртов е за мене. Зошто се понижуваш толку?
дали значи нешто или....? Здраво Имам јас едно прашање....... дали нешто значи доколку некое машко кога се поздравувате ве стега за половина ? Бидејќи едно машко кое ми се свиѓа многу секогаш коа се поздравуваме така ми прави
Женски барам ваша помош...Епа со дечкото раскинав пред една недела (одевме скоро три години)...за чиста глупост..тој ми се скара..сега ми пиши на фб и ми вели ако ме молиш ти ќе се смириме...ама со текот на разговорот...тој почна неможам без тебе..во сите те гледам тебе (демек во една недела се мувал со други ама јас знам дека не е така дека ми вели само за да ме напрај љубоморна и јас да попуштам и да го молам)..и јас почнав да му пишам како дека тој самиот рече дека не сме еден за друг во нервоза ми пиши го реков то..јас си се изнапишав реферати се со ми лежеше на душа ама не нервозна смирена аа тој пак на целиот реферат шо му го имав пишано ми врати одам да спијам уморен сум ќе прајме друг пат муабет..ме откачи со еден збор кажано..сега јас незнам дали кога ќе ми пиши да му вратам или не да остам малце да помоли и да се нервира и тој како шо сега јас
Драга, зошто ти да го молиш да се смирите ако он ти раскинал? Дечково ни сам не знае што сака, кога го игнорираш ти се улизува, чим примети дека сепак му обраќаш внимание не се замара повторно. Тој ти раскинал, ако сака да се смирите нека ти каже убаво, а не со вакви досадни глупости. А ти посвети си малце повеќе внимание на себе периодов за да се запраша дали тебе всушност ти е подобро без него?? Да не се повторувам 100 пати си прочитала, другарки, дискотеки малце ојачај си ја самодовербата. А и ако нешто имаш да му кажеш или он да ти каже излезете како нормални луѓе, а не да се допишувате на фб. Игнорирај го некое време, да му се смири егото.
значи ова не се баш љубовни повеќе зивотни ама нз каде да ви се обратам ,ве молам за совет...значи вака имав еден муватор и отидов кај него дома и он рече нема да кажам на другари ама кажал а другарка ми ке дознае од нејзниот другар најверен .....а она ништо нз од мене и он ке и каже све што сме правеле петинг ова она а она се знае со моите и се фамилијарни пријатели...и мислеите нејзините ке кажат на моите ???башка и др знаат,мислите ке се дознае а мене срам ми е од моите нз со да речам ?можеби безвеза е постов ама страв ми е лошо се осеќам а исто и она знае дека сум имала мн дечковци а моите сроги се ,мислите би се дознало или??а ако се дознае бар што да смислам дасе оправдам??
Малечка се оправ од болдирање и боење проблеми кај тебе, а ти велиш дека не е којзнае каков проблем?! Прво колку што сфатив си 16 години, типот бара пари од тебе и тоа за спортска... Вистинско машко ни д од дајми нема да ти рече! Ќе те исфрлел како партал?...Мене некој да ми го кажеше ова јас ќе го исфрлев на партали него, и ќе му даев до знаење дека не смее така со мене да зборува! Нека покаже бе почит! Не си ти Партал па да те фрла надвор! Уште па да те вреѓа! Очигледно е дека имаш проблем, и тоа со самодовербата! Кај си ја скрила!? Дај покажи заби, не дозволувај да се игра така!..... И да ќе заборавев...вистинско машко не ја бара својата девојка во 4 сатот на сабајле!
I'm tired of this triangle ! Претпоставувам дека секоја од нас си има перцепција за мажот од своите соништа. Далеку од совршен, но едноставно ТОЈ. Така и јас. Знаев што сакам. Знаев што барам. И барав, но никако не го добивав она што го сакав. Како под дефолт наоѓав љубоморни мажи, луѓе со кои не можев да се разберам. Е сега, всушност цел живот имаше еден во позадина што некако се плеткаше низ мојот живот, а јас не го приметував. Се до септември. И нормално се започна со ФБ Станавме пријатели, но никако не се допишувавме. Нашата комуникација почна со игричката Sims Најверојатно ви е смешно, но што е тука е. Станавме пар на таа игра, и полека полека, почнавме да го користиме chatot ( фала Богу ). Околу 1 месец си пишувавме, полека си се запознававме, и излеговме на кафе. Не излеговме сами. По неколку дена бевме на театар, па пак на кафе. Колку повеќе го запознавав, толку повеќе сфаќав дека тоа е тоа што го барам јас. На неговиот профил имаше еден албум со слики од претходната девојка, или барем јас мислев дека е претходна - зошто инаку би го чувал. Но тоа сум јас, кога се заљубам нема никој послеп од мене. И да не доолжам многу, по 2 месеци откако се зближивме, заминав на 15тина дена надвор од МК на гости. Си реков ако некому му значам нема да му сметаат тие 15 дена, ќе биде тука за мене и потоа. Но, 1 ден пред мојот роденден , си седнувам на компјутерот отворам ФБ и ОПППППППП ... Бомба. Home page, XX was tagged in YY photos. За мерак. Мислам дека ми се стемни. Среќа што домакините беа излезени па си фатив низ непознатиот град една долга прошетка. Бев бесна, лута, повредена. Најверојатно лажел дека прекинале. Веќе не ми ни беше важно. Си дојдов во Мк, квалитетно си го прославив и тука роденденот, и како и секогаш во мој "сплеткарошки" стил му праќам една лоша лоша смс порака. Врати. И сега настапува лошата Луда Марита. Од тогаш веќе 4 месеци го крадам, ако не секоја, преку една вечер. Среќа што таа не е од нашиот град. Не ја гледам - не ме боли, но ме боли неговата лага. Мажот во кој најдов се што барав, најубавите очи, најубавата прегратка, најдобрите и најсмирувачки разговори, мажот кој ги исполнува моите соништа ме лаже дека ќе прекине со неа. Сигурно многу од вас ќе ме критикуваат, не прави го она што не сакаш да ти го прават, но едноставно не можам да престанам. Повеќе не размислувам за неа, си се вовлекувам во неговите прегратки затоа што и тој така сака, затоа што не е само забава. Еднаш го прашав дали ја сака. Ми рече дека работите не се такви какви што изгледаат од страна. Типично машки изговор. Но што е тука е, јас не знам и не сакам како да се откачам од него. Можеби времето ќе ми покаже. И се извинувам за долгиот текст. Почуствував потреба да се олеснам ова утро. Каде ако не на Фемина.
I'm tired of this triangle ! Зарем не те измачуваат мислите кога е со неа?? Ова што го правите е многу подло и расипано кон таа другата која ти сакаш упорно да заборавиш дека постои во неговиот живот... Те разбирам како се чуствуваш.. сум се нашла во слична ситуација... Беше многу емотивно, но јас не можев да ја поднесам мислата дека не сум прва.Постојано се споредував со другата и се нервирав и прекинав.... Па вредам доволно да бидам ПРВА односно ЕДИНСТВЕНА!!! Исто и ти . Имам многу другарки кои се во слична ситуација како тебе, но не можам да разберам... Ако ти е убаво и се надеваш дека ќе прекине со таа, зарем не мислиш со каков човек си во врска... Па сигурно и во таа друга врска ги имало истите чувства, блискост, а тој е способен ова да и го прави ЗАД ГРБ!! Познавам еден таков брачен пар, значи жена му го беше украла од првата жена, а сега без таа да знае тој беше краден од друга... Тие таквите секогаш си остануваат неверни, зашто очигледно сакаат постојано да ја чувствуваат онаа страст која ја има на почетокот, па затоа си наоѓаат нова партнерка.... А ако не му е убаво со другата , сигурно не би останал и не би поминвуал сеуште време со неа...Хехех сите истите лаги ги кажуваат, сигурно таа нема поим дека не им е убаво заедно и со неа е фин како со тебе....Штом може да ве има двете тешко дека некогаш ќе излезеш со него од овој триаголник..... Ја не знам што им е на девојкиве денес......... Сами една со друга си штетиме.... ако се и другите како тебе ќе доживееш како е и да си онаа другата.... Па после мажите биле неверни Па како нема кога сме вакви, им се може Цени се повеќе и не дозволувај да бидеш втора !!!
I'm tired of this triangle ! Па не знам кога е со неа ! Таа никогаш не е тука, а тој скоро секој ден е со мене. И можеби поради тоа што ја гледа 1 месечно не ми е мака за неа. Порано да, размислував. Но сега се опуштам, не се споредувам со неа, едноставно ја заборавам. И да , сакам и јас да бидам прва, единствена. И сум размислувала дека со таков тешко дека ке имам доверба подоцна ако би имале врска, но IM IN LOVE, а кога сум јас ин лове, тука ми нема помош !
I'm tired of this triangle ! Добро е што си отрпнала на неа Хехех, друга позитивна работа е што можеш да си претпоставиш што се може да доживееш со него , па како и да е , не би била изненадена .. И јас сум како тебе кога ќе се заљубам ама среќа јас не сум била доолго додека да откријам , и обично ако знам дека нешто може некогаш да ме боли го одбирам тоа порано....Јас би му дала да бира.. Е сеа ти си знаеш , ако ти е убаво , твој си е изборот
I'm tired of this triangle ! Добро бе девојко имаш ли ти самопочит, совест и достоинство??? Мислиш дека тоа што си заљубена те оправдува за тоа што и правиш на некоја девојка? Мислиш дека ќе остане со тебе?? дека магично ќе ја снема таа што се гледа со неа еднаш месечно, и дека ќе си живеете среќно засекогаш??? Алоо, Земја зове Луда Марита, тој тебе те користи додека е овде сам. НЕ те сака ТЕБЕ, ако не беше ТИ ќе беше некоја друга. И после кога на фамозниот ФБ ќе видиш статус ОЖЕНЕТ со таа што се гледа еден месец, што ќе правиш тогаш??? Не ти го пишувам ова од памет. Имав јас врска на далечина, и знаеш што му реков?? Прави што правиш само јас да не дознаам и пази да не направиш некое невино дете по светот! Она знае за тебе, можеби не за тебе конкретно ама не е луда дека он цел месец е сам и и е верен до гроб. Така да свести се, додека не било касно па после да ни плачеш овде како те искористи и те откачи.
I'm tired of this triangle ! Мислам дека ова е погрешно. Секоја девојка може и мора да биде прва. Вторите девојки сите знаеме како завршуваат. Ете можеби во овој случај нешто ке биде поразлично и вие ќе останете заедно но , доколку малку те сака , би требало да разговараш со него за да бира. Или ти или таа. Никогаш не сум го сакала триаголникот. Сум се нашла во него и сум се каела и уште се каам со самата помисла на тоа. Ако барем малку мислиш на себе, не прави си го тоа што знаеш дека подоцна ке те боли..