Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    I'm tired of this triangle !

    Во ситуацијава секаде те читам само тебе и твоите чуства.
    Рече ти дека во него си го нашла совршениот маж, но каков е тој кога е со тебе?
    Има разграничено што си му точно ти на него?
    Ќе испадне ова дека он во тебе наоѓа девојка за своите сексуални потреби, додека девојка му е во друг град. Плус кажа дека те лаже дека ќе раскине со неа, а воедно и те лажел кога ја започнавте врската.
    Со неа се гледа ретко, а зошто не раскине? Што го држи толку кон неа? Долга врска? Или сепак ја сака неа?
    Кон тебе искажува чуства?
    Убаво ти е на тебе можеби, но тој те лаже, ти си му резерва.
    А и дечкото може така и си функционира, може не си му прво изневерување, може постојано си има девојка и уште резерви за секс. Може има и други девојки и во истиов момент со кои се гледа.

    Пази се, не се повредувај уште повеќе.
    Секој тријаголник мора кога тогаш да заврши, што порано толку подобро.
    А и некој мора да е повреден или ти или она, а он како и да е во добивка е, знае да игра дечкото.
    Тука имаш 2 ситуации или остави го и барај некој кој ќе те сака и цени повеќе или бори се. Но ако се бориш за него прво запрашај се каква ќе ви е врската? Дали ти ќе имаш доверба во него, а довербата е столбот на една врска, дали ќе чуствуваш љубомора, дали ќе се прашуваш постојано кога нема да си со него дали е он со некоја друга?
    Да не испадне на крај дека ти се бориш а и воедно губиш драгоцено време на едно женкарче...
     
    На nena2010 и LudaMarita им се допаѓа ова.
  2. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    500
    I'm tired of this triangle !

    Значи ми се гади од ваквите како тебе!! :puke: Поштените жртви кои се жалат зашто мажите не им раскинат на девојките/ жените за да бидат со нив. |( Просто да посакаш да ти се погоди некоја поштена швалерка ама од истиот град за да те жали барем и да ја боли ако те гледа! :fubar:
    А после се жалите и плачете кога вас ќе ве снајде истото! Не знам што совет бараш, сакаш да ти кажеме "Браво, напред, земи и го??"
    Ако тој сакал да биде со тебе оддамна ќе ја оставел, до кога бре ќе оставате да ве лажат така?! Ајде размисли што го спречува, да не е женет, да не има деца?! НЕ!
    Значи ја сака, а зашто меѓу другото да не си се позабавува и да си го пополни времето со тебе кога му се може?? Времето оддамна покажало, незнам што уште чекаш да ти покаже!
    Свести се девојко и не паѓај толку ниско!!!
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    I'm tired of this triangle !

    Да е за брак поинаку би одговорила, но за врска штознам, и јас сум била изневерена во врска и на крај излегло дека тоа е најдобрата работа што можела да ми се случи :D Така да има голема можност да и правиш услуга на неговата женска. Никој не заслужува такво нешто па се надевам тој ќе и каже или пак сама ќе дознае, и ќе ве остави на мира да си уживкате во љубовта, а таа да си најде некој подобар од него, барем во делот за изневерувањето...
    А конкретно за тебе ако толку го сакаш ти посакувам да го добиеш, а за последиците во иднина ако ги има нели, секој сам си е одговорен и доволно храбар да си ги носи...?
     
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    I'm tired of this triangle !

    Жими се секој пат кога ќе прочитам некоја ваква тема од девојка која има да избира милиони мажи таа го избрала зафатениот ми се гади , повраќа . Па добро бе луѓе бе каде ви се очите пак ти ќе си ја тупиш главата кога ќе те откачи кога ќе ти рече доста е сакам да си останам со девојката си ја сакам ти ми беше онака само за... утеха де бегај од него што е можно побрзо заборави го не му одговарај нигде , заборави на тие ебани чувства што ги имаш и тие лажги дека не мислиш кога е со неа па дали ја сакал па не се гледал со неа често ајде бе лажги со опашки ти се тоа .
     
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    I'm tired of this triangle !

    Не сакам да те обвинувам,разбрав дека го сакаш,но дали љубовта е доволна за ова да го доживуваш.Како можеш да се помириш со тоа да бидеш втора затоа што си заљубена.Aко не сега подоцна ке ти биди многу потешко,ке се измачуваш.Не знам какви му се намерите нему дали тебе или неа ја сака,но мора да одлучи со која ќе остане.Треба малце повеќе да се почитуваш самата себеси,,не можеш да дозвилиш така да си пограва.Зошто не ја остави нејзе? Не знам што да ти кажам освен дека треба повеќе да се почитуваш и да не дозволиш да бидеш втора.
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    I'm tired of this triangle !

    Типот знае шо сака бе :D ве врти и двете,или со неа или со тебе,но немој на крај да остане со друга па вие со к*р в раце и двете да останете.Јас се согласувам потполно со росоњерка.

    Што си му ти на него?Златна резерва за сексуалните потреби?Се прашувам како би било на неговата девојка да дознае што всушност тој прави...будала од нејзе а богами и од тебе.Стави се во нејзина ситуација.Ја жалам и нејзе и тебе.А него не,машко си е бе,си има свои потреби :D Никогаш не му недостасувало ништо зошто ве има вас двете да ве молзи колку ви душа сака,ама ако ти е убаво продолжи си ама кармата е заебана работа.Кад тад ке се открие па сите околу тебе ке те осудуваат ;)
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620


    Извини ГОЛЕМКА, имам 17 години и не знам од каде свативте дека имам 16? :^) И има разлика од 16 и 17 години. Извини што ќе се однесувам малку недолично, но морам и јас да си го кажам своето мислење.
    Прво мојата самодоверба е на место. Да не беше ќе му ги дадев тие 100 денари за спортска и ќе го послушав, односно немаше да отидам во диското затоа што ми кажа дека ќе ме исфрли како партал. И мислиш јас му поверував дека ќе ме исфрли? Ја има тој таа храброст да ме исфрли мене, знаејќи дека после нема да ме види цел живот? Не верувам..
    Вистинско машко не ја бара својата девојка во 4 сабајле? А зошто да не ја бара? Јас него го барам кога ќе посакам и да е 5-6-7 или било колку часот да е, секогаш го барам кога ќе ми текне, па зошто тој мене да не? Јас бев со него до 3 часот и каде гледаш овде проблем што ме побарал во 4 часот? :^) Не разбирам каде овде гледаш вистинска машкост? И уште нешто.. Заедно сме 2 години и кога и да ми требале пари тој е бил овде за мене и ми ги давал и последните пари што ги има. И овде не гледам ништо лошо да му позајмиш пари на дечко ти. Јас не му дадов затоа што беше за спортска, затоа што мразам кога ги фрла парите по такви безвредни работи. :!:
    И мразам кога некој ви бара совет, а вие само осудувате и за ништо не сте корисни.
    Благодарам на советот, да не беше ти немаше да си ја откријам самодовербата. :)
     
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    I'm tired of this triangle !

    Па убаво ,совршено име си доделила девојкава -Луда Марита-
    А бре дете,двапати мери еднаш сечи.


    А,да се согласувам со тебе Нена.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Батерфлај15, навистина не знам колку понижувања ти се потребни за конечно да се ослободиш од него.

    Ти рекол дека ќе те исфрли како партал :^) Не ти е ова веќе доволно навредливо да не сакаш очи да му видиш повеќе?! И не е битно дали ќе го направи или нема да го направи тоа, не разбирам како дозволуваш воопшто некој така да ти се обрати.

    Па извини вака, ама и дотаму е прост, што мисли дека со тоа што ве частел сега те поседува и ти демек треба да ќутиш и да го слушаш во замена за неколку пијачки :^)

    Како да ти помогнеме кога самата не си помагаш и самата си виновна за ова што ти се случува.
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ти благодарам, секогаш си знаела да го дадеш вистинскиот совет.
    Јас сум виновна што воопшто пишувам овде, за моите проблеми. Знам дека изгледа како тој да ме омаловажува, понижува, си игра со мене, но не е така.
    Како и да е, нема да се правдам. Ќе се потрудам веќе никогаш повеќе да не побарам совет од тука, затоа што знам што ме очекува.
    Никој не е совршен, па не може ни тој да биде. И да пред некое време кога пишував ваков е, таков е, и не знам што уште не напишав за него, тоа беше само за да слушнам од вас ОСТАВИ ГО.. Тоа беше вистинската причина, затоа што тогаш така размислував. Не сакам да кажам дека сум ве излажала, бидејќи дел од тоа и беше вистина. Како и да е, тој е за мене вистинскиот. Тој е секогаш тука за мене кога и да посакам, ме сака неизмерно многу и знам дека се би направил за мене. Тоа ми е доволно за да не морам да се ослободам од него. А што се однесува на оваа, што вие го нарекувате понижување, тоа за мене е само уште една негова грешка која тој ќе се потруди да не се повтори.
    Ви благодарам најискрено. :)
     
  11. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Батерфалј15, јас мислам дека има таков период. А тоа што ти рекол дека ќе те исфрли не било убаво од негова страна, ама те гледам бунтовна и тебе, сигурно нешто се имат за’рчкано и во нервоза тоа ти го рекол, или грешам ?
    Во ред, како и да е поразговарај со него, ама смирено. Можеби е премногу напнат поради нешто, да не има некој проблем? Семеен, на работа, со другари, било како. На сите ни се случува понекогаш да сме нервози и да избувнуваме. :)

    Fleur-De-Lis и јас мислам дека нема врска тоа што го кажа дека вистинскиот маж не те бара во 4 часот. Додуша мене ми е мило кога ќе ме побара така во ниедно време, значи мислел на мене :)
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    I'm tired of this triangle !

    Марита, фино што дечково бил како од твоите соништа, ама не разбрав во дечко од соништата спаѓа и некој што свесно изневерува со месеци, некој што не е доволно маж да застане и да донесе одлука :^)

    Нека не те лажат неговите зборови и денови поминати со тебе, штом не и раскинал за ова време на девојката нема ниту да и раскине, а и да раскине тоа нема да биде поради тебе ниту ќе остане со тебе.

    Текстот ми беше доволен да разберам дека навистина си заљубена, но колку подолго си со него толку повеќе време си губиш. На крајот на краиштата, не заборавај каков впечаток оставаш во негови очи-дека не се цениш доволно и дозволуваш да си втора виолина. Кога ти самата не се цениш, нема да ти цени никој друг. И да бидете заедно, еден ден ќе ти го направи тебе истото.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Батерфлај, многу ми е жал кога читам дека вака го браниш и дека после се сметаш дека тој е вистинскиот за тебе. Не е љубов да имаш неколку убави моменти, наспроти милион ужасни.

    Но знам дека што и да ти кажам ти ќе останеш на своето, можеби се уште не си доволно голема, со тек на годините се надевам ќе сфатиш и ќе ја донесеш правилната одлука ;)
     
    На si.exs и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Во право си. Јас наведов и горе дека цел ден се лутеше за секоја ситница. ..Утредента цел ден беше намуртен и за секоја ситница се караше со мене. Тоа секако не беше убаво од негова страна, но јас тоа не го гледам како понижување. Вистинско понижување ќе беше да го направи тоа.. Знаеш, сите се јаки на зборови. Како и да е, вечер ќе го решиме овој проблем и ќе остане зад нас, како и се друго.

    И мене ми е жал Фемина кога читам како вие него го гледате како најлошиот човек, но тоа е моја вина јас така ви го претставив. Што се однесува до убавите моменти, мислам дека повеќе ги има нив. Вие не ги знаете затоа што пишувам само за лошите. :)
    Во ред е тоа, можеби не сум доволно голема да размислувам малку поубаво, но мене сега ми е убаво. Јас го живеам животот како секој ден да ми е последен. Не размислувам за што ќе се каам или радувам во иднина. Ако некогаш се случи да се разделиме, тој само ќе остане еден убав период во мојот живот и секако големо искуство. Мислам дека повеќе нема потреба да дискутираме без врска.. :)
     
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Девојко,нема оправдување дечково за ваквото однесување.Ќе те исфрлеле како партал немој молим те....
    Секогаш се чудам на вакви патетични врски,имам во моја блиска околина еден ден цуце муце,другиот ден си кажуваат меѓусебно најпогрдни зборови.И на секои два три дена истото.Како да мора да се заедно.
    Цени се себе си и не дозволувај по никоја цена некој да те омаловажува.По некое време од ваква врска ќе помислиш дека е нормална оваа ваша комуникација,но верувај ми далеку сте од добра врска.
     
  16. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Мамита дај молим те не претерувај.
    Млади се. Незнам колку години имаш ти, ама сигурно дека и ти си се искарала со дечкото некогаш.
    Не мора за се да се прави од влакно фртома. Секоја врска има свој таков период на карање. И рекол така ама кога пошла таму не го направил тоа, туку спротивното ;)
    И јас и дечко ми сме се карале вака ама не можете да судите за некој или за врска ако ги знаете само лошите страни. Сигурно дека таа нема да дозволи да биде понижена или незнам што, свесна си е и самата... веројатно. Мразам вакви осудувања. Па тебе маж ти/ дечко ти никогаш не ти се развикал, или никогаш немал лош ден? И да ми кажеш не верувам..
    Ако тие се две години заедно сигурно тука има многу љубов. Инаку не би биле заеднo ни два месеци. А вие за најмала глупост и велите да се тргне од него? Аман бе аман! Вака кога некој ќе побара совет сите знаете како треба, а да сте вие во нејзина ситуација, се ви е најубаво и поради караница ќе му раскините?


    Извинете на офф.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    I'm tired of this triangle !

    Многу добро разбирам како се чувствуваш. :)
    Сакам да ти кажам, пред се, да размислиш дали сево ова вреди. Тој сега ја изневерува неа, но ајде и под претпоставка да ја остави, и да биде само со тебе, големи се шансите тоа да ти го прави и тебе.
    Добро е да го слушаш срцето, но во некои ситуации разумот ни го дава правилниот одговор. Лоша работа се љубовните триаголници, скоро секогаш од нив некој излегува повреден.
     
  18. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648



    Немој да ме сфаќаш погрешно, постот не е да те навредам, туку кога го прочитав јас си добив до знаење дека типот се понаша ко ѓубре спрема тебе, па сакав да те посоветувам! Ако ти мислиш дека ти е убаво продолжи си,ионака веќе си имаш дадено одговор на својот проблем, нема што тука да се убедуваме,но не мора да се лутиш на нечие мислење и совет, сепак таква е темата! Се надевам дека ќе бидиш мн среќна! Уживај млада си, но внимавај цени се најмногу себе си! Поздрав :wasntme:
     
    На CharlizeTheron му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Butterfly!!!!!!!!! Девојко, никој не те навредува сите сме овде згрозени од односот на твојот „дечко“!! Нормално дека нема да те исфрли како партал, не смее да ти каже такво нешто!! Нити треба од тебе да бара пари кога работи, нити да те вика во 4 саат сабајле кај него кога ќе му прдне, па јас имам 20 и кусур години па не би отишла од што ми е незгодно, а не па ти на 17! Да точно, според се што имам прочитано за твојот дечко имам претстава дека е ѓубре кое премногу си дозволува, а ти си толку заљубена што го браниш. На крај краева, терај си како тебе ти одговора, ако тебе тој те прави среќна супер!! Но не се лути ако некој ти даде остар совет, затоа што ситуацииве кои тебе ти се случуваат искрено не покажуваат дека баш тој е момче за кое вреди да попуштиш или да се бориш. Секој совет колку што јас можев да прочитам беше добронамерен!
     
    На mamita и angel92 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ви благодарам на сите за издвоеното време. Не се налутив за ништо, напротив, само се бранев самата себе како што секој би го направил истото.
    Секој има право на свое мислење, мислам затоа и постои овој форум. Не може овде сите да имаат исто размислување, фала Богу. :)
    Секој различно гледа на животот и на тоа како го живее. Вие според тоа што сум го пишувала за него, сте си изградиле таква слика. Тоа е во ред, и претходно кажав дека само јас сум крива за оваа, така го претставив. Но вие не одите со него, јас одам. :) Вие не знаете како тој се однесува кога сме заедно и што се има направено за мене. Не планирам и него да го правдам овде, пак ќе кажам дека секој има право на свое мислење. Не можете само според тоа како јас гледам на нашите проблеми и од прочитана само една страна од приказната, да мислите дека тој е ѓубре.
    Јас си знам дали постапувам правилно и колку се ценам себеси, а знам доволно се ценам. Не дозволувам никој да ме омаловажува, како што мислите вие.
    Како и да е мислам дека доволно беше дискутирање за мојот приватен живот. Побарав совет, не побарав осудување. Си ветувам самата на себе дека нема никогаш повеќе да пишувам за моите проблеми овде. :wasntme:
    Ви благодарам уште еднаш и мислам доволно беше. :)