Па ти уствари не бараше совет, бараше тапкање по рамо, а очигледно не го доби. Некој тука проба само да ти ги отвори очите, а ти продолжи си ко што си мислиш да правиш. Аман од вакви веќе што кога нема да го добијат посакуваниот одговор се ку*чат. Ајт.
Искрено ме мрзеше да копирам,цитирам,болдирам... Велиш има разлика од 16 и 17години... Јас сум имала и 15,16,17,18 години и дечковци на тие години и сум и раскинувала и лутела за банални ситници споредени со ова твоето. Те понижил до немај каде па и се лутиш и браниш. Има и добри дечки, опамети се со време. Аман веќе од изнаоѓање на оправдувања за погрешното однесување!!!
Дали 16 дали 17 ама ич не прави разлика.. си го доби советот што го бараше, твое е дали ке го прифатиш или не
Извинете Госпоѓици Совршени што другите не се како вас. Секакви имало на овој свет. Вие не знаете што значи зборот доста? Јас реков да се преќине дискусијата за мојот приватен живот, па зошто уште продолжувате? Да видат сите колку вие сте паметни, а јас не се ценам себеси,м? Не сакав да навредувам, ниту да се карам, но мислам дека претеравте со вашата преголема совршеност. Се надевам дека на ваши години јас нема да бидам како вас, дај Боже.
А зошто ти вака се понашаш...овие шо ти пишале..ти пишале за твое добро не оти се прат светици ама ти побара помош и мислење и тие ти даваат не разбирам зошто си толку неблагодарна
Батерфлај, ако не сакаш да се дискутира за твојот приватен живот тогаш не ни пишувај за истиот. Не знам каков да бил со тебе и што да направил, за мене и повеќето тука е доволно тоа што ти кажал дека ќе ТЕ ИСФРЛИ КО ПАРТАЛ, а ти продолжи да си се тешиш.
Ве молам за совет, скарани сме со дечко ми, т.е на пауза сме ама се беше ок си се гледавме и вчера се скаравме многуу и мн ми е лут затоа што си мисли дека сакам да го контролирам и денес кога зборев,ме по тел беше мн ладен. И сега ми е мн лут а утре е св.валентин па да ве прашам за совет Дали да го изненадам утре кога нема да е дома да идам да да му го оставам поклончето во соба или воопшто да не одам?? Несакам да мисли дека го терам нешто на сила или го контролирам и сл, затоа ве прашувам заѕоа што мн го сакам и несакам да се карам со него. и знам дека е касно што сега ви пишувам ама навистина би ми помогнало да слушнам мислење. Фала
Оди изненади го, ако толку го сакаш потруди се да не заврши вашата врска.Дај му го поклонот и разговарајте, објасни му дека не сакаш да го контролираш и нека ти каже се што му смета кај тебе, па тоа што можеш смени го.Нема ништо лошо во тоа да се потрудиш да се смирите кога веќе си сигурна дека многу го сакаш.Со среќа
Слободно можеш да одиш и да го изненадиш, барем ќе му дадеш на знаење дека и покрај тоа што сте на пауза, мислиш на него, и сакаш да продолжите понатаму. Не е лесно кога слушнеш “негативно’’ мислење од личност што ти значи (тоа дека го контролираш и сл.), но секој има свој карактер, којшто не може да се смени, но може да се приспособи Со среќа, утре е убав ден (бонус однеси и мало винце, може на подобро ќе тргнат работите)
Фала ви, ке одам и така нема што веке да изгувам.. Само ми е страв, веке долго време врската ни е на стаклени нозе и таман кога мислев дека се се подобрува му пукна филмот... Фала уште еднаш
хај ми треба совет ... денес е свети валентин ( јас сум сингл веке 6 месеци после долга врска ) со едно машко долго време се допишуваме на фб неколку пати имаме излезено на кафе ... ни оди муабето Откако го познавам не бил во долга врска (мислам една кратка дека имаше од 2-3 месеци) а го познавам 2-3 години Во еден период беше толку многу загреан немаше ден а да не се слушниме или пишиме - ми пишуваше прекрасни пораки на телефонот ... за нова година дојде на нашата маса и остана со нас но ништо не се случи ... малку ми изгледа како срамежлив еден е на фб (поопуштен е ) а друг е во живо кога и да излезевме правевме муабет за факс или општо за животот ... Во последно време го снема незнам зошто... поретко ми пишува и на фб и кога ќе пиши не е како што беше порано ... Ми фали тоа што беше зошто очигледно ми е битен и цувствувам нешто кон него ... еден момент го има друг го нема Незнам веќе што да мислам ... пред два викенди бевме излезени со другарките не викна на неговата маса супер си поминувавме но во еден момент замина рече ке се вратам го снема можеби еден час го немаше Се почувствував глупаво ... очигледно не беше во кафичот во кој бевме потоа се врати ме виде дека сум замислена и дека ми бесе глупавоо и почна да ме врти да игра со мене ... незнаев како да постапам го прасав каде беше само ми одговори - то ме бендисува што праша каде бев што се интересираш До зафрканција не му е дојдено - знам дека не е од тие машки кои сакаат да го поминат времето само со било која девојка ама неможам да сватам зошто момент го има момент го нема ... Совет? Сакав денес да му пишам едно срценце на фб ама нз ... Како да постапам ??
другар на братучедми значи он прв ме адна и све тоа али се глеа дека се срами.. ја му пишав нешо на зезанција леле цела почетна ми е со тебе за ракометариве хаахха и он нешо спомна абе ти на филип братучедка си муу и ја таква да бе си личиме ? и овој вика па да малце.. и ја - на машко ли ти личам тебе? и ми вика не не таман работа.. и сеа глеам на една моја слика стаил лајк денес "fuck valentines day i am forever alone" ахахахаха коа видов хахахах незнам дали да му пишам очигледно он не планира а претходно ми има зборено за еден дечко што ми беше симпатичен и ми вика ти го местам нешо нејкам да си помисли дека сум курва нешо не сакам да му се пикам а се глеа фин дека е шо викате а? и срекен празник успат
Мислам, дека чека на чекор од тебе, аллиииии да не бис е заебала играј ја неговата игра види како он ке реагира на тоа.... Па на крај краева и чисто “пријателски“ предложи му кафе
Абе какво срценце на фб?! во никој случај, можеш на чат па така да започнеш муабет ама не си му женска да му пишуваш на ѕид срценце..
пушти му срце-ништо не губиш со тоа...како што пиша mamita таков е денот а и воедно ке ти биде повод да започнете разговор..
Верица, тоа што те аднал не значи дека е вистински заинтересиран за тебе, можеби има пријателски намери. У секој случај тоа е шанса подобро да се запознаете. Не биди нападна..малку по малку викаш срамлив е, па да не го уплашиш. Еве вечерва пиши му неколку збора по повод празникот, дади му до знаење онака оддалеку дека си сингл сигурно нема да помисли дека си к...а барем неколку пати муабетете на нет, после у живо кога ќе го видиш пак сврзете муабет.Ако видиш дека се срами, надоврзувај се на муабетите кои сте ги воделе на нет(тие биле гарант малку поопуштени, па ќе скршиш мраз) Се на се, запознајте се малку подобро, па што ќе биде нека биде
епа да сеа скоро зборевме и се онака лабаво беше ништо посебно со тек на времето се ке се среди верувам фалаа