Пошто бараш да не те осудуваме, а и нема нешо мн за јака и строа осуда ја ке ти дадам совет, да го одбегнуваш, значи одбегнувај негова близина, одбегнувај време кога е со вас и слично. Коа ке си у негова близина биди ладна. Значи мроаш да бидеш ладна. А тоа што бракот не му функционира нека не те лаже и нека не ти дава надеж да се разбереме... нели? Значи најубаво нешто во случајов игнор мани му... И одбегнувај ги тие негови погледи ... Доколу НАВИСТИНА сакаш да не направиш глупост
За почеток прекини да одиш кај него. Не ти е генерација, не е твој туку другар на твојот брат и татко....стварно не гледам што бараш ти таму Престани да се интересираш за неговата домашна ситуација, дури и ако како тема се наметне на домашната трпеза(а не гледам зошто би го трачареле татко ти и брат ти неговиот приватен или сексуален живот) потруди се да не обрнуваш внимание. Помисли на болката, срамот, разочарувањето кои би го почустувале твојата и неговата фамилија доколку некој на некого му рипне. Мое мислење е дека тебе само ти фали малку внимание, пажња ...па ете се погодил тој и му обрнуваш внимание. Да имаше дечко, симпатија..мувач ич немаше да му го правиш муабетот. НЕ е дека тој е толку посебен или ти затрескана во него, туку сте си се нашле и двајцата осамени можеби у моментот. Помисли си дека од играчка може плачка и можеби ќе сватиш што да правиш. Наместо со постарите, стокми се , другарките под рака и у град. Истреси вишок хормони на некој твој врсник.
да те поправам малце. бидејки таткоми и братми располагаат со фирма која е во склоп под нашиот стан тој доаѓа дома, не јас кај него уште тоа фали јас не седам со нив воопшто ама човеков напна веќе. за денес да се искажам ми звони татко ми на тел и ми вика слези во канцеларија. и таму овој ме замолува да му преведам текстови од англиски како да јас сум универзитетски проф. и единствена која може да помогне, притоа не тргајки го погледот од мене. токму и за тоа зборувам, скорз да го одбегнам е невозможно. барам начин од ова лудило да излезам без последици. морам. благодарам
значи овде како анонима личност искрено и отворено го кажувам мојот проблем, 100 проценти без филување и умислување, бидејки навистина нема потреба од тоа. а и не сум до толку да не разберам што е случаен поглед, а што буквално зверење. благодарам сепак на времето одвоено за мојот проблем.
Погрешно те разбрав, моја грешка . У секој случај очигледно си свесна за целата ситуација, и не ти е потребен виртуелен шамар како што беше претпоставувам првичниот впечаток на дел од нас после краткиот опис на ситуацијата. Типот делува прилично нападен а и без почит кон тебе и твојата фамилија со такви ниски удварања. Очигледно е дека он си има проблеми, меѓутоа добро е што си решена неговите проблеми да не станат и твои. Човек си, можеби малото внимание на почеток ти годело но добро е што си одлучила да не си ставаш здрава нога у трн и бараш излез. Секојдневниот контакт е секако тешкотија за да го одбегнеш ... Но пак ќе речам испаѓај почесто, дружи се.... знам не може дечко од небо да падне баш ние кога сакаме ама ако ништо друго гарант имаш некој добар другар кој може да се вртка кај тебе перидов ако ме сваќаш што мислам. Игнорирање од твоја страна плус некоја реакција дека си заинтересирана за некој друг...белким така ќе почне он лае на друго место и ќе се откачи.
Зарем никој друг не ги заприметува овие погледи кои ти ги упаѓа? Твоите од дома прво би рекле нешто околу тоа, ако било така... Мислам дека треба да земиш нешто да учиш, а не да анализираш погледи.
Скрим јас не напишав така во стил дека ти тука не лажеш и ги преувеличуваш работите туку самата да не ги преувеличуваш тие погледи. Но велиш дека не е така, незнам како да го протолкувам ова. Типот гарант е некој шалабајзер можеби и лаже за своите проблеми дома па сака да ќари младо девојче. Не паѓај на вакви фори, крајно е непристојно да доаѓа кај тебе дома и да те манијачи пред брат ти и татко ти, а ти нормално младо девојче на постар шармер одма се паѓа, скоро сите сме такви и би ни ласкало тоа, нормално. Игнорирај го и тргни си се на страна, пази да не паднеш на него, сигурно се обидува да испадне жртва, како дома му е хаос па некоја за да го утеши и да се сожали над тоа. Ако бил вистински маж ќе преземел нешто околу тоа, не само да се жали наоколу за неговата жена. Ти си многу млада немој да се упропастуваш за некој женет па уште и содеца кој најверојатно само би си поиграл со тебе и на крај не би имал муда да се разведе од жена му. Држи се на страна, ништо добро неможе да ти донесе ваква работа. Човек си, сигурно можеш да си ги контролираш хормоните и емоциите. Од толку слободни момци низ град немој со чичково
scream1 добро е што си свесна за ситуацијата околу тебе и сеуште не си целосно навлезена во неа. Погрешно ја разбра Мимс, мислам дека таа алудираше на твојата занесенот поради која би можела да чекаш најмал негов знак па да помислиш дека тој те посматра со некоја умисла. На сите ни се случувало Но бидејќи ситуација не е таква, мислам дека со поглед треба да му покажеш дека не те интересира неговиот шарм и неговата дрскост, па кога и да те погледне ти само возврати му го погледот прашално и одбивно и по малку обвинувачки (добро, глупости! ама мислам дека знаеш за каков поглед се работи ) Ако сакаш да си заштедеш нерви, компликации и подоцна неизмерно каење и себеобвинување! најдобро е да ја пресечеш работата од корен и да бидеш силна. Со говор на телото покажи му дека се гадиш од неговите постапки, барем ние женските го умееме тоа. Зајакни умствено и сите „лоши“ мисли за него отерај ги во неповрат, земи учи се да плетеш ако треба, сконцентрирај се макар на нешто банално, ама немој...!
Девојко невозможна мисија е ова.. не те осудувам само малку повише си фантазираш отколку што живееш во реалност..
Те прашав за да можам да размислам, и да се ставам на твое место за да можам да ти одговорам. И јас и дечко ми сме 10 години разлика, но сме 9 месеци во врска и не се случило такво нешто. НО секој човек е различен. Во твојот случај, треба прво да размислиш, и да се вратиш во минатото малце и да констатираш дали од секогаш се понашал така(немора со тебе со другар, пријател, родител) или во последно време станал таков. Поради одредени причини луѓето се менуваат.Не треба да се разочаруваш, млада си ти многу, можиш да имаш усте многу дечковци што ке те сакаат. За овој проблем седни со дечко ти, и отворено прашај го да ти кажи, зошто така почнал да се однесува, (ако треба и одглуми некоа солза), многу случувања околу него може да иницираат такви постапки, немање пари, друга девојка,притисок од родителите или пријателите, некои информации што неможе да ги каже и многу други работи, треба да се разговара. да сум јас на твое место, ке го прашам што му е зошто е таков, ке му дадам до знаење колку, и што се сум сторила за него (во нашиот случај расправиите со домашните кои биле против таа врска), и ке прашам дали го заслужувам тоа понашање од него. на крај услови му или да се смене или ке се скарате. биди позитивна мисли малку на себе, не дозволувај некој што сега ти е дечко се понаша така, а ако ти стане сопруг, кој знае што се може да праве а тогаш да не моќиш баш да реагираш како што ти одоговара. дечко се менува, за маж е потешко. и по скапо. истини малку и размисли убаво позз и среќно
Ајде девојки, молам за мислење.. Значи пред неколку месеци ме изневери со негова колешка од факултет. Молеше, плачеше и јас му се смирив. Од тогаш ни е преубаво. Не сме се ни закачиле, а не сме имале ни некоја посериозна караница. Но повторно кога е таму ептен ретко ми се јавува, т.е. воопшто ако јас не го побарам. Еве пред малку, не бевме слушнати цел ден и сакав да го побарам за паузата но неговиот телефон беше исклучен. Ми рече дека немал мрежа, ама по која логика ? Цела пауза додека е надвор нема мрежа, влегува внатре веднаш има. Навистина не ми е јасно. На девојкава со која што ме изневери, всушност и така дознав, ја молеше мувањето да преминат во врска. Но демек сега се сфатил, мене ме сакал, грешка било тоа.. А правеше и што се може и неможе за да ми покаже дека нема никогаш веќе да ја повтори таа грешка. Исто со него на факс е и девојка која ја свиѓаше. Во принцип не сум љубоморна но, тој е таму со девојката со која ме изневери. Можно ли е пак да плетка нешто со неа? Исклучич телефон или навистина немало мрежа? Извините што тупам девојки ама не ја имам целосно стекнато довербата па затоа и се мислам. Можеби и се само мои филозофирања затоа барам помош од Вас, не сакам само затоа што сум во ПМС да го обвинам на празно. Ви благодарам од напред
Девојче луѓето изневеруваат од незадоволство во врската. Никој не бега од убаво, и да си бара нешто на страна.. Љубовта и неверството не можат да бидат поврзани. Он не те почитува доволно, не ја почитува вашата врска и има поразлични вредности од твоите. .. Не постои доволно веродостојно објаснување од негова страна за да му го простиш неверството ама ај да речеме дека ти си го сакала.. Но тој гази по се што ти си правела за него за вас. Но човечки е да се згреши, не се правам светица и јас сум згрешила, дури сум била од таа страна на твојот дечко.. И двајцата сте криви, сигурно нешто фали чим он тргнал по потрага по нешто друго.. но континуирано да те изневерува?! го исклучил телефонот па слично.. он ако вистински се покајал ке направи се за САМ да ти докаже дека се кае.. а не да прави вакви работи како немал мрежа и сл. Размисли во иднина што ке биде од вас двајца? Сега го фаќаш во лага, и се служи со манипулаторски трикови.. ШТО АКО ризикуваш еден ден да се разбудиш во тотално лажен свет? Неговите лаѓи нема да те усреќат па затоа размисли до каде ке ја исцрташ линијата на толеранцијата пред неговата неискреност?!
Ти благодарам за одговорот. Можеби си во право, не сакам да фрлам две години во вода затоа барам начин да го оправдам. Но тој откако го направи тоа ми покажува дека се кае и дека ме сака секој ден. Секој ден ми вели извини за тоа, и се труди да го поправи тоа, да ме усреќи. Премногу се труди и повторно да ја стекне мојата доверба. Но можеби и не лаже, барем за ова денес со телефонот. И неговиот а и мојот телефон имам кажано и на др место дека многу губат мрежа. А со ова невремево уште повеќе. Можеби навистина немал мрежа коа трчал до продавница за да јаде (така ми кажа тој). Или јас сум премногу наивна и глупава. Едно од овие е. Во секој случај, ако може, сакам да слушнам повеќе мислење пред да преземам нешто.
Почекај, види како ќе се одвива ситуацијата понатаму, неможеш само од тоа што еднаш бил недостапен да заклучиш дека пак прави нешто, следи ја ситуацијата дали и натаму ќе се случуваат вакви сомнителни работи. И освен тоа што кога ќе го прашаш зошто беше недостапен, може што и да е да ти каже. Јасно ми е дека ја имаш изгубено довербата во него и на најмал знак повторно се ти се враќа...мое мислење е да не избрзуваш сега да се караш за тоа туку внимателно следи ја ситуацијата како се да е во ред, а кога ќе има нешто поконкретно тогаш барај објаснување. поздрав
Нормално е после сето тоа да ја изгубиш довербата и да почнеш да се сомневаш, но немора и да значи дека пак те изневерува. Сега не превземај ништо, само внимавај каква ќе биде ситуацијата понатаму, како ќе се однесува, па ако забележиш нешто сомнително тогаш реагирај.
Позз феминки! Вака ми треба совет, односно ваше мислење! Моментално немам проблем, само сакам мислење од ваша страна! Веќе имам пишано во темата Разлика во години.. Ете јас сум 24 години, и ми се допаѓаат мажи 35+ ! Незнам зошто ама не ни погледнувам на помлади! Дали од толку што не ми се допаѓа тоа незрело однесување, безделничарење...едноставно си креирав слика на идеален маж, постар, вреден, разбирлив..! Навистина незнам дали сум во ред со таквото мислење, се чувствувам како да сум во среден век! .....Незнам кој правец да го фатам!
Јас па обратно од тебе. Од секогаш ме привлекувале типови што изгледаат како никогаш да не излегле од пубертет. И си мислев дека нешто не е во ред со мене ама сега не се замарам. Ти женска, фати си некој баш таков зрел и разбирлив, и кога ке видиш оти и тоа си има негативни особини ке го смениш мислењето. Макар што јас не гледам тука проблем. Подобро да ти се допагаат постаи отакако како мене да ти се допаѓаат неранимајковци.
Јас би ти дала совет да бидеш претпазлива со овај човек ако го анализирам за телефонот според мене лажи а зошто?бидејќи има голема логика кога е н апредавање на факултет да нема мрежа телефонот и да не биде достапен но тоа е внатре и не се случува секогаш се разбира а надвор да нема мрежа овде нешто не ми штима барем мене,несакам да те онерасположувам но би ти препорачала да го испиташ теренот за да не бидеш овај пат уште повеќе повредена. Друго што не ми се фклопува во целава ситуација е дека еднаш кажуваш како се кае за све сака да ти докажи дека можеш пофторно да му веруваш,од друга страна човекот во последно време телефон не кревал да те побара освен ти ако не го побараш и тука не ми е нешто во ред па на кој начин тој ја враќа довербата и покажува внимание не ми е јасно,те разбирам дека не сакаш да фрлиш во вода како што кажуваш 2 години врска но запрашајсе сама на која цена? Можеби и ти треба еден убав здрв разговор со него да знаеш навистина на што си...све најдобро