^ можи му се смачи едноставно цело време да трча по тебе и да те бара, и твојот испад можи го изнервира.
fail Незнам што би ти кажала друго а да не се пофторам со другите девојки,ако човекот не сака да разговара со тебе пуштиго нека оди нека не разговара за жал тоа пакажува како тој воопшто не е заинтересиран да ја реши вшата ситуација да ја подобри а во краен случај ни да ја спаси и самата кажуваш дека веќе е во врска па оставиго имај и ти малку гордост нека си остане во врската ако него не му значеле ништо вашите 2 години тогаш ни ти не треба да се акаш од земја за да стигнеш до него за еден разговор смешно е а и сето ова покажува колку е човекот не зрел што бега и се крие макар што на некој начин со неговото понашање ти дава до знаење дека со вашата врска е крај не се понижувај повеќе избришиго и ти од секаде не ти треба ни тел.број да пагаш во искушение да го бараш и пак да се понижиш НЕ бришиго и блокирајго од све продолжи понатаму со животот исто како и тој и него еден ден ќе го боли верувајми дека кога најмалку очекуваш ќе се појави некого во твојот живот ...
Здраво на сите феминки Јас имам еден проблем што константно трае. Во врска сум 3 години и 2 месеца, јас имам 20 години и студирам а тој има 23 години и работи.Проблемов е што тој ретко е расположен да испага бидејки работи и многу често останува до покасно на работа и поради тоа ми вика дека е изморен и дека не му се се испага, а јас иако студирам и имам за учење мене ми се испаѓа.Но кога ке му речат колегите да испадне тој никогаш не ги одбива а мене ме одбива и тоа веке стана навика и еве и сега сабота навечер а јас дремам дома.Дури мислам дека газдата негов бидејки се другари повеке го сака него отколку мене ( знам дека тој му има помогнато многу) но за ништо го нема одбиено како ке каже тој така е.И додека сме заедно јас и он значи без разлика што правиме ако му се јави он и му рече дека има некој проблем дечко ми ме остава дома и оди со него. А иначе другарму т.е газдата со мене е супер не можам да се пожалам од таа страна.Значи со дечко ми не памтам кога последен пат сме испаднеле во дискотека и ако му речам ми вика испадни си со другарките а ако му речат колегите вечер ке испагаме во кафана па во дискотека е тогаш нема проблем и до 6 сабајле седат. Дури осекам дека веке не му е убаво со мене дека кога е со нив му е поубаво.И се случува и по 1 месец да немаме секс ми вика дека е изморен и дека не му е дојдено до ништо. И се осекам како во лавиринт правиме муабет и се се сведува на истото ке се подобри работатата и пак истото.И кога испагаме на пример со друг пар он изиграва центер на внимание и кажува на работа вака со газдата на работа нака.И мене тоа ми е напорно.Веке не се ни понашаме како заљубени туку на секое гледање си префрламе оти вака оти нака. И порано кога немавме секс подолго време ја иснсистирав а сега и мене ми е сеедно некако од толку пати што сум била одбиена снемав желба. И сакам да ја подобрам ситуацијава ама незнам како се ми е како во лавиринт и само се досадувам и се нервирам а сакам да ми биде супер.
Добредојде ,МонтеРина .За твојов љубовен проблем единствено решение ќе биде да раскинеш со дечкото,ако сакаш да бидеш среќна.Тоа што го опишуваш да му се случува одвреме навреме да е изморен,или да нема желба за излегување или за секс,би го оправдала некако.Но,твојот дечко очигледно си има поинтересна занимација од тебе,штом тоа трае подолго време,сто посто кога излегува со колегите или шефот си излегува со други девојки,а ти си негова златна резерва,те скротил,те наседнал дома а тој си прави што сака.Лошо е што ти премижуваш на сите овие сигнали ,му веруваш на се што ти каже,и тој и си продолжува по негово кога гледа дека ти не реагираш.Помири се дека не те сака, и дека и тоа што го имате не е повеќе врска. Јасно е како ден дека не те сака ,а за машко да нејќе секс и тоа постојано верувај ми нема шанси ,баш во тие години машките лудуваат сакаат да спијат со што повеќе девојки,така да овој твојов си брка работа додека ти се нервираш и седиш затворена дома. Не ти треба неизживеан тинејџер за врска каква што посакуваш.Колку подалеку од него,толку подобро . Жал ми е ако те разочарав,но тоа ќе ти го каже било кој друг на форумов,таа е вистината. Секако пиши ми што си одлучила ,и уште еден совет немој да седиш дома и да се изолираш од другите луѓе заради таков човек,тој не вреди и не те заслужува
Hermosa Не мислиш дека малку ги избрзуваш заклучоците ?? Значи се работи за 3годишна врска.... Тука више не станува збор за деца туку возрасни луѓе. ја би прво совет да ти дадам, да седнеш и да му објасниш на дечко ти како се осеќаш и да му кажеш што ти смета . Значи со муабет се решаваат проблеми а не со раскинувања и слични ствари... Доколку после тој муабет он си продужи по старо почни и ти истото да го правиш. Земи и ти излегувај бе девојче не се затворај дома
Не избрзувам,океј е и ти тоа што и го кажа,нека си позборува со него,нека му каже отворено што и смета,но се сомневам дека тој воопшто ќе се промени. Баш заради тоа што се возрасни,не сакам да испадне будала,не е мала па во бајки да верува,побогу. Јас се ставив во нејзина ситуација,и сигурно не би толерирала дечко ми да излегува постојано без мене ,и кога излегува да не ме викне понекогаш.
Абе не е да живее у бајки чоек, ами док има опции нека ги искористи сите ... ете со муабет, нека почне па после онака нека си излезе со другарки... Ако нема ни тука реакција од негова страна... значи има сериозен проблем тука ...
MonteRina јас ќе се согласам со WildCherry. Седни го и убаво направи си муабет, ако не оди не оди, барем ќе знаеш на што си и ќе ја прекинете врската. Објасни му како се чувствуваш, ако те сака и ако му значиш ќе се потруди да направи нешто. Нормално е да му е интересно да излегува со колегите и со другарите, на кое машко тоа не му е најинтересно, ама твојов малце претерал. Тебе те запоставил ептен. Уште почудно е тоа што е по цели месеци немате секс, па тука е многу сумливо да не го добива он тој секс на друга страна, незнам маж што би издржал толку време без секс. Најубаво ќе ти биде да поразговараш и да му дадеш ултиматум, или нека се поправи или раскинете. Така и ти ќе бидеш посреќна и по смирена. Но доколку несакаш пак да поразговараш со него тогаш сврти му го грбот и однесувај се исто како него, не му се јавувај, нека те бара тој, не иницирај излегувања, да видиш колку тој ќе издржи со такво темпо. Биди ладна, нека се осети и тој како што се осеќаш ти. Верувај дека ако те сака и ако му значиш ќе направи се за да го промени тоа. Можеби ова однесување му е само период па ќе му помине, само смирено разговарај со него и кажи му како се чувствуваш.
Не сакам да те разочарам, ама Монтерина овде сигурно нешто не е како што треба Не знам дали досега си зборувала со него, ама ако не, редно е да го седнеш. Ако муабет не помага, тогаш или ќе треба да почнеш да правиш како него или да го оставиш, само така евентуално би го опаметила. А зошто некогаш кога знаеш дека е некаде со друштво не го изненадиш и не отидеш?! Ако се само машки, речи дека си само на поминување, си сакала да го видиш, ако се мешано друштво уште поубаво. Потруди се повеќе да дознаеш каде оди и што прави додека ти чекаш да се сожали да се видите.
Монтерина ако почнал скоро да работи тогаш јасно е зошто е повеќе преокупиран со работата. Под ова мислам на 4,5 месеци, сега се вклопува во ново друштво и интересно му е. Ако не е тоа мислам дека во секоја врска доаѓа до заситеност, па потребно емалку партнерите да се одалечат. Можеби тоа што е уморен влијае и на сексот, па подобро да немате него да имате лош секс и колку да биде. За тоа дека машко не може месец дена да издржи без секс не се согласувам. Нема логика,а ако машкото не фати девојка да речеме пола година што ќе прави? Во секој случај не донесувај избрзани одлуки, седни искрено и разговарај со него. Кажи му ако се промениле неговите чувства нека биде искрен барем да не губите време. Имам другар кој што одеше на работа, се враќаше преморен и девојката го напињаше да имаат секс. Мислам дека полудуваше кога ќе ја видеше на врата и едвај чекаше да ги ослободи мислите со другари. Зошто ако го напињаш и само наоѓаш причина за караница верувај дека нема да му биде до тебе.
Добро, но да бидеме реални не секое машко е опуштено за да биде со било која девојка, ко што и секоја девојка не би била со било кое машко.
Milion pati go imam prasuvano dali ima druga i mi vika deka nema I da ne sum go mislela toa oti on ako sakal da napravi nesto nemalo da mi kazuva kaj ke odel.A inace koga ispagaat odat vo drugi gradovi.A jas studiram sk megutoa nemam odeno po diskoteki sama so drugarno tuku samo na kafee. [mod-kirilica:17c6135r][/mod-kirilica:17c6135r]
MonteRina, единствено решение е да седнете и да разговарате, да решите што ќе правите понатаму. Нормално дека не си задоволна од оваа врска и сакаш да се смени. На крај па, земи излегувај и ти, немој да седиш дома заради него додека тој си ужива со друштвото. Биди искрена со него, кажи што ти смета, не заслужуваш да бидеш запоставена.
Девојки ми треба совет... со дечко ми сум векје 4 месеци во врска со напори ја задржував сама врската (зошто конечно послем 3 години откако сум заљубена во него сме заедно) за да ни успее и постојано јас сум таа што попушта и што трпи,а тој ми вракјаше со недоверба до пред една недела сега да не речам све но доста работи се на место со мој труд не дека тој воопшто не се труди но сепак не е доволно, синокја ја отворивме темата за тоа кој колку прави еден за друг и за врската и тој ми наброја само две работи кои што ги прави: јас никогаш не сум ти рекол неможам да се видиме и не искачам ни со другарите само заради тебе тоа е точно, а јас почнав да му набројувам многу работи кои тој некако како да не ги приметува дека јас ги правам и мислам дека свати колку ми значи врската. Но тоа не е проблемот, проблемот е во тоа што поради врската којашто нели јас ја кренав на нозе и направив да се зближиме повекје и да биде добро ги оттргнав сите обврски коишто многу значат за мојот понатамошен живот: одкако сум со него во врска немам чепнато ливче хартија а не пак уште да седнам и да учам, дома ништо не помагам, целата сум расеана, само мислам на тоа да не згрешам нешто па врската да ми пропадне а со неа и трудот кој сум го вложила за да ми успее, секогаш сум била примерен ученик сум слушала на часови сум го ставала учењето на прво место сега тоа избледе буквално, мн сум изгубена и почнав и да бегам од лугјето коишто ме опкружуваат, на моменти и заборавам да се смеам, несакам и неможам да издржам кога има многу луге околу мене, се затворам во себе, сакам постојано да бидам дома, се чуствувам изморено. Единствено што сакам и помислувам е врската да не ми пропадне. Како да го надминам ова и како да бидам повторно истата јас?
Прво престани да вложуваш толку многу во вашата врска. Само затоа што ти е страв да не пропадне вашата врска, ти премижуваш на се. Мислиш ли дека тоа е во ред? Не е.. Извади си ги тие мисли од главата дека ако ти не вложуваш, не се трудиш ќе ви пропадне врската. Остави малку и на него можеби и тој ќе се труди да ви успее, од каде знаеш? Ти со оваа што го правиш не му дозволуваш на него со газот да мрдне. Почни да си обрнуваш повеќе внимание на себе. Си била примерен ученик, па можеш да бидеш пак. Врати и се на книгата, почни повеќе време да поминуваш со книгата одколку со него. Почни да внимаваш на часовите, излегувај повеќе со другарките, не се затворај дома само за да не ви пропадне врската. И да ви пропадне, така било пишано.
Ама неможам да се сконцентрирам на учењето вооопшто, и кога сум со другарките пола ги регистрирам пола не, како изгубена сум во просторот а свесна сум за тоа на часовите спијам зошто навечер се гледам со него или правам нешто без врска кога сум дома. Единсвено нешто за што се замарам е тоа да не ни пропадне врската..
Епа мораш да се потрудиш малку повеќе за да не пропаднеш ти, а не врската. И што ќе се случи ако не дај Боже ви пропадне врската? Ќе треба да се затвориш дома и да не излезеш. Затоа престани да го правиш тоа што го правиш и дај поголем напор за да станеш старата ти. Всушност и тој ти влијае лошо па можеби и подобро ќе е да бидеш без него. Но ако не го сакаш тоа, тогаш дај се од себе да се промениш ти самата.
Јас се променив откако почна нашата врска за таа да не пропадне. никогаш во животот не сум се борела за машко или поради него да дојдам во ситуација да се менувам свесна сум дека грешам ама незнам како да ги поправам грешките ми треба поддршка од некој близок. и реков пред некое време на другарка ми да почнеме заедо да учиме така барем кје се сконцетрирам колку толку кје менуваме мислење во врска со учењето сиротка и таа е во иста ситуација векје 3 години а јас сега ја свакам (дечкото нејзин и мојот се најдобри другари исто и јас и она). што значи кога она неможе 3 години да смени нешто барем малку се плашам дека и јас кје бидам како нејзе за некое време. таа векје не се ни замара со учењето битно и е само да не падне година само на него мисли и на врската и постојано зборуваме за врските наши и неможам вкје да издржам свесна за мојот пропаст ама посилно е од мене. пробувам да најдам некое решение ама неможам...