Иста врска , потполно иста имав јас пред некое време... Дури еднаш кога ме виде со другари почна да се кара ова она.. Мојот совет би бил, збори со него ..значи терај го , да има мотивација да положи за да заврши средно.. Без средно сепак е никој и ништо,објасни му тоа .. Кажи му малце да живне да човекот а не да Ужива во животот сега, и да нема време за уживање после кога веќе ќе му треба тоа време.. Но и негово си е ,дали ќе работи дали не.. ти си знаеш за себе нели само збори му ти.. ако нејќе.. Негово си е .. Негов живот е тоа ,а не твој сепак
Негов живот да , ама она е со него , и што ако продолжат , што понатаму? Неговите проблеми и нејзини ќе се . Таа ќе работи , а тој не .. Нема да отидете во продавница и да речете ние се сакаме , дајте ни леб . Како така да не сака да заврши средно . Он со средно нема да биде никој и ништо а не без средно .. Ако го сакаш поттикнувај го , терај го .. не е тоа шала.
kolku i da se sakate site sme svesni deka od ljubov ne se zivee. moras da dades se od sebe da go motiviras, da go potiknuvas da napravi nesto za sebe so toa sto ke mu zboris za planovi za idnina. na pr. sto koga bi se zemale zar jas ke rabotam ti ke odmaras zar treba decata da se sramat deka tatko im nema zavrseno sredno. bar sredno da zavrsi a fakultetot ne e nesto sto mora da se zavrsi. megutoa daj se od sebe zatoa sto vie ste zaedno i treba da razmisluvate vo par a ne posebno utre ti ke imas problem. razmisli malku ne samo sto kazuva srceto tuku i razumot, kolku i da e tesko i bolno
Денес луѓето на постдипломски се запишуваат од што ни факултет не е доволен за да најдеш убава работа, а не па средно да немаш За џабе не го направија задолжително средното образование, срамота е да немаш диплома од средно на денешно време. Ти ако продолжиш да се образуваш а он да нема ни средно, на што ќе се сведи вашиот муабет, ќе дојде ден кога нема ни да можеш да направиш некој интелектуален муабет со него Мораш да го натераш да заврши и да почне да работи нешто, кажи му дека ако сака да бидете заедно мора да мисли на иднината. А за тоа дека не ти дава да се дружиш со другари, ако продолжи така подобро ќе ти биде да го оставиш, затоа што многу е тешко да бидеш со љубоморен дечко, само ќе се нервираш и сите живци ќе си ги изгубиш по него. Ако осетиш дека продолжува со љубомората, навреме го оставај.
Ок дечки го читав муабетов и држи,сакам да прашам ваше мислење колку ви значи партнерот да има високо образование ,и да работи,нормално е дека значи мн за егзистенција и тн и тн.но ете сте се заљубиље заедно сте а тој не е амбициозен нема високо образование поминало времето да го започне ,нема постојана работа....Би можеле ли на пр да раскинете поради овие причини,да напоменам откако сте пробале да го мотивирате и да промените некои нешта кај него???
На почетокот на врската ова може и да не биде толку важно, бидејќи не се знае на каде води врската, а тука е и почетната заслепеност. Меѓутоа како поминува времето мислам дека овој фактор станува се поважен. Јас имав еден дечко кој немаше факултетско образование, но си имаше улична школа и беше навистина паметен. Ама ете, не можеше да го победи комплексот дека јас сум со факултет и се чувствуваше инфериорно во врската и на крај по толку префрлувања решивме да прекинеме.
mene iskreno ne mi smeta i ne mi e bitno dali nekoj ima visoko obrazovanie ili ne. Eve i so deckoto sto sum toj nema fakultet, no ima rabota i mn. mu e ok. Jas imav podrska golema od nego dodeka studirav, mi pomagal, koga sum trebala da ucam sekogas me ostaval imal razbiranje potpolno za se. No sto, jas zavrsiv i sum fakultetski obrazovana i lezam doma bez rabota. Duri sega svativ kolku vo zivotot ne e vazno dali imas fakultet ili ne. a i nikogas ne sum prefrlila znaci vi kazuvam nikogas ni vo edna situacija deka eve jas imam fakultet a ti ne.
Мене не ми значи ништо факултетското образование. Мислам од моето искуство секогаш повеќе вреди уличната школа односно колку си снаодлив и паметен отколку ако имаш купена факултетска диплома а врска немаш од работата.
edinstveno ke mi smeta da bezdelnici i nisto da ne raboti,a ako nema fakultet ne mi smeta se dodeka nego ne mu smeta sto jas imam
Vo red fala za sovetive i jas gi mislam istite raboti i se soglasuvam so femina90 znaci mene najvazno samo toa ke mi bide da zavrsi kolku tolku sredno i da ne bezdelnici zatoa sto ne sakam da bide mrza i nisto da ne pravi so zivotot.......a za ljubomorata se nadevam ke se smeni bas vcera zboruvavme i mi prizna samo deka bil takov zatoa sto mu bilo strav da ne me izgubi i jas mu rekov na toa deka ako prodolzi vaka so negovite postapki samo moze poloso da napravi........no mislam deka ne smeni toa mn kaj nego.....
Нема да ми смета тоа што нема факултет ако има добра работа и со неа да може во иднина да го обезбеди своето семејство. Факултетот не вреди ако не знаеш да се снајдеш добро и ако немаш улична школа, работи што не се учат на факс туку во животот. Ама би ми сметало и нема да можам да поднесувам да нема факс и плус да не се ангажира да си најде работа, тоа никако.
Искрено, јас мислам дека тоа што нема соодветно образование пречи, и тоа како пречи... колку и да има добра работа и да не е мрзлив, колку и да те поддржува во твојата кариера ако ти си завршила факултет, верувај ми, секогаш ќе се јави некој момент кога тој ќе ти префрли што ти си со повисоко образование. Како некое непишано правило е тоа... сум била сведок на слични ситуации во мојата околина, а и самата бев во врска со дечко што немаше завршено факултет, но имаше екстра супер работа и одлично заработуваше. Јас имам завршено факултет, и седев дома, без работа, дремев - а тој постојано знаеше да ми префрла токму поради тоа што сум завршила факултет. Дали тоа му создаваше чувство на инфериорност, и покрај тоа што тој доста солидно заработуваше - не знам, не сакам ни да знам... само знам дека ми дојде преку глава и си заминав.
Здраво Да ви го кажам проблемот.На ФБ гледам кај маж ми понуда за пријател од непозната девојка.И јас што ми требаше ја прифатив.(јас влегувам кај него на ФБ и тој влегува кај мене).И таа почна да пишува.Му била бивша девојка пред 10 година,како не можела да го заборави,како ја оставил.Биле во врска 2 години,па маж и бил љубоморен итн.И така јас си пишувам како да сум маж ми и таа слободно пишува.Па сака да се видиме,да пиеме кафе итн. Маж ми нема појма за ова.Незнам дали да му кажам или да ја избришам девојкава од кај него и да си ќутам.По цели денови мир немам.Ај посоветувајте ме !
Наташинке, како прво, не си требала тоа да му го направиш, да влезеш во профилот и во негово име да се допишуваш со некого, без разлика за кого се работи. На твое место, јас би поразговарала со сопругот и би му кажала што сум направила, затоа што не можам да кријам такви работи од човекот што го сакам. Да, тоа ќе докаже дека сум љубоморна, и дека од љубопитност сум го направила тоа - ама ќе ми биде полесно на душата. Ако е тој човек, ќе те разбере, ќе сфати, па и ќе и каже на девојката да го остави на мира (веројатно ). А можеш и едноставно ништо да не му кажеш, и да ја избришеш девојката од профилот, да се правиш како ништо да не се случило, ако можеш така (јас не би можела). Ама пак, таа може пак да го додаде, и тогаш тој да ја прифати, па да зборуваат и таа ќе му каже - значи било како - ќе дознае. А поарно да дознае од тебе, отколку од неа.
јас мислам да му кажеш дека си ја прифатила и дека од љубопитство си направила разговор со неа. да се надеваме дека ке те разбере ти си го знаеш најдобро. јас мислам дека маж ти може и да не би ја прифатил кога би и го видел името за да не си напрај непотребни проблеми. сепак тој е со тебе а не со неа тој веке го направил својот избор, а на тебе е да бидеш искрена. п.с. за тоа немам фб несакам вакви проблеми а во човековата одлика е да биде љубопитен сите сме такви
Незнам што да правам.Ако му кажам да не ја побара тој, знаете од љубопитност и ете ти проблем.Мажите се подложни на искушенија.А ако не му кажам ќе биде подобро ама вистината секогаш се дознава дури и по долго време.А за отстранување ја отсранив вчера и и кажав дека не се допишува со маж ми.Така да знае што е работата. Сепак мислам да не му кажам,незнам.
Natasinka jas mislam deka najprvo okej ne si trebala da ja prifatis navistina zatoa sto jas mislam deka bezrazlika kolku i da si so nekoj sepak sekoj si ima odluki za svojot zivot taka da si trebala da go ostavis nego da odbere dali ke ja prifati no nema vrska bidnalo.No mislam deka i pokraj toa sto si i kazala deka ne zboruva maz ti so nea tuku ti i deka ti si ja prifatila sepak treba da zboruvas so maz ti zatoa sto veke koga si stapila vo brak treba se da znaete eden za drug zatoa sto moze da bide poloso i mn da se naluti dokolku doznae deka pozadi grb si napravila takvo nesto
Здраво! Јас сум нова тука имам еден прооооблем од глобални размери имам 19 години, ми се допаѓа еден дечко кој е 15 години постар од мене, сеуште се немаме запознато но флертуваме секој пат кога ќе се видиме и приметувам дека сака да ми пријде но некако не може да собере храброст, знам дека е чудно за негова возраст се случува да застане до мене, да тргне да каже нешто и да се премисли...стварно не знам што се случува :/ и се беше така до пред некој ден кога дознав дека една моја братучетка се гледа со него т.е. почнале да се гледаат последнава недела...не знам што да праам...да чекам на него...да чекам да се разделат...или да стапам во акција ај некое советче ве молам и ако некоја имала сличен случај нека пише како се решил плиз!
Јас ти советувам да престанеш да мислиш на него и да не превземеш ништо..Млада си доста, уживај..шетај..флертувај..биди со момчиња кои се твои врсници или малку постари од тебе..Стекни искуство..изживеј ја младоста затоа што после нема назад..Тој е возрасен 34 години значи поминал доста и да не е така тој размислува поинаку од тебе..разлика во генерации и ставови се во прашање итн.А и он веќе кажуваш се гледа со братучетка ти..Остави како што е..ќе дојде друг немај гајле..
Да душо знам дека е така,едноставно нема да поднесува дека девојка му е поучена од него Јас само и одговарав на девојката која прашуваше дали да го остави дечкото затоа што нема факс,а не се однесуваше за мене,дечко ми лани дипломираше и сега работи,немам таков проблем за среќа