Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    whitex6, и јас ќе ти кажам дека толкава поврзаност и зависност, како што ти ја нарекуваш, не е ни малку добра за една врска. Разбирам дека се сакате и се тоа, ама треба да си оставате простор, а не да бидете како залепени еден за друг. Сепак секој од вас си е личност за себе и треба да си ја има својата слобода. Најдобронамерен совет. :)
    Ова со заминувањето, доколку си верувате, мислам дека не треба да има проблем. И не се оптеретувај толку, ако вашата љубов е доволно силна, ќе го издржи и овој предизвик.
     
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Малку си ми противречна. Прво велиш дека знаеш дека и на крај на светот да отиде нема да те превари, после велиш дека ќе работи со девојки и таму ретардирани секакви има. :^) Ова истово се одразува во целата твоја врска со него-немаш доверба во него. Ако веќе знаеш дека те сака и нема да те превари, зошто толку се опседнуваш и се оптеретуваш? Ако веќе и сама си свесна дека ви треба начин да се одвоите и да научите да функционирате заедно-еве совршена прилика за тоа. Штом толку многу го сакаш, ќе сакаш и тој да биде среќен и да му биде убаво. А ако отиде ќе биде среќен и ќе му биде убаво. Немаш право да застануваш на патот. Научи се да живееш и без него, мораш и сама да функционираш во секојдневниот живот! Што ќе биде ако утре некој од вас двајца има таква работа што ќе мора постојано да биде на службен пат?
    Јас совршено добро те разбирам, посебно зашто во најблиско опкружување имав ваков случај-сестра ми отиде исто вака во Америка, а зет ми (тогашен нејзин дечко, денешен сопруг) остана овде. И тие имаа неверојатно силна љубов и поврзаност (додуше до ден денес ја имаат), па опстанаа и издржаа, без големи турбуленции и проблеми.
    Ајде диши малку, таман ќе имаш време да се посветиш на себе, на заостанатите испити :!: , на роднини, пријатели..... Додека трепнеш, летото ќе помине ;)
     
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти каѓам вака отворено ама како што читам вие двајца сте како во еден затвор и тоа без воздух...
    Те сфаќам бидејќи и јас бев како тебе баш се со него а и + комшии,буквално го задушував,он мене не толку ама сепак,ете како вас затоа и те разбирам...
    Но поминуваше многу време така,и ете после 3 години ние раскинавме токму поради тоа,не можевме веќе да ја издржиме таа тортура,се заедно,без друштво сами да искочиме,па ни пукна филмот и готово беше.
    Последицата од таквото врзување е тоа што можете да раскинете,и јас мислев дека се ни е совршено,ама ете не се ни посомневав дека некогаш ќе го изгубам...
    Затоа пушти го нека оди ако навистина вашата љубов била вистинска вие повеќе ќе си недостигате и ќе ја зацврстите врската кога ќе се врати,а ако не значи не те сакал доволно за тие твои нервози...
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Женски, на личности како whitex6 очигледно е дека не треба да реплицирате назад. Џабе трошите мисли кога таа е решена да го задржи во Македонија.
    Девојко, ти си себичњак и голем егоист. Ти треба да се засрамиш! Прво си го натерала да иде со тебе, дома да се кара. И сега затоа што не одиш, да остави се и пак по тебе да иде? Размисли малце, заради тоа имаш памет. Нека ти проработи разумот. Јасно ми е зошто пиша на форумот, сакаше да добиеш подршка за како да го спречиш.
    Мој совет: Остави го да си ги види можностите во светот. Можеби ќе сака Америка да живее понатака. Никогаш не се знае. Ќе поминат 4 месеци одма!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    :geek:
    се запознавте пред една година, а сега сте 3 во врска :clap:
    ти незнаеше дека има сесија во јуни/јули? а и што се замараш толку со факултетот, па нели ќе го продолжите студирањето во Америка (земја снова)
    у која земја живее жити очи што се гледате барем еднаш неделно?
    18 или 19 имаш? пред некој ден 18 беа. ( :party: среќен роденден )
    него, следното лето ќе одевте или ова?
    и се знаеш со с.т.е.ф.а.н.и.ј.а?

    ццццц абе за да лажеш треба акл
     
    На mims-89, sesilija и drugarka им се допаѓа ова.
  6. kjuka

    kjuka Нов член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Во врска со идиот

    Сестра ми имаше еден дечко и уште пред да се фатат сите ја советувавме да не оди со него но таа не не слушаше но за среќа раскинаа.Од кога раскинаа тој не престанува да и праќа луге, да збори за неа дури и да ја навредува и замара..Освен што го прави тоа дознавме уште многу работи за истиот и сакам да му вратам бидејќи и мене психички ме иритира и ми се заканува.Не сум тип што се тепа или повлекува но сакам да му вратам.Што да правиме?
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Пријавете го во полиција.
     
  8. kjuka

    kjuka Нов член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Ќе пробам да средам во најскоро време
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Се согласувам со angel92.. Немој ти да си ги ''валкаш'' рацете со таков простак. Пријавете го во полиција па тогаш нека размисли што направил. Боже Господе.. Има секакви лудаци во светот. :tmi:
     
  10. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    113
    Фала ти многу...истото го планирав само се плашев дека ке бидам погрешно сфатена, но кога го прочитав ова веднаш му го кажав тоа што го мислев и го прифати без никаков проблем, и ми кажа дека е спремен да ме почека колку што ми е потребно... :!: :*
     
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ааа и ние имавме еден таков психопат,ја малтретираше сестра ми,колку само проблеми ни направи ццц.
    едноставно пријавете во полиција или игнорирајте го како да не постои,може ќе помине малку време тој сеуште ќе се труди да ве повреди но кога ќе види дека си терате со животот на крај ќе се откаже.Нека си фати она дечко нека знаат сите,ќе видиш како ќе се тргне одма.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Секакви психопати постојат :x и за жал повеќето од нив не се разбираат со убаво, така што и јас ќе те советувам да го пријавите. Никој не заслужува таква тортура... А ти немој да му се одмаздуваш и да се оптеретуваш со таква болна личност. Се надевам дека ќе си го добие заслуженото.
     
  13. Iloveeyou

    Iloveeyou Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    немам некој проблем!! Барав некоја страна и 
    нешто околи поклони за својот партнер..
     Па незнам дали би ви пречело што токму на оваа тема ви пишувам за ова... ?Ако  нема некој проблем ќе ве замолам ако сакате да ми пишете..
    сакам да го изненадам мојот партнер ќе правиме 1год од
     нашата врска па сакам да ми дадете нешто за пример 
     што од прилика по ваше мислење би било кулл..! :D :D :D :D :D :D :D :D :D Во план сум да му порачам торта некоја малецка но
     слатка да пишува се разбира те сакам на неа ..  за друго незз...
     ПОМОШ!!
     
  14. themen123

    themen123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    немојте веднаш со полиција бе, па може заљубен е па сеа во bed е дека го оставила...и ја коа раскинав планирав едно време така да правам зш бев во опасен бед :D :D
     
  15. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    имам проблем ,значивака.Искочивме со еден дечко од кој од првиот пат се смувавме и после тоа искочивме уште 2 пати.И последниот пат бев кај него дома и он сакаше односи ,ама јас му реков не сум имала и не сакам.и тогаѓ ми рече добро и ме испрати после тоа ми рече се слушаме деновиве.и така помина цела недела уклучен на фб секој ден порано пишувавме сеа неми пишуваше.дојде и валентајн не ми се јави ,и тек после една недела ми пишува на фб кај се се изгуби и кога ке се видиме.а неговиот др ми рече дека некој мн лошо му зборел за мене мислите он за тоа не се јавувал или пак зошто мислите.тек после една недела како ништо д ане било ??што да праам мислите има иднина,и како да го натерам да се вјуби во мене??
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    мислам дека не треба да се замараш околу типот. Очигледно неговата намера била само секс и кога не го добил чича мича готова е прича. Не го интересираш веќе толку а тоа леле некој зборел лошо за мене што си ти вештица со милион непријатели и позната девојка низ градов???? Ако некоја особа те сака цени и почитува на правиот начин за да те има или бидете заедно нема да го интересира што кажал комшијата ќе те сака таква каква што си и сето она што смета дека е неправилно или е слушнато би го заинтригирало да те праша а не да те оцрнува. Мој совет е да не се замараш со типот.
     
  17. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    во право си,ама ме буни тоа што пак се јавува значи го снема една недела сеа пак како порано сакада искочиме ова она .Незнам што го предомисли ,а тешко е да се заборави до сега со сите така ми испаѓало а ми се засвиѓа и почне да ми значи испарува.Дај те ми совет како да задржам машко,сите ме се пуштаат а псоле муавањее си одат :^)
     
  18. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Не се мувај веднаш ондак :) Запознајте се психички прво. Одете на состаноци. Во кафуле, на кино, на пица... Разговарајте. Па после некое време поминете на следно ниво, а не одма шљап ... :D Барем според мене би требало тоа да биде + за тебе. И не му давај до знање дека ти се допаѓа. Биди мистериозна, некогаш колку и да ти се излегува, одбиј го, за да бидеш барана и да мисли на тебе, како да те изненади. Не откривај го секој детаљ за тебе, за да му бидеш мистерија и да сака се повеќе да дознае. :)
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Имав прекрасна три годишна врска.Тој беше најпрекрасниот,најмилиот човек кој постои на планетава за мене.Животот ми го правеше бајка.Никогаш не се каравме,беше толку совршено што понекогаш не бев сигурна дали е реалност или сонувам.Ми викаше мн сум грешел во животот,сега сакам да започнам нов живот со тебе,те сакам повеќе од себе,сакам цел живот да сме заедно,заедно ја планиравме иднината,тој избриша и фб и се,никогаш не излегуваше без мене (јас не му бранев туку самиот така сакаше).Само јас постоев за него,за мене живееше.Ми викаше секогаш ќе бидам со тебе,никогаш нема да се откажам,ќе умрам ама нема да се откажам,ќе те поддржувам за се,јас ќе ти бидам потпора за се во животот.Ме однесе дома.На сите им кажуваше колку ме сака,неговите премногу беа добри со мене.Сето тоа беше помеѓу нас.Но од друга страна постоеше голем проблем.Моите никако не ја одобруваа таа врска.Постојано трпеше навреди од нив,дури вујко ми (пијан) почна да се заканува дома кај него,јас му се жалев....Тој и покрај се тоа на се поќутуваше и ми викаше дека никогаш нема да се откаже,што сакаат нека викаат.Јас три години дома живеев во тортура (мајка ми ме следеше,ме ставаше под казни,ми се закануваше,влегував дома и ми беше страв да не дознала нешто и да не ме избрка од дома.Дури ми се закани-ако ти имаш нешто со него,ние ќе се откажеме од тебе во весник и нема сенката да ни ја видиш.Се тоа поради тоа што тој е посиромашен од нас.За жал мајка ми убавината на животот ја гледа само преку призмата на парите,и за ништо на овој свет не би дозволила да бидам со некој што не ги исполнува нејзините стандарди.Попрво би дозволила да умрам отколу тоа ;( )
    Преку ноќ се се смени.Повеќе не беше оној истиот.Во последно го молев да ми рече те сакам.Не ја чувствував онаа љубов што некогаш секој ден ми ја покажуваше.Почна да станува мн агресивен.На секој мој збор зошто е таков-ми се развикуваше.Јас ќе му се јавев тој на цел глас ќе ми се развикаше-ОСТАВИ МЕ НА МИР ДА СИ СПИЈАМ,НЕ МОЖАМ СО ТЕБЕ ДА СЕ РАСПРАВАМ!
    Добро,пак ќе попуштев и пак ќе го побарав.Секој нареден пат беше се полош и полош.Повторно ми рече-РАЗБЕРИ СЕ,МНОГУ СИ НАПОРНА!
    Му се извинив,го молев да свати што ми прави,плачев,му викав да не се откажува толку брзо,да даде шанса заедно да се бориме-Повторно без гајле да му биде-АМАН БЕ КОЛКУ СИ НАПОРНА,ОЛКУ ПОВИЦИ НИ МИНИСТЕРОТ НЕ ДОБИВА,АЈДЕ СЕГА ЌЕ СПИЈАМ.
    Ми рече или среди си го тоа со твоите или не ме барај (А знаеше дека не можам да средам,тоа му беше мн јасно).Ме изнавреди и остави сосем сама.
    Го барав со денови да ме ислуша барем на 5 мин-не сакаше.Ми викаше кога ќе ми се сака мене тогаш ќе зборувам.
    Раскинавме.Другиот ден ме бараше околу 10 пати (само затоа што мислеше дека сум си направила нешто),јас не кренав затоа што знаев дека ќе ме донавреди.И се јавил на една моја другарка и кога дознал дека сум била на школо ми пиша-не те барам кога не сакаш.Од тогаш еве веќе 3 ден ме нема побарано.
    Значи на мене ја префрли сета вина,јас не сум сакала да правам муабет?!А кога го молев,кога плачев за 5 мин да ме сослуша тоа ништо не беше така?!
    Покрај сета моја жртва.покрај се што направив за врската така на крај ми врати.
    Ме изнавреѓа и сеуште е ГОРД!
    Колку само се понижив уште што не му паднав на колена.
    Како можеше тој човек олку да се измени. ;( ;( ;(
    Ме заборави за секунда,ме отфли како јас да сум ѓубре.Додека јас плачам и се разболувам тој си продолжи со животот како да фрлил пар чорапи.
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мене не ми се баш сигурни намерите на дечково. :^)
    Можно е да му е дојдено само до секс, затоа внимавај да не правиш ништо што ти не сакаш и да не дозволиш да те присилува за било што.
    Ако пак те побара, предложи му да излезете некаде надвор, на кафе, а не да одиш кај него дома. Запознајте се подобро, па потоа реши што ќе правиш.