Богами не ви е лесно и на двајцата ама ако навистина се сакате се ќе помине ја сваќам дека ви дошло преку глава и на двајцата па затоа така реагирате . Јас сум секогаш за лјубовта и се надевам дека многу скоро ќе ни пишеш дека се е ок па и подобро од порано.Поззззззззззззззззззззз
Po ova so go imas napisano se gleda deka si mlada devojka. Prv pat pisuvam na for ama mi padna nekako krivo za tebe zasto imav slicna situacija. Moj sovet oladi malce i pusti go vremeto i ne mu davaj na deckoto do znaenje deka ke toleriras se. Ispitaj dobro da ne mu se zakanuval nekoj od tvoite. Moze toa pridonelo da se ponasa taka ili ceka da prezemes poradikalni merki so vasata vrska. [mod-kirilica:1i5r8tas][/mod-kirilica:1i5r8tas]
Вујко ми правеше проблеми на роднините негови,ама тој само така си зборува во пијанство,таков е човекот,не е способен нешто да направи. Додека јас толку време безусловно се борев,буквално секогаш кога влегував дома се плашев да не ме избркаат,а тој од еден збор без око да му трепне крена раце од се.
^^ Да,ама не за мене туку за мајка ми. Таа попрво би прифатила да умрам отколку да бидам со човек кој не е богат.Сурово ама таква е. Ми рече „Да се влечеш на колена,нема да попуштам.Да знаеш ако си со него цело семејство ќе се откажеме од тебе,нема сенката да ни ја видиш.‘‘
ајде ќе биде не се секирај очигледно вакви работи се случуваат и во реалниот живот а не само по серии
^^Нема да биде.Тој е толку горд,никогаш нема да свати колку ми згреши,а сепак не знам дали јас грешам-тоа е најлошо. Неговата некогашна преголема добрина сега не ми дава мир.
Look,жално е ваква голема љубов да заврши на ваков начин.Би требало да се видите и да поразговарате за проблемот-зошто така наеднаш се сменил.Не се двоуми да отидеш до кај него и да го побараш.Можеби веќе се покајал за неговото однесување па затоа те побарал.Оди и побарај го.Се надевам се ќе се реши. А за односот на твојте дома кон твојот дечко а вооедно и кон тебе ќе се воздржам од коментар.
Џабе ќе го барам,го барав милион пати и пак секогаш ми се развикуваше,ме навредуваше и ми исклучуваше со изговор дека сака да спие,не му се зборувало,многу сум била напорна. Така уште повеќе му го билдам егото. Нема да има никаков ефект,само што ќе си мисли дека има право тоа што ми го викал.
Извини јас сега прочитав дека тоа траело со месеци па си го повлекувам зборот,и секако дека ти не си должна да ги слушаш неговите навреди. Незнам што друго да ти кажам освен да бидеш силна и да си продолжиш напред во животот.Знам дека реченицава е излишна и дека лошо се чувствуваш, но можеби ете тој не бил за тебе и така требало да биде.За жал можеби желбата на мајка ти се остварила.Млада си,ќе запознаваш уште многу луѓе и ќе си ја најдеш среќата на друго место. Не си сама,сите сме поминале низ еден ваков период од животот. А тој...секако дека ќе те побара пак!
Лук извини ама мислиш дека само ти си централниот проблем?! Мислиш дека само ти треба да бидеш таа повредената? Тој знаеш како се чуствува знаејки дека никогаш твоите нема да го прифатат? Сигурно веќе се откажува постепено и знае дека никаква борба не може да помогне.. ете и ти самата викаш дека никогаш нема да го сменат мислењето.. Знаејки дека секогаш ке бидат против вас, типов едноставно постепено се одалечува од тебе не сакајки да биде повреден повеќе..
Да,јас сето тоа го разбирам и тој е повреден и нему не му е тешко,ама каде беше сето тоа три години да ми го каже? Сега после толку време тоа му текна? Барем да не ме убедуваше дека никогаш нема да се откаже и што и да се случи,да не ми даваше лажна надеж,да не ми викаше дека и да умре нема да се откаже.Барем ако не нешто друго немаше толку да се приврзам за него и олку тешко да ми биде.
Look ова мене ми изгледа само ко исфрлање на сето тоа што он го собирал овие три години. Не дека јас го бранам, али искрено реално да збориме најмала кривица има детево мислам дека знаеш на што мислам и кој ја има поголемата кривица. Сепак, од цела таа борба од 3години кој и да е ке се измори. Можеби детево видело дека ете неможе да излезе на крај со твоите, па сака да те заборави и да те оттргне од него. Можеби ова му е само дел од таа стратегија за што побрзо да го заборавиш односно замрзиш. Искрно,сумњам дека детево не видело и од твоја страна дека си се борела, ами тука и гордоста игра. Мој совет ти е 1. Остави го некое време, и почекај на прв негов чекор. Кога он ке го направи чекорот, немој АМА НЕМОЈ да си му плачела по тел и кога ке се видите, пробај види му ја целта на чекорот која му е . Ако целта му е да се извини да ти каже дека ке се покае, почнете пополека со разговор. Емоции на страна. Зашто ? - Зашто мн лесно можеш да го накурчиш ако му плачеш , пробај издржи . Води ја смирено играта.
Look многу ми е жал што се наоѓаш во ваква ситуација. Сигурно тој има причина што се однесува вака со тебе и што наеднаш се променил за 360 степени и не е веќе тој што бил. Или 3 години глумел и ставал маска на лицето дека е друг човек односно таков каков што го претстави на почетокот, што не ми се верува дека би издржал толку, или навистина се случило нешто да го извади од такт и да го промени. И јас сум моментално во слична ситуација само не толку тешка како твојата. Прв пат дечко ми со кој одев две години не ми пишува ништо, а јас некна кога му пишав не ми врати. Во ред, јас се помирив со тоа. Мислам дека треба и ти прво да се помириш дека тоа што е, е така како што е. И мислам дека само полошо ќе направиш и тој ќе стане дупло по горд од тоа што е сега ако продолжиш да го бараш.Не можам да ти гарантирам дека тој ќе те побара,но во случај ако те побара без двоумење оди и зборувај со него. Тоа ти што го опишуваш не е мала љубов. А ако не те побара.. мислам дека не би било добро ни ти да го бараш него. Што се однесува до твоите родители и тоа дека е сиромашен и затоа не го прифаќаат и јас бев во иста ситуација. И моите не го прифаќаа дечко ми,но не само поради тоа што немаше многу пари туку имаше повеќе причини. Сигурно му било многу тешко на него што не може и тој да дојде дома кај тебе како ти што си одела кај него. Тоа е навистина тешко и можеби токму тоа е причината што се променил.
Лук, нема шанси да се сменил туку-така преку ноќ. Врати си го филмот, мора да има нешто, никој одеднаш не станува дрзок со некого без причина. Ако не успееш да се сетиш, тогаш е нешто што одигледно не го ни знаеш. И најважно од се, престани да го бараш и стани ладна со него.
Look, за се мора да постои причина, иако не ми е ни малку логично тој одеднаш, без збор да стане толку ладен. Сепак не сте биле малку време заедно. Сега не го барај, почекај да видиш што тој ќе направи. Искрено не би можела да ти гарантирам дека тој ќе те побара, којзнае која е причината за неговото однесување. Можеби му дошло преку глава од неприфаќањето од страна на твоите родители. Тие нешто да не му рекле, да не му се заканиле? Во секој случај не го оправдувам, што и да е, тој треба да ти каже во лице, каков и проблем да има, а не да биде дрзок и да те навредува. Ти посакувам среќа се да се среди.
Добро, ама никому ли не му беше сомнителен оној дел кога и` велел „грешев, сакам со тебе да свртам нов лист...“ Можно е тој да бил со Лук и за да потисне некој лош дел од себеси кој нему не му се допаѓа, па си рекол еве фино девојче совршено за нов старт и заборавање на старите лоши навики...Со тек на време и ја засакал, но дали доволно? Да беше вистинска безусловнa љубов, барем во оној интензитет за кој тој и` зборувал, немаше така лесно да му пукне филмот, а башка, не заборавајте, тој цело време знаел дека нејзините не го мирисале и се нафатил да продолжи понатаму. Епа, не е бебе да го жалиме сеа. Ако некој ја имал најтешката улога, тоа била Лук. Он се вреѓал што таа не можела да го покани во својот дом како што можел тој. А дали тој би издржал таква тортура од домашните?Дали би издржал да го нарекуваат секако и да му се закануваат со откажување во весник за да ја спаси врската? Од еден муабет на нејзин роднина во пијанство, нему оооп, му пука филмот. А тие зборови на Лук што и` ги кажуваат роднини, зарем не болат многу повеќе? Ако некого обвинувам во приказната, тоа е тој. И на нејзино место, јас би го отпишала од живите што поскоро срцето ми дозволи. Look тука сме за тебе, ќе го надминеш ти ова
^ значи ко шо сфатив не било ова од еднаш пукање на филм, ами некое време наназад ... така да и твоево држи вода ама може да нагаѓаме до сабајле. Најубаво да ја советуваме е да се смири и да почека некој период да се оладат главите. Потоа чекор по чекор ке дојде до решението. Дали со или без него . Битното е сега да проба да не се нервира многу, сепак здравје може да изгуби со вакви нервози ....