Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    не, не, jac мислев за делот шо и` рекол уште кога почнале (не дека и претходно имал испади)

    мене ова малку сомнително ми звучи...како да потиснувал 3 години тие работи што не ги сакал кај себе и сега тие излегуваат на површина...

    како што реков навредата не боли од никого повеќе отколку од свој човек и затоа не може никој да ми каже дека нејзе не и` било најтешко.

    Инаку и јас викам да не се нервира, но подобро за неа е да го заборави. Штом сега вака ја остави на цедило, нз како би имале иднина и како таа пак би му верувала...
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Лук, а колку години е дечково?
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    ^^Колку што се сеќавам, 22-23.
     
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Look јас едно ќе ти кажам, во врска од три години нема билдање его и ставање на игнор па ќе ме бараш нема да ме бараш, па после јас тебе нема одма да ти кренам на телефон и слични глупости. Тие работи се прават во несериозни врски. На секој му пука филм, не можеш да го осудиш дечково. Оди до кај него, или викни го на разговор некако, ете за последен пат викни го да се видите, ако прифати ок, ако не остави го. И направи убав муабет како што прават паровите кои се со години заедно.
    Јас никогаш не би трепела вакви работи, премногу некултурно би било да коментирам за односот на твоите према дечкото и тебе, така да за тоа не сакам да зборам, но во секој случај биди благодарна што ако ништо друго цели три години дечково го трпел тоа. Едноставно можеби сфатил дека може да има и девојка чии роднини нема да го малтретираат и понижуваат и искрено можеби најголем доказ за твојата љубов кон него би било да дозволиш да биде и тој среќен. Затоа што со твоите роднини тој никогаш нема да е, т.е. не сега за сега. За врска се потребни двајца да, ама сосема е поразлично кога тие од кои зависиш, родителите, вршат таков притисок. Стави се за момент во негова ситуација, вреди да се бориш за љубов и се тоа, ама се си има свои граници, а ова е над сите.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    22 години има.

    За тие што ми рекоа да го побарам-Јас разбирам дека една таква долга врска не треба барем да заврши преку телефон,ама тој едноставно НЕ САКА ДА ЗБОРУВА.
    Го молев да се видиме,ми рече-„Е деновиве не можам да зборувам,ќе ја правам колата,кога ќе ми се сака мене тогаш ќе те викнам‘‘.Но нели од тогаш ми рече дека нема да ме бара повеќе.
    А јас сум сигурна 99% дека нема да ме побара.Тој е толку ГОРД!
    Јас се понижив до бескрај,го молев,плачев,уништив и свое јас,и достоинство и се покрај сите навреди што ми ги кажа,а тој нема ни еден лош збор добиено од моја страна и пак е ваков.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не го барај веќе мила...не вреди. Па кој е тој, принцот од Велс? Ти се` направи, останува да се опуштиш малку од оваа врска.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Најмногу заради ова болдираново-не го барај веќе! Од никој не си должна да трпиш навреди и понижувања, тој видел дека не му враќаш и си продолжил. Напротив, сега тој треба да те бара и да ти се извинува. Што и да се случило, во врската се решава со смирен разговор а не со навреди. Биди силна, ќе го преболиш. Ти треба само време.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Девојки знам дека многу ќе ме карате за ова,ама денеска ме натераа да ја направам најкатастрофалната грешка што некогаш можев да ја направам.

    Тие другарките кои што ги претставував во лошо светло,испаднаа многу подобри.Тршев,трпев и им раскажав се.Појдовме на кафе со нив.Многу се растажија за мене.Едната рече- сега му се јавувам.Ја молев да не му се јавува,но таа беше убедена да му се јави и му се јави.
    Вака му рече-„Што правиш?Еј навистина сте раскинале со Лук? Тој и потврди.Таа го молеше.Му викаше те молам не и кажувај дека ти се јавив,ама те молам,те молам,те молам побарај ја.По цел ден плаче нашколо,многу и е тешко,зарем заборави што правеше таа три години за тебе‘‘.Тој и рече-„Знам дека и е тешко и мене ми е тешко,ама повеќе не ја барам,затоа што кога ја барав не ми се јавуваше.Ако таа ме побара ќе правиме муабет.Уште малку ќе излегувам в чаршија,ако сака да ми се јави ќе се видиме‘‘.Го завршија разговорот.
    Дригарка ми ме молеше да му се јавам.Ми викаше еве ќе равите муабет само јави му се.Јас не попуштав.И викав ќе направам грешка уште повеќе ќе згрешам.Таа ме убедуваше,ме молеше до бескрај.Си реков ајде да му се јавам не е фер спрема другарка ми,таа му се јави и мене ме моли,да ја послушам.
    Му се јавив,беше крајно студен како да не ме познава.Му реков-„Немој да мислиш дека те молам со ова,ама јас сум човек и не сакам вака преку телегон да завршиме.Ако сакаш да се видиме‘‘-(ТУКА ЈА НАПРАВИВ НАЈОГРОМНАТА ГРЕШКА).Тој ми рече-„Неможам денеска друг ден ќе се видиме имам работа денеска,во еден кафиќ сум (А нели на другарка ми и рече дома дека е и дека ако го побарам ќе се видиме)‘‘.
    Јас му реков-„Добро побарај ме кога можеш„.„Добро‘‘-ми рече.

    Другарка ми премногу се налути на него.Рече кога ќе го видам верувај во лице ќе го исплукам,какво ѓубре бил.

    Повторно и повторно ме заплеска. :@ :@ :@ :@
    Лута сум,гневна сум на самата себе си.

    Сега сакам за се да му вратам (ако ме побара) не знам како да изреагирам,ама барем ронка од тоа што ми направи да му вратам. ;( ;( ;( ;(
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Немој да се обвинуваш. Со оваа само виде на што си и дали тој сака да ти се врати. Што не требало да го направиш тоа, не требало, но сега нема враќање назад. Да не го направеше оваа никогаш не ќе знаеше на што си. Сега смири се малку и ако ти се јави некогаш кажи му дека нема зошто да те бара, вие завршивте. Не знам зошто се однесува толку студено со тебе, но едно е јасно.. Не сака да зборува со тебе. Да сакаше до сега милион пати ќе ти се јавеше. :worried:
    Помири се со оваа, не ти преостанува ништо друго. Сега мораш да ја трпиш болката и да не ја искажуваш,а еден ден биди сигурна дека тој ќе погледне назад и ќе се запраша што направил.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Мораш да си признаеш самата на себе дека не му се јави затоа што другарката сакаше, туку затоа што тебе те копкаше.
    Тој никогаш нема да попушти, знаејќи дека ти умираш по него. Со тоа само ќе продолжи да го прави истото и полесно ќе продолжи со својот живот. Одсекогаш било така.
    Уште еднаш, ни да му крениш ако ѕвони, ниту да помислиш да му се јавиш!
    Исправи се и цврсто чекори по тлото.
    Само тоа ти преостанува! Не си го уништувај здравјето и не го запоставувај учењето.
    Еден ден ќе се каеш.
    Те молам собери се колку можеш, излези малку, читај книги, учи, прави се за да мислиш помалку на него. А нормално, во вечерните часови исплачи се... Бидејќи ноќта си го носи своето.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да му вратам!
    Од една страна да биде повреден,а од друга страна да се кае за се што ми стори.
    Да осети барем малку од тоа мене што ми го направи.
     
  12. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Кармата ќе го направи своето.
    Не мора одма да му вратиш, има време...
    На тебе останува да се држиш цврсто.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    Ти ги прочитав скоро сите коментари и тортурата во која што се наоѓаш. Ако сакаш да се кае за се што си сторил, продолжи со животот, биди среќна и кога тој ќе види дека не си веќе слаба на него и како ти сега си среќна со некој друг, ќе биде друга приказната. :)
    Немој да си го трошиш времето, продолжи со животот и фокусирај се на запознавање нови, интересни луѓе кои ќе те насмеат :) Ти посакувам се најдобро!
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Седи не се ставај во поголеми нервози ... Тркалото се врти секогаш, ама секогаш! Запамети.
    Кога ќе те бара сам по некое време ќе осети што е болка. Сега најпаметно ти е да се концентрираш на себе и на своите интереси. Ако треба дома кукај, плачи ... беснеј, крши итн. Надвор кога излегуваш смеј се со сила ако треба и гледај да не мислиш многу на него. Дружи се, шетај, разговарај, флертувај ... Времето ти е лек за сила и заборав. А тој секако ќе се појави и ќе те моли.
     
    На Divinebutterfly, kate21 и Look им се допаѓа ова.
  15. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ми се јави.Прво ми рече знам не ти е лесно.Јас ми изнакажав се што ми лежеше на душа.Само ми рече-знам се.

    Сега кога ќе ми се јави пак ќе му речам да се видиме за да му вратам се.
    Тој ги изгуби сите шанси кај мене.Дефинитивно решив да ставам крај.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Добро значи се јавил и веројатно не му е лесно и нему тоа е сигурно. Си му кажала се што ти лежи на душа и доволно е. Ако се јави пак за да се видите ќе излезеш и немој да реагираш лошо, полека смирено и резервирано разговарајте нека каже која е причината за вашиот крај. Ако не најдете решение тогаш откажи се. И знаеш она враќање на стварчици, поклони и сл. е малку глупава реакција. Непотребна. Подобро спакувај тоа се некаде дигни, него да направиш со тоа уште поголема белја.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^Тој сега можеби омекнал,ама јас сега не можам да опростам.Тој ги прокоцка сите шанси кај мене.Буквано на секоја шанса што му ја давав ме отфрлуваше.
    Ме направи брука и пред другарките и пред се.Гордоста не ми дозволува да продолжам со него.
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Look, извини вака ама една недела ја тупаш за него. Не сфаќаш дека не вреди да се замараш? Типот очигледно сака да продолжи и ти кажува и ти истото да го направиш. Колку побрзо го сфатиш ова, толку побрзо ќе се свестиш и вратиш во нормала. Иначе за враќањето, ми звучи малце патетично. Ако си го сакала вистински никогаш немало да ти падни на памет да му вратиш со лошо. Продолжи со животот, најпаметна опција ти е таа. Има 7 милијарди луѓе на светов, не е само тој.
     
  19. Nightmare3

    Nightmare3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Неверство или не? Што понатаму?

    Драги Феминки ми треба Вашата помош...Имав 2 годишна врска,на почетокот можам да кажам дека беше совршена,каква што секоја девојка би посакала...Но не бев добро прифатена од неговата фамилија поточно од неговата сестра.таа е една исфрустрирана особа,која што никако не може да си го среди животот,па реши да го уништи мојот.Секојдневно во последните месеци трпев навреди од неа,од типот провинцијалка,курва..Таа од мене очекуваше да перам да чистам да праам ручек,а таа ја чекаше платата на бате да ја земе и да замине на шопинг ... Сето тоа го трпев а мојот збор не и пререкуваше..Дојде ден коа тој дома кажа дека планира да се ожени со мене..тогаш почнаа нервозите..сестра му му забрани да доаѓам кај нив веќе.. Он ја послуша..јас почнав да тонам..Таа се понашашекако таа да му е девојка..Ако тој беше кај мене уште во 7 саат сабајле го барасе да си оди за да и купи цигари и да и свари кафе...јас западнав во некоја депресија,како светот да ми се сруши,стасав до анорексија :( Првите недели коа ми се случуваше тоа он беше до мене,с грижеше за мене..Коа си отиде дома,ваљда кажал што ми се случува,и он се смени наеднаш.Ми се јавува и ми вика дај ти се молам не глуми жртва,не паѓам на такви финти...Срцето ми се скрши коа ги слушнав тие зборови,баш од него..После некое време коа отидов кај него да си земам некои мои работи,истиот муабет го слушнав од сестра му,дека јас сум глумела,дека сум изигравала жртва и јасно ми беше се....Додека јас бев по болници и психолози он летото си го помина со сестра му..после тоа демек ке биде се на подобро пак си дадовме шанса..Во меѓувреме сестра му запознава девојче што и оди по газот,и пер и чисти,и готви и мие садови,и погодувате нели...мора да му ја мести на братот..јас тоа го сфатив и го видов..Пробав да разговарам со него,он негираше..па ми раскина...го снема..пробував да го добијам на тел..не ми се јавуваше..само ми кажа дека никогас не ме сакал и немал чувства за мене..се повлеков цел месец во себе,само јас си знам низ што поминав, повраканја,онесвестуванја секој ден,губенје килажа...но некако се дигнав на нозе,почнав да излегувам,да шетам,и си дадов шанса со еден друг тип..Кога бившиов разбрал поцна да ми досага пак..после 3 месеца...дека сакал да му се вратам,дека ме сакал,дека планирал иднина со мене..незнам дали да верувам на тие празни зборови....не сакам да минам низ истото,за момент помислив дека е сменет,ама тоа си се залажувам изгледа јас самата..
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Лук, а дали си се запрашала зошто твоите навистина ти забрануваат да бидеш со него во врска?
    Какво минато има тој, што е тоа што толку грешел? Да не правел некој криминал или слично...?
    Друга работа, дали тој студира, работи... има некоја цел во животот?
    Неможеш туку така да го обвиниш твоето семејство, сигурно не ти мислат лошо, туку се грижат за твојата иднина, можеби тие знаат нешто што ти не го знаеш. Можеби типот е само една пропалица со која не би имала некаква убава иднина што ја посакуваат и твоите родители за тебе, а верувам и ти.
    Морав да го напишам ова, иако веќе прилично се разјасни твојата ситуација и реши да ставиш крај.
    Биди силна и прекини секаков контакт со него, не се распрашувај и не се труди даму враќаш, само така ќе го заборавиш набрзо и најлесно. Ти посакувам среќа.
     
    На tessie и sesilija им се допаѓа ова.