Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Неверство или не? Што понатаму?

    јас си препорачувам да не му се вракаш на бившиот, по целиот муабет се гледа дека не те заслужува. Едноставно тој е заслепен од неговата сестра и прави така како што она ке му каже, а иднина со таков човек нема да знаеш, и да бидеш пак со него тој пак истото ке ти го прави, а ти ке се уништуваш се повеќе и повеќе и после каде? Ке бидеш секој ден по болници? Секој ден ке се бориш со животот за некој кој што не те заслужува и кој што нема свое јас ? Батали го и продолжи со животот, имаш ново децко и ако ти е убаво продолжи со него, не дозволувај бившиот да те замара, смени си број или не му кревај слушалка како што ти правел тој на тебе па нека осети како е. Со тек на време се ке се среди и се ке заборавиш (нема да заборавиш, но ова ти е само искуство + во животот за тоа какви машки постојат и таков тип на тебе не ти одговара.) Само напред, имаш целосна моја подршка :*
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Nightmare3, не би ти препорачала да му се вратиш на бившиот, затоа што очигледно многу лесно паѓа под влијанието на сестра му, така што не можеш да очекуваш дека нешто би се сменило во иднина. Штом ти го свртел грбот, а сестра му успеала да го изманипулира, значи дека е наивен и таа секогаш ќе биде во право. Ако му се вратиш, ништо нема да се смени и само ќе си го изгубиш времето, а и нервите со нив двајца. Ќе немаш право на збор, а ако со тек на време само го поттиснуваш целиот гнев во себе, еден ден ќе ти пукне филмот.
    Што веќе си започнала нова врска, посвети се на тоа и побарај си ја среќата со новиот дечко.
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Не,не не апсолутно никаква друга причина,освен финансиите.
    Под тоа дека грешел мислеше на пушење,бегање од школо,постојано различни девојки,не ги гледал со никакво значење девојките...
    Инаку работи по 12 саати и зема околу 25 илјади плата,го осигураа.
     
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Извини вака ама мене бившиов твој и сестра му ми изгледаат како да им фали некоја даска во главата.
    Нормални брат и сестра немаат таков однос, не се трудат да се мешаат во животите на другиот, поготово со толкава опседнатост.
    Таман си се спасила од нив, немој повторно да се враќаш со него, можеби на почеток ќе биде супер, ама ќе дојде време кога се ќе се врати на старо, верувај.
    Не ти требаат такви луѓе во животот.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Донекаде и нејзините се виновни за тоа. Штом нивното однесување таа го сфатила дека е единствено причинето од неговата материјална состојба, а имало нешто повеќе, значи тие не биле доволно отворени со неа за да и` објаснат. Kaко што самата кажа, само финансиите се проблемот.

    А иначе и “другаркиве“ се за ќотек. Божем да ви помогнеле, колку прекрасно од нив, милите не знаеле дека може да ја доуништат работата :@ . Морееее да им вратиш да ти кажам. Кога некоја ќе биде во таква слична ситуација, направи и` го и ти истото, понуди и` се да му се јавиш на дечкото и да го молиш да се смират со другарка ти, па да видиме дали би се согласила. Ццц, љубомората прави чуда.

    Еден совет, наместо да мислиш како да му вратиш, мисли како да си го разубавиш твојот живот. :*
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ми се јави сега и ми рече-мислам дека треба да и дадеме уште една шанса на врскава,јас денеска ќе ти се јавев и без да ме побараше другарка ти,и двајцата бевме нервозни и згрешивме и мене ми беше претешко.

    Јас му реков остави ме сега на мир,јас ти дадов милион шанси а ти сите ги прокоцка,сега вртам нов лист и немој да се чудиш ако ме видиш со друг (тоа за друг намерно му го реков)

    Само ми рече-Добро,чао
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Си направила грешка. Требаше да видиш што сака а не вака да избрзуваш. Ќе патиш за ова понатака...
     
  8. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^Пак ќе продолжеше да ме навредува,пак истото ќе ми го правеше..Ќе се вртевме во круг само.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, паметно постапи. И веќе почни да го игнорираш...
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Лук, не знам дали си цврсто решена дека не сакаш со него или е само момент на нервоза, ама се надевам дека не си го откачила вака надевајќи се дека упорно ќе те бара, зашто можно е и да не се случи тоа, а сама знаеш како ти беше овие денови кога никаде го немаше.

    Или малку подиректно кажано, не се прави толку силна, ако реално не си :)
     
    На Divinebutterfly, CrazyStupidLove и Look им се допаѓа ова.
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^Искрено да зборувам,не ми е воопшто лесно..И не сум баш сигурна,ама мислам дека и да му оспростев порано или покасно повторно истото ќе ми го правеше.

    Ни ваму,ни таму сум.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Look, го читнав малку твојот проблем, твоите перипетии во врска со оваа врска, ги гледам и твоите години и ќе ти кажам само едно - знам дека сега ти изгледа крај на светот, но не е.
    Знам дека мислиш дека ќе умреш без него - но ќе преживееш.
    И не, нема да останеш со овој дечко.
    И некој ден ќе се смееш на сето ова.

    Не заборавај дека се' што не те убива, те прави само посилна.
    Ова ти е буквално искуство кое би требало да те обликува во една цврста и самостојна личност.
    Не го кажувам со никаква злобна намера, сите сме ги имале, го имаш и ти.

    Ама дека со овој дечко ќе скроиш некаква сериозна иднина, тоа нема да се случи.
    Поздрав и секое добро.
     
    На lolyta777, kate21 и Look им се допаѓа ова.
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    look оваа цела твоја ствар со типов е излезена од контрола и е малку повеке патетична,ми наликува како децка игра он на мне така а,па ја на него сега ке виде он ,ако има љубов мегу вас со тоа ја уништувате,ако е ова само едно премрежје кое треба да го поминете си ја уништувате љубовта,сите се караме сите имаме лоши денови во врската ,а ова вашево не ми е некако сериозно само децки и полно инает....
    Nightmare3типов не те шајкали 5 посто,истфрустриран и комплексиран тип,не ти треба во животот он,кога ти било тешко он не бил по крај тебе и те оставил сама,не е лесно 2 години али он тоа не го почитувал па немој ни ти ,живеј и биди срекна :)
     
  14. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Според мене не си требала вака да изреагираш, си требало да прифатиш да разговарате барем, да пробате да го решите проблемот, да го сослушаш што има да ти каже(и јас имав слична ситуација кога му раскинав на дечко ми по телефон,а тој ме молеше да разговараме а јас несакав...и после многу ми беше криво за таа постапка) па дури и да не бива веќе ништо, да се разделите како луѓе.Жално е вака да заврши вашата љубов, со навреди, со карање...Верувам дека ќе се каеш подоцна откако ќе ти помине сета нервоза,но нема да те убедувам, како чувствуваш ти така направи...односно веќе си го направила тоа :|
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе зашто да се каее ???

    ма нееее доста беше попуштање и од нејзина страна. Стварно се се решава со муабет, ама она коа беше спремна за муабет овој си креваше цена епа нека извини ...

    и немаш што да се каеш. Паметно си постапила, немаш више никаква врска со него. глава горе и следи си го патот. :!:

    Па што е он, па само нему кога ке му текне тогаш а ?? Епа шо не бива не бива луѓе доста беше трчкање....
     
    На Divinebutterfly и Look им се допаѓа ова.
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Look јас мислам дека правилно си постапила. Нема зошто да зборуваш со него кога сакаше ти тој каде беше? И секако дека сега ќе ти е тешко и можеби тој ќе те моли, но мораш цврсто да си стоиш на својот збор и да не потпаѓаш на тоа што ќе ти го зборува.


    Nightmare3 прашуваш дали пак да му се вратиш на бившиот? Ај врати се малку назад и размисли што се ти направил тој и неговата сестра? Ти рекол дека никогаш не те сакал така? Секогаш бил на страна на неговата сестра,а не на твојата. Ти си поминала колку тешкотии поради него, а тој не верувал на тоа и мислел дека изигруваш жртва. Ај продолжи си со животот и со тој што си сега затоа што ако му се вратиш пак ќе поминуваш низ истиот пекол. :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  17. prettyrockgirl

    prettyrockgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Никогаш немој да му се враќаш на бившиот..секогаш ке те потсетува на тоа шо ти го направил и поолека ќе ти стане одвратен


     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Бидејќи некои од вас ми рекоа дека сум погрешила,а и јас самата не бев сигурна па решив да му пишам:
    „Можеби избрзав,но сепак не можам да ти дадам некој конктретен одговор.Од една страна си викам да не избрзав,да не бидеш оној стариот,некогашниот,предобриот,но од друга страна ме мачи да не бидеш истиот,пак да не ми се развикуваш за без потреба.Ако сакаш може да се видиме деновиве‘‘.
    Тој тогаш ми се јави и ми рече:Јас ја слушнав твојата одлука,ама ај ќе дојдам.
    Јас:Зошто не признаваш дека ми згреши,дека ме навреди,ми се развикуваше зошто сум те побарала?
    Тој:Да,ти се развикав дека на секое ме бараше.
    Јас:Значи не се каеш,повторно би го сторил тоа?
    Тој:Да! Ама јас ништо не згрешив.
    Јас:Ако сватиш дека ми згреши,ако сакаш да ми се извиниш побарај ме ќе чекам уште некое време.
    Тој:И што ме тераш сега да молам? Епа јас не молам,тоа да ти е јасно.И ти мене ми згреши па јас си молчам.И не ми поставувај услови,не сум во судница!!!
    Јас:А што ти згрешив? Еве кажи ми,можеби некаде несвесно сум ти згрешила,ти давам шанса да ми кажеш.Јас сум правилен човек и не сакам да остане така.Ти не сакаш да си ги сослушаш грешките,ама јас еве сакам.Кажи ми те молам,што сум ти згрешила?
    Тој:E не знам сега,ама ми згреши.
    Јас:Добро,така нека биде.

    Тој и покрај се не се кае.
    Леле во каква ситуација се наоѓам.. :sweat: :sweat: :sweat:
    Ни со него,ни без него.
    Не знам кој пат да го фатам.Мајка ми повторно ми врши притисок.
    Што е ова што ми се случува?!
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чоек јасно е ко ден више ... незнае што си му згрешила :lol: Да бидам реална ја овие муабети ги терав на бившиот кога стварно ништо не ми грешеше ами ја колку да не испаднам крива ....

    Така да те молам продолжи си го патот, детево ни најмалку не те заслужува. Чим не планира да се извини заеби таков не :doh: ...

    Зашто пази, од искуство ке ти кажам, ја идев со таков, и да не бев грешка ја секад за него бев таа што грешеше Ами он НЕ |( И заради негови грешки јас пак крива .. И одкако раскинавме пошо делми сеа другари сме ако нешо не му појде испланирано јас сум таа што погрешила ... |( :clap:

    Епа ваков однос и на вас ке ви биде. најубаво сврти нов лист без замарање, зашто уште повеќе ке те повредува .
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.227
    Look може еден совет?
    Земи дотерај се, нашминкај се, облечи штиклите и излегувај.
    Доста се нервираш и плачеш, ајде малку поведро гледај.
    Никој не е незаменлив.
    Си му згрешила. И сега што? Ќе чекаш да му текне каде си згрешила.
    Е како да не.
    Ајде дотерај се и правец дискотека, и шмекни вечерва некој :) .
    Верувај, ќе ти биде подобро.
    Плус ќе ти се врати и самодовербата ;) .
     
    На Trendafilka, BoaVista и Look им се допаѓа ова.