Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Мајка ми (дека се сомнева дека сме заедно,ама мисли дека се е во ред со нас,не знае за оваа ситуација воопто) вака ми рече:„Немој да веруваш во љубовта.Во љубовта веруваат глупаците и наивните,немој никогаш да се заљубуваш,таа е за глупаци,а паметните знаат како да го искористат животот.Батали и добрина и се кај машко,откачи го за две секунди,немај жал кон никого,ти кажав што да гледаш кај машките,тоа го сочинува животот‘‘.

    (Повторно тој муабет и беше за богатството).

    Сакам да кажам дека уште еднаш докажа дека никогаш и за ништо нема да ја прифати врската.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Дали додека сте имале секс со дечко ви или со сопругот сте се почувствувале во тој момент како он да ве користи? Како само за тоа да е со вас?

    Дали сте го имале тоа чувство иако го сакате него, иако го сакате сексот со него?

    Jас да! Не знам зашто, но многу често ми се случува во тој момент да се почувствувам искористено, некогаш ми се има случено и после сексот да се чувствувам искористено (не го сакам тоа чувство)
    Се прашувам зошто се чувствувам така? Mожеби затоа што не му верувам? Mожеби што ме има излажано мн пати за некои работи? Mожеби што мислам дека има др или го правел тоа или го прави тоа и со друга, а е со мене? Ми има кажано дека нема друга, но не му верувам. Дека сум му прва, ни тоа му верувам.
    Што мислите?
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Sте се поциствувале искористено?!.

    Hајбитното прашање е- колку години имаш? :)
     
    На Masnickaaa и N.Kety им се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Look, воопшто не ми се допаѓа неговото однесување.
    Не сака да ти се извини, а треба, и тоа како! А не па уште да ти се сили. Ми се чини дека тој само си наоѓа изговори да не биде со тебе, колку тебе да те обвини за се. А самата знаеш дека не го заслужуваш тоа. Биди свесна колку вредиш.
    Ете си му дала шанса, сте разговарале, ама по тоа што го напиша тука не ми изгледа дека нешто се променило.
    Животот продолжува колку и да ти е тешко сега. Без секого се може, излези си со другарките и доста беше тагување. :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^И јас сум свесна дека не ме заслужува,ама зошто тогаш ми рече да се смириме?
    Што мајка бараше тоа да ми го вика?!
    Еднаш вака,еднаш така.
    Еднаш е помек,потоа пак истото студенило.
    Аман бе,во пубертет да беше ова немаше да го прави.
    23 ќе ги прави уште малку! :@
     
  6. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Девојки, повторно јас! Овој пат не барам совет и оправдување како повторно да поминам преку некоја негова грешка, бидејки самата себе си си ветив дека никогаш веќе нема да изигравам глупава, наивна, добродушна чурка!!!
    Мојата приказна е прилично долга, па ја ставив во спојлер...
    Во претходните мои постови ви кажував дека бев во три годишна врска и дека последната година мојот дечко се оддалечи од мене. Не сакаше повеќе да се гледаме толку често како порано, наоѓаше изговори демек не му е добра здравствената состојба и тн. А јас бидејки не верував во тоа, наместо да му свртам грб, сакав да го спасам она што сум го имала и постојано го барав, го терав да излегуваме, за што бев обвинувана дека сум напорна! :@ И пак бев виновна!
    Она што не го кажав е дека на мојот бивши дечко секогаш му бев потпора за сѐ... Мислев дека градиме здрав и долготраен однос, па во него вложував и што требаше и што не требаше... Колку ли само пати проголтав понижувања, навреди и сл. со изговор дека тоа е негов карактер треба да се навикнам, дека е таков само кога е нервозен а инаку е срцка... И она кое сега последно најмногу ме здоболе... Првите две години од нашата врска и тој и јас бевме студенти и студиравме во различни градови. Тој има проблеми со коцкањето. Неговите на 1ви од месецот му праќаа по 10.000 ден. и тој уште истиот ден, истите ги коцкаше, за потоа срцко, мило, душичке, маченце, прати ми 1.000 немам ни за леб... Јас ил глупа ил жалостлива, му праќав.... за он? он пак да ги искоцка и следниот ден повторно да ми бара... Последните две години од неговото студирање јас го поткрепив економски! Гледав за него да имам да дадам од мојот џепарац, иако за мене можеби и ништо нема да остане па ќе гладувам после додека да имам лице повторно да им побарам на моите да ми пратат пари... секогаш кога ќе му дадев ми вечеше дека ќе ми ги врати кога ќе има... да не запнам сега да ми ги враќа оти ми е страв дека преку ноќ ќе станам милијардер! :@
    Чашата се полнеше и како што бев свесна дека ме искористува, си велев дека повеќе нема да му „позајмувам“ пари, и пак и пак попуштав бидејки ми беше жал кога ме молеше... Лани ми беа останале уште 6.000 ден. од стипендијата, останатите им ги имав дадено на моите бидејки имаа потреба, и планирав барем со тие да си купам нешто за себе за на некој начин да и се израдувам на стипендијата... но тој дозна дека имам и и тие ми ги побара со ветување дека за еден месец ќе побара од татко му и ќе ми ги врати... поминаа 10тина месеци, тој пари пак од мене влечеше дали 500ка или 1000ка, од дома му даваа, но никако не му текнуваше да ги врати тие 6000 ден, или пак денар на мене да потроши. Во ретките случаеви кога излегувавме, јас плаќав сѐ, а он си користеше и не ме штедеше никако, иако знаеше за мојата финансиска состојба и нервозите околу тоа на моите родители (додека неговите се каде каде подобро ситуирани).
    Чашата се преполни пред точно една недела, кога сфатив дека нема да ми врати 1000 ден. кои му ги позајмив пред две недели и за кои јасно му нагласив дека ќе ми бидат потребни на 20ти февруари, бидејки ќе немам пари ни автобуската карта да си ја платам за да си дојдам за на факултет, а моите ме опоменија да ги чувам бидејки немаат да ми дадат!!! А вети дека ако не фати на спортска ќе побара од некој друг, ама мене никако нема да ме остави на цедило...
    Сепак кога го прашав кога ќе ми ги врати парите ладно ми рече срцко, немам да ти дадам... Почнавме да се расправаме и му реков да си стои на зборот, дека како што ветил така сакам да ми ги врати парите, за да немам проблеми дома за 1000 ден. Му реков дека ако не ми ги врати тие, ќе отидам кај неговите родители и ќе си ги барам и оние 6000 кои никако цела година не му текнува да ми ги врати...
    Он, отишол кај неговите и им рекол дека јас го уценувам за 1000 ден, да му дадат за да ми ги даде бидејки цела година го уценувам и сета нервоза и болест која ја има му биле од мене... :@ А тие му рекле, штом е таква не смееш да бидеш со неа... :x
    Сега еве го одеднаш оздраве, си излегува, полн е со живот... Не можам да прифатам колку сум била до максимум искористена, празноглава, заљубена и тоа во кого!!! :fubar: Не ми се ни јавува воопшто, па барем да се извинеше... Но мислам подобро е вака, ич ни да не го слушам, ни да го гледам...
    Целта на мојот пост е да ми дадете совети и морална поддршка побрзо да се извлечам од каењето, депресијата и лошото расположение... Останав скоро сама, без друштво, поради некој кој воопшто за ништо не вредел... Многу лошо се чувствувам... :|
     
  7. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Лук, годините не се никаков знак за зрелост. Според неговите одговори, ми изгледа на многу незрел. Ти толку фино си го прашала, а неговиот одговор е како на 5 годишно дете. Знам дека боли, повеќето сме поминале низ тој период. И ќе боли долго време. Но, ќе помине. Од искуство зборам.
    Ќе дојде друг..

    А ова за мајка ти. Не сакам да бидам дрска и нема да го коментрам кажаното. Ама искрено многу ми е жал што има такво размислување. Жал ми е за тебе затоа што цел живот ќе ти врши притисок за секоја врска, само поради тоа што он нема пари онолку колку што смета она.
     
    На Divinebutterfly и Look им се допаѓа ова.
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    и да знаеш во право е мајкати...
    кога сме вљубени сме слаби ,а кога сме слаби од све и свашта ни е страв .....
    ако правам се што и да посака и го слушам сигурна сум дека ни едно девојче не се правда за се колку мене ,бара дозволи и тн,и за што за на крај ја да бидам пак како и секад виновна и напорна и да го нервирам коа само ке зборувам?и се дере на мене како некој скот...
    ама љубовта менаправи да бидам на колена
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Лук, девојко па аман човече. Зошто пишуваш на форумов кога бараш само подршка? Никој не ти рече дека погрешно си постапила само јас и ти мене си ме послушала а многу други ти рекоја да не ѕвониш. Намерно ти реков да звониш, за да сфатиш дека не ти треба во животот твој (иако се кладам дека пак би се вратила да ти речи) Една недела те читам на форумов, дај свести се - срамота е 18 години имаш.
    Знаеш што е работата? Типот од млади години со тебе почнал да излегува и му се здосадило + некои проблеми од кај тебе и сега сака слобода. Ако судбината е за вас, понатака ќе видиш како ќе е. Животот е непредвидлив.
    Убаво ти кажаа, дотерај се викај другарки и правец, кафич дискотека или прошетка некоја. Немора да заведуваш други ама доволно е да си опкружена со луѓе.


    Aквариус, ако се знаеш со неговите - ѕвони им и кажи им каква е ситуацијата. Имаш право на своите пари! Нема што да се плашиш.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Мене не ми е до парите... Ич не мора да ми ги врати! Мене ми е срушено достоинството... Срушена ми е репутацијата пред неговите... Додека порано за нив бев добра, примерна девојка, сега сум УЦЕНУВАЧ... А всушност бев најголемата потпора кој нивниот син некогаш ја имал во животот...
    Никогаш нема да ме здоболи за парите, колку што ме здоболе предавството од оној кој ми беше сѐ, оној од кого попусто очекував да ме прегрне кога ми е тешко, баш оној направи да се почувствувам најлошо до сега во животот... ;(
     
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ова генерализираш ??? Како бе така ?? Ај сеа сите да почнеме да гледаме само кеш кој колку има и да бидеме со него, како така бе ?? Ок е значи според тебе да се даваш за пари на некој а ??

    Пази сеа никој не ни е крив околу изборот на партнерот, самиот си го правиме изборот и самите си дозволуваме да паднеме на колена.

    И немој вака да збориш дека љубовта е таа што не бута, напротив Онаа реалната и вистинската љубов не крева и не прави похрабри, ама до нас си е како ние со истата ке се поставиме и како ке ги преминеме некои пречки и како ке вратиме на некои удари .
     
    На Divinebutterfly и lloovveellyy им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Аквариус оди кај неговите слободно, по можност кога и тој ќе биде дома, плесни им се во лице дека е коцкар, дека сите пари ги троши на коцкање и дека ти си всушност искористената, барај си ги парите, имаш право на нив. Си била многу глупава што си му позјамувала толку пари, да велам глупава за да се освестиш и да немаш ни грам жал за таквиот искористувач. Закани му се дека ќе одиш во полиција (иако реално нема шанси во полиција да преземат нешто затоа што ти си му ги дала доброволно, ама за да ги стресеш малце). Не ми се верува какви идиоти држи земјава, не ми е јасно како си можела толку долго да трпиш и да му веруваш дека ќе ти ги врати парите, си кратела од себе, си им создавала финансиски потешкотии на твоите за тој да ги фрла твоите пари во вода :x
    Ама ајде било што било, за да ти биде полесно мораш да го направиш ова и да им кажеш се на неговите родители, моја претпоставка е дека нема да ти ги вратат парите ама барем ќе го изрезилиш дома и ќе им ги отвориш очите на неговите, да видат каде нивниот идеален син ги троши парите.
    Ќе помине и ова, со тек на време ќе заборавиш, само немој да ја заборавиш лекцијата од оваа врска. Ќе видиш и на него колку ќе му трае тоа излегување и расположение кога ќе дознаат неговите па ни денар нема да му дадат, ќе видиш тогаш од кој ќе бара. Типов е гарант во состојба да дојде и да те моли на колена. Идиот!!!
     
    На Divinebutterfly, sesilija, femina90 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Аквариус, прво треба да сфатиш една работа, дека ти си го дала максимумот од себе, за да би извлекла минимум од твојот дечко.Бидејќи повеќе од очигледно е дека многу силни чувства си имала спрема типот (затоа што ретко кој би поднел навреди, избегавања, омаловажувања и ред друго), сега се ти изгледа трагично и уште потајно во себе ќе посакуваш да се случи било каков пресврт.Јас мислам дека сега ти би требала да бидеш среќна.Замисли по која случајност, сте се земале со дечково.Каков би ти бил животот?Со луѓе склони на пороци нема никаква иднина.Коцката е како дрога.КОлку повеќе се консумира, толку зависноста станува поголема.Сакаш ли да живееш во лага?Да се лишуваш постојано од некои ситни задоволства кои самата треба да си ги пружиш сосема заслужено?Си успеала да добиеш стипендија и да ја дадеш на кого?На некој мрсулко што те сака само кога треба да го исфинансираш? Кажи му фала на Бога што завршило вака и наместо да размислуваш кој што ќе каже, стави си се себе си во прв план.Што мислиш, се запрашал тој што ти ќе мислиш и ќе кажеш?Не ти го треба да ти се јави.Не е ни битно што мислат неговите родители за тебе, а уште помалку што не му даваат да биде со тебе.Не размислуваш ваљда да се помириш со него?Денеска ќе ти биде тешко и со секој нов и изминат ден се помалку и помалку.И фрли го во минатото.Во животот се е релативно и се се менува.Еден ден ќе ти биде комплетно јасно каква грешка ќе си направела да си продолжила да живееш во некоја имагинарна љубов без никаква иднина.

    Едит:
    Јас не би го соочувала со неговите, не би сакала да се спуштам толку ниско.Единствено сврти грб и замини си со стил.Човекот многу повеќе го боли кога некој го игнорира, а се храни кога некој се расправа.А времето само ќе покаже и докаже.Неговите сами ќе сфатат што ѓубре израснале.
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Некако, не е во мој стил да одам кај неговите дома... Го знам татко му, бетер карактер од него е, избувлив... Ќе ме избрка, а со тоа уште повеќе понижено ќе се чувствувам... Но, си ветувам себе си дека, ако го сретнам човекот некогаш низ град, ќе го застанам и ќе му кажам две-три лепи думи... Не можам со ова туку така да се помирам... :/ знам дека не е време да се сожалувам, ама си паднав во провалија издлабена од мојата глупавост и наивност...
    Да се вратам со него??? Никако! Повторно сѐ би било исто и повторно би ги преживувала моментите кои ми ја донеле најголемата несреќа до сега... Знам дека морам понатаму, но тешко ми е што сум премногу осамена... Друго ќе беше тука да имав друштво и да се дружев, да излегував... Но вака, сама... ништо друго не ми останува освен да размислувам и да се нервирам. Не можам ниту да се сконцентрирам да гледам филм или книга да читам... :|
     
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    во никој случај не кажав дека треба да се свтиме кон парите ,ја само реков дека мајкаи е во право а тоа што вика љубовта е за глупаци,и само ке бидеме кога тогаш повредени,,,
    а за кешот но но но,не ми треба никој да ме финансира фала богу мн можам да си пружам на самата себе мн добро стојам финансиски и не зависам од никој :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    aquarius34, ќе ти кажам само една најбитна работа која верувам ќе те одржи во рамнотежа во овој период - биди му среќна и благодарна на животот, што те поштедил на ваков или онаков начин од таков неблагодарен лажго, коцкар и расипикуќа.
    Многу немили настани во љубовта кои ми се случиле сум ги прифатила трагично и со солзи, и депресија, за да месеци подоцна сум благодарна што се случиле, зашто да не биле, ќе сум останела со некој непрокопсан тиквар.

    Имаш само 21 година, сметај дека животот е пред тебе.
    Пробај да го заборавиш сето лошо минато. И да останеш неколку месеци сама, не е толку лошо, ниту крај на светот.
    Не измачувај си ја душичката, посвети си време на себе. Друштвото ќе дојде, никој на светов не останал сам.
    Истото го мислам и за љубовта.

    Што се однесува до него и неговото семејство, едноставно - мавни ги од животот.
    Не ти се потребни дополнителни стресови, верувај ми, штом младичот е таков, ќе излезе неговиот карактер на виделина.
    Ќе го стори тоа и со некоја друга девојка и целиот свет ќе види дека е обичен без'рбетник и лажго.
    Ти грижи се само за себе.
    Биди среќна, јас се би дала да се вратам пред 5 години и да уживам.
    :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Фала ви девојки на сите! Ми го подигнавте моралот и навистина подобро се чувствувам! :*
     
  18. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Бев во врска 6 години,долга и широка е приказната,два месеци сум скарана ама пропаднав.Се слусам со него секој ден...Плус дознав дека ме изневери...Како да соберам сила да ги игнорирам неговите повици и пораки а и јас да не му пишувам???Сакам да осети дека ме изгуби а не оставам простор.Како да се контролирам со телефонот?Аман помагајте!
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Леле Аквариус, јака ти душа, мене искрено ми се лошеше додека читав :puke:
    Баш ми се повраќа од вакви паразити ко твојов бивш, нашол па зашол, како ти родител или банка да си му.
    Убаво кажаа, каква иднина би имала? Да ти зависи што ќе јадеш дента од тоа дали он ќе фати на спортска или во Астра или можеби ќе му даде некој другар :^)
    За вакво однесување не сум слушнала ни од најголемите спонзоруши, жена не го прави тоа, а не пак маж, ма тоа не е ни маж.
    Не вреди ниту секунда да се нервираш за него, а ако некогаш ти се јави плесни му се во фаца да се засрами, ако воопшто човек како него и осеќа срам :tmi:
     
  20. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Многу пати му имам кажувано остри и лоши работи со цел да се освести... Ама сѐ било залудно... Моите зборови не стигнале до него речиси никогаш, затоа што јас нему во животот не сум му нешто кој знае колку значела... :)