AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA Најтмер.. ај повтори си во себеси те МОЛАМ : Глупа сум, глупа сум глупа сум (ма како сакаш свати ме) Типов е ПИЧКА..нема муда за свое мислење, извини кој авторитет го има сестра му за толку многу да му значат нејзините зборови? Ма немој да ме заебаваш... Некој што те сака никогаш нема да дозволи некој да збори лоши работи за тебе.. Ко второ. типов нема никакво почитување кон тебе, супер чим дозволуваш некоја глупача да ти врши ваков притисок И што?цел живот ке живееш со страв дека не знаеш каков ке биде?!Те добар те лош... Ах најтмер.. опрај се! жити се имај малце достоинство жално е ... немој да ми викаш дека го сакаш! НЕМОЈ ..сите го имаме осетено тоа.. до тебе е до каде ке ја повлечеш линијата на толеранцијата ... Аквариус you too. no hard feelings.. амааа добро е што си сватила на време.. време лечи се не се секирај многу
Коа почнав да си го повторувам тоа дека сум глупава,тогаш се кренав малку на нозе...Само кога после 3 месеца ме побара пак ми се вратија некој слики,што е најтрагично само оние убави моменти што ги имав со него...Не можам да казажам дека го сакам,ама не ми е уште сеедно...Доволно си го погазив достоинството,доволно дозволив да ме газат,само ја повлекував линијата на толеранција и прочита до кај стасав..знам дека јас сум виновна што си го дозволив тоа..лекција плус,лоша ама....
Ако тебе ти смета тогаш едноставно избегнувај ме.Ми било тешко,па сум пишувала,сигурно од чиста воља не пишувам.Навистина се однесуваш многу дрско,немаш почит ни кон болка.Ова е форум и секој може да напише што сака и колку сака,не си ти надлежна да кажуваш за тоа.Не ми попувај мене!Ако имаш нешто да помогнеш,помогни а гледам дека немаш така да едноставно НЕ ОДГОВАРАЈ! Навистина мислев дека си фино девојче,ама сега видов колку ми било погрешно мислењето. Не го барам веќе,што сака нека прави.
Само голема волја, блокирај го од сегде, на фб стај го на hide, на телефон блокирај го кога ќе ти ѕвони ќе му покажува зафатено. Едноставно затвори очи и затни уши. Ако не можеш да преминеш преку тоа што ти го направаил само игнорирај.. Лоок сонце олабави малку, премногу потроши енергија за него. Остај ја мајка ти што ти кажува ти ги правиш одлуките не таа, а тој нема основна култура. Земи искочи, пиле си бре само што си пркнало.. дружи се, самодоверба и се ќе биде во ред.
Знам дека многу тупам,ама заборавив ова да го кажам од вчера: Јас:Зошто не си ги признаеш грешките?Да ги признаеше знаеш јас од кога ќе ти опростев?Еве јас ти викам кажи ги моите грешки,јас сакам да слушнам ако негде сум ти згрешила.. Тој:Доброооооо (цинично),друго нешто имаш да кажеш? Јас:Зошто вака правиш? Јас и покрај се ти мислам добро и сакам да си ги сватиш грешките.Не го викам ова за мене,туку за тебе за утре да не ги правиш истите грешки со друга.Затоа што ги знам женските и олку никоја како мене не би трпела и не би те советувала,не би ја спасувала врската од петни жили. Тој:Еј,ај доста! Имам работа не можам да се расправам со тебе. Јас:Еве ти викам зошто не земеш вака да си размислуваш:Таа оваа грешка ми ја направи,јас ова и го направив..? Ти не сакаш ни своите грешки да си ги признаеш,ни пак моја грешка да кажеш.Навистина одиш по лош пат,јас сакам да ти помогнам,зошто сепак ми значиш,не сакам така да се уништуваш. Тој:Еј ај прекини,МЕНЕ МАЈКА МИ НЕ МИ ДАЛА СОВЕТИ,ТИ ЌЕ МИ ДАВАШ! НЕ МИ КАЖУВАЈ ШТО ДА ПРАВАМ СО ЖИВОТОВ МОЈ!!!! Јас:Значи и совет не прифаќаш?Јас би се израдувала некој совет да ми дава,така ќе знам дека се грижи за мене,дека ми мисли добро.Јас тоа многу би го ценела.ЈАС ТИ МИСЛАМ ДОБРО,ЗАТОА ТИ ДАВАМ СОВЕТ. Тој:Мене совети не ми требаат!Пак ќе ти речам мене мајка ми не ми дала совети,ти ќе ми даваш!!! Јас:Еден ден ќе се освестиш за се,ќе сватиш што губиш...Сега извини што уште еднаш посакав да ти направам нешто добро..
Look .. многу арогантно се однесува, а најмногу ме изнервира делот вчера што го пиша дека ти рекол дека НЕ МУ ТЕКНУВА што си му згрешила. Мислам, каков одговор е тоа? Ти плачеш со денови, размислуваш од секој аспект каде тргнало лошо, дали е можно да се поправи врскава, се нервираш, а тој не му текнувало.. Ухххх.. Знам дека ти е криво кога ќе погледнеш наназад на првите две години кога ви била врската совршена и мислам дека не ти фали тој, туку ти фали тоа време. Но,знаеш тоа не се враќа, а и кога некој човек ќе се смени на лошо, веќе нема враќање назад, ќе остане каков што е сега. Заборави го и продолжи без него, бидејќи дури и да се смирите, по некое време пак ќе дојде крајот, овој пат не поради вас двајца, најмногу поради твоите. И тие никогаш нема да го сменат мислењето. И така цел живот ќе ти биде борба, од една страна со него, од друга страна со твоите, а толку си млада и толку убави работи те чекаат во животот, што не вреди да си го трошиш здравјето. Искрено, ти посакувам се најдобро.
Лук мислам дека после ова никогаш веќе не треба да му кренеш телефон ниту пак да му се јавиш. Ќе помине, ти уживај си
Машките по раскинувањето првата недела да речеме се осеќаат како богови, слободни се, искачаат со другарите, се им е рамно и одлично. Женските таа недела ја исплакуваат и се трескаат од земја. Е после тоа веќе се прибираме, си доаѓаме на себе, започнува животот да станува поубав, другарки, искачања, со тек на време и ново момче. Кај машките тогаш започнува депресијата и трае и трае и трае. Така да мила, не се чуди што сега е ваков, за некое време ќе клапне нема да можеш да го препознаеш, ама биди паметна тогаш продолжи си со животот, големи разлики ве делат нема иднина меѓу вас. И он може да си најде некоја чии родители ќе го прифатат и ти можеш некој кој ќе биде ок и со тебе и твоите ќе го сметаат за пристојно момче. Се најдобро!!
Лук добронамерно ти го кажувам ова но многу се понижуваш. Разбирам дека ти е тешко,дека те боли,дека сакаш работите да бидат како порано.Како што читав било подолга врска но сега веќе завршила.Помири се со тоа или барем пробај.Што повеќе се надеваш дека има шанси да се помирите,се ќе ти биде полошо.Со времето ќе помине се,нема причина да се чувствуваш изгубено.Едноставно посвети се на други работи,не мисли толку на тоа. Дечкото лично мене ме изиритира со зборовите кои ги употребил а ти упорно го молиш.Сочувај си ја малку гордоста,не се понижувај повеќе пред него. Се надевам ќе ти се среди ситуацијата.И запамти дека не е последен,ниту единствен на светот.
Аквариус, ова што си го доживеала за жал е се почеста појава. Има примери многу. Сум осетила нешто сл на своја кожа. Само не било коцка туку позајмици кои не се вратени. Ама на нивна глава се нека оди!! Таквите не поминуваат лесно, знам тркалото се врти ... некој друг нив ќе ги искористи. За жал ова се случува кај фер и поштени луѓе спремни да помогнат, едноставно таква им е природата. Да се најдат вакви паразити да цицаат. Но рака што дава знај и ќе има. Знам лично од моите, давале даваат и фала му на Бога имаат еден нормален живот. Излегува од секаде. Тие што ценат ценат многу. Пак ние сме со чиста совест. А таквите ко твојот бивш никогаш нема да се извлечат. Знам пример за двајца, во врска уште тој се коцкал. Знаела го извлекувала секогаш. Во брак истото и полошо. Неговите не реагирале, дури и снаава крива. Ама таа го сака. Она ден денес отплаќа кредити за неговиот порок, неговите тоа не го признаваат ... сега се разделени не живеат заедно но пак излегуваат како да се двојка, а не брачен пар. Развод не сакал. А ни дома не ја зема, не па да живеат настрана. Тој има добра плата, ама џабе коцкар со тапија. Имаат синче. Се вртат во круг, она не го остава, нејзините беа бесни. Што се случува гледај од вакви неубави и непоштени работи ... Тој имаше сестра 29 год. ... Пред некој месец за еден ден почина, ненадејно. Што понатаму да кажам ... Дома се избезумени се уште не можат да се помират. Снаата пак им се наоѓа, ама еве не е вратена таму. Како ќе се погледнат со неговите, посебно мајка му која цело време го бранела синот и најмил. Е сега само тој и остана. А да не зборам за примери др од многу пари со таа коцка на улица останаа, домови растурија. Сакам да кажам тие пороци и таа непоштеност, тоа искористување не излегува никогаш на добро.Ти биди задоволна што си се тргнала со време, батали пари и се, тебе пак среќата ќе те најде, а него тешко. Ако продолжи така ќе ги повлече и неговите и се друго во бездна. Ти барем нема да си дел од неговото пропаѓање. Продолжи понатаму, остави нека крши глава ... Времето лек е за се. А за друштво ние сме тука.
Џули бре шо стори? Ме изнасмеа многу детали! Едит-Аквариус многу си свесна, за целата ситуација си ја согледала, нема зошто паѓање, вредиш многу повеќе и заслужуваш многу повеќе, сите имаме лекција верувај, а твојата е на време подбро сега одколку во брак и со дечиња да ти се случи нешто. Пари тури им пепел, ќе дојдат нови, се трудиш да станеш чеовек и на прав пат си, разумна си нема потреба од паѓање.. само позитивно и ти посакувам успеси и осмеси.. друштво и се ќе се обнови..
Таман е! Фала ти многу! Сепак кога ќе си осетиш на твоја кожа нешто за кое другите ти кажуваат и раскажуваат, размислуваш и сочувствуваш... Нормално, сакаш да избегнеш такви ситуации во твојот живот, така да, фала ти што се потруди, има ефект
1. факт е дека ти сакаш пак да бидеш со него! 2. повреден е до без свест затоа што кога тој сакал ти не си сакала да зборуваш со него па сега си ги крева акциите а умира да се видите само те дрибла да трчаш по него векје одамна ти да го бараш и баш како што рече во некој коменттар поназад му го билдаш егото . 3. ако не го натераш да свати дека ти згрешил секогаш ти кје бидеш таа што кје попушта без да и се извинат (ако ја продолжиш врската со него) 4. извадок 5. за да не ти се извини ти го кажува тоа 6. мн виско лета. а тоа што ти вели дека си му згрешила не е твоја вина туку вина на твоите и тој тебе те гледа како виновна зошто го боли твоите да го отфрлат заради тоа што нема парии ти му стануваш одбивна поради твоите неможе на нив да им збори и на тебе ти префрла. можеби и се плаши ти да не го оставиш случајно да почнат да влијаат на тебе тие париччни недостатоци за коишто мајка ти постојано зборува. (тој можеби и те тестира да види колку ти значи и дали и ти би го направила тоа што тој рекол дека кје го направи или нема да го направи (никогаш да не те остави) и слично) во потполно иста ситуација сум само што јас сум со него 4 месеци еден збор му кажав што мајка ми го рече за него лош два месеци ми го дрвеше истото и уште на караници ми го збори... друга приказна сум си јас ме боли таквото дали кје ме отпишат или не моите кога јас го сакам и знам дека ме сака и знам дека утре кје живеам со него а не со моите туку со неговите. и тоа не е решение утре неговите кје те гледаат тебе како што ги гледаат твоите(што и немора да значи) денеска е само тој а утре кје бидат и неговите плус родители е друго родители на маж ти се друго (нели тој несака да те остави никогаш ниту ти сакаш а бидеш без него па најверојатно кје дојде и денот кога кје те побара за жена). туку муабетот ми е зависи све од тебе ти векје си му кажала што ти се случува тој те подржувал толку време сега одеднаш све се сменило (ти си направила огромна грешка уште тука од старт) ЗОШТО кога векје знаеш свеснаси самата дека неможеш против зборот на мајка ти требало уште на почетокот да ја прекинеш врскава. и да продолжите што верувај од се срце би сакала да бидете заедно повторно, последиците кје бидат мн лоши преетерано. тој цел живот кје ти префрла на тебе зошто твоите не го сакаат. ти само ти и никој друг нема да страда повекје од тебе. тој цел живот кје го истура бесот што ти го собирал на секја караница кје ти го спомнува секој лош збор кажан од твоите за него. тогаш кје го дознаеш вистинското негово лице а тоа некјеш да го видиш ти кажувам зошто имам пример пред мене. патем и јас страдам од истото само што јас не му кажувам дека моите не сакаат да бидам со него тогаш уште одма би раскинале или кје ни биде тема на разговор секојдневие, на коешто се знае брзо би му дошло крајот, премногу е горд и несака некој лошо да каже за него ниту пак зборува лошо за некого, јас тајно без негово знаење се борам за него војни водам дома ама се знае дека се што се сака се може јас копам дупки во мозокот наогајки начин како да успеам додека тој поима нема. разликата е што јас сум решена а ги немам твоите 18 кога би ги имала би било поинаку а ти не си решена а и не си мала за да неможеш да донесеш одлука и да се бориш за да ти успее тоа што си одлучила да го постигнеш. не сум баба вангја па да ти кажам што кје ти се случи кога би била со него ама можам да ти кажам дека што и да одлучиш самата бори се за тоа да го постигнеш никогаш не се предавај. ако се откажеш од тоа што го сакаш еден ден може да ти биде многу криво. а можеби и не којзнае можеби кје најдеш нешто многу поубаво и повекје кје го сакаш од претходното. а ова што мајка ти ти го збори немој да мислиш дека таа стои зад тоа таа само го одбрала тој начин да те тргне од него трупајки ти глупости во мозокот со цел да ти го направи животот полесен, таа смета дека е за тебе поубаво да најдеш некој по богат за да не се мачиш во животот. сепак од сиромашен да почнеш да се збогатуваш и дали кје успееш треба да се мачиш многу мајка ти гледа многу подалеку од тебе на животот во иднина. родителската должност е да ги поведат децата на правиот пат. размисли ако не го сакала татко ти тогаш ти си зачната без љубов мајка ти била со татко ти само поради парите од каде знаеш можеби утре бившиот твој кје стане милионер да речеме а може и не ама ете да си претпоставиме утре кје сечеш вени зошто не си се смирила со него сега и твоите кје го прифателе. Животот е непредвидлив а ти ако сакаш да се смириш со него можеш уште одма во истиот момент кога кје се видите. Ти посакувам све најубаво во животот да си одлучиш правилно секоја одлука носи свои доблести и последици затоа одлучи нешто со помалку последици. поздравче се надеввам барем малце од малце со нешто ти помогнав.
Лук доволно е. Нели ти беше доста оваа измачување? Тој се однесува така со тебе само затоа што ти се однесуваш убаво. Си му зборувала убаво, си го прашала каде греши, па си му дала и совет, а тој што? Дури не знае ни каде си згрешила. Тешко ти е затоа што мислиш дека ти си виновна. Стави прстот на главата и размисли што си направила ти лошо? НИШТО! Тој само ја искористува твојата добрина.. Немој повеќе да му креваш. Добро ти кажаа погоре. Облечи штикли, дотерај се, излези и забавувај се. Помири се со фактот дека тој не е човек за тебе и ти заслужуваш многу, многу подобар. И најважно престани да се надеваш дека еден ден тој ќе се смени, ќе свати каде погрешил и ќе се врати. Всушност можеби ќе свати и ќе се врати, но ти тогаш крени ја главата и немој да потпаѓаш на неговото каење. Тој е кукавица! Не сака ни да си признае каде згрешил, а ниту знае што ти си згрешила. Тоа го прави само за ти да се чувствуваш виновна и ти да се каеш. Верувај, така е. Затоа главата горе, ти заслужуваш подобро. Аquarius34 нема да ти кажам ништо поразлично од оние што ти кажаа претходно. Таков човек не ти е потребен. И немој ни да помислиш да одиш кај него дома. Тоа ќе биде само понижување. Парите што си му ги дала имаш право да си ги побараш и да ги добиеш но не верувам тој да сака да ти ги врати. Затоа заборави се што се случило. Излегувај, шетај, забавувај се.
Лук, јас мислам дека е доволно цело ова трудење околу тоа да се реши ситуацијава очи во очи, да се изнесе се на маса. Можам да замислам дека ти е тешко, но ова негово детско однесување и сите овие зборови кои што тој ти ги кажал можеби и ќе ти бидат уште поголем мотив за да го заборавиш. Барем кај мене таков бил случајот порано. Доколку не се труди да го спаси бродот што тоне и притоа ти дава такви одговори што се премногу незрели и зелени во содржина, време е КОНЕЧНО значи не да се залажуваш туку КОНЕЧНО да тргнеш напред и КОНЕЧНО да свртиш нов лист. Се надевам дека сега ќе ти биде полесно кога го слушна 82391092 милиони пати кога се врти во круг со неговите изјави како му е сеедно, и како не си му мајка и сл. за да те слуша тебе. Судејќи по ова, нема почит ни кон мајка му, али нејсе. Времето лечи. Верувај ми дека лечи. Тркалото проклето се врти. Иако не верував во тоа, после неколку месеци се врти, и моментот кога ти си среќна со друг, а оној бившиот по кој глава си кршела и си се трудела да спасиш нешто а тој бил ладнокрвен, се обидува да се врати во твојот живот а ти не чувствуваш ништо веќе кон него е priceless. Верувај ми!
Не ти попувам, се трудам да внесам малце вразум во тебе затоа што очигледно си изгубила малце. Плус ти ја кажав вистината од тоа што може да биде, не беше за да те навредам. Ти кажав како мислат машките. Плус единствената причина зошто ти напишав да се свестиш е затоа што животот за тебе не е завршен и нема да заврши заради него. Немаш потреба до овдека да се замараш. Зошто да се замараш за некој што очигледно сака да продолжи со животот? Типов е голем инаетџија и неможеш да го смениш! Да ти кажам, ич не ме интересира какво мислење имаш за мене. Ти ја кажав вистината каква што е! Реалноста е оваа...
Незнам што ми беше од работа да дојдам овде али ајде . Машко сум, и има едно девојче што ми се свига. Си лајкаме слики, статуси по фб и т.н. Сакам да и пишам ама незнам што и срам ме е некако, што да правам?
E од вакви немажи ми е преку глава. Shta se bola silite i chukate u grudima kad nemate ni m od mashkosti,niti i od inicijativu da prvi uradite neshto ko shto treba? Ако си маж и ако имаш 21,а најверојатно немаш,земај ги конците во твои раци и не дреми. Реагирај.
ma nemoj ti si imal sram добро а ј да каземе дека е вистина па писи и она сто сакас да и писис..поканија да излезете...