Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. lloovveellyy

    lloovveellyy Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    ако ти се допагја многу како што викаш тоогаш пиши и ако сака да излезете малце да прошетате девојките сакат прошетки а можеш и да ја однесеш на кафе со изговор подобро да се запознаете. за да ја освоиш немој да оставиш лош впечаток на машко кое ја напагја девојката сакам да кажам немој да ја напнуваш за мување едноставно искочете и запознајте се подобро. ако го направиш ова векје си супер дечко во нејзините очи другото кје си дојде самото по себе.
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да го напаѓате дечково, зашто сите барем еднаш сме се нашле во ситуација кога не сме знаеле како да постапиме со некого што ни се допаѓа.
    Никола, пиши и во инбокс дека денеска си ја видел случајно во град.И така ќе почнете од обичен муабет да се задлабочувате во комуникацијата.Од нејзините коментари ќе видиш како ќе реагира, па ќе знаеш дали треба да се оди понатаму.СЕга неможам точно да ти ги предвидам дијалозите ваши кои би ги правеле, но понатаму ако има заинтересираност и од нејзина страна, посвети и некоја песна од јутјуб што те потсеќа на неа и сл. да и наговестиш дека ти се допаѓа, за да не те доживее како другар.Значи се почнува од обичен муабет и спонтано оди кон продлабочување на односот.
    Ние женските функционираме на таков начин, сакаме кога некој ни свртува внимание.
    Пробај и ќе чекаме добри вести.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Akvarius,си требала да се сопреш на време и самата си била свесна дека е коцкар ,но било што било,сега нема назад.И јас би ти рекла да појдеш кај него и да си ги бараш парите.Зошто да не ти е до парите?Знаеш колку тешко да се одвојат пари за основно а не пак за студент?Твоите со мака ти оделувале за да ги фрлиш во воздух?Јас би настојувала да ми ги даде парите.Моите да трпат за да ми овозможат а јас да му давам на коцкар,па и да му ги опростам-никогаш! Ова нека ти биде лекција.Цени го денарот пред се,некој едвај го спечалил.Сепак да појдеш кај неговите,па пиши ни што си направила.Ако не испадне ништо,биди среќна што пак некако навреме си ги отворила очите и секако голема животна лекција.Сепак пробај,повеќе за жал немаш што да изгубиш :worried: Со среќа!
     
    На Iloveeyou му/ѝ се допаѓа ова.
  4. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Никогаш не сум бил кукавица но сега некако ми е срам незнам зошто. :rofl: Фала ви на сите инаку :lol:
    И немам 21 xD

    Не ми е проблем разговорот подоцна само незнам што да и пишам бидејки не ја познавам(учиме во исто школо) но не се познаваме.
     
  5. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Никогаш повеќе не би се понижила за никого и ништо на светот! Му кажав, проклето ќе му биде сѐ што добил од мене, а не го заслужил... Доста се замарав и притоа се повредував самата себе си, бидејки секогаш увидував дека другата страна воопшто не се замара со мене... ;) Сепак, фала ти на советот... :*
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Pа бидејки сте заедо в. Eдни уцилисте пробај да се сретнете па кази здр,прасај некој предмет несто да ти казе,па пак др ден разговарај кази и фала поканија н. Kафе и слицно,просетка и несто така. Pа мозес д. I подарис несто Zа д. Sе заблагодарис дека т. Pомогнала за тој предмет. Tака несто направи и остани во контакт а потоа си тек на време кази дека ти се допајда и тоа. Sрекно
     
  7. MonteRina

    MonteRina Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пак јас со моите проблеми.Значи дечкоми ке оди на пат од работа со колегите со кои највеке живее.Но сега им текнало покрај тоа место да одат во град каде дрогата и проституицијата се легални.Дечко ми за воа не знаел дека и на тоа место се планира да се оди јас случајно дознав и му кажав.И му реков дека ако сака да направи нешто со некоја да раскинеме пред да оди.И ме убедуваше дека ме сака и дека неколку пати има отидено надвор од државава и дека нема направено ништо дека немало и сега да направи.Но вчера бевме испаднати со колега негов и цело време за тоа се зафркаваа со ке прават таму и реално нема причина да одат таму туку они сакаат да одат.И незнам што да мислам бидејки дечко ми со колегите многу живее и ми е страв да не потпадне под влијание на другитеА сите колеги се во подолга врска.А колегиве ако прават нешто што мислите дечко ми ке стои настрана ?
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    MonteRina, незнам колку имаш доверба во него, но врска без доверба не е врска. Веројатно до сега на многу начини ти покажал и докажал дека те сака и дека му значиш. Затоа мислам дека беспотребно се грижиш, и треба да му веруваш.
    Тој ако сака да те изневери, нема потреба да оди толку далеку, и тука може да го направи тоа. И џабе се измачиваш, затоа што дури и да направи нешто, нема шанси да дознаеш.
    Затоа уживај, и деновите додека тој не е тука посвети си ги себеси, и на својата слобода. :)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Монтерина и да направи нешто таму никогаш нема да дознаеш, така да нема потреба да се замараш. Што и да се случи останува таму, остај го човекот нека види живот, Мулен Руж ова она :D
    Искрено мене не ми се верува дека би легнал со некоја затоа што се тука во прашање милион сексуални болести, а и штом си има девојка проститутка нема ни да сака да легне, друга работа се парите, скапички си се таму проститутките, може да испофаќаат некоја стриптизета да им пројде меракот :D
    Ајде јас многу претпоставки ти напишав, уживај си девојко, нека оди слободно, немој да му забрануваш. Само се пуваат нема нишо да направат ;)
    Дечко ми ми има кажувано они ко напалени тинејџери кога биле не легнале ништо, а не па овие сериозни момци со долги врски ;) Ако се расправаш со него и му забрануваш можеш само повеќе да го испровоцираш, биди си кул и ладна малце, за да му недостигаш таму и на тебе да мисли ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Па ти кажа во врска сте :) тогаш имај доверба во него,тоа е најважно за да една врска опстане,сега тоа што те плаши остави го на страна ,според ова што го кажа сигурно тој е возрасен па животот му е дал во прилог некое искуство па да научи нешто од тоа ... Така да не си создавај паника во себе убаво си му објаснила декааа тоа едноставно ќе ти смета дека не прифаќаш да бидеш со некој кој ќе биде замешан со тоа :) добро си направила е сега толку со тоа уживај додека е во твоја близина,направете си ги деновите убави,па другото не зависи од тебе како треба да е така ќе биде ... :)
     
  11. MonteRina

    MonteRina Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Да мене ме буни тоа што ке патуваат една нок до таму за што да ги видат ли само? И плус како што кажав и во претходните постови што имам писуванно за мене дечко ми е многу приврзан за нив дури мислам дека со нив му е поинтересно отколку со мене, со нив и се зафркава и глупости прави а со мене е демек сериозен воа ноа.И нив никогаш за ништо ги нема одбино.И плус ретко имаме секс секогаш ми вика дека е изморен оти касно се врака од работа, се има случено и 1 месец да немаме , еве сега на пример 2 недели сме немале.А ми вика и дека ем сака ама дека така се погодувало демек не е до него и он не сакал да заглавува на работа.
     
  12. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Девојки, да ви раскажам што се случува во продолжение, онака, колку да си олеснам на душава... Значи за ништо на светот не сакам повторно да бидам со него и добро ми доаѓа што веќе цела недела воопшто ме нема побарано... Но сепак, кога знам колку многу му помогнав, дека секогаш бев тука за него, криво ми е што воопшто не се ни потруди да се извини, туку тогаш кога се скаравме мене ме обвинуваше! :x Е сега, во средата бил на забава и видов некој слики кај еден другар, него го има со една клинка која е 9 години помлада од него (тој има 25, а таа 16), ама девојката е ептен растурена и оди сѐ со некои повозрасни од неа дури и по 20-30 год... На сликата тој ја бакнува во образ, а таа пак во коментар ставила срце... И сега, не ми е гајле со која сака нека биде, ама со таква да ме замени??? Не можам да поверувам! Згора на сѐ па и мој прв братучед повозрасен е, сега направил профил на фб и му понудил пријателство, а овој пак синоќа ми пишува „кажи им на твоите роднини дека повеќе не сме заедно, братучед ти ми прати понуда, а мене нездогно ми е вака“... се изнервирав бидејки тој беше што се буткаше и зближуваше со сите мои блиски... :@ Но, не му вратив ништо, ниту пак сум на план... Тешко ми е сето ова бидејки и покрај сѐ, јас сѐ уште го сакам... Ама морам да го откорнам тоа чувство од мене!!!
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.299
    Сега прв пат ти го читам проблемот.
    Најискрено не ми се веруваше :x

    А со каква очекуваше да те замени?

    25 годишна слаба, висока, убава со кариера , кола, сопствен стан и доволно финансии за никогаш да не одбие да ги покрие неговите коцкарски долгови?

    Еднаш успеал да те прелаже тебе, тешко втора да најде.
    Туку како викаат сличен со сличен си се наоѓа, а он очигледно не сака љубов, врска....си сака корист.
    Додека можел те цедел, сега ќе си најде друга девојка за ист или поразличен вид на корист ;)

    Речи ималу куртул што си се откачила од таков човек, и живот иде даље.
    Сигурна сум дека вредиш многу повеќе и заслужуваш подобар третман.
     
    На srcekrsacka, mims-89 и aquarius34 им се допаѓа ова.
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Биди среќна што те заменил со таква растурена. Тој нема ни да може да има подобра од тебе. Сигурно нема да те замени со некоја убава, паметна, како тебе. :tmi:
    Добро си направила што не си му вратила не ни помислувај да му вратиш. И знам колку ти е тешко, но сега останува да го заборавиш. Кога ќе почувствуваш потреба од него само помисли низ што се си поминала поради него и што се си направила заради него, а тој како ти вратил. Само на тоа помисли и доволно ќе е.. :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Само се прашувам дали да им искоментирам дека одлично си одговараат или нешто слично саркастично, знам дека ќе се навреди и изнервира... Ама сепак, ќе изгледам како некоја очајна будала... :?:
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Аквариус игнор, само игнор. Не паѓај толку ниско, цени се. Ќе заборавиш на ова само треба време. Не му придавај важност нека не лечи комплекси од твоето внимание. Оди напред, барај си нов.
     
    На mims-89 и aquarius34 им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Нее, никако немој да го направиш тоа. Нема тој да се изнервира туку само ти ќе се понижиш повеќе. :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.299
    Немој
    Се додека се вртиш наназад, потежок си го правиш процесот на заздравување на раните кои тој ги направил.

    Тој не заслужува никаков коментар, никаква реакција....баш ништо од тебе.
    Во ваква осетлива фаза доволно е само еден збор и повторно да те повлече во неговите гомна. Ти ќе речеш нешто, па после он ќе каже нешто провокативно кое ќе те здоболи до срж, па после ти ќе....

    Тоа што треба да го направиш(знам дека е полесно да се каже одколку да се стори, но сум минела и јас ни такви фази)
    бриши го од тел(макар му го знаеш бројот напамет :lol: )
    бриши од соц. мрежи (и не му посетуј профил макар и како гостин :lol: )
    дади до знаење на блиските дека не те интересира ништо во врска со него, и да не ти сервираат пресни трачеви поврзани со него.
    Испаѓај на место каде не се движи тој(многу поиздигната си од детски игри со љубоморни погледи преку рамо во исти кафич)

    глава горе, стегни се, другарките под рака.....и дозволи си да запознаваш нови дечки

    Ништо од ова нема да биде лесно но со упорност е изводливо.
     
    На CrazyStupidLove, srcekrsacka, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Aquarius, девојко само биди среќна што на време си се оттарасила од него. Си куртулила буквално! Јас читав и не ми се веруваше, но ете секакви постојат. :x

    Кога ќе ти биде тешко, сети се на лошите моменти со него, сети се на навредите, понижувањата, на тоа дека те обвинувал, на неговите неисполнети ветувања. Да ти биде јасно дека не вреди ни една солза да пуштиш за него. Нема зошто да жалиш, а баш напротив, треба да славиш што си се ослободила од него.

    Излези, забавувај се, живеј си го животот! Со сигурно ќе најдеш некој што ќе те сака, почитува и цени.
    Такви идиоти како бившиот не ти требаат. :)
     
    На aquarius34 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ова што го прочитав не ми се веруваше искрено
    а ако навистина типов бил коцкар, чудно ми е како не заглавил во поголеми долгови(обично така заглавуваат) и без гакички останувааат :lol:
    не ми е јасно како си можела да му изигруваш спонзор на еден ваков без срам и без пардон за тебе-сум била заљубена, знам како е , ама ова не би го направила никогаш, па незнам што да е
    памет во глава за друг пат :!:
    се најдобро :*