Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Не заглавил бидејки си имал редовен финансиер... Многу се чудат и како неговите дома никогаш не дознале... Па како ќе дознаат кога тој немал потреба да им каже? Јас секогаш од секакви каши го извлекував... :) Го правев тоа бидејки го сакав, а и жал ми беше, секогаш се надевав дека ќе престане... Што испадна на крај? За него сум кучка што нон стоп му зборела да не ги прави они работи кои тој сакал да ги прави, наместо личност која најмногу му помогнала во животот и се трудела да го оттргне од најголемиот порок... За неговите јас сум уценувач и некоја материјалистка, наместо некоја која ги спасила и нив индиректно од многу нервози... Сепак, мене совеста чиста ми е... Кога и да е сѐ ќе излезе на виделина... :)
     
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ова е чист инат ,он не те заменил тебе,туку си го зел она што го заслужува,дроља :lol: ,какво тенџерче такво капаче :lol: тоа што ти рекол кази на братучед ти не сме ззаедно,според мене повторно од љубомора и инат да види што ти ке кажеш,и дал ке спомнеш дрољата ,само игнор,ако сакаш резултат игнор,
     
    На Chocoholic.girl и aquarius34 им се допаѓа ова.
  3. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Нека се носи...!!! :lol: За него ќе кажат дека паднал од коњ на магаре... Јас сум од угледно семејство, додека за оваа сите зборуваат уште додека беше 12-13 години... :x Ќе си продолжам како што си знам најдобро - сама!
     
    На BurstBerry и daddys.princess им се допаѓа ова.
  4. themen123

    themen123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    give me your opinions. нели многу тешко може да успее врска помеѓу богата девојка и посиромашен момак? иако се сакаат и се онака, солидни студенти...бла бла... :inlove:
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Па тешко би било ако девојката е разгалена богата тинејџерка која дома не ја научиле на вистински вредности.

    Зашто не би успеало, зашто она ќе сака да иде на одмор во Дубаи а дечкото нема да може да си дозволи? Или она ќе сака за ручек морски плодови, а овој ќе и понуди домашни шпагети? леле каков проблем.
    Плус никогаш неможеш да знаеш што ти носи иднината, ако е солиден студент тогаш патот може да го однесе секаде и да успее многу повеќе.

    Ако и е убаво на девојката со него и се сакаат ќе си помине супер со него и во Охрид, и шетање во парк и гледање филчиња по дома. А ако нешто многу сака, а знае дека овој неможе да си дозволи па нема да биде крај на свет ако девојка му плати на дечкото.

    Незнам, вака размислувам и не гледам некој проблем. Што според тебе би бил проблемот?
     
  6. themen123

    themen123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    Абе добро, не некој мн мн сиромашен..пристојно семејство....што мислиш, зошто таа би била со него ако е разгалена?(нешто се случува па затоа ми треба некој совет :D ) еве излегуваат заедно и на дечкото му е малку незгодно и такви некои ствари..нормално е така кај секој или има повеќе везе каков си караткер? :^) :^)
     
  7. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105

    Зависи од карактерот.
    Незгодно ми е да го речам ова, ама сум каде каде подобро ситуирана од дечко ми. Не дека они немаат, онака пристојно семејство се, ама пак јас имам повеќе. Од кога сум со него морав да се откажам од многу работи како секое лето на море на убава дестинација, поубави места, дури и од некој круг на пријатели за тој да не се чуствува непријатно затоа што не може да ја плати следната тура или слично. Тој никогаш не ми рече ништо, се трудеше да се вклопи колку толку но видов дека му е тешко па баталив. И да ви кажам - жива сум! Имавме и ние некој проблеми (не во врска со пари и такви работи) но како сите врски, така и ние. Оставам некогаш тој да плати, мерак му е, кога има дури и ме нервира, многу троши на мене. Кога знам дека нема, плаќам јас. И нема тука лутки, или броење еднаш ти - еднаш јас. Глупости. Сега дури и не се чуствува кој колку е ситуиран. Кој стигне плаќа, кај ќе се договориме излегуваме. Кога нема и не му се излегува па не сакам да го напињам да го терам, па да се чуствува лошо, одма давам предлог да гледаме филмче кај него. Никогаш не ми сметало ни обично шетање низ парк или јадење чипс на клупа. Мислам дека кога некого сакаш воопшто не е важно кој колку има.
    И така ова ни е трета година заедно и работите одат на подобро. Еве си најде работа по негова струка па зема солидна плата. Па ете сега се рамниме полека. А што ќе беше ако му раскинев или не ни излезев со него затоа што бил ситуиран под мое ниво ? - Ќе изгубев голема љубов, среќни моменти и се најубаво..
     
    На CrazyStupidLove, Noemi, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Зошто таа би била со него ако е разгалена? Да, би можело да биде со него и е разгалена најчесто за да пркоси некому (родителите, друштвото, на самата себе), или пак едноставно сака авантура, нешто поразлично од претходно...има многу причини.

    Но, нема проблеми секогаш и само од побогатата страна. Има некои луѓе кои кога одат со побогати од себе, се чувствуваат инфериорно и покрај сите напори на партнерот и тоа може да изгледа како лечење на нивни фрустрации, може да се манифестира и како еден вид љубомора кон партнерот или пак, во најлоша комбинација, дури и несвесна тенденција личноста да го понижува партнерот (некогаш дури и јавно), потсвесно мислејќи дека ако го спушти партнерот на пониско, тој ќе може да се искачи малку повисоко.

    Сума сумарум, се` зависи од степенот на зрелост на партнерите, од свесноста за тоа дали се способни да се справат со ситуацијата на саканиот или не, самиот карактер, или пак самите приоритети. Доколку тие приоритети се нешто кое треба да се ускрати за на другиот да му биде поудобно, нема шанси за убава и функционална врска.
     
    На themen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Епа пред се зависи од самите нив. Колку на нив им се важни и им менуваат нешто таквите разлики, колку се спремни да одолеат на искушенијата, во смисла дали ќе им биде гајле што зборуваат другите итн. Но мислам дека ако љубовта е доволно силна, може да опстане врската. :)
     
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Може зошто да не може да опстане таква врска.. е сега убаво си рече девојчето горе со лично искуство дека треба многу работи да жрвтуваш за он да не се почуствува дека не е достоен за нејзе.. Ама повеќето машки си имаат наметнато комплексот на пониска вредност ако не се финанциски подобро потковани.. Нели за да ја освои на џентелменски начин! Сакале да признаеме или не парите се дел од тоа..
    Меѓутоа треба навистина голема доза на зрелост и разбирање за да материјалното не игра улога во врската. Кога не постои таков проблем нормално не се ни размислува за тоа... :)
     
    На themen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    8.576
    Зависи од личноста и само од тоа дали ќе успее таква врска.
    Плаќањето кафе или излегувањето се не битни, по важни се други нешта.
    Ако гледам дека дечкото е амбициозен и се труди не ми е битно дали ќе ја делиме сметката или ќе грицкаме сончоглед по дома.
    Искрено, имав таква врска и не се откажав од летниот одмор, не се откажав од студирањето во странство, зошто можев тоа да си го дозволам.
    Од просечно семејство сум, земам стипендија, волонтирам.
    Не сум спремна да се откажам од тоа што можам да си го дозволам само за тој да не се почувствува загрозено.
    Зошто тој ако е работоспособен да не се потруди да си обезбеди подобар живот?
     
    На themen123 и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    ке ве молам за помош.ке може да ми кажете како да се одмаздам на еден дечко мн ми има згрешено мн ми згрешиле и викам ке пратам ама све така останува неможе ја да бидам јадна сите да ме газат може да ми смислите одмазда :worried:
     
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    ах тие турски серии што прават- долина на Молците, овај Волците де, и останата дружина :x :x :x !!!
    наместо да се замараш стави го на игнор, поголема одмазда од тоа да не реагираш на него здравје
     
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    па мозес гумите да му ги дупнeш од колата и од точакот ако има точак типов :lol:
     
  15. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    da zemam da se omazam so tatko mu i makea da mu stanam ahahaa
    [mod-kirilica:1wijscay][/mod-kirilica:1wijscay]
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    :headbang: :headbang: :headbang: :headbang: :headbang: :headbang:
    Со овие шеги, си ги оправдуваш годините.
     
  17. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    :D :D :D :D :D :D :D :D :D
    најдобра одмазда е да те гледа среќна! Подобра одмазда од таа нема
     
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ахахаха а може и отров шо?си помислила на тоа,м?отруј тоа куче ахаха :rofl:
     
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Јас знам таков пар и скоро 10 години се заедно , сега планираат и брак :) дечкото беше многу прибран, јак студент, и иако неговото семејство не е јако со финансии , тој беше многу добро прифатен од страна на семејството на девојчето, за идењата на скапи места на одмор нејзиното семејство ги финансираше, на почетокот тие се мислеа можеби да не е со неа од интерес но подоцна видоа дека е квалитетен дечко каков што секој родител би посакал за своето дете, а и она е убава, паметна, така да ,таа беше можеби разгалена ама покрај него не се однесува така, го прифати каков што е,се сакаат премногу, среќни се заедно :)
    Значи видено , може да успее :l:
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Заколи го :D