денес пак разговаравме и ми кажа дека подобро би му било да паузираме..навистина не можам да го сватам ми кажува дека му е тешко без мене и се обидувал некако да сме одалечени..уфф но на мене баш па ич не ми е лесно сега најмногу ми треба но го нема
цудно е сето тоа па ако мислис дека мозес да седис некое време без да се цуете тогас ок нека има малце време..но прасајго колку време му треба,не ке го цекас па ти цел зивот... мозе и не сака да е повеке со тебе(извини но така ми изгледа) стварно е цудно ова...ти казува едно дека те сака и немозе без тебе а сака и да паузирате....прасај го колку време му треба да си знаес,а ако има несто друго или некоја друга подобро да ти казе од колку да незнаес во сто е проблемот-----поз
го прашав и ми одгововори дека немало некоја друга туку само сакал некое време да паузираме за да се среде..и дека подоцна се ќе било ок..многу ми е тешко, но не можам ништо да направам освен да оставам времето да покаже што ќе биде со нас..фала ви многу позз
е па тогас ако мозес да цекас тогас нека има малце време....нека си ги разјасни мислите и цуствата па се ке било во ред поз
Феминки, ми требаат вашите совети. Раскинав со дечко ми. Знам дека треба да помине време за да ми стане полесно, правам се за да не мислам на него ама тешко ми оди. На одмазда и слични работи не помислувам, затоа што го сакам премногу. Напротив, седам со телефонот во рака и чекам негов повик. Многу погрешно, знам. Незнаев дека боли волку. Од вас барам само некој совет за полесно преболување, и враќање во нормала.
Крејзи, мој совет ти е излези надвор со другарки шетај, иди и сама шетни по бутици, организирај си го така времето да немаш многу време за сама себе, преокупирај се со нешто . Другаркиве тука највише можат да ти помогнат, излегувај со нив, али никако тема за него и вашата врска, тоа уште повеќе ке загорчи .. Ти посакувам побргу да излезеш од ова.
Iсто и Jас ке ти казам...само излегувајне надвор со друство... Nикако сама,никако затворајне во себе,никако затворајне NIKAKO!!!! тоа само ке те тера да мислис и нервирас. Sамо друство!. Sе најдобро-поз
НИКАКО НЕ СЕ ЗАТВАРАЈ!Фрли го и телефонот не го гледај везден,јас така направив.Знам како ти е,и јас раскинав во неделата со дечко ми и знам тешко е,но мораме да бидеме цврсти и приземни. Најлесно ќе ти е ако излегуваш и се дружиш а не дома и само да запаѓаш во депресија,помалку мисли на тоа.Не знам зошто сте раскинале но вакви работи се случуваат на многу,не сме само ние,ќе ни помине ќе видиш.Кога нешто мора,мора...тешко ти е да се помириш знам Искрено да ти кажам и јас бев за никаде,ама се држам добро,и сама се зачудив,очекував полошо да ми е.Го сакав многу,ама ме повреди и донекаде и тоа придонесе да ми стане одбивен,и ме разочара,некако ми се искриви сликата за него.А замисли разговаравме за брак ама ете,подобро што испадна вака.Ја увидов и другата страна што досега не сум сакала да ја прифатам. Ќе помине време и се ќе биде ок.секој без секого може... Немој да се предаваш,соочи се со себе,биди горда на себе,главата горе,волја и зграби ја слободата.бАШ Е СУПЕР,ќе надишеш свеж воздух Среќно,еве земи мој пример,јас сум паталец,а не гаталец
Имаш другарки така... почни почесто да излегуваш со нив, оди по дискотеки, кафичи и на сл. места, дечкото кога тогаш ќе го преболиш. Дружи се и запознавај други луѓе, не слушај депресивна и тажна музика, биди преокупирана со работи и обврски за да не мислиш на него.
Излегувам често, имам и обврски, не е дека седам дома, далеку од тоа. Еве денес скоро и да немав време да мислам на тоа, ама и кога сум излезена, поствесно само тоа ми е во главата. Ама барем се трудам убаво да си поминувам, имам поддршка од многу луѓе кои ми значат. Нормално не е крај на светот. Ви благодарам за советите девојки.
Ухх, во таква ситуација, па и уште алкохол да се напијам, рикам како магарица од плачење... Секој со своите искуства... Сепак, поентата е да научиш да ја прифатиш реалноста, таква каква што е...А, не да бегаш од неа. Утрото после лоша пијанка, чувството на горчина е уште поголемо...
хаха и јас рикам уште повекје хаха чудна е љубовта што не ни прави... Душичко ти кје го пребродиш и ова најбитно е да го направиш тоа што кје те направи срекна
Јас имам голем проблем, но незнам од каде да почнам да го образложувам. Се надевам на добар совет од вас како и секогаш. Имам дечко 2 години и нешто, нашата врска стана многу посериозна и поразлична бидејки јас бев на факлутет (во друг град) и седев кај него дома со месеци (живееме 200 км раздалечено) , значи се зближив премногу со сите станав како член во тоа семејство. Моите родители не ја дозволуваа таа врска до пред 2 месеца али сега е добро, но друго е проблемот. Дечко ми е под кирија значи потребни му се многу пари за да создаде нешто во животот, кај мене дома не иде во обзир да живееме и значи тој не замислува никаква иднина со мене. Си има во план да најде некоја од странство и да замине од тука и очекува јас да не се лутам на тоа дека му ја знам ситуацијата дома. Но мене ме остава на цедило. мене таа помисла многу ме вознемирува, мислам нормално. Другиот проблем е тоа што понекогаш не го чувствувам како дечко, не сака бакнувања, гушкања, пораки или слично, понекогаш се сомневам во неговата љубов и сега многу луѓе на ова ке ми речат, па што си чекала или што чекаш остави го. епа летото се чувствував слично вака можеби и полошо, тргнав на работа (шанкерка) со што и се отворија и поголеми проблеми со љубомората и така сметав дека најдобро е да раскинеме, и тоа и се случи.. 2-3 месеца од летото си фативме различни патишта, од кој јас го одбрав полошиот. Ме удри депресија, лошо друштво, паметот незнам кај ми беше кога помислувам на тие лоши работи. Дечкоми кога наслушнал ме побара и пак се вративме назад. и добро е кога сме заедно не се жалам. Но едноставно кога ке кажам или помислам нешто за заедничка иднина, веднаш иде одговорот, јас со тебе нема да останам. и тука следуваат пак повредувањата јас него тој мене, го вракаме минатото и настанува хаос ! и ме боли душава, сакам да избегам негде подалеку од сите.. што ли да правам луѓе ???????????
Ако јасно ти кажал дека ќе те остави, тој и ќе го направи тоа освен ако не добиеш милион на лото. После кога ќе дојде време да биде со друга ќе ти биде потешко. Немој да му бидеш резерва! Те сака ли тој тебе воопшто ? Ако се кара цело време за минатото не требало ни да ти се смирува. А ти не смееш да мислиш дека без него ќе тргнеш по лоши патишта! Ако планира да ти раскине тебе кога ќе најде некоја златна кокошка, раскини му ти него сега. Подобро сега ти отколку тој ден/два пред да се ожени со друга. Остави го, не го барај, не му одговарај на повици, избриши го од секаде. Биди среќна и весела, не влегувај во лошо друштво и не прави глупости!! Кога ќе види дека можеш и без него, можеби ќе му текне дека парите сам може да ги створи ама не и вистинската љубов. Ќе му недостигаш и ќе те побара. А ако не те побара, уживај. Не ти треба таков човек во животот.
НЕЗНАМ ЈАС НАВИСТИНА МИСЛАМ ДЕКА НЕТРЕБА ПОВЕКЕ ДА СЕ ОПТОВАРУВАШ СО НЕГО ,ЕДНОСТАВНО КОГА САМИОТ ТИ ВИКА ДЕКА ТОЈ СО ТЕБЕ НЕ ГЛЕДА ИДНИНА МИСЛАМ ДЕКА ТУКА Е СЕ ЈАСНО ,ЗОШТО ТОГАШ ТИ ДА МИСЛИСШИ ДА СЕ НЕРВИРАШ И УШТЕ НЕШТО ЈАС НАВИСТИНА НЕ ГЛЕДАМ ПРИЧИНА ЗА ОДЕЊЕ ПО ЛОШ ПАТ,ЗОШТО НАЈПРВИН ВИДИ ДАЛИ ЗАСЛУЖУВА ПА И ДА ЗАСЛУЖУВА ЗОШТО ПОРАДИ НЕКОЈ ШТО ЕДНОСТАВНО НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА ДА УНИШТУВАШ СВОЈ ЖИВОТ РАЗМИСЛИ ,ЖИВОТОТ Е УБАВ АКО СЕКОГАШ ГЛЕДАШ ПОЗИТИВНО И КОГА ТИ Е НАЈЛОШО БИДИ НАСМЕАНА И СРЕКНА ТАКА КЕ СТАНЕШ ХРАБРА И ЦВРСТА ЛИЧНОСТ ТОА Е МОЈОТ СОВЕТ
Дечкото е можеби искрен, чека подобра прилика, ако тоа е така како што го кажуваш и со тие зборови тогаш најдобро е да се тргнеш од него, не си ти играчка ниту пак занимација за потполнување на време и редовен секс. Ти си млада здрава особа која треба да открие колку вреди во животот да си зацрташ планови и она што сакаш да добиеш и постигнеш во животот. Сето она што не е во твојот план ќе го тргнеш и така ќе си отвориш пат и гледиште за подобар живот. Едноставно ако ти сакаш да си со тој човек а тој не тогаш незнам што бараш понатаму, ќе си најдеш некој кој сака да е со тебе и да биде дел од тебе
еве ме мене пак..со моите проблеми..сватив дека тој сака да паузира од мене а не од проблемите па затоа ќе си се повлечам иако ми е многу тешко..мислам дека заслужив да биде искрен со мене а не да ме повредува со неговите постапки а упорно ми вели дека ме сака..али тоа е живот иде даље со него или без него
cekaj sega сто бидна нели само сака пауза некоје време?? па нека го има тоа време но нека ти казе до кога ке биде за да знаес дали ке мозес или не до тогас или подобро сега да прекинете...
упорно го прашував до кога ќе биде тоа време..но тој ми само ми кажуваше дека не знае и му кажав дека тој сега ми е најмногу потребен кога имам проблеми, но очигледно нему му е сеедно..така да се откажувам доволно до сега сум трпела поради него..најжално е што кога конечно веќе сите дознаа за нас..се случи ова