Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Без везе ситуација искрено, знам дека е тешко да гледаш како некој си игра играчки со некој што ти е близок, но искрено он е свесен за се, али ете... се заљубил и се надева очигледно секој нареден пат дека ќе биде подобро. Додека е заљубен за што и да му кажеш ќе рече ок, во право си да, но ќе си тера по свое, едноставно е заслепен. А на девојката ако и кажеш нешто за инат уште повеќе ќе се зближи со него затоа што ќе мисли дека си љубоморна и дека можеби и тебе ти се допаѓа дечкото. А кога сме веќе кај тоа, да не ти се допаѓа тебе момчево? :wasntme:
     
  2. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    Да, нормално е да зборува со неговите другари за љубовниот живот, не, не е нормално да има 4 годишна постара другарка и да излегува (тајно) со неа, па и понекогаш да остануваат сами?! Зошто ако не прави ништо погрешно, не ти го кажува тоа? Значи крие нешто од тебе, бидејќи доколку не би криел, ти би немало да дознаеш од читање конверзации! Чепкањето по приватност е лошо, многу лошо, уште полошо кога “копаш’’ по нечија историја (што не е добро и не го поддржувам) и наоѓаш нешто што баш и нејќеш да го видиш. Ќе имате добра расправија доколку тој го дознае тоа! Сепак, зошто не го фатиш на дело? Кога се договара со таа постарата девојка, фати го на дело, и види што ќе се случи. А за сексот, не брзај. Штом не е сосема искрен спрема тебе, размисли дали би требала ти да се впуштиш во тоа?
    И јас тоа ќе прашав :) Како и да е, си пробала да ја средиш ситуацијата, си му рекла еднаш, а и рече дека тој самиот многу пати дознал каква е другарка ти и што му прави.. Зошто не застанеш на страна? Веќе залудно си се потрудила, кога тој дозволил многу пати да биде влечен за нос!
     
  3. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    па да и тоа што кажувате, тој мене не ми се свиѓа, но стварно ми е многу близок, и го сакам не сакам така да дозволува некој да си игра со него... но сеа кога видов дека не бива мојата грижа ги оставив и двајцата и шо сакаат нека си прават! :) јас моето сум си го направила(можеби и повеке него што треба).
     
  4. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    да знам дека е лошо, и затоа незнам што да правам, пошто од една страна јас сум крива што му 
    нарушив приватност ама од друга страна наоѓам работи што он ги криел од мене..
     
  5. elly1993

    elly1993 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво дали може да ми помогнете за да знам што да праам..
    Има еден што ме свиѓа исто и јас него и пред една недела се видовме и се смувавме и се беше ок но после тоа требаше да се видиме пак во средата ама јас неможев дека имав нешто работа,па се договоривме да излеземе во петок заедно во кафана и добро дојде петок и јас веке почнав да се спремам во 7 а тој ми се јавува и ми вика јас неможам да дојдам многу ме боли главата и забот сум пиел апче ама џабе било се несакав вака да испадне ама испадна и јас му реков ок.А после тоа вчера(сабота) ми се јавува и ми вика како си помина во кафана она ова и јас му реков намерно дека си поминав убаво
    и јас го прашувам како си ти и он ми вика сеа сум добар еве кај баба ми сум нешто имам работа она ова .И после тоа цела вечер и денес ми се нема ич јавено незнам што да праам затоа барам помош поздрав :)
     
  6. kiiss

    kiiss Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    неможам повеќее...

    имам дечко одиме 6 месеци во 7 ... но од дома многу ме притискаат да не бидам со него ми викаат дека ако не го оставам нема да ме пуштат да одам на училиште... многу ми е тешко а го сакам и он мене многу ... неможам да издржам веке под овој притисок веке месец и половина е така... денес ми рекоа кога вечерва ке се видиме да ја завршам работата..(да ставам крај)... ;( ;( :( :( несакам ... ве молам за совет .. помошш ;( ;( :worried: :(
     
  7. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    неможам повеќее...

    Има многу вакви теми, ама ај да не го тупам сега. Знам како ти е. И јас бев во твојата ситуација, среќа помина. Туку..
    Колку години имаш ти ? Колку има тој ?
    Што е причината што не го сакаат ?
    Кажи нешто повеќе, не можеме вака да ти помогнеме :)
     
  8. kiiss

    kiiss Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    неможам повеќее...

    имам 16 а он 18 .. мн бил голем за мене ... дека ке сакал нешто повеке ке ме излажел (да имам односи со него) ми рекоа дека ке ме отпишат од школо,и пред тоа татко ми ме има удрено повеке пати..:/. мн ми е тешко :(
     
  9. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    неможам повеќее...

    Не ги разбирам твоите родители.Вие сте само 2 год разлика,а не 20 и на крај краева годините се најмалку важни за тоа дали една врска ќе успее.Верувам дека веќе си пробала ,но пробај да им објасниш на родителите дека си доволно паметна за сама да ги процениш неговите намери или па земи запознај ги па нека видат за какво дете станува збор.Сепак родителите секогаш ни мислат најдобро,но понекогаш и они можат да бидат во заблуда.Се најдобро :)
     
  10. ivanshe

    ivanshe Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    неможам повеќее...

    Мислам дека најубаво е тој ако има сериозни намери со тебе треба на твоите да дојде и да им каже, секој родител сака да си го заштити детето али реално треба да бидат свесни дека тоа дете ќе порасне и ке почне само да одлучува за својот живот. И најпаметно за тебе е да ја стекнеш довербата кај твоите, дека не може некој да те натера на нешто или изманипулира ако ти тоа не го сакаш
     
  11. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    неможам повеќее...

    Можеби твоите родеители имаат некоја друга причина што не сакаат да сте заедно, само ја кријат од тебе, 2 години и не се некоја разлика, а и ти не си мала за да имаш дечко, седни разговарај со дечкоти малку, не директно дека од дома не ти дозволуват, ама прашај го дали сака да ги запознае твоите, твоите дома замолиги да го запознаат момчето малку подобро и видете каква ќе биде ситуацијата, што ќе се случува. Позззз :)
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Родители речиси секогаш се во право, млада си за да корнеш коси од љубов, кога ќе помине време и кога ќе погледнеш назад ќе ти биде смешно за што си се карала со родителите. Тие само сакаат да те заштитат. Малце олади си ја главата и погледни навистина каков е тој твој дечко, најчесто заљубеноста не ни дава да гледаме убаво пред себе. Твоите родители можеби само сакаат да те спречат да направиш некоја грешка за која сама не си свесна
     
  13. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Не знам како да поднесам да бидам далеку од него 10 дена!!!

    Не знам дали треба да отворам нова тема..Но навистина чувстувам огромна тежина!! :( :(
    За една недела,ќе одам 11 дена во друга земја која е баги далеку од Македонија, воедно тука имам врска од 2 години, навистина не знам што ќе правам без дечко ми...можеби звучам разгалено ама мнногу ми е тешко ок би издржала неколку дена без да го слушнам ама 11 дена??
    нешто искуство мислење ве молам :(
     
  14. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    ајде бе срцка не се секирај ке летнат тие денови ко ништо ке видиш,сигурно ке се чуете по пораче,а и таму ако си малку зафатена ова она и девоните ке летнат..немој да си тажна..дечко ми бесе италија јас мк и така бевме по 2/3 месеци ...биди силна тоа е прекраток период за тагување а што ако треба некогаш да се оддалечите за подолго..работа,школо или нз стоо ...БИДИ СИЛНА :)
     
  15. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    фала..:/ :)
    Jaka ти душа искрено..:/
    Можи звучам разгалено ама вистина не знам...:/
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Леле девојче кај ќе одиш сега ајде не се заебавај, кај ќе оставиш врска од 2 години за цели 11 дена. Седи си дома со дечкото, не си отежнувај и на тебе и на него, залепете се двајцата да не може ништо да ве раздели.

    А сега сериозно, што ќе правиш 11 дена? ЌЕ ЖИВЕЕШ! Ќе видиш колку ти е цврста врската од 2 години, ќе се запознаеш себеси, судејќи според ова стопосто не се делиш од дечко ти ни 5 минути, па 11 дена ќе ти бидат огромна дупка во животов, ете ќе можеш да си ја пополниш со активности за себеактуализација.
    Ај не туку си барајте проблеми кај што нема, не запаѓајте во некои патетики за глупости. 1 месец е малку за да се жалиш, а не пак 11 дена.

    И да, не звучиш разгалено, звучиш неразумно и хистерично.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Времето ќе помине толку брзо што нема ни да осетиш. Убаво ќе ти буде малку да ја вкусиш слободата, па не сте залепени со дечко ти. Освен тоа, периодот е прекраток за да тагуваш, што се 11 дена? Ајде уживај. ;)
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    и ја имам долга врска и секој ден сме заедно,и мене би ми било тешко кога би идела без него 11 дена,би ми било чудно и различно,али верувај некад ми иде да се оддалечам од се и да си ја одморам главата,ти си доби мн убава шанса и искористи ја максимално :)
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Цели 11 дена? |(
    Па добро, во вашата 2-годишна врска досега ниеднаш не сте се разделиле ни на неколку дена?? :?:
    Нема везе, ваша работа.
    Еве ти мое искуство, исто така 2 годишна врска ја ставив на stand by за 9 и пол месеци! И ништо страшно, сега сме си заедно, најубаво ни е.
     
    На BlackSwan070 и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    БлекСвон 11 дена не е воопшто долг период за да се променат некои работи меѓу вас, ако врската ви е цврста и двајцата се сакате.
    Па јас не сум се гледала и слушала и повеќе од 11 дена само затоа што ми било сесија, или затоа што сум била на одмор во друга држава па да не трошам на роаминг :lol:
    Значи биди без гајле, има интернет ќе се видите на скајп на камера ќе биде се во ред :)