Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. busavkaa

    busavkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Со дечко ми одиме 1 година...што нема ден а да не се видиме што некогаш 2 пати денот се гледаме, што на секој 1 час се слушаме на телефон,со сите ме имаше запознаето па и со колегите од работа, заради мене се скара со две другарки имав преголема доверба во него му верував многу....Но пред 3 дена ја изгубив довербата :( ме излажа дека е дома, а тој со другар му на певалка. Пијан камен беше. Ми велеше на мобилен дека спие а острана гласој се слушаја, му докажвав дека не е дома а тој ме правеше будала. Ко му затворив телефон му пишав порака го потсетив на почетокот ко ми ветуваше некои работи и дека се каам за се што направив за него и за 2 минути се нацрта кај мене пред куќа. Почнавме да се расправаме му реков зошто ми ветуваше некои работи а тој ми рече немој да си земаш се на срце од тоа што ти ветив :( тогаш почнав да велам се и сешто и тој ми рече досега во ова една година немам одено со никоја..следниот ден ко ми се јјави се праеше како ништо да не било се понашаше како и минатите денови. Но ете од тогаш овие 3 дена не е како порано што беше пак се слушаме, се гледаме исто како порано ама не ми е како порано, некако се затворив во себе, а сега уште потешко ми е кога си легна да спие има обичај да ми се јавува и си велиме те сакам но овај пат му реков те сакам а тој со пола уста...го прашав зошто така со пола уста кажваш и ми рече ее ко децата мали.... Премногу ми е тешко, ве молам дајте ми некој совет што да правам :(
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Според сето ова што го кажа само да те прашам дали си слушнала за тоа дека колку повеќе му забранувате нешто на некого, толку повеќе тој сака да го прави тоа.
    Мислам дека премногу сте станале и двајцата (кривица на двајцата) параноични и сте почнувале да си забранувате меѓусебно некои работи итн.. И самата кажа дека се скарал со другарки?! Зошто? Па со тебе не се знае колку време ке биде а нив цел живот ке ги има?!
    Моето искуство вели дека полесно се живее без сомнежи. Но роговите се неминовни на слепа верба. Веруваш додека нема причина, хистеришаш кога ќе се појави причина. Така ем се штитиш себе си од слепо лудило, ем го држиш на краток синџир дека „го набљудуваш со широко отворени очи“.
    Врската се заснова на доверба и верување нели?
    Бил во кафана и што? Не се замарајте со непотребни работи? Прво види дали има причина да се лутиш?
    Ти не го поседуваш него за да му браниш да иде негде.. можеби грешам ама ако самиот он знаел дека ти ке се лутиш, нормално дека ке го скрие од тебе..
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Ти најдобро треба да ја знаеш причината зошто излегол наскришно? Дали му е забрането од твоја страна? Дали премногу го контролираш?
    Иначе, сите машки, како и женски имаат потреба да излезат со своите другари насамо, да се подружат.
    Ама требало да ти каже, а не да те лаже. Една лага е доволна за да се урне довербата.
    И со право си лута, како еднаш, така и друг пат може да те излаже.
    Ти сега треба да стравуваш, дали тој навистина си легнал или пак излегол негде!?
    Должен е да ти се извини и да вети дека тоа нема да се повтори. Дека ќе биде искрен спрема тебе, како и ти спрема него.
    За тоа дека бил на певалка, скоро и не е битно каде бил, битно те излажал.
    Зошто ти рекол со пола уста те сакам, не знам. Наместо тој да се чувствува виновен, испаѓа како ти да си виновна.
    Преиспитај ја својата врска и види што тој реално сака од тебе и што можеш да очекуваш од него. ;)
     
  4. simona-mia

    simona-mia Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки..би сакала да ви искажам некои чуства..Имав дечко од подалечен град..скарани сме окулу 5 месеци...се скаравме за без врска не се слушавме неколку дена и тој си најде одма заменаа..мислеше дека јас не го сакам него...или пак тоа би го рекол за да не ме повреди...отидов во тој град со другарка ми и пред свои очи се бакнуваше пред мене со неа...јас тоа неможев да го издржам затоа што мислев дека никогаш јас и тој нема да се разделиме бидеќи одевме 3 години...и бевме заедно по неколку дена па се одеше во неговиотт град...се беше како филм...се беше убаво но сето тоа се распадна..заради таа курвата што ја фати..после тоа раскина со неа и ми мене ми зборуваше дека сака да биди со мене но тоа не се случи...цело време јас се надевав дека ке дојди пак кај мене дека ке биди мој...но тоа не се случи тој си најде друга девојка која што е помала од него и има 14 години...сите ми велат дека би можела да си најдам поубава среќа но ете неможам него да го заборавам секој ден нов што иди од годината ме потсеќа на него...неможам да фатам некој друг дечко ако не го засакам...затоа што уште го сакам бившшиот...некогаш ке му се јавам тој мене ме избегнува...но сепак чуствувам дека има уште чуства кон мене...незнам што да правам...незнам дали да се борам за него или пак да си барам нов дечко зоштоо вака ми е премногу тешко...секој ден плачам ги гледам сликите од нас и си мислам дека како вчера да сни биле скарани...секој нов ден ми е со солзи ке ве молам...помогнетеми некаккооо....:'( :'(
     
  5. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Заборави го и продолжи со животот, тој не те заслужува! Многу си млада, уживај, дружи се, флертувај, забавувај се! Ехее уште колку (коњи) ќе смениш додека го сретнеш вистинскиот... :D
    Не си го замарај убавото главче за него, уште денес најди си замена ;) како што он веќе направил!
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Бушавка - тражили сте гледајте. Многу е нормално што дошло до таква ситуација да мора дечко ти да излегува скришно и да му здосади од врската, кој би сакал да живее како во затвор. Претерано гледање и слушање, изјавување љубов на секои 5 минути, па искрено презаситува и многу брзо се здосадува, станува монотоно и се угушил човекот. Машките поготово многу малку трпат вакви работи.
    Мој совет е да се повлечеш, да разговараш со него и да му дадеш простор, извини му се за контролирањето, секако не го оправдувам тоа што те лажел ама според ова што го кажа мислам дека ти си го довела во таква ситуација, сакал да искочи, а несакал да се скара со тебе. Договорете се да прекинете со тоа контролирање, аман, нема нигде да ти избега ако го оставиш да дишиш и не му наредуваш каде да оди и што да прави. Си го оттурнала од себе со ваквите постапки, а згора на се и го присилуваш да ти изјавува љубов, остави го тој сам да ти каже дека те сака.
    Ама ич неможам да ги смислам ваквите посесивни врски, олабави девојче и остави ги работите сами да течат, не да ги влечеш со сила.

    Симона-Миа - типот покажал дека не е вреден за тебе, зар би сакала да бидеш со таков дечко кој секој втор ден менува девојки? Немој да се лажеш дека сеуште чувствува нешто за тебе, да било така ќе направел нешто за да се смирите штом имал јасни знаци од тебе. Немој да го бараш, прекини секакви контакти со него, немој да се распрашуваш и да дознаваш што прави, само така најбрзо ќе заборавиш се. Забрани им на твоите луѓе да ти кажуваат за него, кажи дека не те интересира и помири се со тоа.
    Немој да влегуваш во нова врска додека си повредена, помини период сама со себе за да сфатиш самата што највеќе сакаш, посвети се на некое хоби, излегувај, дружи се, не се затворај дома и немој да мислиш веќе на типов, остави го во минатото.
    Ќе си најдеш друг дечко, ќе бидеш дупло посреќна, не се замарај веќе ;)
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Значи женска вака доколу тој бил оној вистинскиот немало да замине како прво со друга а и таа девојка ако е сега со него незначи дека е курва така ја нарекуваш само затоа што е со него сега....бев во многу лоши ситуации уште мала осетив како е да патиш за дечко....подоцна кога оставив се и дечко и плачев секоја ден сватив дека имам еден живот и дека сум млада и дека сега ми се годините за забава...значи девојко оди фати си дечко забавувај се едноставно ЛУДУВАЈ нека биде тој оној кој ќе плаче а не ти....а кога ќе додје вистинското време ќе најдеш верувај некој со кој ќе бидеш среќна! ти го кажувам ова од лично искуствувај и затоа пробај стани си на нозе стави си еднос свое ЈАС и покажи му дека имаш сила за да одеш напред без него :)
     
  8. simona-mia

    simona-mia Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Da ti kazam iskreno taka i deckomi bese 10 dena vo druga zemja na ekskurzija koj odevme okulu 3 godini pa potoa odma se skaravme se smena i bevme oddaleceni eden od drug...sega sme skarani okulu 5 meseci i toj si ima druga devojka..
    [mod-kirilica:3hxyn2gb][/mod-kirilica:3hxyn2gb]
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Симона гледаш дека тој си го продолжил својот живот. Прво помири се со тоа дека повеќе не сте заедно и дека тој има друга, потоа избриши се што имаш од него, слики се, и престани да му се јавуваш. Ако мислиш дека ќе го заборавиш со друг, фати си друг, иако мислам дека не треба веднаш со друг да одиш ама ако мислиш дека така е најдобро, нека е така. Пробај да го заборавиш. И така не е од твојот град сигурно не го гледаш секој ден и полесно ќе ти е. :)
     
  10. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    девојче не се замарај толку со оваа работа,како ти кажал те сакам,или не ти кажал,тоа што те лажел дека спие а искочил ,навистина испаднал идиот,али види и вака,ако он не те сака и ако баш му брига за тебе уште коа сте се караале таа вечер ке раскиневте,он сакал да биде чист кај тебе и кај другарите,заборави не се замарај,ако тоа се случи повторно мораш да преземиш нешто,а ова сега вистина не се замарај,верувај у себе ма што си се уплашила толку,не викај му и ти на него те сакам,па ке почне он сам да те прауа дали го сакаш.не мислам као што ти кажаа другите дека се гуши и му се здосадува и не треба да се одалечиш од него,само верувај у себе и помалку со те прашања од типот те сакам ме сакаш,и се ке биде уред,немаш причина за паника само верувај у себе :)
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Како да се справам со љубомората, предизвикана од тоа што го гледам бившиот со друга? :( Навистина мислам дека полудувам, многу сум бесна...
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    13.024
    Пол:
    Женски
    Нема начин освен да не мислиш на тоа. Премногу тазе сте разделени за да ти е сеедно. Можеби тој намерно се шета со неа пред тебе? Повреден дека?
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Па не верувам дека е намерно, сплет на околности е... Најлошото е тоа што неможам да ги избегнувам, да не речам осудена сум секој ден да ги гледам како се држат за рака, си разменуваат бакнежи. И во тој момент мислам дека излегувам од кожа. :@
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Само смеј се.Додека го гледаш со неа како се бакнуваат, се држат за рака, ти смеј се. Можеби го прави тоа намерно за да те повреди тебе, а кога ќе те виде тебе насмеана ќе се разочара, ако е намерно. А ти ќе мораш да ја издржиш болката.. Колку и да е тешко издржи. Еден ден ти ќе шеташ со друг за рака и ќе се смееш вистински.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Моево не е толку љубовен проблем ама ајде малку да насмеам некој. Значи имам ептен сериозна врска, но денес кога бев на факс слушнав како еден дечко кажа само една реченица што ми се допадна. Не ни разговаравме ние, а толку ме воодушеви, не ни знам што поточно ме воодушеви. Толку многу се возбудив што во тој момент како да почувствував силен електрицитет кон него. Како да ми се пресекоа нозете и сите пеперутки да ми полетаа во стомакот. Да се разбереме не ни му го видов убаво ликот, не се ни знаеме. Само чувството беше преубаво и неописливо. Знам дека напишаново личи ептен на тинејџерско и дека е смешно ама еве цел ден го мислам него. И си правам филмчиња за тоа како би изреагирала ако го видам пак.
    Е вака сега ме мачи зашто со мојот дечко ја немам таа страст, поточно се прашувам дали навистина го љубам сеуште? Дали некогаш сум го љубела комплетно, со сите емоции меѓу кои и страста? Како вие знаете дека навистина чувствувате вистинска љубов кон дечковците? Идам 2 години со дечко ми па можно ли да е ова некоја фаза...? Незнам... :x
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    :o ооо па малце цудно ми е ова сега...знаци само од една реценица и готово :tmi: незнам сто да казам...
    но зависи за сто е тоа цуство кај тебе спрема овој децко сто го казал тоа...
    а за децкоти треба сама да си ги средис мислите и цуствата,,како ти е со него,,како без него..сто цуствувас кога сте заедно и кога не сте...и така ке си ги средис мислите и цуствата :hai:
     
  17. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    поминувам низ иста фаза на збунетост ..и нз што чуствувам спрема дечко ми ..и ние сме во врска 2 години и мн ми е тешко така да те свакам потполно
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Катерин јас би го објаснила тоа како да сакаш малку промена и возбуда ништо повеќе, штом и не го познаваш дечкото значи неможеш да чувствуваш нешто повеќе кон некого што не го познаваш. Интересно ти е заради тоа што си во подолга врска и ти е монотонично малку. Тоа не значи дека повеќе не го сакаш дечко ти. А како да знаеш дали сеуште го љубиш дечко ти? Да е тоа така не би се запрашувала вакви прашања ;)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Неколку пати се премислив дали да пишам или не. Досега сама одлучував, но овојпат ми треба совет. Поради тоа што се предомислував дали да пишам и да го споделам она што го имам за кажување сепак ја избрав опцијата ЛП. Ако има некој кој би ме сослушал барем или би ми дал совет, нека ми пиша.
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    писими мене...мозе ке ти помогнам..