Ништо, ондак останува да му објасниш очи у очи што всушност е проблемот. Ако разбере, разбере. Ако не здравје. Не се замарај многу битно. Знам како ти е , ама сепак, за една врска е потребно компромис, ако го прифати тогаш во ред, ако не пак во ред, нели ..
Pomosh ! помогнете ми и мене тогаш секоја ден е се полошо и полошо, од една страна мајка ми и татко ми заедно со мајка му од друга страна јас со него па неможам повеке аман се ми е преку глава тешко ми е неможам, нека шо неми дозволува да бидам тоа што сум јас па не ни сака да се потруди да биде во ред се нешто се случува, јас вака уште малце и инфаркт ке доживеам, и како со гледам после тоа што сите се против мене и цел свет ми е срушен подолго време подобро и да ме удри инфаркт барем ке се ослободам конечно од сето ова
Бевме заедно 1 ипол година,пред 3 дена раскинавме,сакал слобода некој период иако неговите чувства спрема мене неможеле да оладат толку лесно,дека неможе да замисли друг да стави раце на мене и сл. Ја барав причината, но не ја добив, наводно не постоела, иако мислам дека постои добра причина за се.. Слободата ја доби од моја страна,ми предложи некој период да имаме нешто како отворена врска, или врска без обврска,секако не прифатиф.. знаев дека нешто не е во ред со него последниов период, но на секое прашање даваше ист одговор “ништо“.. Вчера дознал дека викендов сум била препијана-што не е моја одлика,тогаш ми кажа дека не сака да прави веќе муабет со мене,дека не сум имала воопшто срам, дека веќе е крај,да не го барам да не му досаѓам.. ми изнарече многу одвратни зборови.. Незнам што понатаму, дали да го барам после некој период дали да оставам на времето да покаже што и како ќе биде со нас, дали да чекам на него или да свртам нов лист и да пробам да го заборавам? Каков совет би ми дале?
Барал причина за да ти раскине и да си има чиста совест. Твоето пијанство го користи за тоа. А врска нема, немој ни случајно да се осеќаш виновна. Моментот "не сакам со друг да те видам, ова е само пауза" е одлика на секое раскинување. Не сакаме да го видиме поранешниот партнер среќен и како продолжува со животот ( и да го видиш после 3год, ако го видиш со друга, па ќе ти биде криво и ќе си малку љубоморна). Ја би рекла одма врти нов лист. Не се замарај. Нему да му е срам за се што ти рекол. Продолжи си напред со крената глава, тој сам си одбрал вака.....дебил (извини, ама стварно е)
Дознав дека не ме сака... Девоји ве молам помогнете ми само што дознав дек не ме сака!!!СЕ почна некако вака: Бев на училиште одеднаш на на големиот одмор дојде една моја другарка од неговото одделение и ми кажа дака му се испуштило и кажал дека не ме сака...Многу се разочарав... помагајтееее луѓеееее
Ќе се најде некој фин дечко што ќе те сака во иднина. Сега, бидејќи имаш само 13 години, значи 7мо одд. гледај си го училиштето. Се ближи крајот на учебната година...
Oф бе душо,премлада си,ова е само моментално чуство,се надевам.Допрва ке те следаат љубовни јадови и вистински љубовни проблеми.Не го ставај тоа на срце,ке видиш дека ке помине. Само уште нешто пред да ти посакам срека:Провери дали е вистина тоа што го кажала другарка ти. И така.
И јас мислам дека си барал причина пане ја нашол па ајде на пауза...тој ако те сака тебе нема потреба од пауза најверојатно не те сака па не знаел како да те откачи...Да не ти паѓа на памет јавување зошто ти да му се јавуваш ништо не си згрешила не си раскинала ти...си била пијана големо чудо твој е животот..,,остави тој ќе те бара..ама тоа не треба да те интересира не вреди таков ќе си најдиш некој шо навистина ќе те сака и почитува ваква будала не ти треба..а сега малце сингл слободата има многу позитивни страни
Jaсно ти е и на тебе дека тоа не го направил без причина, значи секако има причина. Значи тој сака да биде слободен, а страв му е ако ти паднеш во туѓи раце. Јас мислам дека најдобро ќе е, колку и да ти е тешко, да пробаш сега да го оставиш. Повредена си сега од неговите зборови и ќе ти треба и на тебе време да го заборавиш тоа што ти го кажал. Ако тој ти рекол да не му досадуваш(што сигурно не мислел така)-не му досадувај. Јас сум сигурна дека кога ќе виде тој дека ти ја исполнуваш неговата "желба" ќе те побара.
Незнам што сака од мене. Здраво, веќе долго време пишувам со еден, си признавме дека се сакаме, пишуваме романтики и слични работи. Верувам дека ме сака бидеќи е многу добар, сите ми го гарантираат тоа. Признавме дека се сакаме ама зошто не сака да ми понуди врска? Нема спомнато за тоа! Ако ми понуди јас ќе му бидам прва, мислите бидеќи е неискусен не знае како да го направи тоа? Некои другарки ми викаат јас да му понудам, но јас така би се чувствувала глупаво како да паѓам на ниско ниво, а и срам ми е. Навистина незнам што да правам!
Незнам што сака од мене. се познавате лично или само од интернет?Ако е само од интернет како сакаш на невидено да ти понуди врска а второ како веруваш ти дека те сака кога сте немале ништо.
Јас имам еден проблем што веќе ми е преку глава...Имам дечко што многу го сакам со него сум 7 месеци..пред некое време имавме односи прв пат,но за жал јас како помала паднав на кревет меѓу нозе и течеше крв со што ми се скинал хименот.Му го раскажав сето тоа,но порано пред него се мував од време навреме 5 месеци до еден дечко кој не ми значи веќе ништо во животот бидејќи со него бев онака ништо озбилно бидејќи тој имаше девојка...не сум имала ништо повеќе од мување.Сега кога и да го видиме него тој почнува да ми префрлува него го гледаш тој те скинал ти кога тогаш мене ке ме оставиш ке бидеш со него...јас му реков ако до толку не ми верува немора да биде со мене но тој се лути бидејќи ме сакал и сака да биде со мене...Што да правам како да му го докажам дека не ми значи никој повеќе од него? Help И да денес пак се скаравме за истото го виде дечко ми но јас не и тој ми зборува дека се правам будала дека не му признавам дека сум го видела
Оф лел еве уште еден од тие типови што не сакаат да бидат втори.Според ова него не му е тоа што го среќавате дечкото туку тоа што тој не бил прв.А и убаво си му рекла ако толку му дошло до тоа не мора да биде со тебе.Тоа кој е прв или втор не е мерило за дали некоја врска ќе биде успешна или не.Не е се во тоа да те скине и во тие неколку капки крв.Еднаш дечкоми уште пред да бидеме во врска во цело друштво се изјасни дека не му е важно дали е прв или втор, дека тие 2-3 капки крв не му значат туку дека личноста што ќе биди до него му значи и во потполност се согласувам со него.Се надевам за брзо ќе сфати и твојот па ќе престане со тие префрлувања.Со среќа
Јас знам дека не е се во тоа...после толку многу објаснувања и се тој пак не ми верува незнам што сака од мене.
Што ли да правам сега ? Епа вака нај кратко што можам ќе пробам да објаснам заедно учиме и сеа мн ми се свиѓаше.. јас како јас решив да направам нешто во врска со тоа. Прво зборевме на фб и во школо повеќе на теми со школово онака теми за да утепаме време но никако да излеземе заедно бидејки на различни места живееме и излагаме и сеа решив да отидам таму каде што он излага со неколку другарки и првиот пат се шетавме таму и он не виде и јас целата почнав да паничам само го прашав каде е автобуската и си отидов ... и добро ајде следниот ден он на фб ми се извини бидејки не се поздравил и ајде ајде следната сабота пак таму и сега пак се видовме и он не викна таму да сме дошле и јас се правев кај сеа ке одиме натаму божем нешто но отидовме.. и неделата беше нели априлили и јас сеа он нешто се пошегува со мене и сеа нормално јас да се пошегувам со него али овој се налути.. и ме избриша од фб.. и сеа будала од другарка ми решила следниот ден да збори со него и му вика абе зошто си ја избришал од фб и овој вика па со мене никој не се зафркава па дури ни брат ми -.- мн се правел важен и рекол божем следен пат ако сме се појавеле таму ке не утепал .. а он не викна !! и сеа збореле што збореле и оваа му кажала дека јас сум луда по него и овој не и верувал прво оваа му рекла да да па што мислиш зошто се шета она таму ... и овој и рекол па од кај знаела она кај живеам и оваа рекла па што правам јас тука (она го праша каде живее ) и сеа овој се насмеал само ... и она го прашала дали он ме свиѓа мене и овој не рекол ништо пак се насмеал и не рекол ништо ... а пак на фб предходниот ден оваа му рекла абе ти да не свиѓаш некоја .. зошто имам една другарка те свиѓа и овој и вратил со моето име ? и оваа рекла е да речеме дека е она ти ја свиѓаш и овој рекол не ?? што да правам незнам ств совети ми даваат да го игнорирам зошто он сеа знае дека го свиѓам па ако го игнорирам па можда ке мисли зошто ли или од кај да знам... мене ми се свиѓа ептен и ств ми треба ПОМОШ !
Здраво девојки. Форумов го читам од скоро па решив да побарам совет за мојата дилема. Значи одев со едно дете 1год и 5,6 месеци, прилично солидна врска во која имаше и мали караници. Но пред еден месец кога бев кај него дома случајно седнав на неговиот компјутер на кој тој не беше одјавен од фб. И на мое големо изненадување видов разговори што ги правел со други девојки па и една мажена жена. Им имаше пишувано како нема девојка, па си разменувале телефони, па ги канел на кафе да се видат, да се запознаат но според разговорите заклучив дека средби немало. А да напоменам дека и на неговата другарка со која понекогаш излегувавме на прашањето како му оди со мене и имаше напишано дека можеби не сум вистинската, дека има друга што ја сака. Знаши кога го прочитав сето тоа едноставно останав без зборови, се почуствував толку понижено, толку разочарано од човекот на кој му верував, на кој му се дадов со тело и душа. Не можев да поверувам дека мене цело време ми глумел. Веднаш му кажав дека видов се, дека многу ме разочара и ред други работи а тој остана без зборови. Си заминав од неговата куќа, не му одговарав на неговите пораки и повици 2 недели. Потоа се слушнавме и се разбира тој имаше оправдување и изговор за сето тоа. Призна дека згрешил, дека ме сака, дека не знаел зошто го пишувал сето тоа, дека сето било само онака и бла бла типични изговори. Јас пак му го кажав истото, дека нема да бидам со човек што не ме почитува и не го цени сето она што сум го правела за него иако го сакам. Ми кажа дека ме сака и дека нема да дозволи да ме изгуби. Сега ми се јавува секој ден, сака да се видиме но јас избегнувам средба. Ми вика дека мора да разговараме, да се видиме но јас не сакам затоа што ако го видам ке подклекнам, слаба сум на него, ке му простам. Па девојки ве молам за мислење и за совет. Дали да прифатам да се видиме и да разговараме, како да реагирам, дали вреди да му дадам уште една шанса и покрај тоа што ме скрши. И да напоменам дека има 27 години, значи навистина нездрело и несериозно однесување за неговата воздраст и тоа уште повеќе ме иритира. Се извинувам на долгиот пост и би благодарам однапред. Секое ваше мислење е добредојдено.
Мислам дека треба да се видете за само во очи да расчистете некои работи. Ако мислиш дека искрено се кае и дека нема да се повтори повторно тогаш дај му 2 шанса. Па нели секој ја заслужува А секако дека нема да е исто како што било но вреди да се обидете. Поздрав
Секој заслужува втора шанса, но не секој заслужува да ја добие. Не можеш да знаеш дека ако сега му простиш, нема да згреши пак еден ден. Но сепак сите луѓе прават грешки и потоа се каат поради нив. Можеби искрено се покајал и навистина те сака. Јас мислам да почекаш уште малку време и потоа да се видиш со него да разговарате, да слушнеш што има да ти каже, да ти објасни. А потоа според тоа што ќе го каже, ти сама ќе си одлучиш дали да му простиш или не.