Ви благодарам девојки за вашите мислења. И да му дадам втора шанса знам дека нема да биде исто, нема да ја имам истата доверба и цело време ќе ме копка нешто. Но еве за овој месец одкако се случи тоа нема поминато ден а да не ме побара. Да напоменам и дека јас сум била единствена девојка што ја имал запознаено со неговите, значи имав супер однос со неговите родители, со неговиот брат, снаа. Секој ден размислувам и едноставно немам решение. Од една страна е мојата љубов спрема него а од друга неговото изневерување на мојата доверба. Ќе го послушам твојот совет Butterfly15, ќе почекам уште некое време да видам како ќе се одвива целата ситуација пред да донесам одлука. Ви благодарам на двете.
mi se svigjase eden decko..i slucajno ili namerno dozna..i pocna da mi pisuva da se cepka ova ona..no,jas doznav deka odnosno toj i kazal na drugarkami deka nekoe vreme izleguva so nekoe devojce.i pokraj toa mi pusuvase jas vrakav i setoa toa se dodeka ednna vecer ne se najdovme i me vikna da izlezime i se smuvavme..posle toa pak imase pisuvanje na fb.toj raboti vo kafic i jas zabelezuvav deka kon 12 h doagjase toa devojce..i nekogas nekogas ne..zaminuvase so nea..posle toa se imame vdieno uste dva pati..ama znam deka izleguva so devojcevo..i ne znam na sto sum a mi se svigja tipov :/ a za toa nemame nisto zboruvano..sto da pravam? [mod-kirilica:2bf6dxuq][/mod-kirilica:2bf6dxuq]
Според мене мислам дека е многу рано да мислиш на нешто поозбилно.Сте се виделе само 2-3 пати. Типот е сомнителен,значи одвреме навреме се губи со некоја типка..Па после пак се враќа и се мува со тебе..Тука сигурно има нешто.Според мене почекај малку,.види што и како.Види во кој правец се движи вашето видување ..А ако толку сакаш да дознаеш на што си тогаш отворено прашај го.Или пак некој негов другар ко на шала спомни му..извлечи нешто..можеби ке каже..Ама сепак мислам дека типот игра двојна игра.Не е озбилен...Си се занимава во слободно време ..што знам.
дада..но двоумењето мое беше поради тоа што тој значи знаеше дека јас знам дека тој се гледа со некоја и јас тоа го прифатив..свесно се видов со него.но,тоа беше поради тоа што тој и рече на другарками дека некое време се гледа и сега не можи така да ја откачи..тоа беше кога таа му призна бидејќи тој се сомневал дека го свиѓам..но,сега не знам..си викам да не мисли дека јас сакав само да се смувам..што и беше така на почетокот..и не знам што да правам ако ме побара да се видиме пак..
Flower.mn мислам дека тука нема место за втора шанса. Сето тоа што си го видела е премногу, а и малце време сте поминале раздвоени, почекај уште, многу е малку 2 недели. Ти прво треба да заборавиш се, а не верувам дека ќе можеш, па потоа да му дадеш шанса ако сметаш дека треба. Зошто те моли сега кога не си била вистиснката, сакал друга а? Сакал само мангуп да се прави пред другарки и други девојки, епа нека се прави сега. Прилично неозбилен тип за негова возраст, те понижувал на сите страни. Остави го нека пати подолго време, немој да потклекнуваш одма, од кај да знаеш дека нема да се повтори, зошто тогаш го правел тоа???
Мимс разделени сме 5 недели само 2 недели одкако го видов тоа не му одговарав на повиците. И да, не можам да преминам преку тоа сеуште, ми треба уште време. Јас веќе на првиот разговор му дадов до знаење дека нема да бидам со човек што не ме сака и не ме почитува иако го сакам. Дека нема да му дозволам на некој да ме понижува а јас да го знам сето тоа и да молчам. Доколку не сум добра за него нека ми каже во лице, тоа повеќе ќе го ценам. И до сега си стојам на зборот и му назначив дека доколку сака да сме заедно ќе се потруди малку а доколку не, секој по својот пат. Ќе чекам времето да покажи. Ти благодарам Мимс за издвоеното време
flower.mn мила, искрено ни место ниту шанса треба да има за дотичниот. Значи ко шо кажа Мимс типов само саал да се покаже она фраер небаре... Ама сеа нека биде поголем фраер и остај го да трчка и да си ја лупа главата од ѕид. По неблагодарно и по понижувачко нешто не можел да направи. Ја сум искрено за да не му се прости. И патем да му простиш по пеколно ке се осеќаш. Довербата не се гради преку ноќ, а он ја срамнил со земја.. Искрено, одмори глава и мозок уште некој период. Речи му го тоа и нему дека сакаш да те остави некој период да се средиш и тек после да се најдете да разговарате. Понатаму на тебе останува. Сепак пред се, запомни една работа : Почитта спрема самата тебе е најбитна. Поздрав и секое добро.
Што да правам? Веќе неколку дена раскинавме со дечкото врска долга година и половина.Најлошото од се е што моите сеуште незнаат дека е готово а јас незнам дали да им кажам сега или да почекам уште малку? Знам дека нема да им се допадне тоа што ке го слушнат.
Зошто воопшто те засега нивната реакција? Тоа бил ТВОЈ дечко, со нив нема никаква врска, се разбира додека не дојде до свадби и такви работи..Јас никогаш не дискутирам дома на такви теми..Само со мајка ми си разговараме како другарки кога имам проблем со дечко ми, но никогаш не дозволувам некој да ми влијае на тоа..Нема што да се плашиш од нивната реакција. Твој живот-твоја одлука, од нив само совет можеш да добиеш.И поддршка нормално Никој родител не сака да гледа како му страда чедото, но сигурно нивната реакција не би била "Еејј па дали си ти нормална?!!" и т.н. Сигурна сум дека би ти поделиле по некој утешен збор
Nесто Mислам дека нема сто да цекас Aко сте се скарале онака и мислис дека ке се смирите тогас нема сто да казес,... Sите имаме кавги во врска. Nо ако веке раскинавте нема сто да цекас. Kазиим на твоите и готово Sо лесно Dа ти е Pоз
Јас мислам вака- СЛАБА СИ НА НЕГО? ЌЕ МУ ПРОСТИШ?? Абре какво простување нема шанси.Откачувај го под итна постапка..Хмм и не е баш лесно туку така да го откачиш човекот што со целотот срце го сакаш.Ама тој не заслужува ништо од тоа.Убеди се дека тоа мора да биде.Јас никогаш не би простила вакво нешто.Да слушнам дека не сум вистинската??Епа тогаш зошто е со мене?? За свои потреби.. Како и да е на крај краева само ти си знаеш што треба да направиш.Дали сакаш да му простиш и да бидеш лажена уште многу долго време.А секако ти дека ќе се чувствуваш поинаку..потсвесно знаш дека не те сака...штом така им пишувал на други жени. Или пак ќе одлучиш да ставиш крај...ќе те боли ама и тоа ќе помине.Нема фајде да се жали по него.Мојот заклучок е дека ти него си му била само за забава..Епа сега незнам каква е ситуацијата..Како што пиша ти викаш дека цело време глумел..ако навистина си убедена дека глумел ОтКАЧИ ГО..исфрли го од животот...колку и да е тоа тешко..
мислам дека типот ке оди на тоа да ве задржи и двете со оглед на тоа дека ти си прифатила да се смуваш со него иако си знаела дека излегува со друго девојче и тоа што тој рекол не може така да ја откачи јас мислам дека може да стави крај на гледањето со неа ако он стварно сака да биде со тебе ,а не би можел да ја остави доколку она повече му значи или постои опасност од тоа д анаправи скнадал во кафичот каде работи тој или во најлош случај има девојчиња со такво некоректно однесување па да те истепа ,мое мислење убаво знаеш на што си ама не сакаш да си признаеш ,мислам дека тој не сака сериозна врска туку сака мување или те чува како резерва во случај да не зачкрипи со другата ,си требало усште на старт да разговараш со него и искрено даму кажеш што сакаш иако и сега не е доцна добар разговор и ако е фер дечкото исрено че ти каже што планира со тебе и дали сака врска или мување . flower.mn го прочитав и твојот проблем и секоја девојка би се почуствувала понижено кога би дознала што всушност мисли нејзиниот сакан за неа и нивната врска ,мое мислење не би требало да му се прости од причина што он тоа го кажал на девојки со кои сигурно би сакал да излезе или да ги смува кога јас би прочитала такво нешто би си помислила он е со мене онака од немај каде и дека само чека подобра прилика да му се укаже ,откаде знаеш дека те нема изневерено ,можеби и требало да го прашаш која е таа друга што ја сака ,и не знам после такви разговори што тој ги пишувал како имал лице да те погледне,ако простиш че знае дека многу ти значи ќе почне да си игра со тебе како со марионета
WildCherry, секој кажан збор ти е на место, ти благодарам за мислењето и засега го применувам твојот совет Sara123, не се согласувам само со тоа дека сум му била само за забава затоа што имаше направено многу работи за мене, секогаш беше тука кога ми беше потребен, секогаш можев да сметам на него, за ништо ме немаше одбиено доколку побарав нешто од него, од ништо не ме делеше и излегувања и одмори и седенки со друштво. Имавме и мали караници но не ништо сериозно, бев задоволна од неговото однесување што го имаше спрема мене, немав никаква замерка. И затоа мислам дека ако му бев само за забава немаше да се труди толку многу околу врската, ќе му беше сеедно дали е со мене или не а тој сакаше да поминува време со мене, не поминуваше ден а да не ме побара да се слушнеме да ме праша како сум. Значи воопшто не се чуствував запоставено од негова страна. Затоа и бев толку разочарана и збунета кога ги видов тие разговори. За се друго си во право и ти благодарам за советот
Значи вакаа, почнав врска пред точно два месеца со дечко што ми беше симп подолго време...Првиот месец се беше најубаво ама бевме на распуст и бевме секоја вечер заедно. Сега тој е во Скопје на факлутет,а јас во Штип и се гледаме само за викенд кога се враќаме дома. Меѓутоа го чувствувам доста сменет. На телефон ме бара само наутро кога стане,а подоцна го нема цел ден ако јас самата не му звонам. Или ке ми се јави касно навечер и само ќе ме праша кај си цел ден, а сам не ме бара... незнам што е и ми е страв дека почнува да се „лади“. При една кавга пред недела дена ми кажа дека чувствата веќе не се исти и јас тргнав да си одам, ме сопре и ми кажа дека не сака да раскинеме и ке проба да биде како на почетокот :/ Збунета сум цела нз шо да правам!
се согласувам потполно не е едноставна работа да се прости можам да замислам flower како си се чуствувала и како ти е сега како некој да те убил,човекот со кој си била толку време за тебе е тотален странец а да не спомнувам за понижењето,би требало добро да размислиш дали да му простиш воопшто зошто? Flower тој не направи голема грешка тој направи ГОЛЕМИ ГРЕШКИ не си пишувал само со една и само еднаш тоа имај го на памет дали уште еднаш ќе му веруваш на овај човек?дали заслужва да му веруваш?треба да се страми од тоа што го направи а не да се оправдува нема за ова оправдување, дај си повеќе време на самата себе не обрнувај внимание на неговите повици и пораки мислам дека заслужва да се ака од земја така?и што е најважно не верувај во неговите зборови барем не сега и не додека не размислиш дали вистински сакаш да продолжиш со овај човек и да му дадеш уште една шанса ти посакувам све најдобро...
Да се одржува врска на далечина е многу тешко но не и невозможно. Промените во односот се нормални - во првите месеци се формира јадрото на врската, така да секој ќе се труди да прави онака како што смета дека е најдобро, да не речам како му одговара. И не се базирајте на тоа кој кога на кого му се јавил. Имаш желба да го чуеш? јави му се, и неколку пати ако ти се сака, нека те запознае онкава каква што си, и нека го знае твојот вистински интерес за него. Кажи му го и нему истото, нема потреба да се докажувате кој е пофраер - така немате иднина. Не раскинувајте, ако мене ме прашаш.Биди своја и верна,и со полно право ќе можеш да го очекуваш истото од другата страна. Со среќа, се надевам дека на повидок е еднаубава љубовна приказна
Во право си Миме, баш како странец го осеќам а тоа и му го кажав и него дека таму видов друг човек, човек што не го познавам. А за понижување да не правам ни муабет. Го сакав, го почитував, бев искрена со него а тој на таков начин да ми врати. И јас имам гордост и достоинство и нема да ги погазам за човек што не ме почитува. Сега не можам да преминам преку тие негови грешки, ќе те послушам и нема да одговарам на неговите повици, ќе пробам да се дистанцирам малце. Ќе ми биде тешко но ќе преживеам. А него нека го гризе совеста, ако воопшто ја има Ти благодарам за мислењето
Со дечко ми се ни е многу убаво, совршено се сложуваме, ептен ептен најубаво ни е. Ама, еднаш му имам речено да се ставиме во врска на фејзбук тој ми рече Ааа нее, еднаш се имам ставено со една и си имав проблеми и јас му реков Не планираш со мене да се ставиш? и тој ми рече Не бе, кога сакаш, ама понатака. А од тогаш помина 1 месец и еве ми нема речено. Незнам што е проблемот, а ме мачи ова многу. Хеллп..
Ако ви е се најубаво во врската, нема зошто да се вознемируваш поради еден фејсбук. Па зошто мора да сте во врска таму? Вие си знаете дека сте во врска, и убаво ви е.. Не си создавај само проблеми за џабе. Тој си има причина можеби што не сака, и треба да го почитуваш тоа. А ако те мачи тоа најдобро ќе е да зборуваш со него и искрено да му кажеш, така ќе ти е полесно.
Апсолутно се слагам со Батерфлај,не е фејзбук никаква гаранција за добра врска,поголема верност поточно само жива глупост. Пробај да го сватиш,според мене најголемите проблеми во врската се заради фејсбук,ако веќе толку ти е битно направете еден здрав муабет,за да ти ги каже причини зашто несака.Во секој случај не се вознемирувај не е потребно