Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мислам дека сепак зависи од возраста и должината на врската. Незнам колку години имате, но ако сте повозрасни, а сте тазе во врска (месец, два) мене сосема ми е нормално да не се ставате на фб во врска. Се и сешто може да се случи, сеуште не се знаете добро, зошто сите пријатели да знаат како ви оди, па ете прекинало, па пак почнало, па светкаат статуси кај вас сингл, рилешеншип, сингл, па компликејтед, мислам глупости. Кај мене лично тој дел од профилот е скриен, никој да не може да го види, си имам другарки кои им е грижа, прашале и знаат со кого сум, што има рандом пријатели од средно да знаат каков ми е љубовниот живот.
     
    На AlicaInWonderland и AlanisM им се допаѓа ова.
  2. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Неможам да ве разберам . Зошто е потребно да се ставиш во врска на фејсбук ?? Да видиш колку ве лајкуваат , на колку им се допаѓа тоа ? ц ц
     
  3. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Како што рече MalataNеna, баш ќе го прашам зошто не сака, и нема да се замарам за тоа.

    Инаку, јас сум 14 он е 16, и во врска сме од 1 јануари :)
     
  4. profesional10

    profesional10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Јас имам 16 год. а досега не сум имал девојка. Чекам и чекам и ништо не се случува. Не знам што да правам. Па ако може некој да ми помогне? Дали е проблем во мене? По малку сум стегнат и срамежлив. Инаку, мислам дека сум интелигентен, т.е. може да зборувам на повеќе теми. Благодарам!
     
  5. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Проблемот е во тоа што си стегнат и срамежлив. Опушти се, ние девојките сакаме забавни и интересни момчиња. :)
    Среќно! :*
     
  6. edendvatri

    edendvatri Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    Мојата љубов од две години денес престанал да ме љуби (100%) и сега само ме сака (50%). дали наеднаш или од пред некое време незнам а и немам намера да се занимавам со историја. Битно ми е следното. Ме остави на пауза, ми кажа дека не ме гледа како порано туку повеке гледал на мене како другарка. ме сакал ама дрн мрн. Како да направиш човек на кој што имаш му дадено веке се да те сака пак. Ми вели јави ми се. Ако не му се јавам ке си помисли дека се согласувам со разделбата ако му се јавувам значи не му давам време да размисли. Ако го оставам тој сам да ми се јави одговор нема никојпат да чујам а тоа нема да значи дека решил нешто туку едноставно имал друга работа. Барам некој повозрасен да ми даде совет затоа што се знам себеси ми се има случено и претходно - кога љубам некој господ да ми излезе пред мене нема да го видам. Читајки го ова што го настискав тука нема ни што да се советува ама ја ценам личноста што ке ми придаде внимание. Благодарам
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.256
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    Ме интересира математичката равенка чисто за да знам до каде сум,на колку посто.
    Ок,поарно ти е да се согласиш со одлуката,да скратиш на време патња, да се помириш, да убрзаш процеси и да си фатиш нов дечко. Симпл ес дет.
    Ако некој греши повеќе пати со ист исход,до него е.
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    Девојче, СЕКОЈ МОЖЕ ДА ТЕ САКА. Знаеш зашто? Зашто ти можеш да си интересна, паметна, друштвена, љубезна, солидарна и секогаш позитивна девојка. :) Тоа секој го бара. Кога ке го дадеш тоа максимално од себе, не само дечко и пријателите секогаш ке те сакаат. Ако не те сака 100% шутни го ! Има кој ке те сака 439805860589%. Главата горе и воопшто не му ја мисли. Сакај се пред се ТИ, самата себеси. А потоа сите ке те сакаат :*
     
  9. Bajadreka

    Bajadreka Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    Душо ке најдеш некој кој ке те сака не заборавај дај си време на самата себе. Јас еве ем го сакам ем ме сака па не сме заедно не раделија верувај повке е боли други да ве разделат. Не заборавај Господ е со тебе секогаш, мене ме разделија само заради верата (различна вера сме) дај си време ке бидеш пак срекна. Секое лошо за добро е, што и да е ке помине. :) Обвинувај го него постои некој друг кој ке те сака повеке и од него.
     
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    Знам дека две години се многу, но очигледно дека му е здосадено. Остај го нека олади, не му се јавувај без разлика и да ти вика дека се согласуваш со разделбата. Ако најозбилно му значиш ќе те побара он самиот, но ако не те сака повеќе верувај дека оваа пауза е само колку да најде начин да ти раскине.
     
  11. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    И самиот ти кажал,те гледа како другарка.Ти кажал пауза,а сака да каже крај.
    Мислам што не ти е јасно?!Не си губи време и живци и солзи по некој кој те гледа само како другарка.
    За тоа време можеш да прошеташ,да се опуштиш и као случајно да запознаеш нови лица..Животот да ти стане поинтересен и позабавен.
     
  12. Bajadreka

    Bajadreka Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Постои ли некој кој мене ме сака.

    Јас сум многу добар математичар, тоа е мојот омилен предмет од средно па се до ден денес. Некои работи не се решаваат со математички равенки, проценти, во животов не постојат x и y да беше така се ке беше лесно се ке се пресметуваше. Дозволи времето да покаже се. :)
    Ти помогнааа ли советиве, слободно пиши ке ти помогнеме. Има и полоши работи од ова верувај...
     
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас најискрено по ова што си го пишала мислам дека или човекот запознал некоја друга па сака да се оддалечи од тебе,или не те сакал толку многу колку што кажувал.
    Мислам дека треба да се согласиш на разделба и да почнеш да го живееш животот,да шеташ...итн.А ако навистина те сакал верувај сам ќе ти се врати,Ќе почувствува колку му фалиш и ќе те побара.Ако не ќе си најдеш некој што ќе те цени.Секој си има своја судбина. :)
     
  14. Bajadreka

    Bajadreka Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Дефинитивно не дозволувај да бидеш нечија играчка, ке те сака и цени и некој друг.
     
  15. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Точно edendvatri, незнам што би те советувала.
    Таа пауза мене ми мириса на крај.
    Ама и ти пак,како може да не те интересира историја? Зарем не те интересира што е причината што веќе не те сакал, ама дури сега одлучува тоа да ти го каже? Јави му се да се видите и прашај го од кога те гледа како другарка, зошто воопшто останувал со тебе во врска ако те гледал само како другарка? И кажи му да се одлучи : му значиш како другарка или те сака?!
    Најпрвин треба да ги расчистите сите мистерии а после да мислиш за разделби.
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Не му се јавувај. Ако те сака, сам ќе ти се јави.Во спротивно, не го троши времето воопшто на него.
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Мислам дека треба да ја почитуваш неговата одлука, без разлика колку е тешко. Треба да се бориме за тие што ги сакаме и да не се откажуваме, но кога гледаш дека другата страна нема ни малку надеж и се откажува, нема зошто и ти да се бориш.
    Велиш дека ако ти не му се јавиш, тој па ич нема да ти се јави. Од каде знаеш? Тој можеби донел одлука да не е повеќе со тебе, но можеби ќе си го промени мислењето.
    На тебе останува да се насмевнеш и да му покажеш дека нема цел живот да го чекаш. Тој тебе ти рекол дека сака пауза, но животот не може да го стави на пауза, тој си тече. Не можеш ти него да го чекаш цел живот..
    Најдобро е да пробаш да продолжиш напред. Не му се јавувај можеби тој ќе ти се јави, а ако не ти се јави значи не се предомислил и одлуката што ја донел е конечна.
     
  18. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Со дечко ми сме заедно година и неколку месеци, стварно го сакам ...Љубоморен е на пр ако правам со др машки муабет и знае каде е границата.. има едно девојче што се вика права курва, му имам кажано дела многу ми смета и неколку пати ми има речено демек и се скараф и стално испадвит другиот ден повторно со неа муабет да прави.Вчера пак му реков дека ми сметат и ми рече последен пат е ова да ми се укажит шанса да најдам причина и ќе и се скарам а знам и дека овај пак ќе биде како порано.А не знам ни зошто бара причина по мое ако веќе му е гајле како ми е мене досега ќе и се имаше скарано... Може совет не знам ни како да постапан ни што да мислам.Ми треба и туѓо мислење.. Благодарам однапред :)
     
  19. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    Не знам од каде да почнам уфф :headbang: еве вака имам 3 годишна врска заедно живееме 2 години сите ми зборат за брак а јас си ќутам незнам што да им одговорам не сум сигурна дали сум спремна за тој чекор
    :?: :?: мислам сакам деца да имам што поскоро па зашто да не.Но проблемот е тоа што дечко ми кога и да му спомнам менува тема ја напушта собата и слично но се изнервирав и го седнав на муабет но не беше расположен за разговор на таа тема го испровоцирав и на крај ми рече сега не ми е време за тоа понатаму ...ме остави без зборови кога понатаму??? има 30 години на 40 ли мисли деца да прави не знам што да правам во последно време нон стоп се караме за глупости преку глава ми е ми иде на нерви понекогаш се прашувам колку и дали го сакам, понекогаш мислам дека не сме еден за друг не знам што да правам полудев више не знам на кој начин да дознаам колку му значам се двоумам не знам што понатаму ...

    текстов требаше да го крстам Не знам поради неговата честа употреба :lol:
     
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    девојки јас сум нова и ми треба ваш совет.вака запознав дечко кој многу ми се допадна.излеговме неколку пати и јас мислев дека тој има сериозни намери со мене.но не испадна така.една вечер ме повика да разговараме и ми рече да не очекувам ништо од него дека тој не е за врска,не се заљубува и не сака да се обврзува бидејќи ќе оди во америка.сето тоа ме повреди но по еден месец завршив кај него во стан.знам дека сето тоа беше грешка,ама чувства не можев против нив.во тој период имав дечко и тој дозна дека го изневерив и раскинавме.тоа беше очекувано бидејќи не го сакав и не ми е криво.буквално го изневерував пред неговите очи.знаев дека со тој што го сакам немам иднина бидејќи не ме сака.тој ќе биде во америка а за неколку месеци јас заминувам на студии во москва.нема да го видам многу време можеби години се во прашање а тоа ме боли.не знам што повеќе ме повредува тоа што нема да го видам повеќе или тоа што не ме сака.другите ми велат дека сум емоционално созреана личност дека во животот сум презела важни чекори невообичаени за личност на моја возраст но јас не се чувствувам така.мислам дека животот ми го креира тој кретен и да ми каже само збор би оставила се и би тргнала по него.што да правам чувства не можам против нив.понекогаш се чувствувам толку очајно и бескорисно.иако ја знам вистината не можам да се помирам.ве молам за совет