Aбе во ред е што си премногу заљубена, ама мн мн не му го покажувај тоа , мислам не му ги покажувај мн емоциите. Едноставно биди сосема ок, нормална кон него, ке осети и он, без гајле Само не биди нападна
Ајде сега вака ... се запознав со еден преку фејсбук (типично за повеќето нас нели?) и разговаравме ... тоа се случи пред 5 месеци и сеуште зборуваме ... повеќе пати се имаме видено на искачање бидејќи се движиме со скоро истите луѓе и сега типот е како заљубен во мене и мене не ми е сеедно има нешто и кај мене ... одамна ме вика да излеземе и ете пред некој ден излеговме и требаше да се случи нешто но јас го избегнав не знам испаничив во момент и сега е како зошто така постапи,зарем и ти не сакаш да се случи нешто меѓу нас,да бидеме заедно конечно ... а од друга страна на моја другарка и вика тој не е заљубен во мене дека јас треба да се потрудам да направам нешто за тие чуства да се засилат кај него ... не знам ... ете очајна сум и не знам што да правам,ситуацијата ви ја опишав во најкратки црти ете ако можете помагајте фала однапред
Што Вие би направиле на мое место ? Па вака девојки..со мувачов мој се муваме веќе втор месец ни е, не е се така сјајно да речам ама коа ќе се видиме има слатки моменти поминати со него итака нтаму. досеа не ми рекол ни едно те сакам:Z се гледаме често...последниве денови само оваа недела и минатата како послабо:Z со празнициве и така натаму..сеаа дознав нешто од братучеда ми,ми кажа таа дека тој си пишувал со некоја нејзина блиска другарка,баткиве дури и броеви си размениле сакале да се видатпаа дури овој мојов ја поканил и вкафана ама ата одбила да оди со него:Z имам верба во братучеда ми ова се е вистина дури и разговорот го имам што си пишувале тие двајца:Z како не му е срам..знам дека сме во врска без обврска поточно ка=ано мување,ама сепак не значи дека тој треба да си зема толку слободаа дури и за вакви работи:а и на почетокот самиот ми рече дека лошо ќе биде ако го изневерам,а сеа како испадна работава?глупак-.- а јас сакај го уште.. шти мислите што да направам сеа,да продолжам со него да му ги видам плановите со мене како му се правејќи се на удрена цело време или директно да му раскинам? ваше мислење за целава ситуација барам..
Што Вие би направиле на мое место ? Раскинување?Па вие не сте ни во врска за да му раскинеш,тоа е само обично мување,и ти сама кажа...нешто како open relationship му доага ова.Немаш право да се буниш ни да му забрануваш.Да беше нешто озбилно ај,ке те разберев. Ако па не ти се допага,откачи го и секој по свој пат.
Што Вие би направиле на мое место ? ама сепак сме на мување ама работава значи ја гледам и посериозно двјацата да речам..да премине наскоро во врска разбирааш? тој и самиот рече дека е рано за врска ама можда ќе бидне..а овие работиу не би ги дозволила да се гледа со други дури е со мене ! сепак и ова е некој вид врска и ТОЈ НЕМА ПРАВО ТОЛКУ ДА СЕ ОПУШТА !
Што Вие би направиле на мое место ? Започнете официјално во врска па тогаш му ја мисли.Може ти мислиш дека не треба да се опушта но тој не мисли така. Тогаш кажи му,разгледајте ја ситуацијата и двајцата и одлучете.Ама мислам дека сепак немаш право. Со срека
Што Вие би направиле на мое место ? и што ко вака испаѓа јас како играчка да му сум..ова мувањево просто неможам да го сфатам некогаш:Z ние сме на мување амаа мување кое би требало во врска да прерасне без изневерување! и тој самиот така ми рече мене дека лошо ќе биде ако сум го изневерила јас..но во сличајов тој обратното го правiтака да мислам дека не си целосно во право дека тој треба да се опушта по многу ..
Па штом не е прераснало во врска и штом почнал да се додворува на друѓи очигледно дека со тебе несака ништо да има. И самата кажа не сте во врска само муање и секој си има право да си прави што сака...
Не можеш да му раскинеш зошто уствари и не сте во врска. И немаш право да се лутиш, да, што сака може да си прави, не треба да му е срам, затоа што само се мувате. Разбирам дека си заљубена и љубоморна си зошто пишува со други, ама кога си прифатила само да се мувате требало да си свесна дека вака ќе биде. Ако си мислела дека нема да можеш, не требало ни да се нафаќаш! Инаку дечково има право што сака да прави и колку сака слобода да си зема. Секако и ти имаш право на истото. Ако некогаш биднете во врска никако не треба да се дозволи ова, ама сега...смее
Aко ти смета тоа што би се гледал со други а во исто време и со тебе, тогаш немој да продолжуваш со него бидејќи уште повеќе ке го засакаш и после ке ти биде многу потешко да се помириш со фактот дека не си му единствена..Затоа ако ти планираш нешто посериозно со него, пример врска, тој очигледно НЕ сака..мој совет е да престанеш да се муваш со него додека уште не е касно..
Чоек да се разбереме. Ти можеш работава и ко брак да ја гледаш ама не е така. На мување сте. Не сте у врска па да се жалиш зашо не ти кажал дека те сака, зашо разменувал броеви и слично. У ваков статус немаш правила на игра. не сте у врска и може он шо сака да си прави, и со уште 5 да се мува у исто време. А ти како го гледаш тоа мување тоа више твоја ствар. Битен е договорот меѓу вас: На што сте.
Бипшиот мисли дека сакам друг... Јас сеуште го сакам на бипшиот а тој мисли дека сакам друг ве молам дајте ми совет како да му кажам дека сеуште го сакам...
Дечко ми во последно време постојано ми префрла за тоа што сум здебелена, ме тера да идам на фитнес, тоа не знам колку пати до сега ми го има кажано, а добил јасен одговор дека не се замарам со тоа додека имам здравствени проблеми, а во последно време ги имам на претек Дека сум поправена сум, ама не до толку, носам фармерки М а порано носев С, некогаш и ХС зависи..значи не сум ненормално поправена, ама он ми го збори ова постојано, па уште денес ми вика не те сакам вакво дебело А, јас секој втор ден по лекари сум, а тој вака ми збори, ко да толку е битно. Си се дотерувам како секогаш, средена сум, не му искачам со бркови или мрсна коса само ете малце сум поправена. Што му е уствари проблемов
Абе дечко ти има стомак или некој таков недостаток.... јас многу непријатно би се осеќала дечко да ми рече дека треба да ослабам... Мислам дека него му е за јавност да не му рече некој дека си се поправила. А нема ништо лошо во тоа да се поправиш и преслаба да си не чини. Речи му јас ваква сум како што сум тебе ако не ти се допаѓа зошто одиш со мене
Срам да му е. Ако тој те сака ке те сака таква каква што си. Само пази премногу да не се поправиш, зошто дебелината е штетна. Ако ти си се допаѓаш таква ок е, ама пак гледај и да не го загубиш дечко ти. Знаеш дека, за оние што ги сакаме правиме се, па потруди се и ти. Позз
Фала богу дека нема да дозволам да станам ептен дебела ама перидов ми е таков кога приоритет ми е здравјето, не можам јас да си го баталам него и да трчам секој ден на фитнес , за да вежбам на орби трејк
Бог да чува сваштарија..Најди и ти некој недостаток кај него и збори му цело време како не ти се допаѓа па да видам како ќе се осеќа тој, плус кажуваш имаш здраствени проблеми а он те замара со додатни непотребни глупости не си ти негова кукла па да правиш како што сака он
Ова е некој себичњак. Значи прво не почитува тоа што си имаш проблеми и тебе исто така. Значи нема др работа туку се фатил за нешто колку да најде начин да ја расклима врската. Да не случајно му врти паметот кон други? Да не си има слика во главата дека покрај него мора да има згодна тнка риба со грам мозок?! Мислам ништо чудно тоа секој посакува, а дали им шанси е др прича. Ако продолжи така тогаш или врати му со иста мера најди му мана па натурај му ја на секое негово: дебела си ... или пресечи и кажи му ако продолжи така да те малтретира и не почитува, дека ќе превземеш поголем чекор, прекин на врската. Или дистанцирај се од него делувај оладена за да се прашува зошто си таква.
Кажи му на дечко ти дека си се сакаш таква и дека планираш уште толку кг да качиш и дека ако и он не се поправи не планираш да си четкаш заби со него, туку ќе си фатиш маж ко што треба, голем и силен и мекичок (иам само големо стомаче, бившиот ми се смееше за тоа, па му фрлав клетви следната девојка да му биде толку слаба што на која страна и да се сврти кога ќе легнат, само да го боде со коските ) не се замарај, имаш премногу на ум за да уште неговите изјави ги анализираш, во љубовтта се прифаќаме какви и да сме, а тој ако те сака, ќе те сака и кога ќе си дебелка до толку што ќе се тркалаш наместо да одиш и следниот пат ако ти рече исто, кажи му дека и ти не го сакаш кога е таков, идиот.
А, да и да додадам дека ми вели ако на 21 година сум вака "дебела" каква ли ќе бидам понатаму, дека сум млада , дека не треба да се поправам на овие години И на крај кога ќе му преречам зашто ми збори така, ми вели дека тоа е за мое добро, да сум била здрава А моите здравствени проблеми се од сосема друга природа, немаат ни најмала допирна точка со накачениве килца