А можеби и не е ништо сериозно но сака да бидеш како порано. Знаеш мажите многу се плашат од тој наш балкански менталитет дека во подолгите врски и подоцна во брак жената почнува да се запоставува па тој несака да дојде до тоа и да си ја уништиш фигурата која нему му се допаднала. НО приоритет треба да му биде твоето здравје, прво да си здрава ти па после лесно можеш да си се вратиш назад на претходната линија. Седни го и објасни му, кажи му дека тоа те повредува, и прашај го што му е побитно твоето здравје или твојата линија Од одговорот ќе знаеш како да постапиш понатаму.
Му се увртело нему нешто во главата во последно време, фитнеси, здрав живот, само вежба, гладува што се вели за да не пуштел стомак и ајде мене почна да ме мрцвари со тоа Па уште кога ќе види некоја слаба и ќе ми рече види види, а твоето газе колкаво е тогаш ми навираат солзи во очите
Те разбирам но ако твојот изглед му е поважен од твоето здравје тогаш тој не е за тебе, многу површно гледа, не е се во слаби нозе и мало газе немораш да трпиш вакви работи, закани му се на крај краева, да не се гледате додека ти не си го поправиш здравјето, а потоа и линијата, па после е прашање дали тој тебе ќе може да ти парира во изгледот
Значи немој се` да си земаш при срце и да се јадосуваш....ете и самата кажуваш дека му се увртело нешто во главата па сега и тебе со истото те замара. Објасни му убаво дека едноставно сега не те интересира здрава храна или гладување затоа што имаш здраствени проблеми и дека тогаш кога ќе сметаш дека е потрбно ќе си ја вратиш килажата ама ако, и само ако ТИ така сакаш. Друго, застани пред огледало и погледни се, ама убаво и размисли си дали самата си се допаѓаш во моментов онака како што изгледаш....ако и ти сматаш дека треба да симнеш некое килце тогаш речи му дека свесна си и самата дека моментално имаш проблем со тежината и дека не мора нон стоп да те дави со едни исти муабети, дека она што ти го кажува те повредува и дека би било подобро да мисли што и како ќе каже, затоа што има работи и кај него кои и на тебе не ти се допаѓаат па не го замараш (како на пр. ете тоа што гладувал). Меѓутоа ако сметаш дека вака со некое килце плус си поубава тогаш и тоа кажи му го, дека си се допаѓаш таква каква што си сега и дека ако сака девојки со мали газиња слободно нека оди да си бара, а твоето газе ќе си најде некој друг Самодовербата е многу битна, треба да му ставиш на знаење на дечко ти дека нема право да те навредува и дека ако има нешто да ти каже што му смета кај тебе тоа да го прави малку на посуптилен начин. Научи цело време да бидеш со крената глава, цени се и ќе те ценат, а ако не....па не е ни прв ни последен, има и други риби во морето. Спојлер Еве јас во овие 8 год. колку што сме заедно (и во врска и брак) имам многу варирано со килажата, па никогаш не ми рекол да ослабам или да се здебелам...уствари не смеел....после првото породување га*ов ми беше како трокрилен шифуњер и мм ми викаше- е мацикоооо, жваче дупе гаче .....еднаш, два пати, три пати, четири пати....ај се смешкав и си молчев...ама еднаш ми пукна филмот и му реков-ако, ако само ти смеј се, за некој месец ја пак ќе бидам манекенка, ама ти ќе си останеш сељак ....и толку му беше. Сега пак сум здбелена (цели 10 кг.) и не поминал ден да не ми каже колку сум убава (а знам каква сум )
Па ти девојко си олку нестабилна на 20 години? Прости но тука не ми штима нешто -.- Туку ако сте само на мување и не сте разговарале што понатаму со вас, нормално е и тој а и ти да имаш друг/а. Јас искрено до сеа не сум накапила на таков случај, каде што сум се мувала со некој а он одел и со друга и со трета... Ама ова ми е нормално. Јас да сум на твое место „Чао, пријатно брату!“ и не коментирам веќе на таа тема. Ако го видам на пат ќе му речам едно „Здраво“ од општа култура и ако ме праша дали сум добра ќе одговорам „Многу добра, фала на прашање.“ И то е то...
Анастасијаки, ќе превртуваш очи додека го читаш мојот пост, зашто ќе бидам многу искрена, а тебе нема да ти се свиѓа, но кога веќе јавно го поставуваш проблемов, ќе си земам за право. Претпоставувам дека проблемов не го сфаќаш толку сериозно и си мислиш дека со разговор ќе се среди. Не викам дека не е можно, но прашањето е зашто воопшто да имате ваква тема на разговор Однесувањево му е толку просто, да не знам ни со зборови да го опишам Не ми е навистина јасно како после толку години врска, прво воопшто коментира ваква работа додека имаш здравствени проблеми, а второ како не знае да одбере со кои зборови тоа ќе го каже. Не помислил како ти ќе се осеќаш, како тоа ќе влијае на твојата самодоверба или побитно е ти да бидеш слаба Сигурна сум дека сега кога треба да се видите се туфкаш пред плакар и пробуваш сто комбинации за да видиш во која изгледаш најслабо, а кога имате секс цело време мислиш на тоа како изгледаш. И во таква ситуација не те довел било кој, туку дечко ти. Веќе и сум сигурна дека имаш намалена самодоверба, а на сите ни е јасно колку е та битна и колку е тешко да си ја повратиш. На твое место, јас многу би размислила околу врската, а посебно околу вашата веридба која што ако не грешам скоро треба да се случи, особено кога заедно со ова ќе го земеме и предвид неговото претходно однесување.
Ми треба совет подхитно :'( lle lujgee dosea bev so muvacot nadvor ima mnogu specifichen karakter,se odnesuva ladnokrvno sekogash veli dweka bil vo pravo i toa go potvrduvaat postapkite no imav necelosna doverba vo negoii prosto se zdrviv nemozev da izdrzam ne znaev shto da kazam:Z i mi veli deka ponatamu se ke zavisi od mene..i mu velam te rpasuvam na shto sme dali ke bide kako porano sho beshe? mi veli mozda da ke bidi ..i ajde sea prijatno i si zmaina bez pozdrav:Z ne sakase da se pozdravi:Z ii seaaa ne znam shto da pravam sramezliva sum se nerviram mi ide da se otepam ii sea mi sitgnuva poraka na mobilen t.e na da to so bevme porano se nadevam deka ce bidi se nadevam ako sakas javi se .. e vaka shto mislite za situacijava ??:'(
Ми треба совет подхитно :'( Aнгелче што било порано? Jас колку што се сеќавам еднаш пиша ти за мувачот ? што сакаш да биде со него?
Има едно дете оно ме ска мене ама јас не го сакам него и сега незнам како да му го кажам тоа а да не го повредам.Еднаш пробав на шега ама не ми успеа свати го како виц(затоа што стално се шегувам). Ве молам кажете ми како да му кажам однапред благодарам!
Ми треба совет подхитно :'( па мислев на тоа досеа што бевме,на мувањето.. иначе тој цело време се уфрлува на мене демек нема доверба во мене,знали и сам призна дека воопшто немал доверба во мене(а сепак заедно си бевме) .. јас незнаев просто што да речам..му реков дека му верувам него ии дека немора да се труди да ми дава пасворди од фејсбук за да се уверувам,реков дека не е потребно..(а за време на разговорот воедно и пасворд ми даде ама не го сослушав за тоа).. и ми вели цело вреем за бадијала дошол,бил будала не знам шо....и на телефон после ми вели дека имал некои и лкоши зборови кои немало да ги каже оти лошо ќе бидело..му велам ајде кажи..ми вели не не..добро добор викам,задржи ги за тебе... всушност до сето ова дојде одкако се разделивме од излевање,на зафрканција му реков дека е пијан..а тој тоа го сфати сериозно и се налути и никако не сака да го прифати извинувањето..му велев дека не треба да се лути за една заебанција и да ми прости..но никако не сакаше и потоа се наведе разговорот да го викнам кај мене пак да се видиме и горе наведениот муабет што беше
Паааа можеш едноставно да му кажеш дека ти се допаѓа некое друго момче. Речи му дека имаш дечко или мувач, речи му дека ќе се мажиш, ехеее многу изговори има, а тој секако дека ќе биде повреден само ти одбери нешто што ќе е убедливо за да не се надева дека ќе има нешто со тебе
Знам дека ке ме осудите,знам...и дека ке ме критикувате.Ама веста дека тој се верил ме погоди...Ах бе луге,како ке продолжам понатаму?Ми беше најголема љубов,се трудев да го преболам а сега ова ми падна многу тешко. Како да продолжам?Како Сега најмалку ми се потребни критики туку совет како да продолжам понатаму. Се трудев,пробав со друг,прекинав контакт со него и сега ми падна тешко.Не ми е сеедно.
Душо нормално е да не ти е сеедно. Па луѓе све, вакви или такви сите сме од крв и месо, а помеѓу богами и срце имаме. И сакале или не некаде длабоко сите се надеваме дека нештата кои ги посакуваме ќе ни се вратат или ќе и добиеме. Нормално е и сега да се надеваш дека можеби и еден ден ќе раскине брак или свршувашка и дека ќе сте заедно пак. Се е тоа човечки. Но, верувам дека разумот во тебе ќе знае дека шансите се речиси еднакви на нула и дека животот продолжува. И колку и да и се чини неверојано, верувај ми еден ден ќе се сетиш дека веќе одамна си го преболел. Тој ден спомените ќе ти измамат слатка насмевка, но пеперутките нема да заиграат!!
Ама се трудев и не верував дека ке испадне вака,љубовта и не е толку силна како порано ама сепак ми падна тешко.Еве покрај мене има други кои сакаат да бидат со мене ама мислам дека ке пукнам
многу пати работите ни се чинат такви како што навистина НЕсе затоа што премноу размислуваме и самите посакубаме да е така. Ти не си дозболуваш на себе си да уживаш во животот и да пробаш со друг. Можеби тие друите се токму оние вистинските. Можеби имаат толку љубов што ќе ти ја пружат само ако им дозволиш. Ослободи го умот. Самата натерај се да мислиш дека тој не е за тебе. Набрзо тоа и ќе се случи. незнам зошто ама верувам дека многу работи се должат или се последица на нашето размислување.
Најголемиот грев што може да го направи машко во врска со девојка е да и каже дека е дебела! Значи поголема навреда од тоа нема!! Девојката секогаш е сама свесна за тоа, нема потреба други да и кажуваат, а најмалце дечко. Анастасија, кога ќе настојува на секс кажи му дека еве сега пошто си качила некое килце, не ти е пријатно да имате затоа што знаеш дека не му се допаѓа тоето тело вакво, па ќе имате кога ќе ослабнеш Знам дека е без везе и детско ама не дозволувај да ти се куропеца и да ти дели вакви недолични изјави уште кога имаш здравствени проблеми. Ако му е поважно да си слаба, него здрава тури му пепел. И искрено мислам дека некој го подбуцнал демек ауу се здебелила малце девојка ти ау вау, па сега те замара. Како и да е глеј си здравје, не му се замарај ама ич.
Да ти каже тебе нешто една женска која во животов најмало бројче што го носела било растегливо М или нерастегливо Л. Ако некој е со тебе во озбилна врска, а како што те читав, речиси и пред брак, најмалку важно ќе му биде како изгледаш. Точно дека на почетокот треба да го привлечеш физички, нели, ау уа, миничи, фустанчиња, нози покажување, едно друго... Точно е дека не треба да ја загубите привлечноста еден спрема друг, нели, да не се запуштите како што многу прават. Под тоа подразбирам основна хигиена, ама не и тежина! Ама кога со некој планираш да го поминеш остатокот од животот, наредните 30, 40 години, па здравје и повеќе, изгледот ти е на последно место, посебно дали некој се здебелил 5-6 килограми или максимум 10. Па што? Ами ако имаш некој ден, еве пу пу, ризична бременост и останеш во кревет 9 месеца, се здебелиш 40 килограми (и тоа се случува, живот е ова) што, ќе те остави со бебето? Зошто, зашто си морала да останеш и да мируваш. Оти и тоа е здравствен проблем, исто како што имаш и ти сега здравствен проблем. Ако не покажува разбирање сега, зошто би покажал тогаш? Пази, си отишла од С на М. Е многу. Знаеш, сите дечковци со кои сум била во животов, НИЕДНАШ, ама значи НИЕДНАШ не ми пререкле за тежината. Сум имала озбилна врска со 99кг, и сум се шлаела наоколу со 75кг, и НИКОЈ не ми рекол ништо. Јас сум си многу искрена за тие работи, си имам проблеми со здравје поради кои потешко ми оди слабеење, а мајке ми, побрзо дебелеење и тоа е тоа. Свесна сум како изгледам, но еј, не сум јас само сало кое оди. Си имам добро IQ, си имам убава коса, чисто лице, веѓи по моја мерка, убаво се смеам, се облекувам и се средувам тамански, пристојно познавање на некои општи работи, другарки, друштво, испаѓање, дискотеки, дрн дрн... си имам се што има и некоја слаба девојка. Самодоверба бе девојко, ти ако не се цениш, нема никој. А ако некој не е со мене само ради пар масни клетки околу стомакот , тогаш тој губи, не јас.