Нормално дека е нефер спрема нив . но незнам што се случува меѓу нас двајца. Дали е ова љубов . И тоа шо викате сепак имам 16 години . али за него бев спремна се да направам . и сеуште сум . А секако дека чуствуваме нешто еден за друг али сакаме се да избришеме и се да скокнеме како ништо да не било меѓу нас .
Многу ми е тешко.. Одам со дечкоми 2 год веке.. го сакав кога се фативне, но со текот на времето тоа избледе, не чувствувам дека го сакам. Имаме поминато многу заедно, имаме делено се.. нормално како и многу други останати двојки.. Јас повеке не го сакам, ама не можам да му раскинам. Пробав два пати до сега и не ми оди.. Еднаш му кажав ама баш се како се чувствувам и плачеше, ме изненади со неговото однеување шо ке си направел ако ме изгубел, ова она.. не можев само го гушнав и му кажав дека го сакам. Сега ми е уште потешко така е веке 5 месеци незнам и јас како издржувам, но грев ми е, сега баш се нага во тешка ситуација и стварно не ми е се едно.. Најмногу ме боли шо и тој гледа дека не е тоа шо беше и моето однесување не е исто, а сето тоа го игнорира се прави дека ништо не збележува.. Пошо од септември нели ке почнам на факс во друг град и си викав ке издржам до тогаш, а после времето ке си го направи своето.. И сеа ми кажува дека нашол работа токму таму, да бидеме блиску,да си се гледаме.. Кога го слушнав тоа ми се стемни, сите филмови ми се срушија и му реков само ајде утре ке правиме муабет.. Незнам шо да правам нејкам да го повредам, ама не го ни сакам.. тешко му е сега и нему и знам дека му треба некој да го подржува ама јас тоа не го можам.. незнам што да правам.. ?
^Па нема што друго да правиш освен да му раскинеш. И он заслужува некој навистина да го сака, да не биде со него само од сожалување. Така и ќе му направиш услуга. Ќе го боли многу, ама ќе му помине со текот на времето. Вака никаде нема да стасате, ти по некое време ќе развиеш чувства сосема спротивни од љубовта, сожалувањето ќе премине во огорченост и ќе стане уште полошо. Подобро се убаво објасни му, дека веќе не е исто и дека и он заслужува подобро.
Се ближи матурата сите се возбудени и радосни само јас не сакам да дојде заради една и единствена причина... партнерот. Се беше добро кога пред неколку месеци ме побара да му бидам партнерка ама овие последните два заприметив дека му се допаѓам и тоа не малце Многу ми е непријатно и глупаво да ме симпатизира некој од мојот клас. Сега сакам да му го откажам партнерстовото ама не знам како. Ако има некоја идеја слободно нека ми каже. Ме загрижува тоа што некои од соучениците почнаа да заприметуваат. Зарем од толку девојки мене најде
лелеее девојко знаеш ли што имаш кај себе?? секоја девојка би дала се да има машко кое искрено ја сака.. нашол и работа за да бидете блиски,плачел за тебе вака првин размисли ти за себе во врска со него..дека немаш причина да не го сакаш.. помисли како ви беше на почеток и се тоа...помисли баво што ке биде со тебе покасно,на каков ке налеташ и сето тоа... после тоа разислувајне кажиму дека не сакаш да си со неге или нека ти даде малце време а после тоа ке си дојде своето и ке кажиш дека поубаво ти е така.дека нема нишшто ккако порано што ви беше... али сепак размисли убаво оти верувај си имала нешто преубаво кај тебе,што тешко се најдува таа лјубов днес..поз
Не би била ни минута со некој кој што би ме споредил со друга,особено заради килажа Во мојата врска а сега и брак,ниту еднаш не ме споредил со друга,ниту еднаш не ми рекол-види се ти,види ја оваа ....Секогаш сум имала комплименти од него,бев и јас со покачена килажа,т.е.од 48 кг се поправив едно 10-12,јас не си се сакав таква,напротив тој велеше дека сум супер.Сега повторно сум на 48 и нон стоп ме тера да јадам и да се поправам.Не сум болно слаба,имам и ци*ки и газе и кукови ,т.е. облини .....Ме сакал и ме сака заради мене а не заради моите кг. Башка што и ти секогаш се трудиш да си средена ,дотерана итн..... Тоа ми се допаѓа,кај секоја жена,а не некои што се напуштаат откако ќе им стават прстен на рака Поентата е како прво да си среден сам за себе,а потоа и за друг. Мојот ме видел во секакви изданија,и пак ме сака,зошто јас сум таа-истата. Немој да се нервираш заради него,зошто не заслужува. Слободно кажи му да си најде манекенка,ќе видиш после како ќе те бара тебе. Но немој ни да трпиш такво нешто од него и да плачеш.Ако ова те повредува,имај малку достоинство и остави го,ако продолжи пак. А Па и да е влезен во филм,незначи дека смее така да ти вели.
си се изнапишав и ми се избриша мислењето да сте во обратна ситуација, ма незнам колку и да е прекрасен, верувај, нема да се мисли ни 2мин, ќе ти раскине. Биди себична, зашто во животот ретко ќе имаш прилика за тоа. Колку повеќе одолговлекуваш толку повеќе ќе го замразуваш. Сум го поминала истото, и мене ми плачеше сега си е среќен со друга, дај му шанса да биде сакан вистински. И дај си шанса себеси да се ослободиш и да си бидеш среќна. Со сила љубов не бива, биди искрена и отворена и силна, зашто секако ќе потклекне пред тебе а и на двајцата ќе ви биде подобро отпосле. И вакви коментари од типот, ваква љубов не се наоѓа не се точни. Ако си искрен со некого и тој ќе биде искрен со тебе и ќе си се сакате. На крајот се зависи од тоа каква личност си ти и каков маж сакаш да имаш покрај себе...сепак нели, сами си ги бираме партнерите
Се согласувам со кравче - проблемот на една, не смее да претставува основа за одлука кај друга персона. Ако некој смета дека таквата „љубов“ и маж мора да се чуваат (затоа што тие имаат несогласувања во својата врска нели), тогаш нека се сменат со другата девојка на 1 месец па ќе видат дека не е се` така розево... И јас сум била во иста ситуација, и јас му раскинав, без разлика што со месеци после тоа се` уште ме напнуваше, ми се појавуваше на работа, дома пред врата, звонење на телефон, молење, колење, желби за самоубиства и слични драми. Јас едноставно ПРЕСТАНАВ да го сакам и со самото тоа престана и постоењето на основата на нашата врска и тоа значеше крај Неговата „љубов“ само ми ја тераше душата во амбис и ме направи да го „мразам“ без посебна причина, едноставно ми сметаше неговото присуство во моја близина. Не можам да кажам дека при носењето на одлуката не помислив и на него, дека подобро ќе му е без мене пошто ќе најде девојка која ќе го сака нели, ама главната причина поради која ја донесов истата бев ЈАС - моите желби, потреби и чувства, без разлика колку тоа себично му звучи на некој.
А може ли љубовта да престане или избледе ако таа е вистинска?според мене НЕ и ферски е да му кажете дека не чуствувате ништо таму некаде секој го чека вистинската љубов спрема мене а вашата не била таа затоа избледила и немало повеќе чуства...
Јас имам еден проблем со мене во врска со дечко ми...Заедно сме долго време, никогаш не ме е излажал, ниту пак изневерил никогаш не сум ни слушнала некој лош муабет за него од типот дека бил со друга ова она...но јас имам некој проблем во главата, цело време ми се врти нешто дека тој сака да биде со друга дека мене не ме сака си мислам дека ке ми се јави да ми каже дека сака да прекинеме и се тоа..незнам зошто е тоа така кога тој никогаш не ми е направил нешто лошо, почнав и да сонувам дека е со други а јас само го гледам од страна...
И јас едно време додека студираше во друг град додека бевме на почеток на врска се си мислев дека можи да е со некоја друга,иако немав причина да верувам во тоа, но тоа ми траеше многу малку,а сега воопшто кога ќе е излезен сам не ни мислам на тоа дали е со друга или не, бидејќи имам безрезервна доверба во него. А,за твојот проблем мислам дека го сакаш премногу и без никаква причина се плашиш да не го изгубиш. И самата кажа дека никогаш не те излажал,ниту изневерил, па нема причина да мислиш на тоа дека ќе те остави за друга. Имај самодоверба во себе, а и него верувај му и не си прави такви непотребни тензии. Се ќе биде ок не се грижи.
леле колку е лошто тоа,знам.. вака разговарај со него за вас двајца,и прашајго некои работи што ти минуват низ глава и кажиму без лаги и се да ти каже... разговараја за тоа и ке се среди...
Сум правела муабет отворено со него за тоа тој секогаш ми вели дека нема никоја друга и се најдобро..ама тоа го мислам затоа што кога ке се скараме тој како да не замара со тоа..незнам како да опишам ама добро несакам да замарам на темава...Фала ви многу
не сакав да бидам погрешно сватена.. само сакав да кажам дека момчето ја сакало многу и дек аона треба да размисли за тоа бидејки и она го сакала..ако воопшто не го сакаше тогаш ке беше друго.. нормално дека треба и двајцата да се сакат тоа да... али он стварно ја сака и она го сакала жошто не повеке? жошто би се сменило тоа? не и дал причина ,да ја лаже и слицно..тоа сакав да кажам.. најдоброто она со знае..
А кој во долга врска не поминал низ таков одвратен период, кога осеќа дека не е заљубен дека заслужува барем малку нова забава, особено ако се работи за помлада личност. Проблемот е што ти фали некој вид на забава. Ќе го сфатиш тоа кога еден ден ќе решиш дека сакаш да се смириш, прв на кој ќе ти текне ќе биде тој. Добриот дечко, кој се правел за тебе. Викаат, не е со кој сакаш да ја поминеш саботната вечер, туку со кој сакаш да го поминеш неделниот ден. А од друга страна, кој ќе ти ја врати младоста? Момци имало и ќе има, ако осеќаш дека не си среќна па макар да е во моментов само, остави го. Јас искрено немам храброст за тоа, затоа што мене повеќе од се ми треба поддршка од некој, а од него ја имам, многу и тоа. И мене некогаш ми е преку глава, сакам нешто ново повозбудливо, но и тоа ново некогаш ќе биде старо и до кога така? Се во животот е навика, па така и врските. Не верувам на она, вистинската љубов не станува навика. Се е навика, само дали ти се допаѓа да си навикнат на тоа или не? Не паѓам на љубовни романи и филмчиња, мене ми треба реалнот. А во мојата реалност, скоро и да не постојат ни приближно совршени парови чија вечна љубов трае, трае, трае засекогаш и тие ни во момент не помислиле дека можат еден без друг, секое утро тој и носи доручек во кревет, а она му ги пере чорапите, затоа што се сакаат. Мојата околина ми налага да верувам во заемни потреби, па дали тоа се вика љубов или чисто ПОТРЕБА, сеедно. Не сакам да ја преувеличувам таа работа.
Prvo zdravo do site vaka imam eden problem na koj moze nekoj ke se smee nekoj ke me sovetuva. idev so deckoto dve godini i nekoj mesec. vrskata na pocetok ja zapocnavme so seks i nisto poveke, ne deka jas ne sakav deckoto ne sakase. po nekolku meseci zapocnavme i vrska. Neznam od koga a mozebi i od samiot pocetok e mn grub sprema mene uporno mi se obraka so kurvo, glupo me butka mi se dere me brka... sto li uste ne. mislev deka me saka no sum se izlazala. jas sum tip koj koga nekoj ke zasaka tesko se razdeluva. epa bas nego mojot bivsi go sakam najmnogu na svet. imam 25 godini i placam i molam da me saka da bide so mene licno nikogas ne mi rekol deka ne me sakas no nitu deka me saka sekoj vtor den se karame i raskinuvame pa prodolzuvame i se taka do denes. pobarav da odime na kafe i me odbi taka pocna kavgata kade mi iznakaza se i duri i deka se srami odmene. odev kaj nego zvonev molev placev no neuspesno. na kraj negovata majka me zamoli da si odam i zaminav. placxejki doma me vidoa moite pa mu se javija da vidat vo sto e problemot. na majka mi i rekol deka sum luda ne me saka i nesaka da bide so mene. sto da pravam neznam, se mislam dali da bidam uporna dali pismo da mu pratam da zvonam da pisuvam ili da isceznam? pozmos ve molam soveti go sakam premnogu i spremna sum se da zaboravam. Se ponizuvam uporno i baram da bide so mene, kako da go vratam??? [mod-kirilica:2noflr96][/mod-kirilica:2noflr96]
А наместо да се мислиш како да вратиш некој кој ни те почитува ниту пак те сака, зошто не размислиш малку како ти самата да си се вратиш, да си ја зголемиш самодовербата и да почнеш да се почитуваш самата? Како бе луѓе можете така, зошто ти е некој кој не те сака???? Како може да е битно само да си со него и покрај тоа што не те сака и не те почитува? Што добиваш од тоа не ми е јасно?
Чекај малку, застани, размисли. Свесна ли си што пишуваш?! Тој тебе те вреѓа, те нарекува к*рва и секакви други грди зборови, неговата мајка ти рекла да си одиш одкај нив, тој на твојата мајка и рекол дека не те сака, а ти уште се мислиш дали да го молиш? Да го пишуваше оваа некое девојче од 14-15 години немаше да ми биде толку чудно, но ти со твоите 25 години вака да размислуваш? Немој те молам. Немој никогаш повеќе да се понижуваш пред него, да го молиш, да му пишуваш писма, и не ти знам какви други глупости. Немој! Тој никогаш нема да те сака и да те почитува додека ти се однесуваш вака! Ако навистина сакаш да те сака, тргни се настрана од него, тогаш можеби ќе свати што имал. Ако сакаш да се понижуваш и да го газиш сопственото ЈАС, слободно, но размисли поубаво дали вреди.
Како очекуваш да те сака и цени кога ти ни самата не се сакаш ниту се цениш?! Јас би те советувала да поработиш малку на својата самодоверба и под итно да престанеш да му се понижуваш. Не личи тоа на девојка од 25 години! Ти животно ли си? - Не, човек си. Како си можела да го трпиш тоа толку време? Никој не се однесува така кон својата девојка, се сомневам и дека тој те сметал за девојка. Кој знае што си мислел и колку се изживувал со тебе... Курва? Се извинувам, ама според мене тоа што си останала со него одкако така те нарекол, излегува како да му потврдуваш дека си курва. "Е добро де курва сум, друг не можам да фатам со тебе ќе сум, што сакаш прави ми"! -Како не! Докажи му го спротивното! Не го барај веќе, заборави на писма,телефони,молења, понижувања... Дотерај се и излези. Дружи се, фати некој асален кој ќе те чува како зеница во око и земи помини покрај него. Нека види што загубил, нека види што била а што е сега девојката кој тој ја нарекувал курва,глупа итн. Па на крај па, еве кога сега е бивши, врати го филмот назад и кажи имаш ли некој добар спомен од него, нешто добро по што ќе го паметиш??? Или сепак лошите спомени владеат.....
Па јас незнам како да продолжам сама тоа е мојот проблем. Вчера ме викна се видовме и нормално пак јас плачев на крај. Денес купив прстен ке го запросам..... Знам декаке ме одбие и тогас срцево мозеби ке свати дека е КРАЈ. Знам дека ако самата себе не се цениш никој нема да те почитува ноооо ете се заљубив и тешко ми е Фала ви на сите што ме посоветувавте, свакам дека не сум во право читајки ги вашите одговори .... немам зборови се срамам од самата себе