Тажна чекај чекај жено кочи застани те молам купи прстен да го запросиш?НЕМОЈ бре немој никако овај човек тебе не те сака знам дека ти е тешко но прифатиго тоа,никој на саканата не му се обраќа вака како што ти се обраќа тој тебе тој не те почитува не те цени се задоволва со тебе и те фрла,знаеш ли колку деца има околу тебе кој сакаат да бидат сакани на ваков начин но целата таа љубов треба да му ја дадеш на некој што вреди некој што ќе цени,те нарекол курва те брка на твоите му вели дека си умно болна и не сака да биде со тебе како не те болат овие збориви?како не те боли неговото понашање спрема тебе и сеуште упорно одиш со главата во зид немој да го правиш ова со запросувањето ќе те докрајчи имај малку гордост бе послушајги девојките не дозволувај пак да те повреди со некои гадни зборови немој не го прави ова тој не е тој што го заслужва....
Абе тажна на околу има многу момци што барат некоја како тебе. Го сакаш знам ама тоа така не може. Курва те нарекува а ти упорно трчаш кај него па дури и прстен си купила да го запросиш, а веќе знаеш дека ке те одбие. Неговата мајка те избркала, тој рекол на твојата мајка дека не те сака. Па што уште сакаш? Како што се докажува дека се сака така тој ти докажал дека не те сака. Помири се со тоа и продолжи понатаму сигурно има и нешто добро за тебе.
се сложувам со перла... нема потреба од „сечење вени“ по некој што не заслужил да пролееш ни една солза. Можеби самиот почеток на вашата врска довел до ваков однос од негова страна, ама ти си живо суштество кое не треба да дозволи да биде навредувано и малтретирано, па ако сака тој и бред пит нека е... Остави на времето за да се разјаснат работите, се додека трчаш по некого правиш да чувствува одбивност кон тебе...
оффф сакам да сум храбра како вас но немозам, целден плачам. Невреди јасно ми е кога јас би слушнала за некоја друга вакво нешто СИГУРНО КАКО ВИЕ МЕНЕ ШТО МЕ СОВЕТУВАТЕ И ЈАС НЕА БИ ЈА СОВЕТУВАЛА. ТЕШКО МИ ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ сакам некаде да заминаммм но финансиите не ми го дозволуваат тоа некаде дАЛЕКУ КАДЕ ШТО НИКОЈ НЕ МЕ ПОЗНАВА
Опушти таа душа земи излеви со пријатели, другаре, родители или нешто слично замини некаде до село, друг град и тн
Девојче нормално дека ти е тешко и сега се ти изгледа црно, но верувај не е така, еден ден ќе се смееш на сево ова, се што треба во моментов е да се помириш со фактот дека не те сака човекот и дека некое време ќе ти биде тешко, но исто така имај на ум дека тоа и ќе помине. Треба само време да си дадеш, ќе видиш дека се ќе биде во ред. И имај трпение, убедувај се секој ден дека ти можеш да издржиш а не да се обесхрабруваш самата дека не можеш. Некои луѓе какви не трагедии преживеале во животот па продолжиле понатаму.
сите во животот имаме тешки моменти,што во тие моменти мислиме негативности во нашиот живот.. излези надвор,прошетај,со другари-ки,забавувајсе... не се затворај дома,во себе...ако седиш дома и мислис само мислис верувај е потешко.. излагувај почесо и земај нешто прави само да се занимаваш со нешто...да помине времето
Проблемот е во тоа што дечкото беше многу љубоморен па јас се одделив од сите другарки и другари па сега по две ипол години на сите тие да ми се јавам е малку касно. немам никој верувајте, ни со кого да излезам кафе да се напијам а усте помалку во дискотека да одам. Па затоа и ми е толку многу тешко. Еве не му звонам чекам дали ке ме побара сам, и цело време сум со моб во рака. Собирам сила и храброст ако ме бара да го откачам или да не кренам .. но тогаш ми текнува дека сум сосема сама....
ТАЖНА25 не се секирај.времето лечи се.спомна дека сакаш некаде да заминеш.и да можеш финансиски да си го дозволиш тоа од кој всушност ќе бегаш?од дечкото или од самата себе?се додека не расчистиш во твојата глава и на крајот на светот да отидеш ќе се чувствуваш исто. сеуште чекаш да те побара?дај бре женска не си мала.помири се со вистината.те навредувал,те истерал од дома а ти упорно чекаш да ти се јави.кога ќе бидеш во искушени да му се јавиш или кога ти доаѓа да се исплачеш пиши ми во ЛП ако не можам да ти помогнам барем ќе те ислушам на нет.така барем ќе ти биде полесно.
па од реалноста ке бегам, ке ми олесни и ке закрепнам мн полесно. Верувајте и јас сакам да прекине оваа болка, ни јас како ни ниедно друго зиво сустество не сакам да ме вреѓаат, барем за себе зборам јас навистина не го заслужувам тоа или можеби се лажам. Мислам дека ако некого не го сакаш треба да ставиш крај а не како нашево де смири се де карај се де бегај де пак заедно сме...... јас така само добивам лажна надеж......
имав еден период кога и јас бев исто вака,оставив се за него баш се..немав со никој да излегувам никаде.. па еднаш му одрзив една лекција(иако сум имала многу пати) му казав се како и што а потоа и јас како него..почнав се како порано,да излегувам,да не го држувам ветувајнето и се..па си размисли човекот како и што и си се врати.. не се нервирај...остави го нека те побара,ако те сака ке те побара..па после тоа кажиму се што ти лези на срце и се што не оди на добро... а сега за сега,излегувај па и сама можеш до кафе и слично,со некоја блиска братучеда или било кој... прави нешто што не ке мислис на него..
Сега ти изгледа како да е крај на светот, но верувај не заслужува ни една твоја солза,ни тронка од твојата љубов и внимание. Колку само има машки кои што се би дале за да имаат девојка како тебе покрај нив, зар заради овај никаквец ќе си го уништиш животот? Не заслужва верувај ми не му се јавуавај,не му пишувај, занимавај се со нешто друго оди пример на фитнес,зумба, оди на шопинг, среди се,живеј за себе. Цени се самата себе,почитувај се самата себе, сакај се најмногу на свет. Можи не веднаш, но со текот на времето ќе заборавиш на овај тип и ќе се појави некој кој што ќе знае да те сака и да ја цени твојата љубов. Свести се и друг пат пред да влезиш во врска внимавај,испитај терен па вљуби се. Главата горе биди горда на себе и не дозволувај никој и ништо да ја погази твојата личност.
Ќе го запросиш? Сваќам зошто не можеш да го оставиш.Само затоа што немаш никој друг на светот, затоа што си сама. А ако си со него, нема да си сама. Зарем би се жртвувала толку многу за да не бидеш сама? Зарем би се омажила за него и би си го уништила животот? Дај размисли малку со таа глава, пред да ја направиш најголемата глупост. Немаш ли родители? Тие нели гледаат што се случува со твојот живот? Нели гледаат каква глупост си спремна да направиш? Сакаш ли да бидеш омаловажувана и непочитувана цел живот? Јас сум сигурна дека кога ќе го оставиш него и кога ќе почнеш да го живееш животот без него, па макар и сама ќе најдеш некој многу подобар. А и зошто не побараш помош од твоите другарки? Иако поради него си ги изгубила, кажи им го твојот проблем побарај помош, ако ти се вистински другарки ќе те прифатат.
ТОА И ГО НАПРАВИВ, ПОСЛЕ ТЕШКИОТ ПАД (МУ ПОДАДОВ ПРСТЕН И МЕ ОДБИ) СТАНАВ СЕ СРЕДИВ И ИЗЛЕГОВ САМА ДА ПОПЕШАЧАМ. ВИДОВ НАРОД ПО ТОЛКУ ВРЕМЕ НООО СИТЕ ВЕКЕ МЕ ЗАБОРАВИЛЕ. ГИ СРЕТНАВ И МОИТЕ ДРУГАРКИ КОИ ВЕДНАШ МЕ ПОКАНИЈА СО НИВ НО ГИ ОДБИВ. ПЕШАЧЕВ САМА И МИ СЕ ИЗБИСТРИ ГЛАВАТА. УБАВИТЕ ГОДИНИ МИ МИНАТ ПЛАЧЕЈКИ.... САМО МИ Е КРИВО ШТО МЕ ОБВИНИУВА ЗА НАШИОТ КРАЈ А ЈАС ОВОЈ КРАЈ НАЈМАЛКУ ГО ПОСАКУВАВ. ТОЧНО Е ДЕКА МОЖЕБИ ОД СТРАВ ДА НЕ БИДАМ САМА ТРПЕВ СЕ НО БЛАГОДАРЕЈКИ НА СИТЕ ВАШИ ИСТОМИСЛЕНИ СОВЕТИ ПОЧНАВ ПРЕКУ СОЛЗИВЕ МАЛКУ ДА ГЛЕДАМ. ВИ БЛАГОДАРАМ ШТО ПОСЛЕ ТЕШКИОВ ПАД БЕВТЕ СО МЕНЕ ******
Девојче бре зарем вреди еден маж толку за да го правиш се ова???Па толку мене да ме вреѓа некој да ми изнакаже такви ствари јас ке ставам крај и уште другиот ден би го заменила со некој.Па колку убави работи има во животот зарем со таков идиот да се замараш бре.Место да кажеш фала богу едно ѓубре помалку во твојот живот си се откачила од него, ти ќе го бараш.Утре ке имаш друга врска може и таму ќе има некое разочарување не можеш за секоја вака да правиш,мора да имаш малку самодоверба свое јас.Замисли сега вака ти прави а недај боже да ти е маж, кога може на мајка ти да и вика дека си умоболна ке те вреѓа пред сите.Те разбирам како ти е сега дека си сама мислиш цел свет се срушил но не е така.Почни со некоја промена на тебе,излези со некој братучетка роднина комшика па и мајка ти прошетај издувј ја главата мислите.Мора смирено да ги прифаќаш работите што ги носи животот.Еве и јас пред неколку дена раскинав со дечкото не велам не ми е тешко вската ни беше готово пред брак се скаравме за ситница и сега што треба да правам???Абе ако треба нешто да биде ќе биде макари година да помине.Животот е убав и еден не дозволувај да ти помине така млада си еден ден ќе се каеш.
Знамм, во право си јас веке и се каам. Незнам како можев да дозволам волку да се омаловажам себе си. Кога требаше било кој да се советува јас секогаш бев таа што најдобрите совети ги делев, ноо незнаев за себе да ги применам нажалост. Таков е животот се греши и на грешки се учи. Заспивам и станувам со мисла каде згрешив и зошто ова мене ми се случува. Како да променам и што да направам за да бидам среќна. Во животот еднаш се љуби а јас се заљубив во погрешен човек
Па не е баш така дека еднаш се љуби ! Тој еднаш ако е погрешен за подоцна ти претставува причина да си го сочуваш срцето за вистинската личност, затоа човек еднаш ако се изгори за подоцна внимава. Те читав овие дена и немој да бидеш тажна, верувај еден ден ке бидеш среќна што те напуштил. Твојот живот е еден и многу вреден за на некој да го поклониш да ти го уништува. Затоа крени глава, исплачи се да ти олесни и сфати дека тоа е подобро за тебе. Излегувај, шетај побарај ги пак другарките, ако треба извини и се што си ги одбегнувала, но немој да се затвараш во себе ... За таква личност не вреди ни да помислуваш а камоли животот да си го уништуваш. Потруди се да најдеш светла страна, а поголема светлина за причина за срека нема од самата себе си ТИ СИ НАЈВАЖНА, СЕКОГАШ АМА БАШ СЕКОГАШ СТАВАЈ СЕ НА ПРВО И НАЈВАЖНО МЕСТО !!!
Знаеш вчера плачејки на мајка ми и викам ЗОШТО ГОСПОД ВАКА МЕ КАЗНУВА??? а таа ми вели ПА СИНЕ ОВА МОЖЕБИ И НЕ Е КАЗНА ГОСПОД ТИ ПОМАГА ДА ТИ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ И ДА ТЕ УСРЕКИ. Се му дадов и душа и срце се борев премногу, прифатив се ама баш се, простував за се иако прошка не ми беше побарана... и на крај што добив??????? Кога некому ке му го подариш своето тело, срце и душа очекуваш да го чува брани и заштити од сите а не да си поигра со него па како партал да го фрли. Зошто ова ми се случи, зарем толку сум јас глупа грда досадна па неможе да ме сака цени и почитува
А зошто одма помислуваш дека ти си глупава, грда и досадна? Не си помислила воопшто дека можеби тој во случајов е глупав, никаков тип кој не заслужува таква девојка како тебе? Главата горе девојко и на ова гледај како на животна лекција а не како на казна Лекцијата е дека треба повеќе да се цениш, да не попушташ многу и да знаеш да поставиш граници.