Имам дечко и заедно сме 2 години, до сега никогаш не сум го тестирала за ништо, па сега баш ме интересира како би реагирал на некој тест. Па сакав да ве прашам дали вие ги тестирате вашите дечковци и во врска со што ги тестирате и како оди цел тој процес? Би ви била благодарна ако ми дадете некој пример за тест и сл
Самата врска претставува еден вид на тест. Секоја врска има свои подеми и падови и тестот се состои во начинот на кој вие ги пребродувате и се справувате со истите. Ако нешто треба да излезе на површина, ќе излезе, посебно тестирање не е потребно.
И јас исто така мислам, бидејќи за мене е многу глупаво и ограничено нешто да направиш намерно за да видиш како ќе изреагира, ако те интересира прашај го ќе ти каже. и овој период баш ни беше еден голем ’тест’ кој полека го поминуваме заедно, фала ти на советов, баш ми ги потврди моите размислувања
се согласувам со горе наведеното мислење,целата врска поминува низ поголеми и помали тестови и со тоа се гледа карактерот и добрите и лошите особини на партнерот,да местиш нешто намерно мислам дека е многу ниско за една здрела и самоуверена девојка,и јас сум во врска скоро 2 години и ако треба да се случи нешто ќе се случи,ако треба да излезе нешто на површина ќе излезе,јас на пример многу лошо би се осеќала ако дечкоми намерно ме тестира со нешто,бившиот ми го имаше тоа направено и изби голема караница затоа ќе ти препорачам во здрава нога трн да не си бодиш...
па нели раскинавте,прашај го зошто го прави тоа што ти дава надеж... сепак дали имаше некоја причина за раскинувајнето?.. како ви беше заедно дали сте имале лаги и слиично? разговарај со него ако си игра со тебе остави го не се слушајте повеке...само ке си отежнуваш себеси..
фала ти, секако ќе ве послушам и вас а и самата себе, нема потреба да правам нешто за што и самата не го сакам а исто и не верувам дека е нешто што ќе донесе добро во врската. Исто и јас би се осеќача многу лошо доколку тоа мене ми го направи дечко ми, поздрав
Мислам дека си можела да го прашаш еј што ти значеше срцето? Можеби се срами да ти каже се во лице, па ете видиш ти дава мали знакчиња. Кога видел дека не реагираш нормално започнал обичен муабет. Не се срами, кажи му дека и тебе ти е драго што повторно ќе се видите, реагирај на малите знаци, па самата ќе си видиш понатаму во кој правец одат работите. Со среќа, па пиши ни ако биде нешто. Седни и убаво размисли кого всушност сакаш. Во ред си излажала зошто во тој момент ни самата не си знаела што да правиш, ама со лага ништо не правиш. На две столици не се седи. На едниот му даваш лажна надеж, на другиот пак му набиваш на некој начин рогови! Ако мислиш дека на вториот би му била само лек и утеха за сршено срце, тогаш подобро немој да си го изгубиш дечкото што те сака. Сепак ти најубаво знаеш според разговорите дали те гледа како утеха или нешто повеќе. Најдобро побарај малку време и од двајцата и размисли си кој ќе е подобар за тебе и со кого сакаш да бидеш. Се сложувам со tessie. Самата врска претставува тест! Ако некогаш ви излезе проблем или расправија, при решавање и пребродување на истата всушност ќе се тестирате и ќе видите колку ви е силна љубовта. Башка зошто да го тестираш ако немаш причина за тоа. Немој да правиш од ништо нешто, ниту ти дал повод, ни причина да се сомневаш- само полошо можеш да си направиш ако го тестираш и тој дознае.
според мене човекот си игра со тебе без навреда,а и 2 месеци врска за мене тоа не е врска тоа е запознавање и не треба толку брзо на било кого да му се препуштиш,ако сакал нешто сериозно со тебе после 2месеци немало да ти раскине напротив ќе се трудел околу тебе ќе сакал повеќе да те запознае ти немаш наведено овде причина за раскинување но во 2месеци сигурна сум дека тоа било некоја банална работа за која не вреди да се замараш а и немаш наведено како ти дава надеж што конкретно се случува можеби сака да те држи како една резерва или за односи случајот твој на тоа ми асоцира дај боже да грешам подобро за тебе да не се замараш и да си продолжиш понатаму како и да е времето ќе покажи све ако тој ти се јавил по раскинувањето или ти пишал порака незначи дека одма треба да му се фрлиш во прегратка испитајго теренот не се препуштај на случајот или не си давај и ти самата надежи па потоа пак да бидеш повредена во овај случај не вреди според мене...
Пак се јави еден проблем со дечко ми, и стварно ми требаат повеќе објективни мислења, зошто збудалев... Уф, од кај да почнам... Прво нешто што ја задрма врскава пред некое време беше глупост, ама ми беше битна зошто во прашање беше лага.Се работи за еден профил што тој го имаше на еден форум, за кој ми немаше кажано, а кога дознав, ми кажа пасворд и се, и наравно у пораки имаше нешто од женски ама небитно беше...Како и да е, се среди тоа се, не земав ептен при срце, а тој рече дека ќе го избришел профилот, се колнеше дека нема да го употребува и тако даље. И после тоа супер си бевме, све океј... По некое време, изгледа ѓаволот ме натера да го проверам тој профил, онака чисто да видам мислења и слично, и оп гледам нови мислења, допишување и се тоа... Откако видов, го прашав директно : Да не си се уклучувал пак на профилот? Тој не бе што ти е ова она.. Дадов шанса да каже сам нели...Откако кажав дека има нови мислења, почна да се правда дека другар му знаел пасворд, дека он пишувал, а бидејќи му го знам стилот на пишување, знаев дека е тој без никаков сомнеж.Го дознав пак пасвордот, и отворив во пораки, а тој му пишал на другар му ако случајно прашам, да каже дека тој се уклучува од кај него. И фала Богу, спиздев.Раскинавме на 3-4 дена, пак се колнеше дека нема да се повтори бла бла бла...Ајде се смиривме, не знам ни сама како успеав да се смирам. После тоа се беше океј...Дознавам јас за нов профил на исто еден форум, за кој исто така не знаев. Го прашав, имаш ли профил таму и таму? Знам дека рече не, а после тоа тој упорно тврдеше дека рекол да.Mindfuck до даска. Прво, викаше дека не знае пасворд, а се виде датата на последната активност.После, викаше дека може исто еден другар се уклучувал, и може го знаел пасвордот.Откако го прашав другар му, и тврдеше дека не го знае, кажа дека може он од школо се уклучил... Види мајката. И ја наравно ептен се изнервирав, не ми е за еден мочан профил, туку ради тоа што упорно лаже и лаже, а се колне во Господ, семејство, плаче, вика дека не лаже! Ајде се смирив некако после тоа, ама пак бев на дистанца. После тоа, еден ден си доаѓам фино лепо, си отварам фејсбук, кога гледам ________likes некоја си пичка згодна таму. Е сеа, машко како машко знам сака да гледа, ама фората е што тој постојано повторува дека не гледа други, се колне во Господ, сакаше да одиме во црква да се заколне итн. Копирам, викам што е работава, и тој како зачуден, не знам жими се, не сум отварал, не сум лајкнувал... Тврдеше дека нетот му е спор, дека му се отварало се и сешто, игри, апликации и др. глупости, и дека тоа само се отворило, и се лајкнало.(пред тоа еден другар негов го имал лајкнато, па излегло на почетна) Опет еден mindfuck.И пак он плаче, се колне дека не лаже, му било криво, бла бла... Се извинувам на долгиов пост, ама сериозно ми треба помош зошто се мрднав. Зборев со него полека, со убаво, му викав да признае нешто ако има,нема воопшто да се налутам, се ќе се среди само да биде искрен,ама џабе! Не, тој не лаже и точка.
Како што кажа, не се страшни лајковите ниту профилите, туку тоа што знае така убедливо да лаже и не сакам да додавам сол на рана, ама може и за други работи те има така успешно излажано. Мислам дека треба да го оставиш на некое време, за да види дека не си глупава и наивна и дека веруваш на толку глупави лаги и убедувања. Во спротивно, ќе види дека може да те мавта како му дојде и после тешко да ја оправиш работата.
маце мој совееет ти е остави го малце не се замарај и кога најмалку ке очекува остави го и само онака лаадо му кажи кругот злато се врти се се памти и се вракаа со камата а и ти осталајкови и не се замарај извини вака али според мене тој само е голем глумец и преварант позз
не е толку важно што прави колку што е важно колку убедливо лаже сум имала слични проблеми со дечкоми и секогаш сум добивала совети не се замарај ова она не е работата јас дека се замарам со ситници работата е дека некој во очи те лаже и на здрав памет будала те прави те сваќам потполно и јас мислам дека треба да се одалечиш малку од него да свати дека со такви работи ќе те изгуби до тогаш не попуштај
Спојлер Види он е машко,сака приватност,тоа што лајканл слика на некоја си и што се допишувал по форуми не значи дека те вара,да сум на твое место ќе разговарам отворено дека не сакам да му го следам секој чекор,но да не ме лаже зошто во спротивно вака никаде нема да стигнете,види ги неговите реакции ако е ладен на крајот и раскинете,ама како што гледам дечково многу добро глуми така да треба разговор во четири очи да го прашаш зашто те лажел и која му е целта,и јас се нервирам кога дечко ми ке лајкне слика на друга ама не се опседнувај толку со тоа фејсбук е тоа
Maca зарем не мислиш дека премногу се оптеретуваш со тоа ?? Ај вака, си ги видела пораките нели ? Имало у тие пораки договарање нешо слично ?? Ако немало, ондак немаш ни причина зашто да се нервираш, реално да збориме, сепак тој е машко, ја те сфаќам убаво ама тоа е таа машка психа која само сака да Гледа , не и да допре можеби, ме сфаќаш шо сакам да ти кажам ? Едноставно остај го, одвреме на време следи будно за да видиш до кај стасало тоа неговото со форумите и слично. Ако дојде до момент на договарање на средба, тука више имаш простор и за размислување и лутење и се слично. За тоа шо лајкнал кај некоја си згодна типка, па ке ти кажам машко е и сака да гледа, нека лајкнува чоек, шо сака нека прај ама додека е само со тебе ондак немаш потреба од грижа ме сфаќаш. Плус тоа, на ваков начин и него го ограничуваш, го притискаш на некој начин и можеби и затоа доаѓа до моментот со лажење. Сепак ти си го знаеш и си знаеш дали почнал од ега да лаже или не. На крај краева, тука дај му до знаење дека не бива со лажење никаде, нели. Речи му, подобро да биде искрен и нема да има никакви драми, одколку да те лаже зашто ке се открие и полошо ке биде, а и ако му значи нешто барем твојата доверба кај него ...
Девојки, тој никогаш не лајкнал слика на друга, никогаш не лајкнал слика на некоја згодна, секогаш се колне и вика дека не гледа такви, и дека во друштво ако се збори за тоа тој ќути.Не знаете колку ме убедува во тоа, 2 години тоа го збори. Не ми е за тоа што он имал профили или лајкнал тоа, туку тоа што ме прави будала. Ние не сме баш обичен пар, и тој знае секогаш што правам, и јас знам што прави, и тоа не ни пречело до сега... Со форумите не стасал нигде, бар како што видов...Веќе и не пишува таму. Пишувал за навивање бидејќи е навивач, и за кантер...ама лаже за тоа, ме разбирате? Кажав што како се правдаше, мене тоа ми смета... Зборував со него за тоа дека со лажење нигде не оди,бев добра, мила, му велев да биде искрен со мене што и да се десило, ама се колне дека не лаже и крај. И во 4 очи зборевме, џабе е , тој плаче и тврди дека се што кажал е вистина.
ако ја лајкнал сликата не значи дека ја смувал,не се оптеретувај со тоа дали е лага или вистина дали пишувал по форуми или не, он не се договарал со некоја да се види и слично,машко е многу нормално дека ќе лајкне и ќе ти каже дека само тебе те гледа а коа ке помине некоја со убаво тело мижи,битно не те вара,уживај♥!
Пак ќе кажам, не ми е за тоа што ја лајкнал таа, значи не ми е воопшто.Криво ми е што ме лаже, и не сака да признае.Нетот спор, само се отворило, само се лајкнало...
Oндак чоек, еден здрав и отворен муабет и речи му јасно и гласно дека ти смета неговото лажење. Дека подобро би било ако ти каже искрено одколку сама да дознаеш и воедно да те лаже за истото. Нагласи му дека твојата доверба кај него се намалува . Крај. Понатаму ке го следиш како ке се однесува, ако му е битна довербата ке прекине ондак да те лаже кога би го прашала нешто.
И за тоа зборевме, му кажав дека уште една лага и готово веќе...Му кажав и дека немам тронка доверба во него...Му кажав и дека подобро да ми признае и се да средиме, отколку да лаже, секако на лагата и се кратки нозете... За се имаме правено муабет...
Ве молам за совет! Имам 3-годишна врска и се ми е супер, во ред. Но пред некое време, се појави еден тип што така ми фати око. Се смував, го изварав дечко ми, а не требаше зашто не заслужува. Ситуацијата со типот остана само на мување иако можеше и да се развие. Е сега, моментот е што се мислам за развивањето на ситуацијата. Се осеќам многу грдо, кучка да не речам. Не знам што е проблемот. Многу ми е потребен совет.