Епа еве се трудам така да биде иако ми е премногу тешко,само со него ми е душата на место, но мора да се продолжи понатаму а и доста бев јас столбот во нашата врска, ми се смачи веќе. Ќе оставам на времето да покаже што ќе се случува понатаму, дали ќе се промени или не.
сепак така е најдобро.што ти вреди некој покрај тебе што не те сака.така само уште повеќе ќе те боли душата а него нема да му биде гајле.
Ми кажува дека ме сака и дека е сигурен дека сака да биде со мене, а воедно и нема време за мене...што да мислам јас...златна резерва ор уат ??
верувај кога еден сака малку е тоа.за да бидеш среќна треба да имате исти чувства. те сака и нема време за тебе?е ова некако не ми оди.
Затоа нагласив дека незнам што да мислам веќе, иако превземав голем чекор. Ќе чекам да видам дали ќе има резултати, па ќе пишам..фала ти
здраво! ве читав редовно и еве сега се осмелив да пишам. ве молам за ваше мислење. имам долга врска, дечко ми е 26 години. требаше да се земаме. бевме да гледаме и злато, датуми одредувавме... се! и одеднаш се прекина. не ми беше јасно што е работава па се осмелив да прашам. а за одговор добив чисти глупости... неговите немале со да носат а немале ни пари за да си купат, брат му немал кај да спие а имаат стан во кој седи баба му сама и тн. сепак да заокружиме немале сеуште пари. е ок се во ред сваќам луѓе сме ама сепак ако немаше услови подобро и да не започневме. е така се прекина се до некни кога дознав од сестра му која е мажена дека неговите кренале кредит ама си почутив и за тоа. и капак на се не знам со кое лице дечко ми дојде и ми кажа дека брат му ќе се женел. е тогаш ми се кренаа живците... му реков сега твоите имаат што да облечат, имаат пари за свадба? и тој ми рече као демек немало ништо да прават демек така само ќе седеле заедно со женска му која патем не ја ни знаат неговите (заедно се само еден месец). и сега се ми се одмили дури и дечко ми. кога сме заедно сум нервозна и се ми смета. посакувам да се скараме но не сакам да појдат по вода 3 години. и кога ме бакнува не ми е убаво повеќе. кога ќе се слушниме се е ок ама кога ќе го видам посакувам да го снема од пред мене и да не го видам веќе
а братму поголем е од него или? по мое ако не ти прај кеф мислам ако те нервира раскиниму секогаш има нов и подобар
близнаци се. не ми е лесно да раскинам со него пораснав, него му се посветив целосно. имам пријателки но немам со кого да излезам на едно кафе , немам со кого да зборам. мислам дека ако се скараме нема да излезам никогаш повеќе
не е страшно ако се скараш бидеќи сите сме се карале со дечковци па пак сме излегувале сепак останува на тебе да си размислиш со бисрта глава и убаво да размислиш сепак 3 години не се малку
мислам и дека неговите не ме сакаат многу... не знам зошто, секогаш сум фина кон нив и гледам да не згрешам нешто. а уствари за 3 години ни 30 пати не сум била кај нив дома. што е тоа на ручек или на кафе да ме викнеа некогаш. мајка му е мн лицемерна, кога ќе појдам злато, душо
Лепото по ова шо го прочитав и по мое мислење нормално е кога некој ќе те дигне во облаците и кога си ја планираш иднината уште повеќе го засакуваш, ама по тоа шо ти го направил и ако чувствуваш дека повеќе не е исто помеѓу вас подобро сега прекини отколку подоцна, затоа што ќе ти е потешко, он салам те тратил од земја со причините поради кои нема да се земите....А и мислам дека ако таа што треба да ти е идна свекрва ако сега не те сака нема и натаму, сепак мајката на машкото ако сега не те сака натаму ќе ти праве уште поголеми проблеми.... Нормално е после 3години врска да сакате да стапите во брак, убави години и сето тоа, меѓутоа ти не си престарена ако дечкоти сега не застанал на здрави нозе и не кажал чекајте и јас ќе се женам и се повлекол поради брат му, кАКО ЌЕ БИДЕ ПОНАТАМУ ВО ИДНИНА, за се ли тој ќе се повлекува поради брат му....за се има решение...па немора да правите голема свадба од 500 души, правете си колку што стига џебот...само да не постое некоја др позадина шо дечкоти не сака да ја споделе со тебе.... Размисли си убаво, не си мала воопшто, а за др дечко ќе си најдиш не се секирај, ќе има некој друг што нема да ти вика ќе правиме свадба па после не...поздрав и само напред, одлуката донесија сама.
па и јас не знам што да мислам, можеби има и други причини што не сака да ми ги каже (макар што до сега ништо не скрил од мене) а за мајка ми... нека не ме сака не ни треба да ме сака... важно ми беше што тој ме сака. ама после се се прашувам дали воопшто ме сака. не знам ни дали јас него го сакам сеуште ... до толку сум збунета а не сакам да избрзам
Здраво девојки ми треба совет. Со еден колега од факс се мувавме неколку пати , тоа беше пред месец дена, после тој не беше тука од оправдани причини, сега се врати и пак се смувавме вчера...работава е што не правиме муабет за она што се дешава маѓу нас, а јас не сум навикната на мување, сум имала само долги врски. После чаршија вчера бевме кај мене и за малку и секс ке паднеше ама се воздржав. Утре ќе дојде пак кај мене и не знам како да се однесувам-1. дали да почнувам некоја тема за она што се дешава со нас и да му дадам на знаење дека не сум мн искусна во вакви работи. 2. дали да дозволам секс(досега не сум легнала со никој откако немам дечко, се сум фина и поштена, а моиве другарки на прво второ искачање секс и сега се у долги среќни врски !) п.с. ако го легнам, ќе мора и некој муабет да почнам во врска со нас, зашто ќе мисли дека сум апла лесна. Ве молам за совет!
^ Седни со дечкото и направи муабет,јасно прашај го на што сте,мислам ти знаеш дека само се мувате,но мораш јасно да ги знаеш неговите намери,ти сама знаеш како се понаша спрема тебе иако само се мувате,направете си муабет па тек тогаш ќе имаш јасна слика,тек тогаш ке знаеш како да се понашаш и да постапиш,иако мислам дека не треба да имате односи ама тоа е мое мислење,поздрав и секое добро
Страв ми е ако почнам такви муабети да не се исплаши и да му звучат мн сериозно и да престанеме да се гледаме. Со претходниот мувач така ја заебав работата на прво мување му реков дека сакам врска и престанавме да се гледаме. Oн се понаша многу убаво , многу е нежен и романтичен што ми доаѓа да го изедам..ама ај ќе гледам да се воздржам да не постигнам спротивен ефект..иако многу го посакувам, посебно зашто не сме се виделе цел месец..
иначе организавијата за утре е вечера + вино. па плус и неговата романтика...страв ми е дека нема да му одолеам
Еве, ќе ти кажам јас како функционирам. За тоа што ме интересира, јас отворено прашувам, правам муабет, ни срам ни перде, а мислам дека така и треба. Мразам тактики, па чекај вака сега, па така сега. Значи подготви се добро и пред да почнете со виното направи со него еден трезвен муабет, што и да се случи подобро да го преболиш пред да станете и поблиски. Доколку тоа е твој принцип да не сакаш да имаш односи со луѓе со кои не си во сериозна врска, немој никогаш да го скршиш или да го смениш заради едно машко кое штом одма ти бара, не ми изгледа за баш сериозно. Ќе имате односи, тоа не е мала работа, не е мала блискост тоа затоа разговарај и ако чудно те погледне, подобро заборави го. Вистинскиот маж нема да те притиска доколку те гледа дека не ти е удобно тоа. Ако сака да биде со тебе, зашто да не сака и врска? Рогови да не имаш? А тој претходниот мувач сакал да те искористи затоа се оддалечил. Не си погрешила, верувај. Оној што ќе вреди да биде со тебе, ќе ги почитува твоите принципи. Зашто девојче како тебе (озбилно, не-авантуристички тип) да биде рецка на некој недозреан мрсулко?